1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали и колку слушалките се штетни за слухот?

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од GreenRoot, 26 Јануари 2015.

  1. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    859
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Неколку дена по ред интезивно користам in ear слушалки додека играм. А бидеќи имам деновиве малку повеќе слободно време знам да поминам и до 6 часа во денот на слушалки.

    Пред непол час осетив болка во десното уво. За иронијата да биде поголема, увото почна да ја лачи онаа жолта и гадна течност, незнам како се вика.:oops:

    Алармиран од тоа решив малце да се информирам дали слушалките навистина се штетни и колкава е штетата што можат да ја предизвикаат.

    Прочитав неколку статии и резултатите се навистина алармантни. Слушалките се штетни и тоа повеќе од колку што мислиме. Дури 1 од 5 тинејџери пати од губење на слухот поради слушалки.

    Сите слушалки се штетни! А најмногу In ear слушалките кои се најблиску до ушната мембрана. За жал ова се најкористените слушалки денеска, најмногу поради портабилноста, а и не треба никакво посебно одржување. Слухот нај често се оштетува поради јачината на гласот и долгото време поминати со нив.

    Е сега доаѓа делот како да се заштитиме. Најдобра заштита е воопшто да не користиме слушалки, а веќе ако мора...
    Најчесто го сретнав правилото 60/60. Тоа во превод значи користење на слушалки најмногу 60 минути во денот и со не повеќе од 60 проценти на глас.
    Второ, а и не помалку важно е е типот на слушалки. Се препорачуваат добро изолирани over ear кои ќе ја намалат надворешната бука за барем 50 проценти и ќе можат да се користат со пониска јачина на гласот.

    Јас лично слушалките ги користам на 10%-30% гласност. Тоа ми е сосема доволно да ја изолира надворешната бука и да обезбеди пристојна јачина на звукот. Е сега најверојатно патам од проблемот на предолго користење:(


    Е некој повеќе информинар за овој проблем? Се што напишав земете го со доза на резерва бидеќи направив само едно обично пребарување.
     
  2. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Лекар! Штом те боли, правац д-р
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,584
    6,437
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Решение: Чепкалки за уши и не ги користи интензивно слушалките, не е толку проблем јачината на звукот, колку што е проблем самата гумичка која колку и да е мека, ствара притисок врз увото при подолго користење, а и нормално дека ќе ствара од таа "жолта" течност, таа всушност ни доаѓа како некоја заштита за ушите, и претпоставувам дека при екстремни услови се лачи повеќе. Добро е што можеш да издржиш 6 саати, ја можев така порано, сега не можам ни 2 саата без да ми се јават тие симптоми што ги наведе, поготово болката. Сега дури и може да се рече дека константно имам некој buzzing во ушите, во било кое време од денот, ете така што претерував со гласни музики и слушалки во уво.
     
  4. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    859
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    @Daniel86 Значи 6 сати издржувам дневно, со паузи нормално. Константно 6 часа не сум пробал до сега, и не верувам дека ќе издржам.

    И запознаен сум дека таа течност се лачи за заштита на ушите, затоа и се сетив да пребарам колку се штетни слушалките.

    @kirev Лекар за уво посетувам два пати годишно поради чистење на ушите. Така ми е препорачано од доктор. Малце сум проблематичен на ова поле.

    Темава ми е повеќе да се споделат повеќе искуства дали и други членовии имаат проблем од ваков тип и колку се запознаени со тоа.
     
  5. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,005
    18 ноември 2009
    Друже јас in-ear слушалки не можам да носам 15 минути а да не ме здоболе уво. Земи си удобни слушалки заеби портабилност.

    А за тоа дека звукот се оштетува нормално дека се оштетува ако слушаш многу гласно.
     
    На igor_xxxx и gokica им се допаѓа ова.
  6. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    859
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Тоа нормално уште утре ќе се прошетам да разгледам некои. Ионака слушалките најчесто ги користам додека сум дома.

    Може да се најдат некои до кај 1000 денари со пристојна изолација?
     
  7. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,005
    18 ноември 2009
  8. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,899
    2,450
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Претeрано е 6 часа да користиш слушалки, без разлика од нивниот тип. Ако продолжиш веројатно ќе ти се оштети слухот. Ако ти се побитни слушалките од слухот тогаш продолжи со исто темпо. Ти си знаеш голем си.
     
