• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Custom keyboard layout за Македонски јазик

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Проблем 1: Стариот keyboard layout-oт за Македонски јазик ги нема карактерите Ѝ + Ѐ
Проблем 2: Новиот "Standard" keyboard layout за Македонски јазик ги има карактерите Ѝ + Ѐ но шорткатот за UNDO не е CTRL+Z туку CTRL+Y, а како бонус „придобивка“ карактерот Ѐ се наоѓа на копче кое го нема на повеќето тастатури.

ѝ (зам.)| Дигитален речник на македонскиот јазик

È (кирилица) — Википедија
Е со надреден знак или гравис (Ѐ, ѐ) е варијанта на кириличната буква „е“. Оваа комбинација не е посебна буква, туку се употребува во македонскиот јазик за разликување на истолики зборови во извесни случаи:

„И нe воведи нè во искушение, но избави од лукавиот“; или:
Сè што ќе напишете може да се употреби против вас!“.

Решение за наведените проблеми: Custom layout направен на основа на стариот (за да се задржи CTRL+Z како шорткат за UNDO) со додадена поставеност на повеќето карактери од новиот "Standard" keyboard layout за Македонски јазик од Windows 10. Со мали измени, остануваат достапни ` и ~ на старите места, а карактерот Ѝ го подесив да биде достапен со притискање на десниот alt, или со комбинацијата alt+ctrl (делумно и заради тоа што Ѐ секако мора така да се користи).

Значи карактерите Ѝ + Ѐ се достапни со притискање на десниот alt, или со комбинацијата alt+ctrl. Карактерот Ѐ дуплцирано е поставен и на втора позиција (кај копчето Е), затоа што оригиналната позиција е на копче кое го нема на повеќето тастатури („одлична“ одлука на авторот на layout-от). Понатаму со shift се добива големата буква од карактерите. За жал caps-lock не успеав да подесам да функционира како со другите карактери, постои сетинг во алатката но сетирањето на истиот не носи резултат. Ако некој знае решение за ова нека помогне.

Генерално постојат и други опции за проблемиве, како скрипти во AutoHotkey и слично, но сето тоа се трипер комбинации за нешто што требаше и мораше до сега системски да биде решено без потреба од вакви замарања.

Hence, наједноставно решение во моментов сметам дека е кастом кeyboard layout направен со Microsoft Keyboard Layout Creator 1.4. Иако и ова е далеку од идеално пошто бара накнадна инсталација во оперативниот систем, наместо нешто слично по дифолт да доаѓа со системот. Но ова барем е еднократна инсталација која трае само неколку секунди и за разлика од AutoHotkey не може да се десат false positive проблеми со антивирусните софтвери.

Еве и линк до алатката (надворешен линк пошто Mикро$офт од непозната причина повеќе не ја хостира). Сорс фајлот (mk4.klc) го додавам во постов, за некој што сака да модифицира нешто, или сам да си избилда setup package. Приклучен исто така е и генериран setup package за тие што не сакаат да се замараат со билдање на истиот (готов пакет за инсталирање).
mk4.zip
Name: mk4.klc
Size: 13520 bytes (13 KiB)
SHA256: 91419ECA257B75B2917B714BA4CB029BC984242A3CAA08330651A1DD3E5C9FBF

Macedonian_custom_keyboard_layout.zip
Size: 258864 bytes (252 KiB)
SHA256: F044EAC4FCFC598FF0B208CD728012467AC912B9685C7C23AF01BCE7D4B3C8F2

Се е скенирано и проверено чисто со Касперски и Малвербајтс. Вирустотал: VirusTotal

Еве го визуелно keyboard layout-от:
Macedonian-custom.png
Macedonian-custom-shift.png
Macedonian-custom-altctrl-altgr.png

Десен алт + 5 беше слободно копче, па поставив знак за евро €... Пошто зошто да не. :)
Секако дека има простор за подобрувања layout-от но сорсот е приклучен па кој има идеи за подобрувања - нека повели.

Инаку некако на ум ми паѓа дека замената на CTRL+Z со CTRL+Y можеби е заради тоа што тој што првично го изработил македонскиот keyboard layout за Mикро$офт, како темплејт употребил германски или некој сличен соседен keyboard layout од европските јазици каде на карактерите Z и Y им се заменети местата на тастатурата (можеби некој се сеќава на keyboard layout-ите на Комодор/Амига, шверцани од Германија). Како и да е, прилично дилетантски и неодговорно ако претпоставките ми се точни. Или едноставно колосално глупо ако некој намерно го направил ова. Но најбезвезе е што вака си стои проблемот со години а нели као нешто имаме надлежни институции.

