1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Data Roaming

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Ivicakmk, 9 Мај 2019.

  1. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Здраво.

    Користам S7 со последен официјален firmware (не е carrier-locked) и имам postpaid пакет на Vip.
    Data roaming ми е исклучено цело време, а секогаш превентивно гасам и data за секој случај.
    Претходниот и овој месец ми доаѓа на сметка дека сум потрошил интернет во странство (Грција).
    Се работи за 100 KB (најверојатно тоа им е минимум тарифирање на интернет) во времетраење од околу 7 часа.
    Нормално првиот пат кога го видов ова им се јавив за приговор. Нивното образложение беше дека сум користел WiFi, па кога не сум бил во мрежата телефонот искористил интернет за да заврши сесија!?!
    Нивен предлог беше да ми стопираат интернет во странство, но не се согласив затоа што некогаш може ќе затреба (не дај боже). Одговорот на ова беше дека ќе сум можел да го вклучам повторно преку нивната апликација.
    Ова дури е и малку смешно затоа што ако немаш интернет како ќе пристапиш до апликацијата? :)

    Како и да е, ја тргнаа ставката од сметката со закана дека ако се случи пак немало да постапат исто.

    Еве за претходен месец пак иста приказна. Повторно се јавив и ги замолив да ми дадат што повеќе инфо (IP адреса или што и да е) за да пробам да ја најдам апликацијата што го потрошила тоа па да ја решам :)
    Овој пат одговорот беше дека немале информации како би ми помогнале и нормално ќе треба да си го платам тоа (не е голема сума, околу 30-60 денари со ДДВ). Не е проблемот за толку пари туку зошто тоа се случува.

    После овој разговор почнав малку повеќе да истражувам и најдов дека ова не е непознато на компаниите и е во суштина bug на 4G/LTE стандардот и решението е да се исклучи 4G (3G го нема проблемот). Може да се најде како "ghost roaming".
    Компаниите (за разлика од нашиот Vip кој не е ни свесен или намерно го прави ова) не го наплаќаат ова и немаат проблем.

    Денес ќе одам до Vip за да поднесам писмен приговор, како би имал документ со кој би поднесол пријава во АЕК.

    Ме интересира дали некој имал вакво искуство или слично.
     
    Последна промена: 9 Мај 2019
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    307
    362
    10 oктомври 2011
    Машко
    Колку што ме држи меморијата, го имам прочитано ова низ формумот. Има теми за соодветните оператори, па пребарај.

    Линк (можеби има слични случки низ други теми)
     
  3. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    295
    409
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    Јас имав сличен проблем лани, Април месец со телеком. Го пријавив во телеком, си на крај си платив (исто така беше мала сума). Потоа другарче што работи во телеком ми кажа дека кога го истражиле случајот нашле некој проблем кај нив, и дека работеле на закрпување. Повеке детали не добив. Наредните патувања го тестиравме и го немав истиот проблем.
    Ми кажа да пријавам до аек ако сакам, дека телеком ке ми ја врати сумата, но не продолжив со приговори бидејки беше мала сумата (некој 60 денари) и не ми се повтори истото. Сообракајот за кој бев наплатен беше неколку пати по 0.1кб, така нешто.
    Интересно, имаше сообракај кој се повторуваше во ист временски интервал секој ден додека бев во странство.
     
    На Ivicakmk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    218
    195
    25 Април 2011
    Иако си исклучил mobile data најверојатно background data ти било сеуште вклучено и многу пати знае да се случи во позадина апликациите да пуштат некој request кој е <=100KB. Доколку немаш вклучено роаминг пакет, секогаш гаси и background data кога си надвор од граница.
    Вака изгледа тоа на Huawei, не би требало да е многу различно на Samsung телефоните.
     

    Прикачени датотеки:

  5. efto

    efto
    Gaining Experience

    238
    179
    19 Април 2007
    Ако е mobile data исклучено нема врска дали background data е вклучено. Со исклучувањето на mobile data го исклучуваш целиот сообраќај.
    Исклучувањето на background data игра улога само доколку имаш остварено пренос на податоци.
     
  6. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Трошењето не е од апликација. Нешто е поврзано со мрежата и со самото тоа што си на 4G.

    vip.JPG
     
  7. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    270
    143
    28 Јуни 2013
    Исто вакво срање, х20 пати во Бугарија (600 и кусур денари, посебно ги брои место како еден мегабајт????). Имал некој искуство, во салон ако ги замарам ќе го тргнат?
     