    Последна промена: 26 Јануари 2015
    На The_Man му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jovan2389

    Jovan2389
    On your way to fame

    700
    687
    22 Април 2013
    Машко
    Како што кажа некој член погоре, жолтеникаво кафеавата слуз која се лачи, има намена да го заштити увото, најчесто при нарушување на хигиената на увото или при некоја алергиска реакција на која можеби претходела некаква инфекција.(голема поврзаност има и со грлото, па во зимен период кај особа со слаб имунитет може да е проблем)
    мој совет - уште утре преглед и совет од еким и исфрлање на слушалки некој период - а потоа нови.
     
    На GreenRoot и kirev им се допаѓа ова.
  10. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,877
    2,817
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Прочитав неколку статии и резултатите се навистина алармантни. Слушалките се штетни и тоа повеќе од колку што мислиме. Дури 1 од 5 тинејџери пати од губење на слухот поради слушалки.

    Целиот текст е лабав, ама пасусов дека губат слух поради слушалки нема врска.
    Отитис е главниот проблем.
     
    На Jovan2389 и gokica им се допаѓа ова.
  11. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,208
    3,559
    26 oктомври 2012
    Машко
    Се зависи од јачината на звукот, ако е ниска немаш гајле, ако е висока при подолг временски период може да има оштетувања на слухот. Еве нешто околу тоа. :)
     
    На GreenRoot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Ако немаш, фати женска.

    Ако си женет, те разбирам.
     
    На borcep, gremlin, Стап и уште 10 други им се допаѓа ова.
  13. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,353
    2,162
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    И јас поминувам долго време ~4 саати, со in ear слушалки ама сум немал до сега увоболие или др. проблеми. Многу ретко ги рокам до макс, ако ми се погоди песната. Предходните слушалки (фабрички од Samsung Galaxy Note 2) ми предизвикуваа болка во ушната школка (хахах рима), ама откако се пребацив на Sennheiser Adidas CX 680 немам такви проблеми....ваљда гумиците појше ми пасуваат.
     
    На GreenRoot и gokica им се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    И јас се согласувам - за долги сесии никако in-ear.

    Болката и надразнувањето на увото се појавува многу веројатно заради страното тело во ушната шуплина кое најчесто не е соодветно по димензии.

    Исто пречи и вакуум средината односно спречувањето на циркулација на воздухот и неговиот притисок.

    Потоа ако ушите ви се поосетливи на ова избегнувајте и затворени слушалки. Тие исто ја попречуваат нормалната циркулација на воздух. Земете отворени или бар полузатворени.

    И за крај не сакам да звучам снобовски но сепак за сите со поосетливи уши купувајте поквалитетни и поскапи слушалки од реномирани производители кои посветиле многу повеќе внимание на оваа проблематика.
     
    prichina, The_Man, Alucard и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. Gogzy

    Gogzy
    Gaining Experience

    258
    246
    12 Декември 2013
    Машко
    Реално гледано муабетот е : Ако незнаеш што е подобро прашај што е поскапо...
    Aко несакаш болка замор или слично ќе мора да инвестираш во некои поквалитетни слушалки...
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    In-ear се многу лош тип дизајн кога станува збор здравје на слушниот апарат. Имено, нема "reflex" момент, или по нашки кажано оние дупките што ги гледате на сите нормални звучници кои дозволуваат дишење на мембрата на звучникот и балансирање на внатрешниот притисок со оној на околината.

    Во превод, кај in-ear дизајните, целиот притисок од слушалките го апсорбира звучната мембрана на увото. Поскапите слушалки ова го решаваат со микро каналчиња, ефтините не се замараат најчесто.

    Мој совет, полуотворени, или, AKG-K141, најдобра слушалка за фин избалансиран звук, број еден мониторинг во многу студија.
     
    На GreenRoot и gokica им се допаѓа ова.
  17. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,775
    1,533
    22 oктомври 2012
    Машко

    Ова ни под разно не е решение, секој паметен доктор ќе ти каже дека чепкалки за уши не се воопшто препорачливи...


