• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Cyberpunk како жанр и омилени творби

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,196
3,284
Битола
*ме мрзеше да инсталирам AHK скрипта за да користам е со надреден знак -- Microsoft if you are reading this, please fix your KBD layouts.

Како огромен фан на жанрот во којшто уживам откако првпат го гледав BladeRunner Director's Cut во 2003та, почуствував потреба да споделам основно инфо за жанров/движењево бидејќи има голем број нови CP2077 играчи (млади/стари) коишто можеби не се добро запознаени со овој ограничен сегмент на научната фантастика, а сакаат да научат повеќе. Исто така, ги споделувам и моите омилени творби создадени во духот на жанрот со желба да добијам нови препораки ако сум пропуштил нешто добро.

Со појавата на Cyberpunk 2077 како типичен претставник на истоимениот поджанр од научната фантастика, наново се разжарува интересот кај народот за доживување на вакви дистопијско-футуристички светови. Cyberpunk жанрот од раѓање до денес обично лежи во маргините на пошироката научна фантастика и на моменти проѕира во мејнстримот кога ќе излезе нов забележлив продукт-творба (филм, игра, книга) којашто најдобро ги претставува идеите и естетиката на ова подкултурно движење/жанр.

Дефинирање на Cyberpunk како жанр/културно движење

Четири зборови: High Tech/Low Life -- Творците коишто ги создаваат овие светови го контрастираат моралистичкиот, социјален, економски распад на човештвото со технолошкиот напредок којшто се случува истовремено со цел спасување на човештвото. Разделот помеѓу социјалните класи се зголемува и средната класа ја снемува. Поради тоа што човештвото и „она што значи да се биде човек“ деградира во неонските руини на еден ваков свет, луѓето се насочуваат кон трансхуманизмот како философски правец -- трансформацијата и вештачкото возвишување на телото, свеста, интелектот и духот со помош на технологијата. Затоа како главни елементи на заплетот често се гледаат телесните модификации, разглобувањето на свеста од мозокот, соединувањето на човекот со машината, итн.

Индивидуата и нејзиното место во Cyberpunk светот

Класичниот cyberpunk антихерој е маргинализиран, изолиран осаменик којшто живее на рабовите на општеството во секојдневен конфликт со брзите технолошки промени што се случуваат околу него -- загушен од сеприсутната датасфера на информации и недостигот на приватност. Ликот се бунтува (punk) против насилството на cyber просторот којшто е главна алатка на владите и нивните господари -- приватните корпорации. Пример, еден од жанровски-знаменитите ликови е Case -- „конзолскиот каубој“-- главен протагонист на анталогиската Neuromancer на William Gibson (меѓу првите и најзначајни дела на жанрот). Манипулиран од мегакорпорации и ставен во ситуација каде нема што да направи за да си го спаси газот, се бунтува против естаблишментот и приватната алчност.

Cyberpunk протагонистите често пробудуваат бунтовни чувста и ги вознемируваат читателите повикувајќи на акција за туркање на слабата и кукавичка власт којашто најчесто е под контрола на огромни приватизирани мегакорпорации. Прочитајте за историјата на Johnny Silverhand од Cyberpunk 2020 универзумот и неговата борба против овие корпорации бидејќи е напишан како најтипичен протагонист на жанров. Во историскиот период кога зема замав овој жанр, писателите го користат да предупредат на опасностите од сеопфатната употреба на интернетот и како може да влијае и да ги промени животите на луѓето кон полошо. Затоа, нивните ликови ја поседуваат особината субверзија (поткопување, корумпирање, соборување) на естаблишментот и неговите алатки.

Добар пример за таков лик е Мотоко Кусанаги (протагонистот во Ghost in the Shell). На површина, таа е агент на владата, но, себе се дефинира како агент на малцинството и често е непослушна за да постигни праведна цел. Таа е субверзивен елемент во владата.

