1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали се исплати Bitcoin копањето

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од ARMac, 10 Февруари 2012.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,825
    6,394
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Еве како што ветив правам репорт после 24 часа. Требаше да бидат 48 ама увидов дека нема поента (ќе објаснам подоле зошто), па додека не решам да го стопирам ќе објавувам и други 24 часовни сесии.

    Основи

    Прво. Копав преку pool (guild), а не соло. Причината за тоа е што немам ни приближно доволно моќен хардвер да решавам блокови сам. Како работи целата работа? Клиент копачот, во мојот случај GuiMiner се инсталира кај клиентот, т.е. мене. Биткоин официјалното програмче исто така треба да е инсталирано за да даде Wallet Address на која што ќе ми стигаат паричките кои ги копам.

    Прво направив акаунт на Pool страната, во овој случај btcmine.com . Во акаунтот се подесува Wallet Address и Workers. Workers се работниците (Guiminer) и се прави обично за секој компјутер што копа за овој акаунт (ама и не мора, може на ист Worker мислам сите да копаат). Па така се прави еден за првиот компјутер, еден за вториот итн. Во GuiMiner се одбира Pool-от за кој ќе копа компјутерот (Btcmine.com) во логин се става Worker-от (го пишува на страната) и пасвордот за тој Worker. Подоле се мести кој уред ќе служи за копање, графичка, процесор или нешто трето. Се стиска Start Mining и се чека богатството да дојде. Или не?

    [​IMG]

    Pool-от почнува со нов блок. На сите копачи им дава парчиња од блокот за решавање. Тука доаѓа до израз јачината на хардверот. Што појак хардвер, толку повеќе парчиња од блокот ќе реши вашиот компјутер, толку повеќе пари на крај. За да биде фер целата работа сите добиваат дел.

    Решавање на еден блок може да трае од 2 секунди до 5 дена. Не се знае. Што побрзо се реши блокот толку подобро. Се зависи од среќата на групата и количината на обработени податоци на сите членови. За ова не сум 100% дали ако блокот подолго се решава се добиваат повеќе пари како
    компензација за времето или не (нека потврди некој ако знае). Откако ќе се реши блок, ви се додаваат bitcoin-и на акаунтот, ама како Unconfirmed bounty. Oва значи дека блокот откако ќе се заврши оди на верификација. Ако пројде верификацијата, Unconfirmed bounty станува Confirmed bounty, а ако блокот испадне Invalid тогаш парите одат во вода. Кои блокови ќе бидат валидни а кои не никој неможе да предвиди.

    Еве screenshot oд 2 недели па заклучете сами.

    [​IMG]

    Хардвер

    Толку за како се почнува. Збор два за хардверот. Колку за пример да кажеме дека сум копал со AMD HD6870 графичка. Таа може да постигне околу 260 Mhash/s. Што повеќе Mhash/s имате на вашиот акаунт, толку повеќе пари ќе добиете кога ќе се реши блокот. На оваа страна имате отприлика кој хардвер колку Mhash/s може да постигне. Објаснето е и зошто АМД картиците се поисплатливи за копање

    https://en.bitcoin.it/wiki/Mining_hardware_comparison

    Нормално, што повеќе компјутери копаат за вашиот акаунт, толку повеќе Mhash/s толку повеќе пари од решен блок. Е сега ако компјутерот неможе да постигне барем 50 Мhash/s тука настанува проблем затоа што ќе троши повеќе струја него што ќе заработува биткоини.

    Може да приметите дека на страната за HD6870 некои луѓе пријавиле и поголеми бројки од 260 Mhash/s кои ги добивам јас. Тоа заради две работи. Прво ги оверклокуваат и второ користат копачи кои работат под Linux CLI, додека јас користам GUI копач, па освен копање графичката треба да го црта и десктопот и виндовсот.

    Solo копање и зошто не се препорачува.

    Видете ја сликава доле. Блокот се решава веќе 13 саати со вкупна процесирачка моќ од 112813.02 Mhash/s.

    [​IMG]

    Тоа е МНООООГУ. Aко имате ептен добра машина со да речеме 3х6990-ки во crossfire, ќе добивате 2094 Mhash/s што е далеку од бројката спомната погоре. Е сега Round Shares е дојден до 1223433 за 13 часа со 112813.02 Mhash/s. Ај препрачунајте колку време ќе треба да дојдете до толку shares со три 6990-ки или 2100 Мhash/s? Не е баш сјајно. Нормално може да имате и 5 среќни ѕвезди над вас и блоковите да ги решавате за 5 минути, ама не е многу многу веројатно.


    Дали се исплати?

    (Математика никад не ми била јака страна па можда и да сум згрешил нешто. Слободно поправете ме.)


    Еве пресек на 24 часовно копање со една 6870-ка. Требаше да бидат повеќе компјутери ама како што спомнав погоре, ако еден компјутер не достигнува барем 50 Mhash/s, ќе троши повеќе струја него што ќе заработува.


