1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали некој има искуство со Casys (Касис)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од BrandNew, 25 Април 2012.

  1. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Здраво на сите,

    Спремам е-комерц портал и дојдов до степен да барам процесор на картички, единствена легитимна компанија која го нуди тоа во Македонија изгледа дека е Casys ( http://www.casys.com.mk/), но покрај тоа што нивната страна ме врати во 1998 со дизајнот исто така е некако штура со информации, дали има некој информации од технички аспект за нивниот систем, поточно дали нудат документација според која би го интегрирал нивниот платежен систем со мојот е-комерц систем? Стварно нема никакви информации за Касис на интернет и мислам дека ова е право место да разјасниме некој работи, ако има некој кој има искуство со нив би го замолил да го сподели.
     
  2. Misho

    Misho
    Intern

    109
    11
    20 Септември 2009
    Јас до сега имам имплементирано 2 сајта за casys. Иначе и тутунска банка нудат ваков систем ( не сум ни го видел ни проверил).
    Додека сум имплементирал сум им го разгледал делот на трговци и имаат се што ти е потребно.

    1.Плаќања кон трговец - Број на нарачка во системот на трговецот,Идентификационен број на трансакцијата во cPay,Име на плаќачот, Тип на платежната картичка, Статус
    2.Извештај за трансакции

    Највеќе што ми се свиќа е грижата за трговецот. Тоа сајтот како изгледа не е толку битно колку што е битна функцијата :)

    +1 за casys :)
     
  3. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Ти благодарам за постот и ако можеш да разјасниш уште неколку работи, дали им се плаќа на % од трансакција или фиксна претплата? И дали си слободен за ангажирање (платено нормално) во случај да заглавам со АПИата :D
     
  4. Misho

    Misho
    Intern

    109
    11
    20 Септември 2009
    Па вака во овие 2 случаеви се случи следново.
    1-то Беше за онлајн продажба ( продукти, не он лајн услуги). Тука се договорија помеѓу трговецот и унибанка за процент од трансакција плус 40евра месечно за casys услугите. Процентот беше 2% од вкупниот износ на продуктот.

    2-то.Исто така продажба на продукти и услуги, и процентот беше 3% без тие 40евра месечно :)

    Значи околу процентот буквално како на бит пазар е договарање. Најпрво пополнуваш формулари каде има прашања за бизнисот од типот: колку милиш дека ќе направиш вкупен промет во 1 година. Те седнуваат на маса и договарате проценти :)

    И да мислам дека сеуште имаат 3 месеци пробен тест да видиш како ќе ти оди онлајн продажбата, доколку не си задоволен можеш да го раскинеш договорот без да платиш пенали.

    За имплементацијата ќе се договриме, ти нареди си ова се, па ќе го решиме проблемот заедно :)
     
  5. GoranX

    GoranX
    Intern

    8
    0
    26 Август 2011
    Ако договарањето оди со касис директно незнам, јас бев во ик банка пред еден месец и имаше некои флаери за темава, демек отвори онлајн бизнис, прашав на шалтер и само ми рекоа дека треба да земам некои формулари за да видам шо треба технички да се направи, демек требало да се купи цертификат и сл. и како што го разбрав се фалеше дека имале многу сајтови што работеле со нивната банка. извинете ако ова изгледа како нивна реклама, ова го пишувам оти освен во ИК или Тутунска банка во другите банки не се чуствувам услужен и не ми е пријатно (ова најмногу од Стопанска иначе).
     
  6. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Да и јас видов дека ХалкБанк (ИК) нудат екомерц, имаат на страната некој прашалници кои се доста апсурдни, како еден услов наметнуваат да им дадеш база на податоци на корисниците, сега незнам како го осмислиле тоа, дали да одам до иднината па да му донесам база на податоци или како незнам ама изгледаше смешно.

    Друга опција е Authorize.net, компанија на Виса наменета токму за овие работи, но незнам дали е легално да го внесуваш прометот кој твојата компанија го генерирала на интернет од странство.

    Ти благодарам Misho за споделените информации, ќе си ги контактирам Касис па после за изработка на модул ќе те барам ако заглавам :)
     
    На rzen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Misho

    Misho
    Intern

    109
    11
    20 Септември 2009
    Вака да разјаснам нешто имаш некои дилеми.
    1.Ик, Уни, Халбанк = исти ѓавол :) порано беа ИК и УНИ пошто УНИ немаше Visa и беа споени, мада исти газда е. Сега ребрендирано во Халбанка.
    2.Никаков сертификат не ти треба
    3.Ти треба да имаш фирма и да поднесеш е-комерц услуга
    4.Никакви бази на податоци не треба да ти гледаат ни да ти бараат ни да им даваш, треба твојата база на податоци да ја врзеш со нивниот систем, од каде ќе ги зима основните работи како: Име, Презиме, Адреса, Цена, Детали, Телефон итн итн.
    5. Ти немаш никаков пристап до корисниците ( заштитени се 100%). Кај тебе само се регистрираат до Checkout односно кога ќе кликне на копчето плати(pay) сеедно, ќе ги редиректира на casys за клиенти, каде ќе ги земе горе-наведените работи.