    +1

    Јас користам вакви (истите се и овие, само во различни бои), и подобри слушалки сум немал до сега, скоро и да не се чувствуваат, а звукот е феноменален...
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    859
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Фала на предлогот. Овие се над мојот буџет колку што видов, али кога се работи за здравје цената секогаш паѓа во втор план.
    Затоа ќе намалам со користењето на слушалки моментално ми изгледа како најдобра опција.
    Oвие јас што ги користам се пластични а не гумени. Можеби и тоа има улога во проблематикава.
    Не сум женет на млади години, ама исто ко да сум. Море да не ми си во кожа:innocent:
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,233
    2,926
    24 Септември 2012
    За мир и благосостојба се користат затворени слушалки. Јас постојано такви користам. Еве на пример АКГ К44 се најефтини според мене што се феноменални слушалки. Во моментов имам на ушиве АГК К240 и не дека се лоши, далеку од тоа, но затворени се затворени. Барем за мене. Тој бенефит на изолација на надворешната бука (иако седам сам во глува канцеларија) е огромен. К44 иако многу поефтини од овие ми се подобри баш заради таа работа. АКГ К271 би сакал најискрено ама во моментов немам такви. Тоа е некоја според мене оптимална слушалица за некој си среден буџет од 10.000 денари. Истото ќе го дадат и К44 само што пластиката тропка кога ја мрдаш главата, што и не е некоја битна разлика реално во звукот, но ете може да посмета. Значи 2000 денари за К44 (или помалку) се таман според мене, за да се осети оној благодет на затворена слушалка, слушање на тивко ниво, и не замарање на ушите. Ако се има буџет тогаш К271. Јас вака би играл.
     
    На GreenRoot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pane96

    pane96
    Gaining Experience

    381
    166
    28 Септември 2013
    Машко
    Другар,не ги прочитав постовиве али ќе ти кажам најдругарски совет.
    Под итно на лекар.Ја имав проблем како тебе,болка,па почна да лачи жолта течност.Викам ај од одмор е,вода ништо ќе помине.Две недели чекав не отидов на лекар.Отидов,ме чистеа и ми кажаа дека имам бактерија во левото уво.Тоа создало некој мали ранички што печат.3 вида на капки и антибиотик мислам ми дадоа.За 2 дена помина,но болките кои ги имав беа.. најстрашно нешто што може.
     
    На GreenRoot му/ѝ се допаѓа ова.
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Слушалките ја исчашуваат стерео сликата (лебди над темето) и спрема тоа не треба да се употребуваат за озбилно слушање на музика туку само кога се мора.
    А човек кога се филма не вредат предупредувања.

    Само, многу е глупо да зезнеш слух заради игрици.
    За мене филмање не е филмање ако на светот околу мене не му дадам до знаење за „каквоќата“ на опремата и за строгите принципи на моите вкусови што се однесува до музиката :)

    Советиве кои се даваат (и јас самиот ги давам) ми се од клише моделот на совети како:
    Не пиј
    Не вози брзо
    Не пуши
    Пази се од промаја
     
    На OldSchoolPvP му/ѝ се допаѓа ова.
  22. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Гледај слушалките да се квалитетни и да немаат шумови,грчења и слични ствари. Исто е битно да не се премногу затегнати-прицврстени зад ушите пошто тоа понекогаш предизвикува главоболки и болки во очите исто. Исто јас имав проблем со едни слушалки кој имаа претерано добра изолација,како херметички се прицврстуваа но тоа не било добро и имав глабвоболки.Така да превенција а и лек ти се JVC RX900 Мицин и нема мака да имаш :D.
     
    На GreenRoot му/ѝ се допаѓа ова.
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Мислам дека сме светски рекордери во одење off topic :)

    Назад на темата..
    Сакам само да спомнам деи и гласната музика во дискотеки е подеднакво штетна. Џабе не слушаш на слушки ако во дискотеа си приморан да стоиш покрај звучник
     
    На Војвода и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  24. pane96

    pane96
    Gaining Experience

    381
    166
    28 Септември 2013
    Машко
    Не го уништувај кафето со млеко, виното со сок и сексот со кондом. ПоздраФ!
     
    На borcep и Војвода им се допаѓа ова.
  25. PandaBomber

    PandaBomber
    Gaining Experience

    363
    457
    13 Јуни 2012
    Машко
    Кога имате комплетно затворени слушалици и кога подолго време ги користите, создавате околина што е рај за бактерии, влажно затворено место и многу здравствени проблеми можат да настанат, инфекции итн.. Памет у глава со тие работи. Оддржување хигиена на ушите и слушалиците редовно.
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...