• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Дали Некој до сега успеал да си ги врати крипто валутите?

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,067
953
Скопје
Како мислиш дека од ништо се прават пари? Тие мајнери (асици и графички) што копаат сигурно не копаат на воздух така? Луѓето плаќаат пари за струја а и самите мајнери коштаат пари како и графичките.
Ова го разбирам како да вие ете струја плаќате и купувате голем процент на графички - па затоа ве наградуваат со коин или пари. Незнам што е корисното што го правите па да добиете награда.
Ај ќе прочитам.
Само едно прашање - нели Биткоин беше успешен - и сега е најјак. После почна ЕТХ , па Доџкоин па незнам што. Дали овие коини се нешто поразлични и по-потребни од Биткоин и колку уште ќе излезат ? Откајзнам јас еве ако сакам да плаќам со крипто и да ги прескокнам провизиите на банките - кој коин да го купам ?
 

Speedy

Gaining Experience
21 август 2010
607
191
Не е сменето ништо, биткоинот сеуште е најјак, и е помалку волатилен.
Coinmarketcap.com

Нејќам да навлезам појќе, ама ама ајде. @Nikola100 не се што свети е злато. Гледај на поединечните коини како фирми кои имаат издадено акции за продажба и луѓето можат да купат и да бираат.

Зошто баш фирма? Бидејќи има луѓе што работат на таа фирма за нивниот токен да стане средство за финансии, апликации итн. Не секоја фирма е транспарентна и не треба во секоја да се вложува. Посебно не во Doge и Meme коини кои немаат никаква цел. Освен ако сакаш да ризикуваш.
 
Последна промена:

1bube2

Intern
12 јануари 2022
8
5
Солидни проекти ама ете Биткоин колку е солиден - никој не го копа овде. Повеќето мислам на ЕТХ идат. Е сега од утре и тоа нема да ви чини - ќе дојде некој нов коин и вие трчи по него. Буквално од „ништо„ се прават пари. На сметка на 100 што ќе заработат - 10 000 ќе се изгорат. И пак вие сте за „иднината е во криптото„
Како сакаш кажи - тоа е „пирамида„ . Без 10 000 да влезат и вложат во проектот - тие 100 неможат да ќарат !

А за уновчување - се знае како е. „Чувај ги - повеќе ке вредат„ - И ќе ги чуваш додека не паднат па да се изгориш. Па вие секој ден ако копаното ако го уновчувате - тој коин сигурно нема нагоре да оди.
Само тој коин што го чувате оди нагоре - само ветувањето се брка - а тоа се поголемо и поголемо. Затоа прашав дали има случаи каде си го уновчуваш коинот и да си во плус..
Менувачниците и поединците што работат со крипто мора да купат крипто за да може да продадат што значи дека се продава.Според нивни кажувања сите се поврзани со менувачници од запад бидејќи кај нас повеќе се продава од што се купува а кај нив обратно.
Пред 6-7 месеци ги продавав риговите бидејќи купив нови асици,од купувачите немаше ни еден почетник сите веќе имаа по 2-3 рига.Во ниту еден бизнис ако не вадиш пари нема да го зголемуваш влогот.
Мислењето е автоматски споено:

Ова го разбирам како да вие ете струја плаќате и купувате голем процент на графички - па затоа ве наградуваат со коин или пари. Незнам што е корисното што го правите па да добиете награда.
Ај ќе прочитам.
Само едно прашање - нели Биткоин беше успешен - и сега е најјак. После почна ЕТХ , па Доџкоин па незнам што. Дали овие коини се нешто поразлични и по-потребни од Биткоин и колку уште ќе излезат ? Откајзнам јас еве ако сакам да плаќам со крипто и да ги прескокнам провизиите на банките - кој коин да го купам ?
Ако сакаш само да плаќаш купи си USDT,USDC или BUSD тие секогаш се 1 долар
https://coinmarketcap.com/currencies/tether/
 
Последна промена:

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,067
953
Скопје
ако јас незнам што е злато, па одам истото да го купувам во тополница за челик и ме преварат и ми дадат олово, незначи дека златото е scam и нема вредност.
- И обратно. Само затоа што ќе следиш Се и ќе бидеш запознаен со флуктуации на крипто - незначи дека ќе заработиш - вредностa е толку "volatile" и нејасна што може за еден ден да изгубиш Се (а секако и да заработиш - само тешко е да најдеш „хинт„ на тој пазар). По тоа колку сум упатен ( а не сум многу баш) - мислам дека е еднакво на „коцка„ - значи крајно ризично.
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5,413
4,800
Ethermine
www.facebook.com
По тоа колку сум упатен ( а не сум многу баш) - мислам дека е еднакво на „коцка„ - значи крајно ризично.
Ништо не е ризично ако си упорен и пред да вложеш прво да се едуцираш и научеш нешто.
 

