• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

D има комплекс на "виша вредност"

  • Ја почнал/а темата JoK
  • Време на почнување
Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
@D

Izvini, ali ako mozam da bidam otvoren, davas los primer kako administrator i startuvac na temata.

Zosto?

Prvo, stom ja pocnuvas temata trebase da bides spremen na eventualnata pasivnost na clenovite i da si imas svoe resenie vo rakav... ako nikoj nisto ne ti predlozi ili ako ne dobies podobar predlog , da go aktiviras.

Ako nemas nisto vo rakav, togas so nekoj od predlozenite trebase vece da napravis intervju.

Ne gledam zosto bi ostanal samo na eden, zosto intervjuto ne go napravis so nekolku kandidati, pa da gi sporedime nivnite gledista i stavovi za ovaa oblast.

Skrsi go mrazot so Miso Petreski od PEXIM, siguren sum deka gi ispolnuva site uslovi koi gi postavi za kandidatite ...i poveke od toa.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
@D

Izvini, ali ako mozam da bidam otvoren, davas los primer kako administrator i startuvac na temata.
Давам лош пример како администратор и стартувач на темата? :))

Zosto?

Prvo, stom ja pocnuvas temata trebase da bides spremen na eventualnata pasivnost na clenovite i da si imas svoe resenie vo rakav... ako nikoj nisto ne ti predlozi ili ako ne dobies podobar predlog , da go aktiviras.
А каде прочита дека си неам некојa "резерва у ракав"? :p

Ako nemas nisto vo rakav, togas so nekoj od predlozenite trebase vece da napravis intervju.
Каде брзаш? Зошто сум морал да направам интервју до сега... искрено ме интересира мислење... собирам мислења со тек на време, па потоа кога ќе се укаже шанса и простор за такво нешто ќе биде направено интервју. Patience is a virtue.

Ne gledam zosto bi ostanal samo na eden, zosto intervjuto ne go napravis so nekolku kandidati, pa da gi sporedime nivnite gledista i stavovi za ovaa oblast.
Добра ти е идејата.

Skrsi go mrazot so Miso Petreski od PEXIM, siguren sum deka gi ispolnuva site uslovi koi gi postavi za kandidatite ...i poveke od toa.
Земено во предвид како и сите други.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
Давам лош пример како администратор и стартувач на темата? :))
Во старт ти се извинив, со цел да го сфатиш поинаку моето добронамерно укажување, но за жал изгледа сепак проработи суетата кај тебе.

Да образложам дополнително зошто дадов таков коментар:

Темата ја отпочна пред еден месец, а веќе две недели нема никаков коментар ниту активност. Според мои сваќања, тоа не е во ред, а ти немора да се сложиш со тоа. Со други зборови, бидејќи оваа област не мачи и засега повеќето на форумов, очекував поскоро да имаме резултати или барем да знаеме што се случува.

А каде прочита дека си неам некојa "резерва у ракав"? :p
Ако си имал „резерва у ракав„, можеби требаше да ни го кажеш и твојот „скриен адут„, ако не на почетокот од темата, барем после 4 недели, откако ги слушна предлозите ...или можеби имаш некои други мотиви за ваквиот пристап, али тоа е веќе твој проблем.

Каде брзаш? Зошто сум морал да направам интервју до сега... искрено ме интересира мислење... собирам мислења со тек на време, па потоа кога ќе се укаже шанса и простор за такво нешто ќе биде направено интервју. Patience is a virtue.
О, извини повторно. Мислев дека си сериозен во намерата што ја најави. Не претпоставив дека темава е во стилот „трла баба лан да јој проѓе дан„, ниту пак на крај памет не ми падна дека само не тестираш и собираш мислења од нас за некои твои „скриени намери„.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Тогаш, нетреба да се чудиме зошто ни се вакви состојбите во МК, зошто не ни одат работиве, зошто немате (односно не се развива) сериозна дискусија на форумов (секоја чест на младиве членови и нивните проблеми и полиња на интерес), зошто немаме (скоро) никаква акција за менување на состојбите, ниту имаме завршница на некои добри иницијативи и идеи, итн. итн.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
ЈоК, човечки е да се греши.. Можеби следното интервју не беше за е-бизнисот во Македонија, но можеби тоа се должни на некој друг сплет на околности и немање време.

Темава не е несериозна, напротив, сериозна е и личностите спомнати се земени во предвид..

За тоа дали имал во ракавот други личности, е сигурно.
Меѓутоа во темава не станува збор за тоа, сакаше да дознае што мислат другите, дали знаат некои луѓе што би биле соодветни за такво интервју.

Според мене, наравоучението ти е погрешно.

Да не одам премногу оф топик на темава, само ќе кажам дека во админстрацијата има 5-6 личности кои навистина се трудат и се работи на многу полиња истовремено, сите тие си имаат и свои проблеми и обврски (што не е оправдување за доцнењето на интервјуто).
Сепак, нема место за толку груба реакција како твојата и песимистички заклучоци, особено ако се земе фактот дека си зачленет од Август 2007, а немаш дадено никакво мислење во однос на темава. Ако навистина го мислиш тоа во наравоучението, треба самиот да се пронајдеш во него. (No hard feelings)

Поздрав
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
@Andrijeski

Првата реченица ти беше добра и доволна, тука требаше да застанеш.

Само, не разбирам зошто ти даваш одговор во име на D. и зошто овој одговор не го добив пред да проработи суетата. Така, ќе се завршеше се и ќе заштедевме време и енергија за попаметни работи.