    Како што кажува сликата потенцијално имам 0.52 парички во случај сите блокови да испаднат валидни. 0.20 се Confirmed значи тие блокови се веќе валидни, за остатокот ќе се знае кога ќе се валидираат останатите.

    [​IMG]


    Цена на струјата моментално.

    Јас сум на двотарифно броило. Цена на киловатчас скапа струја е 3.9 а ефтина 1.9 денари. Пошто компјутерот работи 24 часа, а двете тарифи траат по точно 12 часа, добиваме средна вредност од 2.9 денари киловат час. Е сега пошто Недела е цел ден ефтина струја тоа му доаѓа како бонус, ама нема да го рачунаме сега.

    Додека се копа со графичка, останатите компоненти се idle. Ова го рачунам приближно зошто немам опрема да измерам точно. 6870-ката според спецификациите троши 150W. Процесорот си седи на 800 Mhz со автоматски спуштена волтажа и троши 25W. Со остатокот од компонентите да заокружиме на 200W.

    Со 200W потрошувачка, еден киловат час трошам за 5 часа. Значи секои 5 часа ми одат 2.9 денари средна вредност. За 24 часа тоа се 13,9 денари + ддв = 16,4 денари

    Значи

    200W x 5h = 1000W (1 kWh)

    5 / 2,9 = 0,58 + 18% = 0,68

    Според сето тоа горе испаѓа дека компјутерот за 1 саат ми троши 0,68 денари (со ддв) секој саат.

    0,68 х 24ч = 16.4 денари (сосе ддв)

    Во тие 24 часа компјутерот ми заработил 0,5 биткоини (потенцијални) што според денешниот курс испаѓа 2.9 долари или 130 денари.

    1 BTC = 5.8$

    5.8 / 2 = 2.9
    2.9 * 45.7 = 130 (oтприлика)

    Е сега. Вака изгледа супер, меѓутоа не се сите блокови пројдени на верификација. Некои денови може да заработам само 1/3 од ова. Можеби курсот ќе се смени. Можеби струјата ќе поскапи. Во овие трошкови не спаѓа амортизација на хардверот. И она што е најважно, додека компјутерот копа, тешко дека ќа работите било што друго. Графичката е оптеретена 99% и се грее.

    Во наредната недела ќе поднесувам репорти периодично исто за 24 часа интервал, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.


    Дали се исплати? Бројките се тие. Да се збогатиш од ова без сериозно улагање во опрема нема. Јас планирам да извадам некој екстра динар за да си купам некои оригинални игрици што ми се иначе скапи и тоа е тоа.


    EDIT
    Скоро заборавив. Има нешто што се вика Difficulty Level. Моментално е 1380109.82. Oва не го сфаќам баш како што треба. Знам само дека таа бројка се менува во зависност од колку биткоин парички се пуштени во употреба (или колку се пронајдени), само знам дека што е таа бројка поголема, толку потешко се наоѓаат парички.
     
    На gokica, draganamon, Oktar и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,825
    6,394
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    UPDATE


    Еве пројдоа неколку дена па да резимирам што се дешаваше. Значи ако блокот се решава подолго време тоа не носи повеќе пари. Што побргу се решаваат блокови толку подобро. Затоа стои Pool Luck доле на сликата.


    Последниве 24 часа беа катастрофа. Блокот се решаваше повеќе од 24 часа, а за него добивам 0.1 парички. Тапа. Откако го пуштив ова до денес поминаа 5 дена. За тие 5 дена имам 1.140 парички (валидни) што се некаде околу 285 денари.

    [​IMG]

    Тотално струја потрошено (без бонусот од ефтина струја во недела ме мрзи да рачунам):

    Струја 5 дена = 5 х 24 = 120 х 0.68 = 81.6 денари

    Заработка 1.140 биткоини = 286 денари според денешниот курс.

    [​IMG]

    Иначе моја имресија е дека биткоин ќе пропадне наскоро. Многу продавници што примаа биткоини се затворени, курсот е паднат по крахот на mtgox и изгледа неможе баш да се оправи. Ќе видиме.

    Сеуште не се откажувам.
     
    На gokica, draganamon, goranzoran и уште 6 други им се допаѓа ова.
  3. Buvche

    Buvche
    Gaining Experience

    42
    59
    10 Јануари 2008
    Машко
    Благодарност до тебе ARMac за прекрасната тема, само неколку исправки во цената на струјата.
    • П - потрошувачка = 200 w = 0.2 kw
    • В - период = 24 h (часови)
    • НТ - ниска тарифа = 1.9 ден/kWh
    • ВТ - висока тарифа = 3.8 ден/kWh
    • СР - средна вредност = 2.85 ден/kWh ((1.9+3.8)/2=2.85)
    • АМ - ангажирана моќност = 33% (оваа е ставка на ЕВН која се пресметува на целата потрошената струја, ја имате во секоја сметка под името пресметковна моќност. Ако сакате да дознаете повеќе тука)
    • ддв = 18%
    Реална потрошувачка:
    • П * В * СР + АМ + ДДВ
    0.2 * 24 * 2.85 = 13,68 + 4,5144 = 18,1944 + 3,274992 = 21,469392 денари во 24часа