Нејсе.
Повелете custom keyboard layout за Македонски јазик и... Нека ни е честит празникот денес! :)
 
Атачменти

NecrotoX

Unstoppable
4 март 2013
3,286
3,247
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Браво, одлично, да знаеш само колку пати сум гуглал "е со надреден знак" за да направам copy на е-то :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Една од придобивките е наместо постојано алт-шифтање лејаути за специјалните карактери, истите се достапни со десен алт (или alt+ctrl)... Не дека ова не беше достапно и со новиот „стандард“ лејаут, ама него никој не го користеше заради undo шорткатот на Y.

Специјалните карактери.

Англиски лејаут:
upload_2020-9-8_14-37-57.png

Македонски прилагоден, со шифт:
upload_2020-9-8_14-33-42.png

Со десен алт (или alt+ctrl):
upload_2020-9-8_14-34-43.png

Практично се е достапно без шифтање лејаути, или со шифт, или со десен алт (или alt+ctrl).
 
Атачменти

  • Ја почнал/а темата
  • #5

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Сега кога го гледам напишаното, не е баш јасно дали е теоретска расправа или конкретно решение.

Затоа TL DR верзијата би била, симнете го следново: Macedonian_custom_keyboard_layout.zip
Size: 258864 bytes (252 KiB)
SHA256: F044EAC4FCFC598FF0B208CD728012467AC912B9685C7C23AF01BCE7D4B3C8F2

Следно деархивирајте со било кој софтвер за таа намена (7-Zip е бесплатен и опен сорс... и добар). Кликнете двапати на setup.exe, и тоа е тоа. Потоа само во language settings треба да се извади постоечката македонска тастатура (ако имало претходно) и да се одбере custom тастатурата која само што ја инсталиравте.

upload_2020-9-8_17-9-53.png

Тестирано и на Windows 7, единствено беше потребен рестарт на ОС-от.
 
NecrotoX

Unstoppable
4 март 2013
3,286
3,247
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
@Lokvan го користам, супер е.
Која е процедурата вакво нешто да се симнува директно од Windows како што е случај со моменталниот мк лејаут? Треба негде да се аплицира, па да се одобри, или како?
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,942
2,317
Си напраив слично уште пред некое вррме слично. На работа насекаде го изинсталирав, пресреќни. На другари/другари исто така.
Неколку мои модификации во однос на горното, пошто така ми беше поприродно е дека "ѝ" си е на местото на "и", како и ". ," Си се на место како на УС тастатура, т.е. на нумпад ми се куца . наместо , што ужасно ме нервирало отсекогаш.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
@Lokvan го користам, супер е.
Која е процедурата вакво нешто да се симнува директно од Windows како што е случај со моменталниот мк лејаут? Треба негде да се аплицира, па да се одобри, или како?
Појма немам, но логично би било дека било која од надлежни инстутиции за вакви работи (МАНУ и/или министерства/агенции) би можела релативно лесно да влијае на Mикро$офт да се смени „стандард“ лејаутот во нешто што всушност би било употребливо. Но очигледно никој не се замара, пошто општо фалусоболие преовладува.

едит:
За жал caps-lock не успеав да подесам да функционира како со другите карактери, постои сетинг во алатката но сетирањето на истиот не носи резултат. Ако некој знае решение за ова нека помогне.
Дисрегард на ова. Функционира капс-лок како што треба, проверено и на 10-ка и на 7-мица... Веројатно рестатирање е потребно после инсталација.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,581
2,913
Инаку некако на ум ми паѓа дека замената на CTRL+Z со CTRL+Y можеби е заради тоа што тој што првично го изработил македонскиот keyboard layout за Mикро$офт, како темплејт употребил германски или некој сличен соседен keyboard layout од европските јазици каде на карактерите Z и Y им се заменети местата на тастатурата (можеби некој се сеќава на keyboard layout-ите на Комодор/Амига, шверцани од Германија). Како и да е, прилично дилетантски и неодговорно ако претпоставките ми се точни. Или едноставно колосално глупо ако некој намерно го направил ова. Но најбезвезе е што вака си стои проблемот со години а нели као нешто имаме надлежни институции.
Едно време почнав да ја истражувам оваа појава на замена на овие две букви. Ги скенирав кодовите што ги праќа тастатурата кога е активна стандардната македонска тастатура и ако добро се сеќавам токму тоа е проблемот. Заменети се позициите на Y и Z копчињата, користен е QWERTZ распоред наместо QWERTY, односно со притискање на копчето Y тастатурата испраќа сигнал дека е притиснато Z и обратно. А во описот на лејаутот на тастатурата стои дека „Z“ e „Ѕ“, а „Y“ е „З“ и така не се забележува разликата при пишување, што не е случај при користењето на кратенки.