Секако дека не сме идеални и дека треба да имаме разбирање едни за други.

Поентата беше, да поттикнам поактивен пристап кај сите (вклучувајќи се и себе), а не да судиме некому.

Незнам зошто отиде понатаму (после првата реченица) и... погреши во многу нешта.

Прво, никаде не реков дека темата е несериозна. Напротив, пристапот кон темата не ни е во ред, почнувајќи од стартувачот...

Ги ценам вашите напори и стартувањето на ИТ форумов, ги разбирам и проблемите со кои се соочувате, како и останатите обврски кои битно влијаат на темпото, но не гледам причина зошто ви пречат добронамерни укажувања и сугестии.

Околу наравоучението...

Би бил радосен кога моите оценки би биле производ на мојот личен песимизам, кој не се заснова на факти. Но, не е така. Моето искуство во ИТ зборува дека реалноста е таква (каква што е), сакале вие да ја прифатите или не.

И не заборавај, вашата улога како покренувачи на форумов не е иста со мојата (и на другиве членови). Ако сте се фатиле на орото (тешкото), треба да го играте до крај...

...и не се секирајте многу за забелешки, критики, неодмерени или несоодветни предлози и мислења од членовите, гледајте напред и чинете она што мислете дека е добро според вас, бидејќи вие ги поставувате правилата и го диктирате темпото на ИТ форумов.

А, ние членовите ќе цениме дали ќе дискутираме, дали воопшто ќе бидеме на форумов или ќе си го бараме чарето.

Попатно, се прашувам (а би требало и вие да се запрашате) зошто на форумов ги нема добар дел од сериозните ИТ играчи/актери (спомнати и неспомнати) во МК, кои се повикани и би можеле да допринесат за состојбите во областите, кои ги третира форумов.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
omg JoK, chill човече...

Отворив тема за да соберам мислења, видиш и самиот колку тешко иде и како е тешко да се најде таков човек во Македонија. Не ми е поента да направам интервју колку да направам интервју, ниту пак иам скриени намери заради кои ми требаат вашите мислења. Ниту пак суетата ме натера да ти одговорам и да ти објаснам на тој начин.

Нити пак Андријески одговори во мое име, туку си кажа лично мислење, ниту пак дадов временски рок до кога ќе биде готово интервјуто.

Прифаќаме забелешки и коментари и драго ни е што има реакции, али од секоја мравка се прави слон, така да полека народе, малку поопуштено и имајте во предви дека:

Patience is a virtue.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
@D

Размислував дали воопшто да одам понатаму, сепак денешната твоја објавена информација (видете подолу) ме натера малку на размислување и е дополнителен повод за овој мој пост.

Изгледа работиве не се така наивни и едноставни, како што се обидуваш да ги прикажеш, а со цел да поттикнам критички пристап и кај останатите членови, со што би се обиделе да го подигнеме нивото на комуникација на ИТ порталот/форумот, во продолжение ќе изнесам уште неколку мои запазувања.

Имено, пред две недели погоре (ти лично) го изведе следниов заклучок:

„Сеуште чекам и слушам мислења... но мислењата некако одат кон Мијалче Санта доколку е заинтересиран, ке видиме... во следниот период ќе се активирам подетално на оваа тема.„

Овој твој коментар/заклучок јасно упатува дека ти (во тој момент) ниту си имал во ракав било што, а најмалку пак подобар кандидат, бидејќи всушност се сложуваш да се обидеш (доколку ти прифати) да направиш интервју со Мијалче.

И, се би било во ред, ако притоа не манипулираше со членовите на форумот (користејќи го интервјуто како мамка за да дојдеш до информации за твои лични и комерцијални цели), туку ако искрено кажеше кои ти се намерите. Сигурен сум дека и тогаш повторно ќе ја добиеше бараната помош.

Еве го поводот кој го спомнав - денешната твоја информација:

-Склучена соработка (помеѓу твојот ИТ форум/портал, односно твојата приватна фирма) со iDevelop А.Д.

http://it.com.mk/index.php/Damjan-Arsovski/e-biznis/Skluchena-sorabotka-so-iDevelop-A.D

Во интерес на вистината, би било добро да ни одговориш:

-Бидејќи е очигледно дека за IDevelop немаше слушнато до пред две недели (инаку верувам дека на нив би им дал предност за интервјуто), дали сугестијата/предлогот што ти го даде осогово ти послужи за контакт со нив?
- Дали сметаш дека е етички твојот начин на однесување со членовите на форумов?
===================
П.С.
Инаку, без разлика на се, искрено ти честитам на постигнатиот договор и ти посакувам успех во остварувањето на твоите бизнис планови и идеи, а сите мои укажувања треба да те сепнат и да се обидеш да бидеш искрен и коректен со членовите, да не си ги сметаш за своја сопственост и да ги продаваш, да не ги потценуваш и да не манипулираш со нив.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
@D

Размислував дали воопшто да одам понатаму, сепак денешната твоја објавена информација (видете подолу) ме натера малку на размислување и е дополнителен повод за овој мој пост.
Ми се допаѓа тоа што си размислил, но ке те замолам да не изиграваш во иднина детектив и да измислуваш ствари без врска! Зошто? Читај надолу...

