1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали македонските власти сакале да купат шпионски софтвер од контроверзниот Hacking Team?

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 9 Јули 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    Контроверзната италијанска компанија Hacking Team преку медијатор им го презентирала својот шпионски софтвер на македонските власти во октомври 2014 година, според наводни и украдени имејл пораки, објавени на Wikileaks. Италијанската компанија e позната во светот како креатор на софтвер кој пробива енкрипција и ја следи интернет комуникацијата, и е означена од организацијата Репортери без граници како еден од „непријателите на Интернетот“.

    Wikileaks објави 1 милион имејли украдени од Hacking Team, кои најверојатно доаѓаат од неодамнешен хак тежок 400GB од непознати напаѓачи. Во објавениот торент има куп детали за работата на контроверзниот италијански безбедносен тим: од тоа како работи нивниот шпионски софтвер, за злонамерните софтвери кои ги користеле да пробиваат имејл и енкрипција, и како соработувале со диктаторски режими зад грбот на Обединетите Нации.

    На Wikileaks има десетици имејли пораки во кои се споменува „macedonia“ како термин. Веродостојноста на имејл пораките не може да се тврди, иако според Wikileaks тие се извлечени од компјутерите на Hacking Team. Eден од поинтересните пораки е имејл кој датира од „2014-11-07“. Во него се вели дека Hacking Team ја користел хрватската компанија Alafatec Group како медијатор да оствари продажба на софтвер на македонските власти, поточно со Македонската разузнавачка служба и Министерството за внатрешни работи. Во понатамошен разговор е наведено дека Alfatec одржало презентации за софтверот на Hacking Team при крајот на октомври на двете агенции (се мисли на МВР и УБК), и дека во 2015-та година ќе покажат демо како функционира софтверот.

    [​IMG]

    Иако во тој имејл не пишува за каков софтвер се работи, во друга коренсподенција од „5 ноември 2014“ помеѓу Alfatec и Hacking Team се вели дека се работи за шпионскиот софтвер Galileo, претходно познат како Da Vinci. Galileo е објаснет како софтвер кој може да ја пробие енкрипцијата што „ги спречува властите и разузнавачките служби да ги следат и спречуваат криминалците и опасностите по безбедноста на земјата. Remote Control System (RCS) e решение дизајнирано да ја избегне енкрипцијата преку агенти директно инсталирани на уредите што се следат. Софтверот, кој се продава легално, работи така што тајно собира докази од следените уреди, податоците кои се пренесуваат од уредот до далечински сервер се енкриптирани и не може да им се најде трага“, се вели на официјалната страна на Hacking Team.

    Во друг наводен имејл, за кој Wikileaks вели дека е украден од Hacking Team, кој датира од „2014-10-10“, хрватскиот Alfatec бара од Hacking Team повеќе детали за „тивко следење на Android уредите“ бидејќи, велат, дека ќе имаат средба со министерствата за внатрешни работи на Македонија, Косово и Црна Гора.

    Во ниту еден од имејлите нема индикации дека македонските власти купиле таков софтвер за следење на интернет комуникацијата.

    Оригинален текст http://it.com.mk/dali-makedonskite...nski-softver-od-kontroverzniot-hacking-team/
     
  2. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    840
    1,389
    12 Септември 2013
    Машко
    Хм, а се си мислев дека беше купен Финфишер, или и тој само бил "разгледуван".
     
  3. DaDo|BT

    DaDo|BT
    Intern

    258
    13
    21 Септември 2007
    Машко
    http://www.makdenes.mobi/a/24987343.html
    има финфишер

    неможам да го најдам оргиналниот текст Арангел Ангов,
    кај шо објаснуваше подетално за целиот тој софтверски пакет можеби некој ќе најди миррор и ќе го постави тука :)
     
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,469
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Хакери ги хакирале хакерите

    Hacking Team, Which Sells Surveillance Tech To Governments, Exposed By Major Hack

    P.S
    Овие, хакери се или кондураџии?
    Им „штавиле“ 400 GB податоци, им го хакнале twitter акаунтот и сега на нето се прават мезиња на нивна сметка

    Хајлајт:
    Pastebin линк со попис на земоји кои купувале од хакериве
    http://pastebin.com/MP8zpQ26
     
    На OldSchoolPvP му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smole

    smole
    Unstoppable

    3,074
    3,541
    18 Април 2007
    Karma is a bitch.
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...