1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали е дозволено "keylogeri" на јавни компјутери?

Дискусија во форумот 'Приватност // Анонимност // SPAM' започната од kimi makedonski, 25 Јануари 2010.

  1. Zeratul

    Zeratul
    Intern

    242
    29
    30 ноември 2008
    Eve da ti kazam edna rabota sto mene mi se ima sluceno...

    Rabotev vo edna skopska firma podolgo vreme, znaci okolu godina i pol... Koga pocnav, nemase nikakov monitoring i voopsto toa ne bese spomnato vo dogovorot. Posle nekoe vreme, se slucija nekoi raboti, kade bese kraden kod (navodno) od lugje koi ja napustija firmata, taka da tie resija da vovedat monitoring na site kompjuteri.

    Dilemata koja ja postaviv bese:
    1. ako sakaat da stavat monitoring, mora da go promenat rabotniot dogovor koj sme go potpisale;
    2. postaviv prasanje dali imaat pravo na moite privatni podatoci i nivna eventualna zloupotreba;
    3. i dali imaat avtorsko pravo na bilo kakva intelektualna sopstvenost koja jas bi ja napisal ili kreiral, a ne e vrzana so rabotata.

    Mislam deka site 3 prasanja se validni i blisku vrzani so tvojot slucaj. Eve sto mi odgovorija:

    1. bile vo kontakt so advokat, i toj im se iznasmeal, velejki deka go cudi toa sto dosega nemale voopsto monitoring, bidejki "site" firmi go koristat i deka toa e nivno pravo, koe voopsto ne e osporeno zakonski;
    2. da, imaat pravo da gi koristat moite privatni podatoci, bidejki jas i taka ne bi trebalo da se zanimavam so privatni raboti za vreme na rabotno vreme;
    3. da, se sto ke iskucam vo tekot na rabotno vreme, avtomatski stanuva intelektualna sopstvenost na firmata.

    E sega, znam deka dosta od ovie raboti ne se bas potkrepeni pravno, tuku deka se prakticno charshiski muabet, ama da znaes deka e cest slucaj da se monitorira, i kaj nas, a bogami i na zapad... Ne veruvam deka bi uspeal da go isturkas ova na sud, bidejki makedonskite zakoni imaat mnogu "grey area" vo ovaa oblast, odnosno ne se soodvetno updatirani so razvivanjeto na IT profesijata vo Makedonija.

    So drugi zborovi, bi bila ova "tenka" tuzba i pod eden, ako e mala firma, prasanje e kolku vredi da ja tuzis, a pod dva, ako e golema, dali voopsto imas sansi (finansiski pred se) da se boris na sud.

    Se izvinuvam za latinicata i dolgiot post. :)
     
  2. xzappa

    xzappa
    Intern

    76
    15
    3 oктомври 2009
    не би требало да ти земи пари за совет никој адвокат, а за законот за заштита на лични податоци го учевме на факс и во нашиот законик е пропишана санкција за крадење на туѓи податоци, па сега најди си добар адвокат и според мене имаш шанса да добиеш оштета, доколку тие кои ги тужиш фатат врски на судот, со истиот адвокат ќе удрите една жалба до инспекторите за корупција и од таму истиот случај ќе го апелирате до суд на повисоко ниво, односно од основен на апелационен суд и сигурно победата ќе биде твоја - имам многу искуство по судови и ти велам само држи се цврсто, а ако треба најди и некој новинар од некоја од нашиве телевизии, дури и пари ќе ти платат за ваква приказна да кажат како државните институции ги крадат податоците на народот.
    Со среќа...
     
  3. petar.bt

    petar.bt
    Intern

    731
    20
    12 Август 2007
    јас избегавам да користам компјутер на училиште за логирање на емаил, fb или слично. сега за распустот бев во училиште имав нешто работа и си го поврзав лап топот во мрежа. работиме таму што работиме и по едно време KIS кажва network attack from 10.10.10.xx. ај да имаше некој во училиште ученици добро има некој "хакери" ама немаше никој. само администраторот беше во училиште и некој од професорите. ќе го доиспитам случајот кој зошто прај такви работи.
     
  4. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Не се работи за фирма туку за образовна институција.
     
  5. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    954
    385
    17 Јуни 2008
    Вакви network атаци на домашниов компјутер имам секојдневно... :isplashen: Готов сум!!! :LOL:

    Која е таа образовна институција ако не е тајна... Мислам дека џабе ќе ти биде и да ги тужиш, нашиов правен систем има премногу дупки, посебно кога станува збор за вакви работи.
     
  6. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Училиштето во кое учам.
     
  7. Blagojce

    Blagojce
    Gaining Experience

    876
    60
    26 Декември 2007
    Машко
    Програмер
    не сакам постовите да ми бидат само цитат, но обрнете внимание на овој пост. feit е во право....Како би докажал дека тој не го инсталирал keylogger-от за да му наштети на професорот(ако компјутерот е во кабинет).