Изгледа работиве не се така наивни и едноставни, како што се обидуваш да ги прикажеш, а со цел да поттикнам критички пристап и кај останатите членови, со што би се обиделе да го подигнеме нивото на комуникација на ИТ порталот/форумот, во продолжение ќе изнесам уште неколку мои запазувања.
Барем малку лично да ме познаваш ќе сфатиш дека воопшто не сум наивен и едноставен тип. Ако на вакви начини со глупави и неосновани клевети планираш да го подигнеш нивото на комуникација на порталов тогаш заеби уште од старт.... не го терај во пропаст.

Имено, пред две недели погоре (ти лично) го изведе следниов заклучок:

„Сеуште чекам и слушам мислења... но мислењата некако одат кон Мијалче Санта доколку е заинтересиран, ке видиме... во следниот период ќе се активирам подетално на оваа тема.„

Во следниот период... мислењата одат кон Мијалче... ке видиме...
Овие се клучните зборови кои треба да ги препрочиташ.

Овој твој коментар/заклучок јасно упатува дека ти (во тој момент) ниту си имал во ракав било што, а најмалку пак подобар кандидат, бидејќи всушност се сложуваш да се обидеш (доколку ти прифати) да направиш интервју со Мијалче.
Никаде во мојата реченица нема заклучок, напротив само резиме на моменталната ситуација. Дали сум имал јас или сум немал кандидат, немаш врска, а те уверувам дека имам на ум поголем број луѓе, но ете сакав да чујам од членовите што мислат... ама според тебе очигледно погрешив.

И, се би било во ред, ако притоа не манипулираше со членовите на форумот (користејќи го интервјуто како мамка за да дојдеш до информации за твои лични и комерцијални цели), туку ако искрено кажеше кои ти се намерите. Сигурен сум дека и тогаш повторно ќе ја добиеше бараната помош.
Е ова е кулминацијата на твојот пост... Човече од каде ти вакви детективски глупави филмови во глава? Сум манипулирал за мои лични и комерцијални цели преку интервјуто? Шефе си ја утнал на големо веруј.

Еве го поводот кој го спомнав - денешната твоја информација:

-Склучена соработка (помеѓу твојот ИТ форум/портал, односно твојата приватна фирма) со iDevelop А.Д.

http://it.com.mk/index.php/Damjan-Arsovski/e-biznis/Skluchena-sorabotka-so-iDevelop-A.D
:LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:

Прво и прво ова не се ЛИЧНИ ниту пак до толку КОМЕРЦИЈАЛНИ цели... Не се лични затоа што со ова ќе се развијат содржини достапни за ВАС читателите за подобрување на е-комерцот во Македонија, а не се баш ни толку комерцијални.

Во интерес на вистината, би било добро да ни одговориш:
Во интерест на тоа да се освестиш малку ќе ти одговорам на подолу поставените прашања а потоа ќе те замолам да престанеш на постирање со вакви глупости.

-Бидејќи е очигледно дека за IDevelop немаше слушнато до пред две недели (инаку верувам дека на нив би им дал предност за интервјуто), дали сугестијата/предлогот што ти го даде осогово ти послужи за контакт со нив?
Ајде прво прашање со прашање: Од каде ти тоа дека неам чуено за iDevelop?! Те молам одговори ми го само тоа...
Комуникацијата со маркетинг менаџерот на iDevelop и мене се одвива па некаде слободно можам да се изразам година дена... Тоа што навел осогово врска нема со тоа што се случи... вакви соработки не се дешаваат преку ноќ, договори туку така не се потпишуваат. Ако не ми веруваш, контактирај и слободно прашај ја и другата страна. Некаде 1-2 месеци течат разговорите за соработката само, а темава е отворена пред 4 недели.

- Дали сметаш дека е етички твојот начин на однесување со членовите на форумов?
:glavaodzd:

===================
П.С.
Инаку, без разлика на се, искрено ти честитам на постигнатиот договор и ти посакувам успех во остварувањето на твоите бизнис планови и идеи, а сите мои укажувања треба да те сепнат и да се обидеш да бидеш искрен и коректен со членовите, да не си ги сметаш за своја сопственост и да ги продаваш, да не ги потценуваш и да не манипулираш со нив.
Човече ти одговорив грубо на постов зашто више ја претера... преку глава ми е од членови кои разрешаваат некои мистерии кои воопшто не постојат. Твоите неосновани укажувања за тоа дека ја сум чул за иДевелоп пред 2 недели без твое никакво мое лично познавање треба да ме сепнат... :LOL: А исто така коментарот дека ги СМЕТАМ за СВОЈА сопственост и ги ПРОДАВАМ членовите, а и како МАНИПУЛИРАМ и ги ПОТЦЕНУВАМ... е доста хумористичен морам, ама морам да признам.

Ако и после овој пост не си ги ти увидиш грешките во твоето размислување, плс оди си од форумов бидејќи не ни требаат членови кои прво ќе постираат оф-топик, само ќе обвинуваат други членови, и ќе тврдат неосновани работи и ке клеветат и плукаат по се како еден голем заговор и манипулација. Напротив, ни требаат членови кои ќе ни помогнат во развивање на ИТ содржини!
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
@D

ОК, изгледа ќе морам да се симнам малку на твое ниво на комуникација за да ме разбереш. Вака, сеуште продолжуваш со препотенција и вообразеност да потценуваш.

Јас не сум твој врсник, ниту сум дел од американска глупава публика, кој ќе ти клима со глава и ќе ти ракоплеска на секоја глупост што ќе ја направиш.

Ако неможеш аргументирано да одговориш и да ме убедиш во спротивното, добро е барем (заради тебе, бидејќи јас сум прошол многу како тебе), да цениш со кого зборуваш и да си го прилагодиш јазикот на комуникација кон соговорникот.

