1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дајте предлог за рутер(и)

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од -echo-, 30 ноември 2017.

Тагови:
  1. -echo-

    -echo-
    Gaining Experience

    100
    83
    26 Јули 2009
    Здраво дечки, ми треба помош околу избор на рутер, еден или повеќе во зависност од потребата. Планирам да местам оптика од телеком и ми треба добар рутер за wifi покриеност на целата куќа.
    Куќата е на 2 спрата и мислам дека нема да има доволно покриеност за wifi-to од едниот до другиот крај на куќата со тоа што рутерот ќе стои во соба на приземје.
    Воедно добро би ми дошло и предлог за свич бидеќи планирам да пуштам и бекап линк од телекабел.

    Буџетот е висок, се бара квалитетен рутер, единствен приоритет е производот да биде достапен тука во Македонија за да не мора да се нарачува од странство.
     
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    2,925
    3,276
    18 Април 2007
    [​IMG]

    trinity-systems.com.mk

    Ako ne ti vrsi rabota vakov 1, dokupi uste eden.

    Ako imas bekap internet ovoj ruter ima opcija za failover WAN, avitch nema da ti treba.
     
  3. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,121
    4,278
    4 ноември 2013
    Машко
    Ако го нема на залиха @DrMTR тогаш барај во Тринити или Овернет
    Го имам овај MikroTik... злато вреди.
    MikroTik
    [​IMG]
     
    На Oktar, DrMTR, StalkeR и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. ASUSx55c

    ASUSx55c
    Intern

    76
    16
    16 Јули 2013
    Машко
    само да не е belkin, јас ваков сакав ама испаднаа работи, не го земав и сега не ми ни треба. но во секој случај ми изгледа солиден.
    ASUS Dual-Band Wireless Router RT-AC51U
     
  5. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,121
    4,278
    4 ноември 2013
    Машко
    Бидејќи буџетот е висок...

    • Малиов ѕвер
    Ubiquiti Networks - EdgeRouter™ X

    [​IMG]

    • Во комбинација со 2xUniFi UAP AC Pro (на секој спрат по еден)

    Ubiquiti Networks - UniFi® AP AC PRO

    [​IMG]

    [​IMG]

    • Резултат...
    ДА ВРИШТЕТ РУТЕРИТЕ ОД КОМШИИТЕ, а тебе друже косата ке ти паднит.
     
    На kirev, stefano, goran_oh и уште 8 други им се допаѓа ова.
  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    1. Кажи буџет па да можеме да правиме комбинаторики што како.
    2. Со еден рутер тешко дека ке покриеш добро куќа на 2 спрата, посебно со нашиве градби со дебели ѕидови и армиран бетон. Го убива сигналот ептен.
    3. Дали е битен дуал бенд? Пошо оптика имаш 2.4гхз ке биде тесно грло за оптика.
    4 . Зошто ти е свич?

    Немам ништо на лагер од Микротик. 2011-ката беше солиден рутер лани. На оптика и само на 2.4гхз ке биде тесно грло. Не верувам дека ке издржи > 500mbps да рутира сообраќај.

    ON-Topic: Твојот предлог е добитната комбинација. Единствено може да игра во комбинација со микротик жичен рутер, ама ако зема UBNT AP, тогаш подобро е да земе и UBNT рутер. Unifi AP се неверојатно стабилни, нема никакви дропови на сигнал или други глупости. Стабилност: WRT54GL :D

    Не си играјте со вакви играчки. Оптика не е шала. Треба асален рутер за да го издржи сообраќајот без да се гуши со закачени 5-15 уреди на него.
     
    Последна промена: 1 Декември 2017
    На -echo- и Oktar им се допаѓа ова.
  7. V@NJ@

    V@NJ@
    Intern

    8
    1
    19 Мај 2010
    Здраво
    ќе бидам краток бидејќи и ја сум во слична конфигурација на терен па затоа веќе изиграв со AC-68U и N-66U и взаемно (вмрежани) работат перфектно !! од тука http://setec.mk/index.php?route=pr...der=DESC&limit=50&min_price=3&max_price=21999 ** ако се смета за реклама, монтирајте го

    Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
     
  8. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Ептен добра зделка си направил..

    ASUS Dual-Band Wireless Gigabit Router RT-AC66U - 9000 денари
    ASUS Dual-Band Wireless Router RT-AC68U - 11000 денари

    Знаеш каков сетап се прави со тие пари што си ги дал ? Боли глава. Ике ти останат вишок пари. Не си ги распределил добро. ;)

    За 20К се земаат 2X UniFi AC Lite и EdgeRouter X.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. V@NJ@

    V@NJ@
    Intern

    8
    1
    19 Мај 2010
    сега се оваа цена, да!!
    Само што јас ги земав пред 2-3 год. кога "осцилираше" $$$ така што (бидејќи си *загрижен* за цената ) ги платив 40тина % помалку од денешнава цена.

    Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
     
  10. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Ти си знаеш. Не сум воопшто "загрижен" како што велиш за цената. Само ги коментирам цените што си ги навел како линкови. Апсолутно лоша комбинација си навел. ;)
     
    На HardCorec и Oktar им се допаѓа ова.
  11. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,121
    4,278
    4 ноември 2013
    Машко
    @DrMTR 2011ката ите како ке се справи со оптиката, и не беше солиден лани, сеуште се држи на повисоко ниво (не зборам од памет, веке е тестирана) единствен проблем на 2011ката е 2.4GHz радиото се друго е екстра (повеќе и од доволно)...btw не видов никаде да е спомнато 500mbps :D, ако има таков пакет тогаш да бараме некој CCR1072, за таква брзина и UniFi-от ке стане тесно грло.

    Кога би бирал јас, би одел со вториот пост каде што му давам предлог да земе UniFi.
    Ако членот ја одбере таа комбинација и има лоши резултати јас лично ке одговарам :)
     
    На Lokvan и Oktar им се допаѓа ова.
  12. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Коменторав за оптика низ 2.4гхз. За кабел сигурно дека ке се справи. :)

    Пошо спомна оптика мислам дека станува збор за над 100mbps или грешам ? Незнаеме што пакет има. Ако земеме дека Телеком нуди гигабит симпатично тогаш 2011-ката о жичено ке биде тесно грло. За Unifi да потврдувам и јас. Нема утка.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  13. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,121
    4,278
    4 ноември 2013
    Машко
    Ихххх... за 2.4 не коментирам брат :D
    За оптиката не мора да значи, може да има и 50/50 (има такви пакети).
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ASUSx55c

    ASUSx55c
    Intern

    76
    16
    16 Јули 2013
    Машко
    немав прилика да го земам асусот, газдава имаше некој срање белкин, а интернетот фучеше 90+mbps на спидтест директно на кабел, со рутерот одвај 60 даваше и пакет лос на дота ми праеше ама нема везе, инаку не знам шо му фали на асусов, има ac 5ghz баш солидно изглеа на хартија
     
  15. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Човекот побара решение за оптички интернет. Тој рутер што го линкаше е : Ports: 10/100 BaseT што значи не е гигабитен туку само Fast Ethernet. Ако земе пакет на 100mbps што правиме ? Тесно грло ? Дополнително со еден рутер нема да покрие куќа на 2 спрата, посебно не како нашите градби во мк.
     
    На StalkeR, Oktar, -echo- и уште 3 други им се допаѓа ова.
  16. -echo-

    -echo-
    Gaining Experience

    100
    83
    26 Јули 2009
    Ок, кога реков буџетот е висок мислев на некоја сума од можеби 1000 евра, единствено да биде тука достапно во Македонија да не се зафркавам со интернет порачки и слично.

    Друго, куќата е 2 спрата, со тоа што не е класичен распоред туку ако се гледа според нивоа испаѓа 4 меѓуспратови, или поточно :

    Сутерен (1.5 метро под приземје) гаражи.
    Задни соби на приземје - работна каде што треба да биде пц-то (+ потребна е wifi покриеност).
    После друг спрат на 1.5 метро над приземје за дневен престој каде што е потребен добар wifi сигнал, и уште 1.5 метар нагоре нареден спрат и таму исто е потребно Wifi.

    До секоја соба се спроведени лан кабли со тоа што нема проблем за поставување на рутери доколку има потреба. Централната точка до каде што иде оптиката е на влезот што се наоѓа на втори спрат - или на спратот за дневен престој. Тука ќе се намести главниот рутер, од тој рутер ќе иде лан кабел до пц-то, и до собите каде што ќе има телевизори.

    Е сега, да ти одговорам на прашањата поточно, за буџетот спомнав, за рутери не е проблем и да има потреба од 3, дуал бенд е далеку од пресудно, али ете би било причина плус, а свич спомнав од причина што планирам да местам и бекап линк и тоа ми беше најлогично, ама очигледно нема да има потреба.

    Лично сум имал добар впечаток од Ubiquiti , али не сум фан бој така да ја барам најдобрата понуда што ја нуди пазарот.
    А за брзината ќе биде најдоброто што го нудат од телеком, ако има можност за гигабит, тогаш тоа и ќе биде.