    Од искуство ти кажувам, работи си тука со македонски фирми, дај боже да ти тргне работа ќе плачеш за да ги извадиш после парите и колку ќе ти земат провизија. Разликата на услугата е мала, би ти препорачал како за старт да не мрдаш од тука.

    @GoranX
    90% од фирмите имаат casys зборам за тие што имаат ваков вид на веб страна. И договарањето не иде со касис иде само со банката, касис е фирма која го има направено овој софтвер ништо повеќе.
     
    На rzen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Ауу сега дури гледам, морав да направам лажна нарачка на еден сајт за да видам како функционира Касис (Се извинувам), значи Касис не е Merchant Gateway каде што клиентот ја внесува картичката директно на твојата страна па нивниот систем ја врши трансакцијата во позадина туку е екстерен 3rd Party Gateway каде што плаќањето се одвива на нивната страна, нешто како Paypal, Skrill, Alertpay...

    Од друга страна можеби Халкбанк нуди по практичен Gateway каде што информациите се внесуваат на твојата страна а трансакцијата до нивниот систем се одвива во позадина без корисникот да ја напушти твојата страна што е далеку по практично.
     
  9. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    За сите кои бараат технички спецификации за интеграција на Касис платежниот систем, еве ПДФ документ:

    https://www.cpay.com.mk/repository/documents/cPay_Merchant_Params.pdf

    Сега 8 редбула и до 1ви мај ќе ослободам бесплатен Касис платежен модул за Magento :)
     
  10. Misho

    Misho
    Intern

    109
    11
    20 Септември 2009
    Кодот на касис е динамичен, за секој има различен ID бла бла...

    BTW, јас имам направено за open card, wordpress, joomla, zen cart.
     
  11. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Enter your Merchant ID во Backend и готово, за кој екомерц плагин на Wordpress го имаш направено ми треба за WooCommerce. Плаќам салам!
     
  12. Misho

    Misho
    Intern

    109
    11
    20 Септември 2009
    Уф, не сум дома за да видам, иначе немам направено плугин или модули, имам симнато само некој кој ми одговара и го едитирам :)
    HTML-Form based
    (payment) и тоа е тоа... Па и не е баш копи пејст. Има исто многу за кодирање поготово кај heder-от каде има стварно должини да брои формата :)

    PHP:
    //-------------- broj na cifri od cenata
    $amount number_format($db->f("order_total")*100,'0','','');
    $lengths "";
    if(
    strlen(strlen($amount)) == 3)
    {
    $lengths .= strlen($amount);}
    if(
    strlen(strlen($amount)) == 2)
    {
    $lengths .= "0".strlen($amount);}
    if(
    strlen(strlen($amount)) == 1)
    {
    $lengths .= "00".strlen($amount);}
    //--------------------------------
    Еве еден пример :)

    Не се ебавам многу со такви работи, има некој го направил пред мене, ме мрзи да измислувам пак топла вода :)

    Пробај од тука некој најди
     
  13. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Хххх мрзливост на девелоперите ain't that a bitch :D

    Малку прогрес да видиме не нешто друго, кога ќе видам колку се одноставни и широко достапни овие работи во Бугарија како палестинец се осеќам, а јас сега треба да преговарам со Касис наместо само Sign Up да напрам....
     
  14. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,551
    1,893
    5 oктомври 2007
    Машко
    Од искуство од пред отпрликика година дена, само две работи да додадам (исправам)
    1. И Тутунска (која работи преку Firsdata gateway) и другиве банки ( кои го користат Касис), бараа SSL сертификат да имаш, што по дефаулт повлекува и IP адреса да си купиш, што би се рекло малце потешко (не и неможно) на shared хостинг.

    2. Gateway-от на тутутнска ми се допага лично повеке посто можеш тотално да го кастумизираш следствено на тоа посетителот ни да осети дека излегува накратко од твојот сајт.
     