За одење од форумов ќе одлучам јас кога ќе сакам и оценам дека треба да го направам тоа, а ти во иднина да заборавиш на тоа дека секој член што не ти е по мерка ќе го бркаш од форумов, за да можеш да бидеш раат.

Како и да е, убеден сум дека од оваа дискусија ќе има позитивен ефект: Ти ќе размислуваш во иднина што и како ќе правиш, а секако и членовиве ќе бидат малку по внимателни, па ќе ги ценат од сите аспекти твоите анкети и истражувања.

Бидејќи тука застанувам со јавна дискусија (по оваа тема), откако ќе „преспиеш„, ако оцениш дека е добро за тебе подетално да ти образложам - зошто не е добар овој твој пристап кон членовите, ти стојам на располагање да се сретнеме и да чуеш се што те интересира и во врска со темава и пошироко од тоа.

Попатно, би те замолил, дај ми го линкот од темата на ИТ форумов, каде може да се види „моќта на социјалното вмрежување преку интернет„, односно каде што е остварен контактот помеѓу тебе и Дијана Димитровска од iDevelop. Потребен ми е за научно- истражувачки работи, каде што би го спомнал како позитивен пример во МК, во изданијата кои ќе бидат објавени.

Поздрав до сите на форумов и... збогатени со уште едно искуство, да продолжиме умно напред.
 

didi

Intern
5 јуни 2007
15
1
... луѓе ?????

Здраво на сите. Случајно наидов на оваа тема, ми кажаа бидејќи бев спомената, и эатоа сакав да ја решиме "мистеријатааа". JoK, соработката беше покрената од моја страна, эа едукациони и информативни причини, од областа во која работам. Со Дамјан имаме комуницирано эа раэни идеи уште многу одамна и иэлеэе во пресрет на моите предлоэи, кои сега прераснаа во една соработка. Дечкото е навистина спремен и мислам дека добро го води порталот. Затоа, JoK, те молам контактирај ме эа било кои информации, дојди во нашата компанија, слободно, ќе споделиме повеќе информации. Немој да креираш неинформирано мислење, па и толку силно да го пласираш како невистина. Поэдрав до тебе.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
Здраво диди!

Немаше потреба од изговор, а и небитно е дали на темава дојдовте случајно или намерно (особено кога на сите ни е јасно дека овде сте на повик од Д., за да се обидете да го извлечете од „живиот песок„ во кој што самиот упадна, без потреба).

Но, секако е за почит вашата подготвеност да помогнете на некого, кој што западнал во невоља, особено кога се работи за ваш деловен партнер.

Инаку, ако внимателно ја разгледавте дискусијава, ќе видевте дека не се работи за никаква мистерија, ниту за креирање на „неинформирано мислење„, како што велите, а најмалку пак за пласирање на невистина од моја страна, но кога веќе ме поттикнавте, изгледа дека е добро (и во интерес на сите нас на форумов) заедно да ја доразјасниме ситуацијава:

1. Мојот прв пост (упатен кон Д.) на оваа тема го започнав со - Извини -, затоа што несакав дискусијата да се развие во овој правец (во кој што се наоѓаме сега). Да беше барем малку повнимателен (бидејќи е премлад за да биде мудар и тактичен), ќе беше доволно ако Д. одговореше со првата реченица, која ја кажа неговиот колега Андријески. Тука се ќе застанеше и... сите здрави и весели ќе си продолжевме да се дружиме, живееме и работиме понатаму.

2. Очигледно, младоста и неискуството си го направи своето. Веројатно комплексот на „виша вредност„ му посмета на Д. реално да ја согледа ситуацијата и да не запаѓа од грешка во грешка, без потреба:
- Прво се обиде арогантно, во стилот на голем мангуп, потценувачки и со потсмев, да ми покаже кој е газда во куќава (на форумот) и дека воопшто не го засега моето мислење, туку дека ќе прави како тој што сака.
- Не помогна, ниту го сепна, моето смирено и аргументирно второ обраќање на темава, ниту пак извлече поука од наравоучението со кое сакав да дадам сериозен тон и да укажам - кон каде не води ваквиот однос на сопственициве на форумов.
- Со ниту еден гест не покажа дека ја сфатил мојата порака, дека си ја увидува грешката, се кае или... барем да се корегира во јазикот на комуникација. Напротив, како што самиот признава во последниот негов пост, грубо ми се обраќа и се обидува да ме дисквалификува и да ме избрка од форумов, само затоа што не сум му по мерка и затоа што ги изнесувам во јавност неговите „валкани„ работи.

3. Од она што го осознав досега, се сложувам со диди дека Д. во споредба со неговите врсници е натпросечно спремен за активностите што ги отпочнал. Јас би додал дека е и забележително амбициозен, дека не е наивен, дека ги има сите претпоставки за перспективна иднина/кариера, односно развивање на успешен свој бизнис. Сето тоа му го признав и во постовите и му честитав. Но, тоа не му дава за право на Д. да ги прекршува правилата на форумов, кои самиот ги поставува и важат за сите членови (видете т. 3 од Правилата... со објаснување), да ги навредува, омаловажува и искористува членовите на форумов за комерцијални и други цели, ниту вулгарно да ги брка од форумов оние, кои не мислат како него.