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,067
953
Скопје
Ништо не е ризично ако си упорен и пред да вложеш прво да се едуцираш и научеш нешто.
Точно - ама правам споредба со купување крипто и купување акции во некоја фирма.(пример еве Анхоч) - Акциите на фирмата можеш лесно да видиш накаде ќе одат по тоа како работи и функционира фирмата. Значи гледаш луѓе купуваат во продажните салони - Се средено тип-топ - производи со конкурентни цени - па и ќе се распрашаш некој од вработените како плата - фунционира ли Се добро - така да ќе знаеш дека таа фирма заработува - отвараат нови салони и Се повеќе вреди.
За крипто по што ќе знам , на пример ако купам Hedera , Polkadot , Cardano - Се што ќе можам да видам е графиконот како иде нагоре или надоле и да слушам разни гласини по интернет (кому да верувам) . Кај имам јас можност да следам вистински што се случува и да предвидам дали ќе оди нагоре или надолу ?
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5,413
4,800
Ethermine
www.facebook.com
За крипто по што ќе знам , на пример ако купам Hedera , Polkadot , Cardano - Се што ќе можам да видам е графиконот како иде нагоре или надоле и да слушам разни гласини . Кај имам јас можност да следам вистински што се случува и да предвидам дали ќе оди нагоре или надолу ?
Ке прочиташ whitepaper на коинот, ке разгуглаш за што намена е, која му е примарната цел. Еве на пример сега има игрици базирани на етериум мрежата, купуваш карактери и играш и собираш ситни пари. А воедно можеш и на аукција да си ги продаваш карактерите односно како ги билдаш така му расте цената.
Ако не сакаш да се замараш со све тоа тогаш вложуваш одредена сума на токени и си правеш Stacking на нив, односно на дневно ниво или месечно ниво имаш камата од нив зависно од сумата. Пример на 2000е имаш 5е дневна камата одприлика.
Не е само копањето на крипто како порано. Сега е цела гранка со разни дејности и разни намени.
 

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,067
953
Скопје
вложуваш одредена сума на токени и си правеш Stacking на нив, односно на дневно ниво или месечно ниво имаш камата од нив зависно од сумата. Пример на 2000е имаш 5е дневна камата одприлика.
Ако ова постои и навистина заработуваш 5е на ден од 2000е - тогаш јас да ставам 10 000е и секој ден 25е да ми стигаат јас сум на коњ.
Само да не испаднам „коњ„ па да си ги изгубам евентуално вложените 10 000е ? Обично Се што звучи премногу добро да биде вистина - не е вистина. Каква гаранција имам јас дека тоа ќе фунционира и во случај нешто да тргне наопаку барем 9 000е да си вратам назад во секој момент ?
 

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,480
1,923

toshex

the fool
18 септември 2013
5,677
6,428
Мелмак
Што пишува во вајтпеперот освен троши струја за магични интернет пари да добиеш?
View: https://youtu.be/h9dTaAENRao


Во кратки црти предлог и технички нацрт за систем од пеер ту пеер префрлање и генерирање на виртуелни пари со лог на трансакции базиран на крипто блокчејн.

Со други зборови вајтпејпрот е објаснување за како работи во суштина биткоин од технички аспект и кои се предностите на тој систем (во главно дека се избегнуваат дупли трошоци за префрлање пари).

Ко и секој вајтпејпр презентира идеја во технички детали, која после треба да е анализирана и разглабана од експерти.

Односно овој вајтпејпр ко шо и се случува е разглабан и има критики и све тоа милијарда.

Плус се шо се дешава во пракса може да се анализира до бескрај.
Мислењето е автоматски споено:

или да баш ко шо кажа @DarthJe5us на кратко
 

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,067
953
Скопје
На мене ко ме родиле не ми дале гаранција никаква дека би имал подобар живот а не па тебе јас :D
Џабе го правеме овој муабет кога погоре ти пишав.
И јас на исто акцентирам цело време. Друго е да подржиш фирма - вложиш пари време и труд во неа - а друго да „плеснеш„ пари на некое нејасно крипто „ветување„ врз кое немаш ни преглед што се случува ни кај ни што и слепо да веруваш дека ќе успее и ќе заработиш.
Тоа е веќе „Хазардерство„ и бара јаки познавачи на „Хазардерството„ ;)
 

stefan_off

Gaining Experience
29 октомври 2009
494
414
Радовиш
stefan_off's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 7700K
Motherboard
Eurocom Torando F5
Storage
Samsung 960 Evo 256Gb m.2; Intel 660P 1Tb m.2; Seagate 2Tb 2,5inc 5400RPM
PSU
230W brick
RAM
16Gb DDR4 2x8Gb Kingston @2400mhz
Video card
MXM nVidia GTX 1070 8gb
Mouse
Logitech MX Master 2S
Keyboard
Logitech K520
Monitor
Benq BL3200PT 32`
OS
Win 10 64bit
Друштво некој ако има искусто со враќање на открадено крипто? Нека пише пп. Фала
 

1bube2

Intern
12 јануари 2022
8
5
Друштво некој ако има искусто со враќање на открадено крипто? Нека пише пп. Фала
За жал сум слушал само за лоши искуства.Во Европа и Америка ако не е сума во многу милиони никој не превзема ништо може да замислиш кај нас.Незнам на кој начин ти се откраднати но најчесто луѓето викаат ме хакирале а всушност сами го дале кључот од новчаникот.Не доброволно туку на превара.Скоро секој ден добивам пораки на меил,дискорд или телеграм дека сум добил некаква награда во крипто и за да ми ја исплатат треба да ги внесам зборовите од новчаникот исто така често пристигаат предупредувања дека некој новчаник треба да го ажурирам ако не ќе биде затворен.Ми испраќаат и за новчаници кои не ги имам.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,101
Мислења
877,667
Членови
30,698
Најнов член
Rado
На врв Дно