    На BrandNew му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Тоа би било далеку подобра опција, доколку Тутунска ти нуди прав Merchant Gateway каде корисникот не ја напушта твојата страна при плаќање,

    Кај сите сме неедуцирани за овој тип на плаќање па сега 2 пати да се регистрира и 3 страни да посети корисникот за да купи нешто е заебано, со Paypal би одел преку тоа срање само затоа што Paypal си ја носи репутацијата со себе и кориснкот се осеќа безбедно кога ќе биде пренасочен, ама јас како девелопер првпат слушнав за cPay (Касис Пај ваљда) вчера.... Така да Тутунска it is... :)

    A SSL сертификат за екомерц е светска практика, чини околу 25$ годишно, негде и бесплатно (SingleHop реселерите) а marv не си во право, секој посериозен Shared hosting провајдер има опција да ти назначи дедицирано IP и цената е просек 2$ негде ти го дават стандардно со понапреден пакет. Ова ти го кажвам од прва рака, попрва неможи :D
     
  16. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,551
    1,893
    5 oктомври 2007
    Машко
    Знам дека може да ти доделат ИП, само што не иде по дифолт на стандардната цена, па после кога ке им кажеш на клиентите дека треба плус 2-5$ и тоа месечно само за некоја таму ИП да плакаат, па плус и ССЛ цертификат, кој зависи од каков тип ке купиш е од 9-10$ (ама само за првата година) до 100-120$, почнуваат да паѓаат у нецвес клиентите :)) Иначе мене се ми е јасно, ама клиентиве сакаат за ич пари е-комерц да праат, пошто што имало тоа везе :)) веб си било веб, оди па објаснисе :)
     
    На DaciSS му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,551
    1,893
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ако успееш да напраиш некој плугин/модул за екомерц за некој добар систем, преку тутунска одлично. Уште ако стварно го пуштиш фрее ;)
     
  18. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Остај не ми кажувај, затоа си ветив дека никогаш веќе нема да работам за македонски клиенти, а посебно не за клиенти од внатрешноста, неможиш со простотилак да се разбериш, инаку преку партнерски програми ги добивам ССЛ сертификатите бесплатно, стандардни нормално, инаку оние wildcard сертификатите се уби боже.

    После мајот ќе исконтактирам неколку пријатели во тутнска да ми дадат документација ако е можно, и ќе се потрудам да направам интегриран модул за Magento Commerce што е де факто нај јаката пхп екомерц платформа моментално.

    Единствена пречка би била доколку не нудат sandbox односно тест за трансакции, тогаш ќе аплицирам за мерчант акаунт, инаку за Касис е скоро готово модулот.

    Или ќе ги ослободам фрее тука и на плугин дирокториумите за Магенто или нема да ги ослободам зошто имам нешто многу јако замислено што ќе го смени екомерцот во мк :)
     
  19. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,551
    1,893
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ако средиш за магенто, онда еве ме прв за тестрање, одма имам спремно еден екомерц сите што одамна го одлагам, баш ради заебанцииве со процесорите.
    Иначе не нудат Тутутнска тест акаунт се додека не аплицирас. После ти даваат тест акаунт и можеш да си играш колку сакаш, и кога ке си готов им кажуеш и те префрлаат на production server.
    А за Касис како го реши ? Успеа ли да ја скокнеш онаа нивната ружна страна или воопшто не нудат такво нешто ?
     
  20. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Да регистрирам фирма и одам во Тутнска да аплицирам.

    Со Касис мора да оди преку нивна страна cPay.com.mk, после нарачката корисникот се пренасочува на Касис, одкако ќе направи успешна трансакцијата callback url враќа одговор до Магенто и корисникот се редиректира назад кон Магенто.

    Има широк спектар на примена ова која директно може да влијае на интернет сцената на мк, доста веќе со портали за вести, време е за монетизација :)

    Следна цел: WHMCS (Hosting), Virtuemart (Joomla), IP.Nexus (Forumi), WooCommerce (Wordpress)
     
  21. Misho

    Misho
    Intern

    109
    11
    20 Септември 2009
    За WHMCS исто така имам направено, за Џумла Virtuemart исто така имам направено...Не се мачи за ова, направи за некои други и ќе размениме ако е потребно...

    Момци, никој нејќе да пополнува информации на вашата страна, може ќе ги украдете. Како ќе ме убедите дека тоа нема да се случи?

    Мој избор кога работам ваква ствар само casys.
     
  22. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Супер, ќе напрајме еден plugin repository :D

    Мишо, методот на внесување на картица директно на страната е комплетно безбеден со тоа што никакви информации за картичката на корисникот не се зачувуваат на твојот сервер, трансакцијата се врши безбедно во позадина преку гејтвејот на банката/компанијата.