4. Кога веќе дојдовме до оваа ситуација, на Д. мора да му се укаже дека ја преминува границата на етичкото и легалното. Имено, повеќе од јасно е дека Д. го користи форумов и неговите членови за прибирање на информации, преку примена на концептот деловна интелигенција или компетитивна интелигенција (Business Intelligence/Competitive Intelligence), што е сосема легален концепт/метод/процес на собирање информации од јавно достапни ресурси, заради донесување на деловни одлуки.

И, се би било во ред доколку немаше сериозни индиции (што би рекле криминолозите и правниците), кои упатуваат на тоа дека: Д. тоа го прави на медиум за социјално вмрежување, злоупотребувајќи ја улогата на негов администратор, притоа пречекорувајќи ја црвената/тенка линија, која ги разделува легалните Business Intelligence/Competitive Intelligence од нелегалните Industry/Economic Espionage. Не сум сигурен дали е потполно свесен за тоа што го прави или се работи за непознавање на правилата на игра во овие области, но како и да е, незнаењето не го оправдува и за да не му се случи да навлезе во забранета зона, добро е некој да го предупреди.

Доколку е потребно пошироко објаснување и практични примери во врска со изнесеното, како и за тоа каде згреши Д., стојам на располагање.
Можеби ќе биде корисно и дискусијава да ја продолжиме на нова тема, каде што пошироко ќе го елаборирам она што овде го зачнавме.

Да резимирам: Д. само затоа што е администратор и покренувач на форумов неможе (ниту тој ниту неговите колеги од тимот) да се изземе од правилата и целите на социјалното вмрежување, од кои дел ги има и самиот дефинирано.

Доколку ваквиот концепт не му е прифатлив, алтернатива му е, да не го крие вистинскиот идентитет и интерес, да ја активира веб страната на неговата фирма http://www.iwmnetwork.com/ и да отвори компаниски форум на кој ќе се дискутира за нивните производи/проекти и услуги, ќе го сондира јавното мислење, ќе врши анкети и истражувања за комерцијални цели и сл. На овој начин, со еден потег ќе ги реши сите „проблеми„.

Исто така, бидејќи Договорот што го потпишавте не е „толку„ комерцијален, како што вели Д., а е во интерес на членовите на форумов, за да елиминирате било какво сомневање и барем делумно да ја ублажите ситуацијава во која се најдовте, предлагам да ја објавите неговата оригинална верзија на форумов.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Аууу до кај сте ја отерале работава. :isplashen:
 

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
Здраво диди!

Немаше потреба од изговор, а и небитно е дали на темава дојдовте случајно или намерно (особено кога на сите ни е јасно дека овде сте на повик од Д., за да се обидете да го извлечете од „живиот песок„ во кој што самиот упадна, без потреба).
Прво и прво се мислев дали да ти одговорам на темава... ама ете се решив да ти докажам дека пак трескаш зелени, и бидејќи загадуваш теми со глупости морав да ги префрлам постовите во Боречки клуб бидејќи си патиш од некои комплекси. Дијана воопшто не беше повикана туку сама си дојде на темава бидејќи не би замарал еден како што велиш деловен партнер со вакви глупости. А башка, нити сум во жив песок нити се правдам, не посебно на некој кој очигледно си има некои неосновани мислења - како на пример она дека јас разбрав за iDevelop од постот на osogovo.

Но, секако е за почит вашата подготвеност да помогнете на некого, кој што западнал во невоља, особено кога се работи за ваш деловен партнер.
lol

Инаку, ако внимателно ја разгледавте дискусијава, ќе видевте дека не се работи за никаква мистерија, ниту за креирање на „неинформирано мислење„, како што велите, а најмалку пак за пласирање на невистина од моја страна, но кога веќе ме поттикнавте, изгледа дека е добро (и во интерес на сите нас на форумов) заедно да ја доразјасниме ситуацијава:
Ке те прашам само зошто не го искористиш времето да постираш некој асален пост од каде што некој ке може да научи нешто, место да се глупираш вака.. ама ајде, и јас ке изгубам дел од моето време да ти објаснам 2-3 работи.

1. Мојот прв пост (упатен кон Д.) на оваа тема го започнав со - Извини -, затоа што несакав дискусијата да се развие во овој правец (во кој што се наоѓаме сега). Да беше барем малку повнимателен (бидејќи е премлад за да биде мудар и тактичен), ќе беше доволно ако Д. одговореше со првата реченица, која ја кажа неговиот колега Андријески. Тука се ќе застанеше и... сите здрави и весели ќе си продолжевме да се дружиме, живееме и работиме понатаму.

Почна нешто што знаеше во кој правец ке води, и еве... пак ка кажам место да го искористиш твоето присуство на форумов позитивно, патиш од комплекс на пласирање неосновани работи и труење на форумов.
Дали драги Jok-у ја знаеш конкретно мојата возраст и животно искуство за да ме класифицираш како премлад за да бидам мудар и тактичен? Живееме во време каде што светот, ајде нас не интересира конкретно економијата во овој случај се базира на знаење, не на возраст или сл.
2. Очигледно, младоста и неискуството си го направи своето.
Ако ми одговориш колку години иам, частам пиво?

Веројатно комплексот на „виша вредност„ му посмета на Д. реално да ја согледа ситуацијата и да не запаѓа од грешка во грешка, без потреба:
Јас да сум на твое место не би зборел вака за човек кој никогаш го немам сретнато во животот.

- Прво се обиде арогантно, во стилот на голем мангуп, потценувачки и со потсмев, да ми покаже кој е газда во куќава (на форумот) и дека воопшто не го засега моето мислење, туку дека ќе прави како тој што сака.
"Мангупот" нема да коментира на ова, само ке се насмевне и ке си замисли како луѓето можат вака да трескаат.