    Ако се одлучи да оди на суд само негативно ќе влијае врз него тоа. Ќе го замразат професорите, а додека се донесе пресуда кај нас, тој ќе заврши со училиштето.
     
  8. sdarko

    sdarko
    Gaining Experience

    1,051
    64
    28 Септември 2008
    штом зборуваме за училиште тогаш слободно може да се констатира дека некој од другите ученици го има поставено килогерот. Миљон посто е тој случајот.
     
  9. Zeratul

    Zeratul
    Intern

    242
    29
    30 ноември 2008
    Dobro, drugar... no offense, ama tie kompjuterite na uciliste za rabota vi se ili za facebook, twitter i drugi licni raboti? Ako tuzis, prvo sto ke ti napomenat deka ti veke go koristis kompjuterot za raboti za koi ne e namenet... Ne se raboti za licno tvoj kompjuter, tuku za posed na ucilisteto.

    So srekja za tuzba... get real.
     
  10. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Како и да е има одмор во кој може да го користам за што сакам. А и целта нели му е да се унапреди образованието. Во некои случаи за тоа се користи мејл комуникацијата. Никогаш не се логирам на фејсбук или твитер од школо. Единствено на гмаил.
     
  11. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    вака
    1. компјутерите се во државна сопственост и ти само треба да ги користиш за тоа што се наменети, и со адвокат да идеш тука ке те бутнат нема ни да отиде до суд ситуацијата (компјутерите не се за ФБ Твитер, маилови мсн,...)
    тоа е исто како ти да дојдеш кај мене и јас имам keyloger и ти земам лозинки, :plachko2:
    дури ни на паузи ни после настава, многу убаво стои за што се компјутерите наменети, а што вие 99% ги злоупотребувате

    што сега јас на факултет при испит имам мониторинг, кој не е никаде официјално изјаснет дека ке ми се надгледува и термини кога ке се прави мониторинг и што се се надгледува (printscreen и keyboard е )
    али никаде официјално не е наведено

    и со адвокат да го тужам факултетов, неможам оти тоа не е во моја сопственост и ти при самото седнување на компјутерот се согласуваш дека нема да го злоупотребуваш


    2. ако мислиш дека некој твој другар или трета особа такознава "Хакерчина" ставил нешто без согласност на администраторот на школото и сл. можеш слободно да го пријавиш и на директор и на администраторот


    уфффф бев малку подолг од обично али некако ми се пишува :p


    п.с. за фирми е сосема поинаква ситуација
     
  12. ''TcM>>

    ''TcM>>
    Intern

    961
    39
    6 Јануари 2008
    Машко
    А што па за фирми би било тогаш нешто поразлично? Исто и таму не би требало да се користат компјутерите за своја потреба..
    Јас на факултетот сум се логирал доста пати на мојот меил за да видам дали ми стигнало нешто што сум го очекувал, а исто така од факултет сум се логирал и на форумов. А имам прочитано и доста постови од другите членови каде што наведуваат дека моментално се на работа/факултет кои што очигледно не се свесни дека некој е можно да им ги дознава пасвордите.. Како прво би требало да се оправда причината зошто воопшто е поставувен keylogger кој што би следел се што се куца на компјутерот, а доколку стварно би требало да се надгледуваат активностите на компјутерот може да се направи едноставно со следење на нивните активности преку соодветен софтвер (не ми текнува моментално да именувам некој таков софтвер).
    Код:
    http://en.wikipedia.org/wiki/Keystroke_logging#Use_in_surveillance_software
    Исто претходно спомнав друг линк каде што пишува:
    Јас лично искрено не верувам дека би добил битка кај Нас на суд, но сепак тука се работи за прекршување на приватноста. Кај нас на тоа ете не се става акцент, али во некои поразвиени држави ваквиот чин би претставувало прекршување на човеково право на приватност..
     
  13. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    ''TcM>> зошто
    се зависи од типот на работата, пр ако е сметководител а поголем дел од времето го поминува на интернет и сл

    и да на факултети е ок маилови отварања, сепак информатички факултет тоа ни е и повеќе од потребно, додека учениците немаат голема потреба и од интернетот а и не го ни користат за правилни работи :)) колку што знам


    ај кими од целото време на пц што седиш, освен што отвараш маилови, fb на форуми, мсн,....... и други непотребни работи (гледање видеа:LOL:)
    си го користел интернетот како помошно средство за учење, пр да симнеш и видиш биографија на некој писател и сл
     
  14. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Емаил да фејсбук не. Форуми да но само читам ретко се логирам и да пишувам во школо. МСН порано си игравме вистина или предизвик на часовите сега не е интересно веќе.
    Сум користел многу пати да претражам нешто било за писател, настан по историја и слично. Али што се користат за непродуктивни цели 90% од времето тоа е точно.
    И да се пофалам дека скоро секогаш успевам на дадената тема за пребарување да направам измена на википедија додека другите да се вклучат па така после да има смеи кога ќе се вклучат другите.:LOL::LOL: Мора да си ја правиме интересна.
     