Сижејско опкружување

Како и секое новородено културно движење/жанр, Cyberpunk-от влечи инспирација и користи елементи од движења, жанрови што му претходеле. Во случајов, тоа се детективските pulp приказни од 30тите и 40тите, film noir и поскорешниот постмодернизам што ги руши заснованите клишеа на литературната теорија. Конфликтите најчесто се случуваат помеѓу вештачката интелигенција како лик, антихерои коишто се вешти со најновите технолошки достигувања и безличните мегакорпорации коишто се во улога на антагонисти. Временското опкружување е во блиска пост-индустриска иднина со цел зголемување на чувството на немир кај читателот -- контактот помеѓу сегашноста и таква дистопијска иднина е поопиплив. На тој начин, предупредуваат дека може да створиме таков дистопијски свет ако сме невнимателни. Со визуелизирањето на жанров преку филмови како Акира (1988) и Bladerunner (1982), Cyberpunk преминува од чисто литературни движење во поопширна подкултурна формација. Појавата на жанров исто така се должи на инаетот на писателите да претстават антитеза на утописките визии за иднината од sci-fi творбите од 40тите и 50тите, мислејќи дека шансите човештвото да подреди утопија се далеку помали отколку лекомисленото создавање на дистопија.

Во голем дел од Cyberpunk творбите сижето преминува во онлајн сајбер просторот замачкувајќи ја линијата помеѓу реалноста и виртуелниот свет. Во такво опкружување, типичен мотиф е директната врска помеѓу човековиот мозок и компјутерските системи. Cyberpunk светот нуди дистопијски амбиент завладеан од корупција и злоупотреба на социјалната инфраструктура од страна на мегакорпорациите кои реално ја држат моќта (политичка, економска и воена). Кога доаѓа во прашање визуелната естетика на овој свет, писателите се вртат кон развиените земји од тој историски период и архитектурата којашто е најразлична во однос на западната. Јапонија и Хонг Конг се јавуваат како шаблони за постиндустриските градови на иднината. Густата урбанизираност на Токио, вештачкиот бетонски пејзаж, неонските бранови со нивното зуење се визуелни елементи коишто се користеле како метафори за Cyber просторот и виртуелната реалност. Филмските режисери ги земале овие градови и ги замислувале како би изгледале пропаднати. Пример, Ridley Scott го замислува Los Angeles од иднината (BladeRunner) како Хонг Конг на лоши дроги. Хипер-урбанизацијата којашто без правила се шири низ хаотични улици каде традицијата и технологијата постојат истовремено е главното опкружување на Cyberpunk световите.

Дали и кога би стапнале во светот на Cyberpunk-от

Моментално се случуваат општествени и индивидуални промени коишто наговестуваат елементи присутни во иден фиктивен Cyberpunk свет. Напредок во простетиката и компјутерската наука, интерфејс помеѓу мозокот и компјутерот (Елон Маск и експериментите на животни). Зголемување на моќта на корпорациите и нивната улога во глобалните политики (Microsoft, Facebook, итн). Сиромашните осиромашуваат повеќе, а богатите се збогатуваат. Cyber светот се повеќе и повеќе се спојува со реалноста (автомобили и авиони без возачи, „паметни домови“, виртуелна и аугментирана реалност, хакери како херои коишто ништат банди, корупција, корпорации и влади). Cyberpunk-от се проширува во секоја медијска форма. Постојат филмови, серии, стрипови, музика, уметност, литература, итн. Cyberpunk-от влијае на модата, архитектурата и философијата и ќе продолжи да го зголемува своето влијание што повеќе ја вклучуваме технологијата во нашите животи.

Cyberpunk 2077 го рефлектира сето ова. Формите во коишто се појавува се сеопфатни: игра, аниме серија, мода, книги, стрипови, музика, итн.

