1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали е ова само невозможно?

Дискусија во форумот 'Vip/Blizoo' започната од Infernal, 12 Јули 2019 во 21:39.

  1. Infernal

    Infernal
    Intern

    1
    0
    Петок
    Машко
    Читам постови тука како луѓе пробуваат да направат port forwarding на techicolor уредите и едноставно не им е возможно. Но гледам дека се од 2016-2017 па си викам дека нешто е сменето. Но ништо, што и да направам, ништо. Им се јавив на VIP вчера и едноставно ми викаат дека веќе ми е создаден портот, па секако дека ми е направен портот дечки, затоа ви се јавувам. И на крај се откажуваат и ми викаат да им дадам контакт и дека ќе ми се јави техничкиот тим за пола саат, и не ми се јавуваат после.
    Да не има некој што го стори невозможното и создаде port на technicolor уредите или ова нѝ е само судбината на ние несреќниците.
     
  2. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,344
    875
    8 Декември 2009
    Вип не дозволува отварање на портови, поточно те ограничуваат со тоа што си подложен на double NAT.
     
    На drown му/ѝ се допаѓа ова.
  3. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,469
    1,529
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Кај мене се си работи без проблем, само кажи им да ти ја направат јавна твојата IP адреса и толку, 30 сек. работа по телефон.
     
  4. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,344
    875
    8 Декември 2009
    Мене ме вратија од салон со образложение дека физички лица не можат да поседуваат паблик ип.
     
  5. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,469
    1,529
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Ако им е скоро ова сменето. Пред неколку месеци на 3ца другари преку телефон им средив за помалку од минута.
     
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,590
    2,911
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Сподели како, за сите да знаат.
     
  7. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,469
    1,529
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    - Добар ден, VIP техничка поддршка, како може да ви помогнам?
    - Здраво, сакам да ми доделите јавна IP адреса (не статичка, да не се збуните):
    • ми треба за да отворам портови;
    • не можам да го пингам мојот РС од надвор
    • го користам како сервер
    • други слични потреби
    - Веднаш, кажете ми име, презиме, адреса (на кого гласи пакетот)
    - Кажувам
    - Причекајте
    - Рестартирајте го рутерот сега
    - Средено, фала, пријатно.
    - Пријатно.
     
    Astro, spiritBreaker и на goran_oh им се допаѓа ова.
  8. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    630
    562
    31 Мај 2011

    истово, али преку контакт формата на сајтот што им е за прашања што ги немаат у тие готовите со одговори. Сабота вечерта пишав, во понеделник сабајлето добив одговор дека е средено.
     

Сподели

Вчитување...