1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог Да го раздвижиме малку форумов!

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од xhktw, 23 Декември 2013.

Дали да се оствари предлогот?

  1. Да.

    91.8%
  2. Не.

    8.2%
  1. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,147
    4,856
    8 Април 2011
    Машко
    Супер е идејата само не се залетувајте многи со донации награди и слично,така ке се отежне само.Наградата нека биде кастам титула по избор на победникот и тоа е тоа :D Сепак форум е ова и малку да бидиме реални и да не летаме :D
     
    На Hristijan_95 и xhktw им се допаѓа ова.
  2. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,147
    1,137
    2 Август 2009
    Држи вода. Едино може да се направи за финалниот добитник (на крајот на секоја година) нешто поголемо, за другото се согласувам. Сепак само неколку идеи дадов, повеќе глави подобро размислуваат :tease:
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Master_Boy

    Master_Boy
    Баниран/a

    427
    216
    28 Април 2013
    Машко
    Компјутерски сервисер, гтафички дизајнер.
    Мое мислење, супер предлог.
    Резултат: Тепачки, кој повеќе постови и теми ке чкрапа, ситуација од фб www.facebook.com/15425234634 ај ако сакаш стегни лајк ?!
    Copy/paste од по портали, отворање теми (бидлање на форумот)
    Моја дефиниција за ФОРУМ: Место за комуникација, место за помош и просветлување и главното место за тепање време :D

    П.с не знам како ке ме сватите, али мислам дека сум во право.
     
  4. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,147
    1,137
    2 Август 2009
    Друже, ако не си знаел, изборот секогаш паѓа на квалитетот, не на квантитетот.
     
  5. Master_Boy

    Master_Boy
    Баниран/a

    427
    216
    28 Април 2013
    Машко
    Компјутерски сервисер, гтафички дизајнер.
    Така е, но нонстоп се регистрираат нови корисници, со нови идеи, проблеми и сл.. првиот впечаток што ке го добијат „БОРЕЧКИ КЛУБ, ЗА ПОПУЛАРНОСТ“
    Немам против со тоа што некој Е КВАЛИТЕТЕН(или незнам како да речам) особено немам ич против да добие некој титула како ПРОФЕСИОНАЛЕЦ или било како....
     
  6. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,280
    2,646
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Во принцип добра идеја. И се согласувам со неколку члена досега, без парични/вредносни награди, инаку експресно сѐ ќе дегенерира во мољакање и гребење за гласови и допаѓања. Затоа, титула по избор за месецот, нешто нематеријално, или едно не премногу вредно парче хардвер, по избор и желба на управата во годината - иако ни за ова не сум сигурен. Во секоја друга ситуација ќе има премногу навредени суети и гребење - ме нервираат такви говнарии, доволно ги имам IRL за да ги гледам/читам и тука.
     
    На xhktw и dejan_str им се допаѓа ова.
  7. Master_Boy

    Master_Boy
    Баниран/a

    427
    216
    28 Април 2013
    Машко
    Компјутерски сервисер, гтафички дизајнер.
    Are you serious!?:confused:
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,980
    26,681
    4 Септември 2008
    Се знае чиви лајкови се бројат, и како се бираат заслужни членови. Колку сака лајкови нека има, ако не е активен и ако има лајкови од членови со 20-на поста регистрирани пред скоро време секако дека тоа ќе биде забележано, а членот ќе биде казнет.

    Мој предлог е да учествуваат само членови кои се повеќе од 6 месеци активни на форумот.
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,501
    25,563
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Можам да местам избори! Кој сака нека ме контактира ќе делиме по пола од наградата :)
     
    tomi, JasSum, dejan_str и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,280
    2,646
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Да, да не се меша задоволство со "бизнис". Инаку custom титула е сосем доволна. Ако управата располага со средства за парче хардвер од 50-100 евра годишно, и се одлучат на ваков чекор, ок.
     
  11. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,074
    1,386
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    mi se dopagjaa SOTW na badijala, Signature of the Week, ovde moze da se napravi isto taka nesto ne mora na nedelno nivo tuku na mesecno :D potpis, poster, ,kreacija na odredena tema
    +1 glas od mene imas za predlogot
     
  12. Master_Boy

    Master_Boy
    Баниран/a

    427
    216
    28 Април 2013
    Машко
    Компјутерски сервисер, гтафички дизајнер.
    Ај ти биди управа на форум, и јас ке бидам нај редовниот посетител, ке ми дајш едно парче хардиск ?! не барам многу, дај ми еден ССД од 256гб и пре задоволен ке бидам, п.с ке си дајш една плата и нешто( ако воопшто земаш плата )

    ке го сечиме на пола SSD-to :p бидува ?!
     