  8. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ти потврдувам дека е до ВИП ама се прават чукнати. На ист телефон, со мењање на картица сум им докажал дека само кога вип е внатре се случува истото а не и на телеком картица. Ич не ги интересираше.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На Vlecka и Speedster им се допаѓа ова.
  9. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Не треба воопшто да се брои, а не да се собира. Поднесов писмен приговор кој најверојатно повторно ќе ми го одбијат. Како и да е, мора да имам писмен одговор за да го приложам во АЕК. Би било добро доколку повеќе корисници им поднесат приговори.

    Што е најтрагично доколку не се превземе нешто ќе се случува и понатака, а и којзнае на колку луѓе им земаат пари.
    Кај мене веќе за во наредната сметка има 3 пати по 33 денари.
     
    На Vlecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Би било добро доколку it.mk направат една статија за проблемов како би се запознале луѓето со ова а и да им се направи поголем притисок на Vip за да престанат.
     
    На Vlecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Ми се јавија од Vip и пак иста приказна, сумата ќе биде корегирана за последната сметка ама нема да биде за наредната. Останува да ја чекам наредната сметка за повторен писмен приговор во Vip.
     
    На Vlecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dule_

    dule_
    Gaining Experience

    176
    96
    7 Март 2015
    Мене минатиот месец ми пишуваше 236 ден интернет во роаминг ама на крај на месец не ми ги ставија во сметка. На телеком сум јас.

    Sent from my MI 6 using Tapatalk
     
  13. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Повторно истиот проблем и за новата сметка :) Сега пак приговор со надеж дека ќе ме одбијат :) vip1.JPG
     
  14. krema

    krema
    Professor

    8,603
    8,342
    24 Јуни 2009
    Машко
    Имаш некоја апликација што ти брка у џигер.
    btw дали живееш во некое погранично место?
     
  15. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Не е апликација. Баш пред некој ден одев во Србија и исклучив 4G и не се покажа на сметка. Баг е во прашање со сигурност а ВИП ќе си наплаќаат летово.
     
  16. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    730
    1,183
    12 Септември 2013
    Машко
    Мене на службениот телефон Вип ми наплатија 20 сесии по 0.1кб секоја во Франција и Словенија при исклучен дата и интернет роаминг од Жаомије А2 лајт. Наредно излегување забрана ќе активирам.
     
  17. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,820
    3,841
    28 oктомври 2008
    Тоа ти е пингот за A-GPS. Така им објаснија на моиве колеги што беа у Брисел...

    (Испратено од Mi A1 Radioactive)
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  18. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    730
    1,183
    12 Септември 2013
    Машко
    Претпоставував. Благодарам.
     
  19. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,178
    8,822
    23 oктомври 2012
    Машко
    Мислам дека проблемот е во телефонот не во операторот.
     
  20. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ми се јавувало на различни телефони и на различни роаминг оператори. Не сум го фатил правилото. Со истите телефони на телеком картица немало таков сообраќај, или имало ама телеком не ми го тарифирал.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.
  21. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    227
    199
    7 Јули 2013
    Машко
    На одредени оператори се дешава и на Телеком.
    За минатиот месец си платив 1000+ ради тоа шо на исклучено дата ми направи сообраќај у Австрија.
     
  22. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Сообраќај или вакви смешни бурстови од 1кб со траење од 1 сек

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На The-spiki и Krkac им се допаѓа ова.
  23. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    227
    199
    7 Јули 2013
    Машко
    Епа тоа ми е проблемот. Мене ми направило апла сообраќај од 7МБ у една сесија. Другите автоматски ги тргнуваат од сметка, ама ова стварно не знам од што настанало. Уствари проблемот не е у „нашиот“ Телеком туку австрискиот, барем за мојот случај.

    Ќе тестирам пак кај и да е, само не во Австрија.
     
  24. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    936
    351
    17 Јуни 2008
    Што телефони користите? Мене ми се има два пати десено со Xiaomi Mi A1, од Телеком ми ги прифатија приговорите, ама за да не се замарам, од тогаш активирам забрана кога се патува во странство.

    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
  25. Ivicakmk

    Ivicakmk
    Intern

    49
    10
    20 Јуни 2008
    Машко
    Јас имам Samsung S7 (не е купен од оператор).
    За да биде трагедијата поголема од ВИП демек знаат за проблемот и истиот го имале поновите телефони а ништо не превземаат. WTF? Очекуваат дека ќе купуваме стари телефони во иднина?
     
Слични теми
  1. Xenor
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,526
  2. Vlatzki
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,601
  3. tomi
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,020
  4. l1d0v1c
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    544
  5. hemicharot
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    765
Вчитување...

Сподели

Вчитување...