Но имаше уште нешто со кодовите, што бараше уште некои проверки, тогаш не стигнав да го завршам и повеќе не му се навратив.

Сакав да соберам доволно аргументи и да испратам до микрософт, но за жал не успеав да отријам дали ние воопшто имаме дефинирано стандард како треба да изгледа македонската тастатура и во чија надлежност е тоа. Или ова што го користиме е како мајкрософт мисли дека треба да изгледа и оттука сите проблеми.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Може и да ги именуваме а зошто да не... МАНУ, Министерство за образование и наука, самите
факултети и унверзитети... Каде се сите тие? Каде е дискусијата, дебатата за проблемот?

Што е важно кој е „најнадлежен“, сите набројани имаат морална и етичка обврска да направат нешто.

И генезата на проблемот е една работа и иако тоа е важен аспект но за мене самото долгогодишно опстојување на проблемот најдобро го отсликува односот на надлежните институции (сите по ред) кон јазикот. Самиот момент што не е јасно дали воопшто имаме дефиниран стандард за тастатура и што никој не се замара за тоа, кажува сѐ.
 
Во МАНУ или МОН не би барал одговорност за ова, споед мене надлежен би требало да е Институтот за стандардизација. Но и да е таму надлежноста, од институции што во секојдневното работење сѐ уште користат MAC C Times, не очекувај некаква активност по ова прашање.

Се согласувам дека проблемов го прикажува односот кон јазикот, но не само на институциите, туку на сите нас. И камо ова да беше единствениот или најголемиот проблем на нашиот однос кон јазикот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Добра е идејата Ѝ да има на местото на копчето И, во комбинација со десен алт (или alt+ctrl).
Останува достапна и старата локација.

Еве и таква ревизија:
Macedonian_custom_keyboard_layout_05.zip
SHA256: 2FD81AB239B26488803D757B3B387756FDCE8C95B1E7E93421CE9E80E44CBCEF

upload_2020-9-11_17-53-46.png
 
Атачменти

MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
116
272
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Одлично напишано и сработено, труд вреден за пофалба.

Инаку во врска со следното:

Инаку некако на ум ми паѓа дека замената на CTRL+Z со CTRL+Y можеби е заради тоа што тој што првично го изработил македонскиот keyboard layout за Mикро$офт, како темплејт употребил германски или некој сличен соседен keyboard layout од европските јазици каде на карактерите Z и Y им се заменети местата на тастатурата (можеби некој се сеќава на keyboard layout-ите на Комодор/Амига, шверцани од Германија). Како и да е, прилично дилетантски и неодговорно ако претпоставките ми се точни. Или едноставно колосално глупо ако некој намерно го направил ова. Но најбезвезе е што вака си стои проблемот со години а нели као нешто имаме надлежни институции.
За овој проблем можат научни трудови да се испишат на форумов, во суштина проблемот лежи во тоа што се користел Хрватскиот layout (кој па се базирал на Германскиот стандард) за ISO стандардизираниот распоред на тастери (краткиот Enter тастер што е рапослан на два реда, и пократкиот лев Shift со дополнително копче меѓу него и латиничното Y во случајот со DE layout-от) кога се аплицирало во ISO за стандардизација на Македонскиот layout на стандардните тастатури во тоа време (ANSI или ISO).
Според мене ANSI layout-от на тастери веројатно повеќе би одговарал за нашиот рапоред и некој meshup помеќу Colemak (QWERTY базиран распоред на букви) и JCUKEN (Кириличен руски распоред на букви). На оваа Wiki страна подоле ќе го најдете македонскиот распоред на ANSI layout, во суштина адаптиран од српскиот распоред, симптоматично е дека само македонскиот, српскиот и украинскиот се на ANSI сите други кирилични се на ISO layout.
Грешките во чекори се многукратни пред се дека во тоа време (после втора светска војна) кога се формирал ISO други на федерално ниво одлучувале. Најверојатно во тоа време и не сме имале доволно обучени експерти или нивниот глас не се слушал, се носеле брзоплети и неадекватни одлуки.
Истото беше долго време со MAK C Times и MAK C Swiss фонтовите, дур не се одважија институциите кај нас да се изработат и употребуваат фонтовите StobiSerif и StobiSans. Проблемот до некаде лежи и во кодната табела UTF-8 каде со време не сме издејствувале поунифицирано присуство на нашите симболи за кириличните букви, и каде во голема мера некои букви се базирани на не соодветни симболи (пред се мислам на малите букви во курзив {читај Italic} и нивниот приказ во стандардизирани фонтови како Arial, Times New Roman: ш,т,г,ѓ,ќ) поблиски до Бугарската, Руската или Српската азбука и со тоа го губат посебниот карактер. Сега со StobiSerif и StobiSans тоа во голема мерка е корегирано но не é се целосно отстрането.

