1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали и каква приватна мрежа ми е доволна?

Дискусија во форумот 'VPN и VLAN' започната од JensenInterceptor, 15 Јули 2019.

  1. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    Не сум користел до сега приватна мрежа, така да не знам кои се предности и недостатоци на различни својства на ваквата мрежа.

    Ми треба да поврзам два компјутери преку Интернет.

    Првиот компјутер ја има следнава градба:
    Лаптоп,
    Работна меморија: 4 гига РАМ(1 за графичката, значи 3 гига),
    Процесор: Интел Пентиум Дуал Кор 2 Гигахерци
    Склад: 500 гигабајти, обичен тврд диск
    Интернет: Стандарден Етернет приклучок RJ45.
    ОС: Виндоус 7

    Компјутер два:
    Десктоп
    Работна меморија: 16 гигабајти
    Процесор: Интел и5 Кабилејк 7500
    Склад: 1 Терабајт обичен тврд диск
    Интернет: Стандарден Етернет приклучок RJ45.
    ОС: Виндоус 10

    Првата машина ќе биде обичен клиент преку кој само ќе задавам наредби до вториот компјутер, како преку обична „Ремоут Декстоп“ врска.

    На вториот компјутер ќе има 3-4 виртуелни машини и SQL Сервер.

    Првата машина исто така ќе биде апликациски сервер на кој ќе имам уштекано Ардуино чип кој ќе запишува податоци преку Це Шарп апликација во базата на вториот компјутер.

    Дали постоечките услуги за приватна мрежа имаат некакви ограничувања во однос на овие барања?
    Но не гледам причина зошто, пошто само два компјутера ќе се.
    Има ли некакви ограничувања?

    И која приватна мрежа ќе ми ја препорачате?
    Има ли бесплатно за овие барања, или сепак ќе треба нешто пари да се фрлат?
     
  2. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  3. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    172
    107
    13 Март 2017
    Машко
  4. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,010
    1,152
    9 Јуни 2015
    Машко
    каков темплејт имаш за темиве. браво.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    Неам темплејт. Се е куцано у „5 за дванаесе“ :D
     
  6. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
  7. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    Хмм, не може OpenVPN на Виндоус. Серверот мора да биде инсталиран на Линукс. OpenVPN Access Server installation options | OpenVPN

    Фората беше да работам со графичката картичка на мојот десктоп ПЦ каде имам дуал бут, Убунту и Виндоус 10. Имам инсталација со Вижуал Студио на Виндоус 10 и Ен Видиа Куда библиотеки, но ако не можам Ремоут Десктоп на Виндоус, постојат две решенија, или некако да работам со графичката, Ен Видиа Ге Те Икс 1050 2ГБ на Убунтуто или да користам приватна мрежа од друг производител кај која серверот се инсталира на Виндоус 10.

    Пред да се префрлам на решение со Убунтуто, дали може да ми препорачате мрежа каде серверот се инсталира на Виндоус 10?

    Или некој друг начин(релативно едноставен за местење) да работам со Ремоут Десктоп преку јавна мрежа?

    Во меѓувреме го читам линкот погоре за најдобра приватна мрежа.
     
  8. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    Не сум го пробал ова до сега со Ремоут Десктоп преку Интернет.
    The ultimate guide to Remote Desktop — control your PC over the internet!

    Не ни знаев дека можело домашниот рутер да се намести за врзување од надвор. Мислев мора да иде некако криптирано, преку тунел-врска.

    Remote Desktop Protocol - Wikipedia
    Remote Desktop Protocol - Windows applications
    FreeRDP
     
    Последна промена: 10 Август 2019

Сподели

Вчитување...