    За да добиеш идеја како функционира разгледај на Authorize.net а мислам дека има скрипти и со Paypal да го постигнеш тоа ама не сум сигурен мислам Paypal Pro да не нудеше таква опција.

    Знам дека е безбедно оти секој копук и индиец можи да отвори Authorise.net акаунт и да го изведе тоа а таа е компанија на Виса така да за безбедност џабе ќе попувам, брендот кажува се'

    Јас во секое време ќе одберам да работам со Authorize кога би креирал страна за странски потршувачи...

    Но пак ќе речам, стварно незнам како оди законската регулатива за примање на прометот генериран на твојата страна од странство.
     
  23. burce

    burce
    Intern

    268
    38
    1 Април 2009
    Јас колку што знам за да отвориш Authorize акаунт мора да имаш банкарска смета во Америка, плус тоа е мерчант акаунт, што значи мора да имаш и фирма таму. Тоа дека не се снимаат податоците откога некој ќе ти ги даде е „да не веруваш“ бидејќи се зависи од тебе после, дали ќе ги чуваш како што треба (PCI compliant) или ќе може секој вработен да има пристам до секој податок, или нема воопшто да ги чуваш (а зашто би го правел тоа тогаш).

    За да добиеш мерчант акаунт и да сам да ги прибираш информациите од корисниците би требало да имаш милионски суми обрт, инаку тотално нема да ти се исплати.
     
  24. Misho

    Misho
    Intern

    109
    11
    20 Септември 2009
    Пази, јас не зборам дали ти ја гледаш страната или не. Зборам како клиент, мене не ме интересира со која банка имаш ти договор, мене ме интересира безбедноста. Еве има стварно да не ги наречам дебили ама јбг постојат, уште не користат картички во банкомат, одат на шалтер да подигаат пари.

    Е сега јас се чуствувам многу побезбеден кога страната ќе ме редиректира на во овој случај банката. Зборам за кај нас во оваа моментална ситуација јас сум само за касис и никој друг, па ќе кажам, зборам за македонијава.

    Сум разгледам Authorize и сум исто така „поплнувал“ модулот за да работи и знам како работи, ама не беше македонска фирма :)

    Моја препорака е моја идеа е да се оствари се ова за касис, многу повеќе трговци има за касис.

    И никој не би ти го направил/имплементирал за помалку од 30-40 евра.

    П.С. Ми се свиќа целава дискусија што ја водиме за жал ние 2-3 :)
     
  25. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    142
    85
    25 Април 2012
    Машко
    Authorize.NET прифаќаат интернационални компании но не директно, туку преку партнери е.г. реселери, имам некаде низ букмаркс линк од де факто интернационалната верзија на Authorize.NET но мислам дека работат единствено со земји каде што имаат банки партнери, МИСЛАМ не сум сигурен не сум имал досега потреба да ги контактирам. Преку системот на Ауторајз ти како мерчант никогаш немаш пристап до информациите од кредитните картички на твоите клиенти со што се избегнува потребата од ПЦИ сертифицирани сервери со тоа што Ауторајз си ги чува тие информации за тебе во нивниот ПЦИ комплиант дата центар, ама сега веќе навлегуваме во тешка полемика :D

    А Мишо абсолутно ја разбирам твојата недоверба во страна која ти бара кредитна картичка а нема репутација, посебно во Македонија каде имаме лабава регулатива и каде што незнам дали воопшто банките ти нудат опција да ја откажиш трансакцијата, ако ти го напика некој на интернет страв ми е да прашам во банка зошто секогаш има некоја дебела социјалистичка службеничка со мустаќи која на секое мое прашање ми дава кисел поглед :D, но кога ќе го видам cpay.com.mk исто така не ми се исполнува довербата, единствен начин да се поправи ова е некоја финансиска институција да собери кохонес (пр. Касис) и да направи еден стабилен и широко достапен платежен систем (за референца ќе го ставам epay.bg), платежен систем кој ефективно ќе изгради бренд и ќе го едуцира пазарот дека да, ова е паметно и да 10 години сме назад од нормалниот свет. Зошто ако чекаме Paypal да влези комплетно во мк ќе си ја изгубиме младоста... да знам пазарот е премал, премалку едуциран, претешко прифаќа иновации (ако можеме да ги наречеме иновации) и со премала потрошувачка моќ, но доколку ова некој го изведи професионално тогаш ми изгледа финансиски профитабилно, и конечно ќе мрдниме негде понатаму од портали за вести и страни за лајковање на фејсбук.
     
    На Misho му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...