Затоа дур можете користете го правописниот ракопис затоа што како напредуваат младиве генерации, ништо чудно и комплетно кирилицата да ни отпадне од употреба во блиска или далечна иднина. :cry:
 
gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,380
681
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Проблемот до некаде лежи и во кодната табела UTF-8 каде со време не сме издејствувале поунифицирано присуство на нашите симболи за кириличните букви, и каде во голема мера некои букви се базирани на не соодветни симболи (пред се мислам на малите букви во курзив {читај Italic} и нивниот приказ во стандардизирани фонтови како Arial, Times New Roman: ш,т,г,ѓ,ќ) поблиски до Бугарската, Руската или Српската азбука и со тоа го губат посебниот карактер. Сега со StobiSerif и StobiSans тоа во голема мерка е корегирано но не é се целосно отстрането.
не е точно дека е проблемот во Unicode (utf-8 е само encoding за Unicode).

TTF/OTF форматот дозволува locale на glyph-овите, така што ако апликацијата оцени дека содржината која ја читаш е на македонски јазик, ќе ја исцрта со македонското locale од фонтот. Ова сигурно работи во Libreoffice и Firefox од последен пат кога имам пробано, со DejaVu фонтовите кои имаат различни locale-иња во фонтовите. на пр. во html страните може да се стави атрибут lang=mk и за Firefox тоа е доволно. пример: <html lang="mk">.

Македонска italic кирилица ова го имам напишано пред 10тина година можда и повеќе.
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
116
272
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
не е точно дека е проблемот во Unicode (utf-8 е само encoding за Unicode).

TTF/OTF форматот дозволува locale на glyph-овите, така што ако апликацијата оцени дека содржината која ја читаш е на македонски јазик, ќе ја исцрта со македонското locale од фонтот. Ова сигурно работи во Libreoffice и Firefox од последен пат кога имам пробано, со DejaVu фонтовите кои имаат различни locale-иња во фонтовите. на пр. во html страните може да се стави атрибут lang=mk и за Firefox тоа е доволно. пример: <html lang="mk">.

Македонска italic кирилица ова го имам напишано пред 10тина година можда и повеќе.
Јас последен пат кога спремав дизајн на текстови за принт (пред 13-15 години), знам дека за дизајн на логотипови често се случување да морам да исцртувам од 0 векторски форми на кирилични варијанти на логотиповите затоа што ги немаше во ниеден фонт соодветните форми на буквите. Само се молевме да не дојде некој со логотип во ракописна форма. o_O
 
TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,168
1,948
Затоа дур можете користете го правописниот ракопис затоа што како напредуваат младиве генерации, ништо чудно и комплетно кирилицата да ни отпадне од употреба во блиска или далечна иднина. :cry:
Па од моја генерација више и никој не користи кирилица. Ми се стемнува на фејсбук кога ќе бидам дека пишуваат цели статии и објави на латиница.

Искрено, ако веќе се иде на латиница, треба да имаме официјална кодифицирана латиница што ќе може да се користи за секојдневна комуникација. Знам дека во основно, во прво одделение се изучуваше македонската латиница. Но, таа не е официјална азбука.