    Фала ви на сите за предлозите.
     
  17. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    1-2 EdgeRouter X (по еден на двата спрата) или еден RB3011-RM на првиот спрат од каде што доаѓа оптиката.
    2 x Ubiquiti UAP AC PRO на двата спрата по еден. Толку.

    Колку уреди планираш да врзеш со кабел ? Да видиме дали EdgeRouter ке ти врши работа.

    P.S: И јас не сум фанбој, ама кога нешто функционира беспрекорно, тогаш нема причина да не се земе, доколку буџетот го довзолува истото.
     
    Последна промена: 1 Декември 2017
    На -echo- му/ѝ се допаѓа ова.
  18. -echo-

    -echo-
    Gaining Experience

    100
    83
    26 Јули 2009
    Планирани уреди за поврзување со кабел нема многу, 3 телевизори , еден пц. И евентуално мајнери.

    Од овие предлози кај ги има достапни кај нас ?
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,121
    4,278
    4 ноември 2013
    Машко
    Бидејќи не ти се проблем парите, земај го ова
    Ubiquiti Networks - UniFi® Switch 8-150W

    Ако одиш со UniFi AP AC Pro, земај Edge Switch од Ubiquiti за да го избегниш поето на уредите. Edge Switch-евите на Ubiquiti си имаат POE порти, ке ти биде многу полесно за менаџирање на уредите, и да имаш проблем со некој уред, нема да имаш потреба да стануваш да бараш кој адаптер е од тој уред...и ред други работи.
    Значи земај го Switch-ов од овај пост во комбинација со 2-3 UAP AC PRO.

    Edit:
    Опремава ја имаш во Овернет.

    Overnet DMD
    Mite Bogoevski 83bSkopje Macedonia
    389-2-321-7799
     
    Последна промена: 1 Декември 2017
    На -echo- и DrMTR им се допаѓа ова.
  20. -echo-

    -echo-
    Gaining Experience

    100
    83
    26 Јули 2009
    Фала дечки за предлогот ќе прашам во овернет доколку ги имаат на лагер , ќе се монтира тек после нова година кога ќе се заврши реновирањето и ќе ставам и резултати.
     
    На Krkac и DrMTR им се допаѓа ова.
  21. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,121
    4,278
    4 ноември 2013
    Машко
    Ајде, чекам импресии.
    (ако ти треба помош, барај ме ;) )

    Edit:
    Да се разбереме, не се нудам за тегнење кабли :D, се нудам да помогнам за конфигурирање :D
     
    На Daniel86, Krkac, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. ASUSx55c

    ASUSx55c
    Intern

    76
    16
    16 Јули 2013
    Машко
    Не размислив за тоа а и сеа гледам братов има стварно висок буџет, за мене висок буџет е 50 евра, мада и со тенда од 900 денари од анхоч не сум имал никаков проблем, резултатот во потпис ми е преку неа, во стив ја носев преку 4 соби ми фаќаше на 4 црти
     
  23. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Да се разбереме. 50 евра е буџет за просечен рутер. 100евра за солидно решение, се над тоа е профи мрежна опрема. Таа тенда што ја имаш и што ти фаќала сигнал преку 4 соби е сами привремено решение, и прашање на време е кога ке покаже слабост. Верувај имам пробано над 15 рутери за овие 2-3 години, од ефтини Тп-линк па се до ентерпрајс опрема и има огромна разлика. Дечкото во првиот пост си побара профи мрежа опрема (што се разбира си кошта пари), која што ке му врши работа во наредните 5-7 години без да чепка речиси ништо по неа, и нема да се гуши од поврзани уреди или преголем трафик. Пробај на таа тенда нека се закачат над 5 корисника и потоа раскажи ми како сте функционирале. ;) Се надевам ја свати поентата.
     
    На Krkac и Oktar им се допаѓа ова.
  24. ASUSx55c

    ASUSx55c
    Intern

    76
    16
    16 Јули 2013
    Машко
    Ја користевме тогаш 8-9 души на такозваниот неотел wimax, од ветените 15mbps добивавме 3mbps директно со кабелче од антената без рутер, така да во македонија нема доволно добар интернет шо би ја оптеретил ни тендата, и не се исплаќа скап рутер. Во моментов дома сум на 8мбпс од телеком со нивниот си спидпорт.
     
  25. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    1. Каква врска има тоа што вие сте добивале од ветените 15 само 3 со оваа конфигурација?
    2. Таа тенда ке почне да се гуши при првиот посериозен трафик.
    3. Зошто не се исплаќа? Повеќе ти се исплаќа да се замараш ресетирајки го на секои 3-5 дена?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...