Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

DAB (DIGITAL AUDIO BROADCAST)

DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.646
196
Откако Marconi за првпат успеал да изврши радио трансмисија преку Атлантскиот океан па се до денес радиото има претрпено огромни промени. Еден од светските трендови во радио трансмисијата е новиот радио broadcast стандард DAB (digital audio broadcast), кој успешно ги негира тврдењата дека радиото како медиум умира.
DAB или Eureka 147 всушност претставува трансмисија на дигитален аудио сигнал, кој во споредба со FM радиото е поотпорен на мешење на две или повеќе фрекфенции во една, а начинот на кој радио сигналот пристига до приемникот не е ограничен само на рефракција од терестријални објеки туку се служи и со рефлексија од јоносферата. Голема предност е и можноста да се емитува програма на една иста фрекфенција на национално ниво со што се избегнува здодевно барање на фрекфенци додека патувате. Покрај радиото како примарна цел на DAB, преку него може да се емитуваат цели HTML страни познато како „Broadcast Web Sites“, дигитални слики и видео, Java апликации и сл.
Единствената маана на DAB радио broadcast стандардот е помалиот квалитет на звукот од оној на FM радиото кој се должи на нискиот битрејт и покрај големите напори да се добие високо-квалитетен звук со помош на MPEG Layer 2 аудио кодекот (кој настанал како дел од истражувањата на проектот „Eureka number EU147“). Поради тоа луѓето од BBC задолжени за развој на радио технологијата имплементираа AAC+ аудио кодек во DAB, технологија позната како DAB+ а приемници за истата се очекуваат оваа лето.
За прв пат во Европа DAB опрема се инсталираше на територијата на Велика Британија проект познат како „Eureka number EU147“. Денес BBC емитува единаесет DAB радио сервиси. Британските власти прогнозитаат дека до 2009 во Британија 40% од семејствата ќе користат DAB приемници. Во Македонија сеуште никој не започнал да емитува DAB програма. Антена 5 радио беше првиот медиум кој соопшти дека успешно имплементирале студиска опрема спремна за DAB, а за продажба на DAB приемници и не се ни размислува.

Edit: Го заборавив најважното. За да се емитува толкав голем број на дигитални податоци се користи OFDM технологијата која исто така се стеќава кај 802.11а, WiMAX и сл.
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
начинот на кој радио сигналот пристига до приемникот не е ограничен само на рефракција од терестријални објеки туку се служи и со рефлексија од јоносферата.

Голема предност е и можноста да се емитува програма на една иста фрекфенција на национално ниво со што се избегнува здодевно барање на фрекфенци додека патувате.

Покрај радиото како примарна цел на DAB, преку него може да се емитуваат цели HTML страни познато како „Broadcast Web Sites“, дигитални слики и видео, Java апликации и сл.

Единствената маана на DAB радио broadcast стандардот е помалиот квалитет на звукот од оној на FM радиото кој се должи на нискиот битрејт

Edit: Го заборавив најважното. За да се емитува толкав голем број на дигитални податоци се користи OFDM технологијата која исто така се стеќава кај 802.11а, WiMAX и сл.

Некои работи не ми се баш јасни, затоа сакам да прашам

- DAB на која фрекфенција (банд) ке биде? бидејки сигналите што се одбиваат од јоносверата се со фрекфенција до 30 MHz

-Како е можно да се емитува на една фрекфенција, нели ке има интерференција?

-За емитуванје на WEB страни нели треба двонасочна комуникација а кај даб како тоа ке се одвива?

-Порено прочитав дека Bit rate ке биде променлив на пример ако има само говор ке биде од 64-90 kbit/s а за музика (висок квалитет) 224 kbit/s

-За емитуванје на голем број на дигитални податоци се користи OFDM технологијата која исто така се стеќава кај 802.11а, е сега дали таа технологија се користи и кај 802,11 b/g
 

DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.646
196
- DAB работи на секоја фрекфенција над 30 MHz... Често во многу уреди се употребуваат фрекфенции поголеми од 30 MHz...

- Интерференцијата непостои затоа што секој модулиран симбол си има заштитен интервал, со чија помош ресиверот без проблеми го демодулира симболот.

- „Broadcast Web Sites“ работи на принципот како што работи телетексот... сигурно нема да ти дозволат да си сурфаш :)

- За да се емитува квалитетен стерео звук потребен е битрејт од 192-256kbps мин., BBC користат 192kbps... А со AAC+ кодекот битрејт од 160kbps е речиси идентичен со битрејт од 320kbps со што значајно ќе се зголеми квалитетот на звукот кај DAB кој се наведува како најголема мана на оваа технологија...

- Исто и кај 802,11g се користи OFDM што не е случај и со 802,11b
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
а начинот на кој радио сигналот пристига до приемникот не е ограничен само на рефракција од терестријални објеки туку се служи и со рефлексија од јоносферата.

Но сепак одбиване од јоносверата е можно само ако радио фрекфенцијата е до 30 МХз значи 30КХз-30МХз е сега за да се постигне такво нешто потребен е специјален радио предавател како оној за радио скопје што се навога на Овче поле и е огромен, може е 200 метри висок (не ме земај за збор) и работи со огромна снага (1200kw) а не како тие на водно што имаат мала антена-дипол + 500 w
Значи спрема мене не е исплатливо за приватните радиа
 

DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.646
196
28-30 MHz е оптимална фрекфенција за одбивање од јоносферата која е тотално транспарентна на фрефенција над 200 MHz... што значи и со фрекфенција од 30-40 MHz може да се искористи јоносферата за одбивање на брановите... Инаку јоносферата е околу 100км одалечена од површината на Земјата, плус и брановите не се попречувани од ништо на патот до истата што значи многу помала моќност е потребна од онаа на предавателот на Овче Поле кој со 1200kw ја покрива цела Европа, северна Африка и делови од Азија...
Дури и да им затреба 1200kw моќност можат да се удружат сите радија во едно и да си ги поделат трошковите :)...
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Заборавив да кажам, може и старите АМ предаватели кои ги има во секој град да се искористат за дигитално емитуване (DRM) така што на еден АМ предавател може да се емитуваат до 4 дигитални радиа но со АМ квалитет а тоа е само 9KHz

Разбрав дека порано Македонија емитувала радио програма на SW (кратки бранови) па дали некој има информација дали работи тој предавател и на која фрекфенција е?
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
49.169
Мислења
1.007.280
Членови
36.674
Најнов член
Zl4tk0

ит маркет

На врв Дно