Вака многу неписмени ми делуваат луѓево коа ги читам. "Brat, so pravis ? He he si si kupil graficka a ne castish ehehhe".

институциите кај нас да се изработат и употребуваат фонтовите StobiSerif и StobiSans
Може нешто више околу овие фонтови? Каде може да се симнат?

Баш ме интересира дали воопшто владата ги користи или се работи само за уште еден пропаднат проект?
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,581
2,913
Може нешто више околу овие фонтови? Каде може да се симнат?

Баш ме интересира дали воопшто владата ги користи или се работи само за уште еден пропаднат проект?
121098941_3554938044563359_5257453458102835860_o.jpg

Ова е со тој фонт и многу други работи. А ги имам видено во употреба и во други ситуации.

Само фонтовите немаат врска со темава.
 
Последна промена:

Enquito

On your way to fame
8 август 2017
1,402
844
Па од моја генерација више и никој не користи кирилица. Ми се стемнува на фејсбук кога ќе бидам дека пишуваат цели статии и објави на латиница.

Искрено, ако веќе се иде на латиница, треба да имаме официјална кодифицирана латиница што ќе може да се користи за секојдневна комуникација. Знам дека во основно, во прво одделение се изучуваше македонската латиница. Но, таа не е официјална азбука.

Вака многу неписмени ми делуваат луѓево коа ги читам. "Brat, so pravis ? He he si si kupil graficka a ne castish ehehhe".

Може нешто више околу овие фонтови? Каде може да се симнат?

Баш ме интересира дали воопшто владата ги користи или се работи само за уште еден пропаднат проект?
И јас сум за ова, бидејќи ја имаме Гајицата како нели неофицијална, би било убаво да биде во уставот како Македонски јазик и неговото латинично писмо, како што имаат србите на пример. И би било кул да ни овозможат како во Шпанскиот јазик (á,é,í) да имаме посебно копче за акценти, така на пример со притискање на копчето Ќ+Буква може да се стави акцент/дијакритички знак пример Ќ+С=Ш, така се пишуваат акцентите со што се заштедува на букви и остануваат слободни знаците од десната страна на тестатурата а имаш и екстра букви како QWY за пишување на Англиски термини.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,581
2,913
За овој проблем можат научни трудови да се испишат на форумов, во суштина проблемот лежи во тоа што се користел Хрватскиот layout (кој па се базирал на Германскиот стандард) за ISO стандардизираниот распоред на тастери (краткиот Enter тастер што е рапослан на два реда, и пократкиот лев Shift со дополнително копче меѓу него и латиничното Y во случајот со DE layout-от) кога се аплицирало во ISO за стандардизација на Македонскиот layout на стандардните тастатури во тоа време (ANSI или ISO).
Според мене ANSI layout-от на тастери веројатно повеќе би одговарал за нашиот рапоред и некој meshup помеќу Colemak (QWERTY базиран распоред на букви) и JCUKEN (Кириличен руски распоред на букви). На оваа Wiki страна подоле ќе го најдете македонскиот распоред на ANSI layout, во суштина адаптиран од српскиот распоред, симптоматично е дека само македонскиот, српскиот и украинскиот се на ANSI сите други кирилични се на ISO layout.
Грешките во чекори се многукратни пред се дека во тоа време (после втора светска војна) кога се формирал ISO други на федерално ниво одлучувале. Најверојатно во тоа време и не сме имале доволно обучени експерти или нивниот глас не се слушал, се носеле брзоплети и неадекватни одлуки.
Истото беше долго време со MAK C Times и MAK C Swiss фонтовите, дур не се одважија институциите кај нас да се изработат и употребуваат фонтовите StobiSerif и StobiSans. Проблемот до некаде лежи и во кодната табела UTF-8 каде со време не сме издејствувале поунифицирано присуство на нашите симболи за кириличните букви, и каде во голема мера некои букви се базирани на не соодветни симболи (пред се мислам на малите букви во курзив {читај Italic} и нивниот приказ во стандардизирани фонтови како Arial, Times New Roman: ш,т,г,ѓ,ќ) поблиски до Бугарската, Руската или Српската азбука и со тоа го губат посебниот карактер. Сега со StobiSerif и StobiSans тоа во голема мерка е корегирано но не é се целосно отстрането.
Информацииве не ти се баш точни.
Порано постоеше ЈУС, кој главно беше базиран на DIN и ISO и нешто помалку на рускиот ГОСТ. Во рамките на тој стандард, а според ISO беа изработени првите кодни табели за сите југословенски јазици, кои беа седум битни и попознати како YUSCII. Меѓу нив имаше и за македонски на кирилица. Македонска пошта уште го користи.