  13. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    A да се штампаат маички,блузони(дуксери) со лого на форум,ник и титулата нај... член на месецот ?

    Ем ќе се промовира форумот ем нема да има тепачки за гага делови.:D

    И едно банерче у потпис или custom титула може да носи добитникот тој месец.
     
    viktoraleks, xhktw, omegaRED и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,280
    2,646
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Или не сакаш, или не знаеш да читаш. Уствари да не околишаме, се правиш паметен. Мојот предлог е custom титула или некоја друга нематеријална награда. Се согласувам со постот на Fatal1ty_ каде тој вели дека АКО се доделува нешто (вредно/материјално), тоа ќе биде од управата а не преку донации од членовите. Значи, АКО ВООПШТО се реши на материјална награда, за што во принцип сум против затоа што може да има негативен ефект на квалитетот на форумов, и управата е во можност, наградата да биде од управата а не од донации - помалку објаснување на сите членови кои би чувствувале дека некој им должи одговор зошто донациите се отидени ваму а не онаму - мислам дека не би биле многу такви тука, ама зошто да си ја пробуваме среќата?

    Појасно е сега, или пак ќе се потрудиш да извадиш некоја реченица од контекст за беспотребно да контрираш?
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,980
    26,681
    4 Септември 2008
    Мастер бој, полека малце темава не е отворена за натегање или тролање, ајде малце по умерено дискутирајте.
     
  16. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,836
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Ја поздравувам идејава како и сите други кои придонесуваат позитивно за доизградба на форумов.

    Да не цитирам мислења, се слагам со некое мислење поназад околу тоа дека треба да се воведат критериуми или да се наградат повеќе членови во различни категории, доколку тоа не ви е тешко за пратење. Конкретно, најмногу лајкови се имаат доделено на 22ри овој месец и тоа дури 90 на првичниот пост од enforcer. Тоа може да биде пост на месецов и од мене добива кастм тајтл по негова желба. Слободно пиши ПП со желба.

    Што се однесува од материјални награди и донации, сметам дека тоа е по комплициран процес. Не би сакале да се судриме во иднина со измама на пари, клевети и триста глупости.

    Во секој случај треба прво да се издискутира и најде начин.

    Идејата за ВИП одделот со торенти и warez, од старт се одфрла. Во досегашново постоење од 2007ма ни еднаш се нема прекршено такво правило, ни пак имаме било каква намера да го занемариме тоа во иднина.

    Неделен тајтл е доста замарање. Ќе испадне непотребно секојдневно гласање и предоговарање.
     
    На Fatal1ty_, igor_xxxx, Oliver! и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,832
    3,947
    5 Јули 2013
    Мислам дека при изборот за пост на месецот/годината треба да се одлучува исклучиво за постови што вклучуваат: креативност, знаење и труд
    од страна на членот кој добил допаѓања. Нешто како овој пост на Enforcer_, сите рецензии кои се прават за производи, туторијали и слично.
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Одлична е идејата како идеја, лошата страна е што се коси со терминот "Форум", а ова сепак е форум, зарем не. :]
    Првиот пост на NecrotoX отприлика најпрецизно доловува зошто не.

    Макар што не би гласал ни против, убава идеја е и наместо да се пресече со "да" или "не" може да добие нов правец кон подобро, претпоставувам... Концептот на донации е секогаш одлична работа, но не верувам дека it.com.mk треба воопшто да преземе таква обврска(главоболка на здраво). Доколку се поклопува со кодексот на форумот, подобро секој член (односно кој сака т.е. кој се знае дека придонел доволно за тоа и самиот) да си има свое инфо за "donate" и секој може да му испрати донација анонимно. Ова е ИТ форум, сите користиме е-банкинг, нели? :]
    Сето ова, со највеќе фокус на тие што редовно помагаат на членови на форумот со своите знаења.
    Реално, не ми е битно дали некој имал 20 "лајкови" на 30 или 20000 "лајкови" на 30000 коментари, секој би требало да размислува од аспект дали некој тука е помагач или не. Зошто пак да не донираме некому ако е админ, модератор или министер тука, ј*б*га? ( Извинете за Франсуцкиов :D )