  15. feit

    feit
    Intern

    684
    43
    12 Февруари 2009
    Kimi ама ти си средно бил??? И сакаш да ја тужиш школата т.е. Државата? Немој ќе изгубиш :)
     
  16. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Кое школо учиш во Штип ако може да прашам ?
     
  17. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    @feit
    Јас само прашав дали е дозволено а другите почнаа со тужби веднаш. Знам дека против држава неможе.
    Учам во гимназијата славчо стојменски. Алекс ти од Штип си?
     
  18. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    извини али ти спомна прв тужби, провери си ги постовите
    еве ке те цитирам
     
  19. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Тоа е 8 пост во темата. Јас прво само прашав дали е дозволено и веќе во првиот пост пишаа дека е казниво со закон. Затоа јас прашав дали може да се тужи.
     
  20. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Од Штип сум пола.

    Иначе ... тешко дека воопшто тужбата ќе ти успее. Имаш 18 години?
     
  21. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,240
    517
    3 Април 2008
    BTW
    денес очигледно е 28 јануари - Европскиот ден на заштита на личните податоци, па „Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија, Ве поканува на Отворен ден за граѓаните на 28 јануари 2010 година, четврток од 10:00 -14:00 часот во просториите на ЕУ Инфо центарот, Скопје.“

    http://dzlp.mk/INDEX.CFM?CONT=43681

    така да ете шанса да се разрешат овие дилеми
     
  22. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Како што знаете на школо има многу досадни часови. Сега имаме компјутери на кои може да си играме ама се случува да нема интернет. Така кога нема интернет немајќи што да правам си чепкав по компјутерот и гледам што како има и во делот од апликации најдов опција системски лог.
    [​IMG]
    Од таму неможе да се копира па затоа го побарав логот во друг формат и го најдов во една папка. Кога го отворив од неа ми се отвори во формат преку кој може да го снимам.
    [​IMG]
    Дома отворено преку нотепад изгледа вака.
    [​IMG]
    Како што може да забележете неможе баш да се прочита од тоа така. Секое копче е запишано со друг карактер од еден, два или четири знаци. Личи на хор енкрипцијата но не е хор. Лесно може да се направи мало програмче и тоа да се среди да ги дава вистинските карактери. Јас тоа го направив така да ми ја дава датата , часот и кое копче од тестатурата е претиснато. Така дешифрирано испаѓа нешто вакво.
    [​IMG]
    Ова е само дел од целиот лог. Оној безопасниот дел до логирањето на линуксот.
    Се чита се. Од страници кои се пишани до шифри од мејл и мејлови што се пратени. За поголем ефект може да се исклучи опцијата во мозилата да не памти ништо.
    Се надевам ова наскоро ќе биде тргнато или барем да се направи да неможе секој да дојде до тој лог. Вака секој ученик а и професор бидејќи и на нивните компјутери има може да настрада од некои љубопитни луѓе. Јас не го искористив освен за мала шала со другарката што седи до мене кога ја прашав дали и е познат зборот кој всушност беше нејзината шифра на фејсбук. :)
    Ниту планирам да го искористам. Има ли овде средношколци? Ако има бидете мирни.:p
     
    1 person likes this.
  23. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Не има на сите а јас од мојот може да гледам на сите што се врзани на тоа куќиште што сум и јас. Јас конкретно сум преку терминал не сум директно на куќиштето.
     
  24. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,794
    75
    7 Април 2007
    Нубови кои секогаш се први во натпревари по програмирање што е секако срамота за натпреварувачите од нашето школо кои се толку полни со самодоверба но некако не им оди.Инаку во гимназијата имаат интернет и некои основни работи.Кај нас нема интернет поради мистериозни причини кои мене не ми се познати а поради "големата стручност" на они кои ја инсталирале опремата и софтверот програмот iTalc работи само кога има интернет конекција,што несмее да биде така.Неговото функционирање не треба да зависи од интернет.
     
  25. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Тој коментар од моја страна не се однесуваше на учениците, јавно се извинувам доколку некои го сватиле така.

    Иначе не е до нас проблемот што само 2јца се интересираат за натпревари по програмирање нели ? Тоа е проблем до _сите_ кои се на информатика и кои се запишале ради реда. Мислам дека нетреба да те потсетам дека лани бевме второ место во Европа во Мехатроника, а први за натпревар на трудот на емуцијадата на ниво на Македонија ?

    iTalc-от е независен од интернет. Проблемот е што е зависен од главниот рутер кој кај нас не функционира.

    Интернет немаме поради горенаведениот проблем.

    Истиот „стричњак“ (по твое) ги конфигурираше мрежите и во гимназијата и кај нас

    Мое извинување за горенапишаното, но тоа е нешто што морав да го кажам.
     

Сподели

Вчитување...