- Не помогна, ниту го сепна, моето смирено и аргументирно второ обраќање на темава, ниту пак извлече поука од наравоучението со кое сакав да дадам сериозен тон и да укажам - кон каде не води ваквиот однос на сопственициве на форумов.
Драг мој Нострадамусу кој очигледно ја знае иднинава на форумот, навистина ми е смешно и несериозно твоето наравоучение за да му обратам поголемо внимание.

- Со ниту еден гест не покажа дека ја сфатил мојата порака, дека си ја увидува грешката, се кае или... барем да се корегира во јазикот на комуникација. Напротив, како што самиот признава во последниот негов пост, грубо ми се обраќа и се обидува да ме дисквалификува и да ме избрка од форумов, само затоа што не сум му по мерка и затоа што ги изнесувам во јавност неговите „валкани„ работи.
Кои валкани работи? Конкретно дај факти, пукај.. Тврдењето дека иам чуено за iDevelop од член на форумов и потоа иаме склучено договор ти се виде дека е неточно.. Сеуште ли мислиш дека темава е отворена за лични цели, и по сите интервјуа кои ги имам веќе направено? Да сакав да те избркам или дискфалификувам од форумов досега ти ќе беше баниран а твоите мислења избришани.

3. Од она што го осознав досега, се сложувам со диди дека Д. во споредба со неговите врсници е натпросечно спремен за активностите што ги отпочнал. Јас би додал дека е и забележително амбициозен, дека не е наивен, дека ги има сите претпоставки за перспективна иднина/кариера, односно развивање на успешен свој бизнис. Сето тоа му го признав и во постовите и му честитав.
Дали воопшто знаеш која генерација сум јас? Пак ке кажам, дали ме имаш сретнато некогаш во очи и дали имаш направено воопшто муабет со мене? Ако да, тогаш во ред ти е мислењето горе... ако не, тогаш ке те советувам да не карактеризираш некого на таков начин или да му честиташ.

Но, тоа не му дава за право на Д. да ги прекршува правилата на форумов, кои самиот ги поставува и важат за сите членови (видете т. 3 од Правилата... со објаснување), да ги навредува, омаловажува и искористува членовите на форумов за комерцијални и други цели, ниту вулгарно да ги брка од форумов оние, кои не мислат како него.
Не знаеш веќе ни ти што сакаш од оваа тема. :)

4. Кога веќе дојдовме до оваа ситуација, на Д. мора да му се укаже дека ја преминува границата на етичкото и легалното.
Етичко? Дали е етички да се зборува за некој човек на поширок план без да се знае ништо конкретно за него? Дали е етички да се тврди што знае и што не знае тој човек ако никогаш немаш направено муабет во очи или да го судиш на изглед?

Преминувам граница на легално? Еве идеја: покрени тужба против мене за што мислиш дека го прекршувам легалното, ако не ти се даваат лични средства, покрени тужба до соодветното обвинителство па нека ме гонат според законите ако правам нешто нелегално. :LOL:

Имено, повеќе од јасно е дека Д. го користи форумов и неговите членови за прибирање на информации, преку примена на концептот деловна интелигенција или компетитивна интелигенција (Business Intelligence/Competitive Intelligence), што е сосема легален концепт/метод/процес на собирање информации од јавно достапни ресурси, заради донесување на деловни одлуки.
:LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:

И, се би било во ред доколку немаше сериозни индиции (што би рекле криминолозите и правниците), кои упатуваат на тоа дека: Д. тоа го прави на медиум за социјално вмрежување, злоупотребувајќи ја улогата на негов администратор, притоа пречекорувајќи ја црвената/тенка линија, која ги разделува легалните Business Intelligence/Competitive Intelligence од нелегалните Industry/Economic Espionage.
Да знаеше што значат тие ствари кои ги изнакажа воопшто немаше да ги кажеш... а да ги разбираше ке ги кажеше на македонски а не копи-пасте (се приметува по почетната голема буква) :LOL::LOL::LOL:


Не сум сигурен дали е потполно свесен за тоа што го прави или се работи за непознавање на правилата на игра во овие области, но како и да е, незнаењето не го оправдува и за да не му се случи да навлезе во забранета зона, добро е некој да го предупреди.
Ти благодарам за предупредувањето.

Доколку е потребно пошироко објаснување и практични примери во врска со изнесеното, како и за тоа каде згреши Д., стојам на располагање.
Потребно е потребно... pls do.

Можеби ќе биде корисно и дискусијава да ја продолжиме на нова тема, каде што пошироко ќе го елаборирам она што овде го зачнавме.
Нова тема отворена... повели.

Д. само затоа што е администратор и покренувач на форумов неможе (ниту тој ниту неговите колеги од тимот) да се изземе од правилата и целите на социјалното вмрежување, од кои дел ги има и самиот дефинирано.
И покрај културниот и упорен начин на кој го изјаснуваш твоето мислење и тврдиш дека форумов го користам за лични деловни ствари и извршувам индустриска шпионажа и собирам мислења на народот, сепак упорно си се тешам дека некој се шегува со мене....