    А, за натпревари, и тоа е одлична работа. Е, тука кога би можела организацијата да награди некого за рецензија и слично, па и уште да има спонзор за тоа, уште поубаво! :]

    За крај, било какви избори се лоши поради тоа што пак некој ќе мора да одлучи што ќе влезе во избор, а што не. Тоа уште еднаш ги вади работите надвор од фокус и на крај "ми се допаѓа" бројачот останува највалиден фактор.
     
    Fatal1ty_, fuUuUzZzZy и на xhktw им се допаѓа ова.
  19. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,410
    2,029
    12 Август 2009
    Машко
    Јас само не се слагам со едно... а тоа е дека..
    лајкови, титули, материјални добра и што уште не, би ве мотивирале за повеќе да допринесете на форум.
    Не сте вие такви и ако се правите со сила. Вие сте добри момци кој сакаат да остават нешто вредно сад себе. Самиот факт што сте помогнале некому ќе ви причинува најголемо задоволство.
    Креативноста овде, може да има последици на друго место.. кое секако може да ви донесе подобро нешто во иднина.
    Коментарите за одличното видео на Enforcer се доволна мотивација за да направи нешто слично во иднина. Нема потреба да го навредуваме трудот со друга награда.

    Е сега, натпревари и сл, е во ред... само тоа гледам неславно прошло во минатото.. можеби сега е повторно време за такво нешто.
     
    На dejan_str и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,501
    25,563
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ајде да излезам и со официјален одговор:

    Прво се сложувам со некои членови во целот (како јас да сум ги пишувал нивите постови).
    Малку да ја увидиме ситуацијат од поинаков агол.
    Викате донации, ок донирате првиот месец ќе донирате и ќе собереме (пример 50е) и ок му ги даваме на оној што во тој месец сме одлучиле да биде „најдобар“, но што е со останатите месеци? Следниот месец се појави нов член кој има далеееку подобар пост од оној претходниот но немаме 50е донации да му дадем туку имаме 500ден...и што ќе добиеме? Разочараност неправда и непрофесионалност од наша страна. А сите што викате дека не донирате пари тоа ќе го напрвите еднаш а не секој месец (многу нормално ни ја не би донирал секој месец).
    Затоа донирање пари ОДБИЕНО! Ако нешто треба да се награди тоа ќе го направиме на други начини (сепак сме компанија која има приходи).

    Второ најдобар член, најлајкуван најзаслужен за тековен месец е премногу. Прво, после 2 месеци све ќе пропадне во вода бидејќи нема да има заинтересираност ниту да се одбира тема ниту да се замара некој (тој што сака, веќе придонесува на форумов без накакви барања), а сите тие членови се многу добро познати на сите нас и нивните работи не поминуваат незабележано.
    Она што можам да ви го ветам и изреализирам е тоа дека (доколку се сложувате) да направиме тема на месецот (со точно опрледелни критериуми) најмногу посети, најмногу допаднат прв пост, најдобра (човечна) дискусија, прогресирање на темата и други финеси. Тоа ќе биде регулирано со add-on кој ќе мери лајкови посети и слични ствари, значи ништо рачно и тајно, туку се автомацки и јавно.
    На крајот од годината од сите 12 теми ќе се избере тема која го одбележала форумот во тековната година и тој автор ќе добие симболична награда обезбедена нормално од нас.

    Трето Што се однесува до натпревари и наградни игри идејата ја имам и во глава и на хартија, спонзори ми се најдени се е спремно само се чека лансирање...но сето тоа не било така едноставно, туку за да организираш натпревар од било каков карактер мора да имаш документ кој го издава министрство за економија (ова ни јас не го знаев Дамјан ми го објасни).

    Она што можам да ви го ветам е дека нема да биде досадно и монотоно во наредната година имам идеи кои во зависност од тоа како ќе се пружаат шанси ќе се реализираат и ќе бидат интересни за членовите и ќе ги ветува забава.

    Вл благодарам што одвоивте врерме за да го прочитате мојот пост.

    Поздрав.
     
    На alumen :), psyside, fuUuUzZzZy и уште 9 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...