Што сум прочитал/видел/искусил од Cyberpunk жанрот:

- Прв допир 2003та кога стариот го изнајми BladeRunner на VHS
- Пауза од 4 години додека се глупирав по училишта со балкански форми на забава
- Започнувам да гледам Аниме посериозно каде голем број од филмовите/сериите ги носат Cyberpunk нишките
- Akira (1988) -- најважниот аниме филм на сите времиња. Бумот на анимето и продирот на оваа артистичка форма се случува во голем дел благодарение на Akira.

View: https://www.youtube.com/watch?v=IqVoEpRIaKg

- Ghost in the Shell (1995) -- мојот омилен аниме филм на сите времиња и суштински филм на жанрот
- Battle Angel Alita -- eдна од подобрите Cyberpunk Manga серијали којшто беше претворен во холивудски филм пред некоја година
- Cowboy Bebop (1998) -- Омилена аниме серија во post-cyberpunk поджанрот. Спремаат и холивудски филм

- После јапонските аниме филмови започнувам со читање на првата значајна Cyberpunk литература којашто го започна ова движење:
- Neuromancer -- William Gibson -- мојата прва Cyberpunk книга и една од најважните во жанрот. Гибсон се смета како писателот што го воспоставува cyberpunk-от како самостоен жанр во литературата
- Do Androids Dream of Electric Sheep -- Philip K. Dick -- првата прото-cyberpunk новела и новелата според којашто е правен BladeRunner
- Уште неколку William Gibson книги: продолженијата на Neuromancer и збирка кратки раскази
- Ready Player One и сега Ready Player Two
- Snow Crash - Neal Stephenson
- Altered Carbon трилогијата на книги после што Netflix направи и серија (нео-cyberpunk форма)
- Тhe Windup Girl - Paolo Bacigalupi
- Deus Ex книги и стрипови

Филмови и серии:
- Bladerunner филмовите заедно со анимирани цртани
- Matrix трилогијата
- Hackers
- Johnny Mnemonic
- New Rose Hotel
- Mr. Robot (да. cyberpunk е)
- Black Mirror има достa вакви епизоди
- Голем број филмови базирани на новели од Philip K. Dick како Total Recall, Minority Report, Impostor, A Scanner Darkly, Electric Dreams
- 12 Monkeys
- Robocop
- Judge Dredd
- The Expanse (има cyberpunk елементи)
- The Zero Theorem и Brazil
- Dark City

Игри:
- Deus Ex (2000) -- првата Cyberpunk игра којашто сум ја играл
- Deus Ex сите останати
- Cyberpunk 2077 сега
- Mirror's Edge
- Watch Dogs
- Far Cry Blood Dragon
- Ghostrunner (ќе се игра во иднина)

Жанров не е обемен во споредба со некои други, но, има голем број на творби коишто се уште не сум ги искусил. Сигурно заборавам и некои филмови што спаѓаат во овој жанр. Слободно споделувајте.

Благодарам за вниманието.
 
Последна промена:

nikoa1809

Gaining Experience
11 јули 2015
150
128
Касно ја гледам темава. Многу добро напишано, фала за листава треба да погледнам некој од творбиве.
Инаку за Anime имаш и Psycho Pass и Теxnolyze, двете не се нешто познати ама ги препорачувам
Од книги и "I have no mouth so I must scream".
Искрено жанр што најдобро ја погодил иднината. Кога ќе помислам дека Neuromancer e напишана во 1984, а толку работи има погодено... mindblowing.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,196
3,284
Битола
Касно ја гледам темава. Многу добро напишано, фала за листава треба да погледнам некој од творбиве.
Инаку за Anime имаш и Psycho Pass и Теxnolyze, двете не се нешто познати ама ги препорачувам
Од книги и "I have no mouth so I must scream".
Искрено жанр што најдобро ја погодил иднината. Кога ќе помислам дека Neuromancer e напишана во 1984, а толку работи има погодено... mindblowing.
Не ми се гледани и не ми е читана. Ќе видам што е работата. Thx!
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,123
Мислења
838,824
Членови
29,033
Најнов член
Newlearner
На врв Дно