    И јас сум биткоин копач но во малце полоша состојба зашто пред некое време сватив дека не сум на двотарифно броило и цел ден плаќам по 3.05 денари киловат-час.
    Можеш да си зголемиш ефикасност на мегахашови по потрошен ват со намалување на клокот на меморијата на графичката и намалување на волтажата на јадрото. Јас имам HD6950 2GB и за биткоин копање ми е клокувана : CoreV: 935 mV | CoreC: 775 MHz | MemC: 625 MHz | и кога е 99% оптеретена влече 160 вати а постигнува околу 300 Mhash/s (мегахашови во секунда) .
     
    draganamon, StalkeR, ARMac и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,490
    2,483
    14 Мај 2008
    Машко
    А како ја правите конверзијата Bitcoin парички --> денари?
     
    На Sliderr и olikomerc им се допаѓа ова.
  5. tomi

    tomi
    Guru

    9,867
    9,111
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Штоа е ова никој ништо не објасни ништо не ми е јасно ?
     
  6. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    310
    241
    26 Септември 2007
    Машко
    и јас првпат слушам ( читам ) за ова нешто , в крај се чудам со прајте ? o_O
     
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,825
    6,394
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    @Buvche, така е скроз заборавив на фамозните 33%, значи 21.5 денари за 200W компјутер.

    @Sephirot најпознатиот сајт за конверзија е mtgox.com ама мене не ме интересира тоа. Планирам само да си купам некоја игрица од bitcoin2cdkey.com

    @tomi, dzunko, биткоин е виртуелна валута што постои само на интернет. Најпросто кажано можеш да купиш биткоини и со нив да плаќаш или можеш да ги копаш (како во рудник) со тоа што решаваш блок трансакции со помош на хардверот кој го имаш, и за тоа добиваш биткоин парички како награда.

    https://en.bitcoin.it/wiki/Main_Page



    View: http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Um63OQz3bjo
     
  8. ZigusZagus

    ZigusZagus
    Intern

    2
    0
    2 Мај 2010
    SIlk Road додека работи, биткоин не пропаѓа. :)
     
  9. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Ја ке ти објаснам:
    Не се замарај, не вреди.
     
    На olikomerc и uwemi им се допаѓа ова.
  10. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    997
    807
    4 Февруари 2014
    Машко
    damn
     
    goranzoran, P.Overdrive и на NecrotoX им се допаѓа ова.
  11. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,883
    2,445
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    :eek:
     
  12. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,060
    1,331
    17 Јуни 2009
    Машко
    Зошто не вреди? Објасни ни, плс.
     
  13. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,500
    3,404
    11 Декември 2008
    Машко
    Пред 5 години му е постот :D
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,828
    4,367
    20 Февруари 2011
    Машко
    @ARMac

    Е мој мил Армак, си извадил 1 БТЦ+ за 5 дена и си се бунел дека било малце... тие 1БТЦ вредат 1000 Еура + моментално xD Кој би знаел дека ке дојде до тука ова работа :)
     
    artweb, Harrabed и на neW1 им се допаѓа ова.
  15. viksa86

    viksa86
    On your way to fame

    866
    820
    22 Април 2011
    Машко
    Кога @DeanStr ми продаваше 5 Бтц за 1500 денари :(
     
    Викса, krema, stefan_mkd и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. Викса

    Викса
    On your way to fame

    504
    662
    12 Март 2011
    Машко
    Темава е баш " ќе праиме муабет за 5 години" !
     
    artweb, RagingDemon и на uwemi им се допаѓа ова.
  17. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,060
    1,331
    17 Јуни 2009
    Машко
    Eeee да си ги чувал, сега ке си имал 5000 евра :(
     
    На CokeZone му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,193
    969
    2 Јануари 2012
    Машко
    Копа некој уште? Како оди сега? :)
     
    На Sm0k3y25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vlatko175

    vlatko175
    Gaining Experience

    286
    106
    15 Јули 2008
    Abe bitno e da se kopa, bitcoin li - cryptocoince li - niva li mlado grmuvce .....
     
  20. CokeZone

    CokeZone
    Intern

    54
    28
    27 Декември 2015
    Сите да ги чувавме ќе беше убаво ама тоа е... Од кај да знаеш на крај краева..
     
    На filipkir и Harrabed им се допаѓа ова.
  21. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    796
    665
    27 Јуни 2012
    абе оди фатете работа
     
    На Arabian и goranzoran им се допаѓа ова.
  22. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,497
    1,570
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Не вреди тоа :)
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  23. CokeZone

    CokeZone
    Intern

    54
    28
    27 Декември 2015
    Епа и ова е работа бе друже, можда не е физичка работа ама сепак, се печали пари, знаеш.
     
  24. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    377
    314
    14 Јануари 2016
    Машко
    може некој да ми каже дали со 1050 4GB g4560 8gb ddr4 би имал некаква месечна заработка со копање?
     
  25. martin17

    martin17
    Gaining Experience

    90
    92
    2 Септември 2013
    Машко
    Заработка не, евентуално загуба.
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...