Доколку ваквиот концепт не му е прифатлив, алтернатива му е, да не го крие вистинскиот идентитет и интерес, да ја активира веб страната на неговата фирма http://www.iwmnetwork.com/ и да отвори компаниски форум на кој ќе се дискутира за нивните производи/проекти и услуги, ќе го сондира јавното мислење, ќе врши анкети и истражувања за комерцијални цели и сл. На овој начин, со еден потег ќе ги реши сите „проблеми„.
Доколку обратеше внимание барем малку на сајтот на фирмата IWM Network ќе прочиташе:
IWMnetwork.com
is coming very soon!


А за криење на мојот идентитет, па не знам што друго сакаш освен име, презиме, слика и улога да истакнам јавно за да не го "кријам идентитетот"?


Исто така, бидејќи Договорот што го потпишавте не е „толку„ комерцијален, како што вели Д., а е во интерес на членовите на форумов, за да елиминирате било какво сомневање и барем делумно да ја ублажите ситуацијава во која се најдовте, предлагам да ја објавите неговата оригинална верзија на форумов.
Ми се чини или слободно можам ова според стандардите и законите да го кажам: индустриска шпионажа, или бидејќи се расфрламе со англиски термини, во твојот стил: Industry/Economic Espionage. :LOL:
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
JoK резил си :)
Ај што се изрезили во претходниот пост, уште продолжуваш?

Во последниот пост никаков аргумент не изнесе. Ти си тој што цело време зборуваш глупости и неетички работи. Ти си тој кој изнакажа многу лаги во темава и тоа се потврди.

Диди напиша пост во темата само за да те демантира и натера да престанеш со глупостите и претпоставките кои ги напиша. Мислев дека беше успешно, сепак, за жал поуката не ја извлече.

И да, Дамјан има право да отвора теми кои се во согласност со правилата на форумот исто како и другите членови.
Не зборувам за конкретниов случај, меѓутоа доколку некој ги користи погодностите на IT.com.mk нас ни е мило, таа привилегија ја немаат само обичните членови туку и администраторите. И тие се членови.


Кој си ти да даваш сопствено психоаналитичко мислење за членовите на форумов? Едно од правилата на форумов е да се држиш до темите и те молам, почитувај го.

Ако си кривогледен и/или имаш некој проблем со Дамјан, напиши му приватна порака или исконтактирајго на e-mail кој е јавно достапен за сите, не го гнаси форумов со неаргументирани глупости.

Ако имаш некоја друга забелешка за IT.com.mk вклучително и форумов, отвори тема во делот за сугестии и забелешки.

Доколку продолжиш со ваквиот однос ќе сметам дека си дојден тука само за да изнесуваш невистини и да ги критикуваш другите без никаква причина и аргумент.
Со цел заштита на форумов и неговите членови од такви работи, верувај ми дека максимално ќе си ги искористам правата кои ми следуваат како администратор.
 

Wild Rose

Intern
18 мај 2008
77
12
Јок, твојов однос е навистина недоличен, а критикиве неосновани. Го критикуваш Андријески што не запре на првата реченица од неговиот прв пост, а ти си тој што навистина треба да ја намали брзината. D беше тој кој ја отвори темата за да побара сугестии, коментари и препораки од останатите членови. А ако веќе целта ти беше да си корисен и да дадеш конструктивно мислење, требаше да запреш на првиот пост.

Не знам од каде си земаш право да доагаш до заклучоци за секоја можна акција која ја превзема D. Значи, знаеш со каква цел ја отворил темата за интервјуто, запознаен си со целиот негов карактер, ги знаеш сите негови намери, знаеш кој и со која цел постира за да го извлече D од твојот таканаречен „жив песок“, запознаен си со неговата возраст, како и искуство... дај те молам дај ми број, имам неколку дилеми, може ќе ми помогнеш со твоево натпросечно познавање на се околу тебе.

Во ред е да напоменеш нешто во однос на политиката која ја води администрацијава на форумот и се разбира дека е во ред да дадеш твое мислење, сугестија или критика, без оглед дали добро намерно или не. Но тоа да го копираш во секој пост, за да го прикриеш твоето плитко познавање е навистина смешно и мизерно. Прво, администрацијата на еден форум е таа која решава за главните функции на еден форум, so like it or not, it's their call. Второ, да беа навистина членовите на овој форум сопственост на D, како и предмет на манипулација и препорадавање, овој форум немаше да брои 2000 членови. Очигледно дека на луѓето им е пријатно тука, па затоа и продолжуваат со постирање. А, ако веќе ти имаш некој проблем со D, (што е повеќе од очигледно) замини од форумов или тоа реши го лично со него. Не ни го троши времето на сите, бидејќи навистина се вртиш во круг. А кругов ти е без поента. И да, одлуката за заминување форум не е само твоја привилегија, туку и право на админите. Никој не е дојден на овој форум за да биде мета на твоите комплекси.

Мислам дека веќе доволно ти беа сервирани секакви аргументи, објаснувања и докази дека не си прав, а дел од нив не ги ни заслужуваш. Никогаш не е касно да се повлечеш од кашата која сам си ја создаде. Не го губи времето за барање неосновани и непостоечки обвинувања туку искористи го попродуктивно.
It is better to be silent and considered a fool, than to speak and remove all doubt.

