1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали можам да слушам предмети од други факултети по ЕКТС систем?

Дискусија во форумот 'Факултети' започната од JensenInterceptor, 24 Јули 2018.

  1. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    567
    216
    28 ноември 2015
    Машко
    Не знаев каде да прашам. Сега лето сме, па студентиве се на одмор. Факултетите кај нас со озбилна работа почнуваат септември-октомври.

    Јас имам завршено на ПМФ ИИ(Институт за Информатика) и завршив годината кога почна ФИНКИ. Да секако бев под капата на ЕКТС системот.

    Сакав да прашам дали можам некако да слушам предмети од други факултети, пример ми се свиѓа некој предмет од Машински, или на пример некој од ЕТФ, некако заедно со постдпломски на ФИНКИ?

    Или можеби посебно, да си слушаш предмети без постдипломски? :)

    Пошто нели добиваш кредити за секој предмет, а цената нели беше нешто помножено по бројот на кредити што ги носи предметот.
     
  2. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    549
    526
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    Ја како што знам (може веќе не е така или на некој факултет да не е), до 20% од вкупниот број на кредити, можеш да слушаш на било кој факултет во склоп на истиот универзитет.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    549
    526
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    Прееска малце на брзинка, гледам не сум те прочитал баш ко што треба.

    Ова 20% е за додипломски (што ти ѓи имаш завршено на ПМФ гледам).
    За постдипломски незнам дали е исто правило :) најдобро мејлче едно до студентска слжба (па и на сите ФЕИТ/ФИНКИ ..) па види што ќе ти кажат.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    694
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Би требало на сите факултети на мастер студии да има и изборни предмети од УКИМ.
    Да можеше на сите циклуси да се бираат предмети од сите смерови ќе беше топ, ама отиде називот на титулата во полето на интерес. :D
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,106
    8,296
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За да слушаш предмети на факултет нели треба да имаш потпишано договор и да влезеш во квотата на факултетот?
     
  6. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,045
    3,360
    7 ноември 2014
    Машко
    ЕКТС системот не значи дека може да комбинираш предмети, туку целта е да се изедначат предметите помеѓу различни факултети, што е особено значајно при трансфер. На пример, ти си слушал Програмирање 1 на Финки каде што си имал 5 часа неделно и тој предмет ти носел 8 кредити, додека на ПМФ може истиот предмет да се слуша 2 пати неделно и да носи 3 кредити - тежината е мерка за бројот на кредити.

    Околу слушање на предмети од други факултети под ист универзитет, во твојата студиска програма пропишано е да имаш слободни изборни предмети (веројатно 1 во студиска година), па треба да добиеш и листа на слободни изборни предмети кои може да бидат на ниво на универзитет.

    Едит - гледам дека прашуваш повеќе за лична надоградба, така што би ти препорачал да ја зирнеш оваа платформа:

    edX

    Тука имаш онлајн предмети скоцкани од професори на МИТ, Харвард итн, со активности, домашни задачи, оценување итн.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    196
    202
    12 Август 2014
    Машко
    Зависи од мастер програмата, ако има предвидено предмети од Универзитетска листа, онда ќе можеш.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...