1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали може да се расипе PowerBank ако се стави полнач во OUTPUT порта?

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од HocusPocus, 4 Декември 2019.

  1. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    981
    603
    3 Јули 2007
    Го земав овој овој PowerBank кој има излез на 19V и 3 УСБ излези на 5V. Уште кога го земав несакаше да се вкучи воопшто. Мислев дека е празен и го ставив на полнач, но наместо во INPUT портата јас сум го вклучил на OUTPUT портата која дава 19V 4A. Полначот е 15V 1A.

    Тоа го видов после 1 саат откако беше така вклучен. Потоа го ставив во INPUT портата и светнаа сите 4 сијалички за статус како да е полна батеријата. Стоеше така 6 часа на полнач и немаше никаков ефект, пак не се вклучува.

    Го разглобив и ги измерив батериите беа сите со волтажа од 1 - 1.2V наместо 3.7.

    Дали е можно јас да ги имам зезнато батериите со погрешно вклучување на полначот?
     
  2. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    917
    1,401
    6 ноември 2007
    Тргни од тоа дека немаш гаранција на производот. Доволно ти говори за квалитетот на истиот.
     
  3. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,257
    6,387
    27 Март 2014
    Слаб квалитет без никаква пренапонска заштита. Фрли го !
     
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    3,059
    3,488
    18 Април 2007
    Смее во МК да се продава електронска роба без гаранција?
     
  5. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,037
    503
    7 Март 2014
    Машко
    Што е поентава? Можеш лаптоп да полниш со него ? Ако е исправен хаха.

    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     
  6. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,021
    2,265
    19 Јули 2013
    На посочениот линк од OP никаде не пишува дека нема гаранција, а башка пишува дека има и заштита.
     
  7. Goran995

    Goran995
    Gaining Experience

    145
    111
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Аман бре, за 200 денари повеќе има Xiaomi од 20000 mAh ццц

    Смрт немаат, го користам (постар модел) веќе 2 години или така нешто. Ме спасил и кога треба и кога не треба.
     
  8. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    892
    699
    29 Март 2011
    Да може да се полни лаптоп го имам истиот :)
    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
    На despotovikj му/ѝ се допаѓа ова.
  9. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,037
    503
    7 Март 2014
    Машко
    И тоа ли направиле.. Сега првпат слушам, некоја препорака за поквалитетен ваков powerbank ? И како функционира ако може кратко објаснување :)
    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     
  10. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    917
    1,401
    6 ноември 2007
    Untitled.jpg
     
  11. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    892
    699
    29 Март 2011
    Zero е од Анхоч Sandberg е од sony Gallery тие се два модели што ги знам и имам двата се одлични :) со нив полнам Lenovo v130-15IKB и по неколку телефони :) IMG_20191205_155908.jpeg IMG_20191205_155921.jpeg IMG_20191205_155511.jpeg IMG_20191205_155941.jpeg

    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
    На despotovikj му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,021
    2,265
    19 Јули 2013
  13. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,037
    503
    7 Март 2014
    Машко
    Добро овој Sandberg е веќе многу хаха.
    Него како функционира си има посебен адаптер за лаптоп ?

    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     
  14. krema

    krema
    Professor

    9,828
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Исто како мобилен кога полниш.
     
    На Chaeld10_8 и despotovikj им се допаѓа ова.
  15. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    892
    699
    29 Март 2011
    Има со него повеќе адаптерчиња за различни модели на лаптопи
    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
  16. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    981
    603
    3 Јули 2007
    Изненадувачки но батериите внатре се LG (LGABB41865). Ги сменив со други 18650ки и си работи добро.

    Инаку ова стои во пакувањето
     

    Прикачени датотеки:

  17. krema

    krema
    Professor

    9,828
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Каква марка (модел) на батерии му стави?
     
  18. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    981
    603
    3 Јули 2007
    Исто LG, извадени од батерија за лаптоп.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  19. krema

    krema
    Professor

    9,828
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
  20. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    892
    699
    29 Март 2011
    Дали би можело да се моделираат да му се постават некој 25-30амп батерии за да имат повеќе сати трајност (повеќе сати батерија) ајде електричари кажете :)

    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
  21. krema

    krema
    Professor

    9,828
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    За поголема трајност ти треба батерии со поголем капацитет а не колку струја испорачуваат.
     
  22. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    892
    699
    29 Март 2011
    Кој тип на батерија ми препорачуваш ? За добри 5-6 сати ?
    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
  23. krema

    krema
    Professor

    9,828
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Што подразбираш под „Добри 5-6 саати“?
    Зависи што ќе приклучиш.
     
  24. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    321
    169
    28 Јуни 2013
    OP, ако имаш слики од контролната плочка внатре прати. Не знам колку си запознаен со карактеристиките на 18650, ама таа волтажа ја даваат кога се испразнети повеќе од што треба. Има начин и шанса да се реставрираат, ама тоа е друг муабет.

    Ако е колку од колку квалитетен производот, треба да излезот да има диоди што ќе оневозможат влез на струја на излез на полначот, ама за тоа слика од плочката ќе треба.

    Има шанса да била банката расипана при купување?

    ЕДИТ: Сега препрочитав, не сакала ни на вадење од целофан да работи. А ги оставаат од фабрика поднаполнети, мислам слично со телефоните на ~50%. Сега и нема враќање на батеријата штом е отварана во секој случај, ама гледај барем спаси ги батериите, ќе ти се најдат за нешто. Вака само скапо си ја платил контролната плочка.
     
  25. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    892
    699
    29 Март 2011
    Лаптоп Леново кој работи на 3амп 18в
    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...