За крај, само да потенцирам дека е ова мое мислење, дека не сум пратена од D или било кој друг и го пишувам засновано на се тоа што досега го прочитав во темава. Поштеди ме од коментар базиран на твоето совршено знаење во однос на причината поради која го пишувам ова.
 

pudge

Intern
28 ноември 2007
128
1
drugarcinjata si go branat drugarot....

aj malce ja da go odbranam Jok....ama vo druga nasoka :)

me zacuduva edna rabota, kako moze sekogas koga ke ispadne nekoja frka na forumov, administracijata da e sekogas u pravo...zarem vie ste luge sto ne gresite, znaete sve , najpametni ste?

nemozam da kazam sto luge ste bidejki ne ve znam, ama spored ona sto go pisuvate vo boreckite postovi ispaga kako da sekogas ste u pravo .....

postov neka ne bide cel za novo prepucavanje , samo sakav da si go iskazam moeto mislenje ..... taka da treba malce da podrazmislite i ednas da ja skrsite gordosta ....

covek sto misli deka znae se i deka e sekogas u pravo ne e covek.

pozz
 

MetalGear

Gaining Experience
14 април 2007
2,998
496
www.ibiz.mk
nesto kako pudge mislam no ne zafakam nicija strana posto gledam deka ima

i luge iskoristete go vremeto pokorisno otkolku da se prepukuvate megu sebe :bravo:
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
drugarcinjata si go branat drugarot....

aj malce ja da go odbranam Jok....ama vo druga nasoka :)

me zacuduva edna rabota, kako moze sekogas koga ke ispadne nekoja frka na forumov, administracijata da e sekogas u pravo...zarem vie ste luge sto ne gresite, znaete sve , najpametni ste?

nemozam da kazam sto luge ste bidejki ne ve znam, ama spored ona sto go pisuvate vo boreckite postovi ispaga kako da sekogas ste u pravo .....

postov neka ne bide cel za novo prepucavanje , samo sakav da si go iskazam moeto mislenje ..... taka da treba malce da podrazmislite i ednas da ja skrsite gordosta ....

covek sto misli deka znae se i deka e sekogas u pravo ne e covek.

pozz
И мене не ми е јасно како тоа секогаш сме во право. Да не веруиш Блажо разбираш.

Шала на страна, сигурен сум дека имало ситуации кога не сме биле во право, ама во случајов сигурно сме.
Не ми е јасно како го браниш Јок во случајов, само со тоа тврдење дека неможе секогаш да сме во право, што ти текна баш сега ова да го кажеш за случајов кој е повеќе од јасен?

Мислењето ти е на место, а зошто изгледа дека сме секогаш во право ќе ти објаснам.

Во ситуациите кога не сме биле во право, признаваме и/или се повлекуваме и неретко се извинуваме. И тука завршува целата приказна.
Во другите препукувања што ги имаш забележано самиот, другата страна и покрај тоа што не е во право и нема аргументи, продолжува со критики и неаргументирани ставови, за на крај да резултира и со навреди и непромислени реченици. Така и настануваат овие "драма" теми.

Од друга страна, тоа дали сме во право или испаѓаме во право го оценуваат читателите. Нормално дека ако имаме некој став, мислиме дека сме во право, зошто инаку би го бранеле? Можеби во некоја од постоечките теми на форумов и во боречкиот клуб не сме во право.
Не ми е баш јасно тоа "испаѓаме во право".

А за губењето време на вакво препуцавање, сите сте во право, ама ете, некогаш се прават исклучоци и луѓето спомнати во ова се почувствувале одговорни да одговорат и искоментираат. На крај краева ова е форум, место за дискусии.
 

S

pwnz0r1lla
8 март 2007
1,550
52
www.it.com.mk
Ovde i premnogu ochigledno e deka Vie lugje imate mnogu dobar i edinstven plan, zavera protiv JoK. Da go stavite nego i negoviot um pod vasha kontrola i da prodolzhite posilni so Vashite ponatamoshni manipulacii. No se izlazhavte, ova kje bide poteshko od bilo shto dosega bidejki chovekot ve chita, znae tochno kako razmisluvate, koi ste, shto ste, gi znae site vashi potezi za site mozhni scenarija.
Spremete se za ushte posilen povraten udar, REVOLUCIJATA POCHNA!


 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Ovde i premnogu ochigledno e deka Vie lugje imate mnogu dobar i edinstven plan, zavera protiv JoK. Da go stavite nego i negoviot um pod vasha kontrola i da prodolzhite posilni so Vashite ponatamoshni manipulacii. No se izlazhavte, ova kje bide poteshko od bilo shto dosega bidejki chovekot ve chita, znae tochno kako razmisluvate, koi ste, shto ste, gi znae site vashi potezi za site mozhni scenarija.
Spremete se za ushte posilen povraten udar, REVOLUCIJATA POCHNA!
хмммз.. Ставов некако ми личи како да е против форумов..
Првпат ова го слушам од тебе.. Незнам што ли ти е идеата со ова..
Или можеби грешам..:chudenje:

Во секој случај, би те замолил да бидеш малце попрецизен и поконкретен.. Некако не ми се јасни работиве..
 

S

pwnz0r1lla
8 март 2007
1,550
52
www.it.com.mk
me zacuduva edna rabota, kako moze sekogas koga ke ispadne nekoja frka na forumov, administracijata da e sekogas u pravo...zarem vie ste luge sto ne gresite, znaete sve , najpametni ste?
Malku psihoanaliza kolku go zapazime imidzot na temava: Zvucish kako dechko koj imal teshko detsvo i loshi momenti vo maaloto.
j/k

A odgovorot bi bil: dolgo razmisluvanje i konsultacii pred zapochnuvanje na bilo shto pobitno, veruvanje vo sebe, zastapuvanje na svojot stav i stoenje zad svoite postapki.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,617
Мислења
821,793
Членови
28,266
Најнов член
Bojan Sardjovski
На врв Дно