Тоа е за кодирањето.

Распоредот на копчињата е базиран на QWERTY/Z, зависи од производителот односно увозиникот на машините за пишување. Значи потекнува многу порано од компјутерите и кодните табели.

Во меѓувреме СФРЈ се растури и развојот на овие работи требаше самите ние да ги преземеме. Но колку што имам информации, никоја институција ништо немаше направено. Можеби и грешам за ова, би сакал некој да ме коригира.

Виндоус со верзијата 98 чинам беше, за прв пат воведе македонска поддршка. Значи петнаесет години пред изработката на Стоби кирилица имаа Ариал, Гарамонд, ТНР и ред други. И тогаш требаше да се искоренат сите оние MAC C, Macedonian и слични баждарени фонтови. Но повторно немаше институција што тоа ќе го спроведе и останаа да се влечат до денешен ден. Изработката на Стоби и Скола фонтовите беше добар чекор кон некаков развој на целава ситуација, но за жал остана само на тоа.

Што се однесува до спорните курзивни букви, некаде го читав или слушав токму дизајнерот на овие фонтови дека било поднесено некакво барање до јуникод за вметнување на овие букви како посебни, но било одбиено. Дали барањето било лично негово или заедно со некоја организација, не се сеќавам, но ми се чини дека не беше институционално.
Еве повеќе на таа тема.
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
116
272
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Па од моја генерација више и никој не користи кирилица. Ми се стемнува на фејсбук кога ќе бидам дека пишуваат цели статии и објави на латиница.

Искрено, ако веќе се иде на латиница, треба да имаме официјална кодифицирана латиница што ќе може да се користи за секојдневна комуникација. Знам дека во основно, во прво одделение се изучуваше македонската латиница. Но, таа не е официјална азбука.

Вака многу неписмени ми делуваат луѓево коа ги читам. "Brat, so pravis ? He he si si kupil graficka a ne castish ehehhe".

Може нешто више околу овие фонтови? Каде може да се симнат?

Баш ме интересира дали воопшто владата ги користи или се работи само за уште еден пропаднат проект?
Еве линк до графичките стандарди на Владата и сите министерства
vlada.mk/dizajn

Јас лично можам да ти потврдам дека имам работено на документи за едно министерство и за неколку државни агенции/дирекции во кои мораа да се применат наведените фонтови.
Инаку проектот МАКЕДОНСКИ КИРИЛИЧНИ ФОНТОВИ беше инициран околу 2005~2006, а заврши 2008~2009, беше организиран преку Министерството за Информатичко општество. Во тоа време се сеќавам дека еден од учесниците во тој проект имаше и презентација на факултетот за арт и дизајн на еден од нашиве приватни универзитети (во тоа време предавав на тој факултет). AlexaScript и SKOLA_font_family беа наменети за бесплатна употреба од страна на физичките и правните лица, додека StobiSerif и StobiSans беа првенствено наменети за службена употреба во рамките на државната администрација. Со цел да се стандардизираат документите што се интерно во оптек меѓу државните организации, како и имиџот пред јавноста.
 
Последна промена:

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,168
1,948
Еве линк до графичките стандарди на Владата и сите министерства
vlada.mk/dizajn

Јас лично можам да ти потврдам дека имам работено на документи за едно министерство и за неколку државни аганции/дирекции во кои мораа да се применат наведените фонтови.
Инаку проектот МАКЕДОНСКИ КИРИЛИЧНИ ФОНТОВИ беше инициран околу 2005~2006, а заврши 2008~2009, беше организиран преку Министерството за Информатичко општество. Во тоа време се сеќавам дека еден од учесниците во тој проект имаше и презентација на факултетот за арт и дизајн на еден од нашиве приватни универзитети (во тоа време предавав на тој факултет). AlexaScript и SKOLA_font_family беа наменети за бесплатна употреба од страна на физичките и правните лица, додека StobiSerif и StobiSans беа првенствено наменети за службена употреба во рамките на државната администрација. Со цел да се стандардизираат документите што се интерно во оптек меѓу државните организации, како и имиџот пред јавноста.
Да ми кажел ова некој друг до сега не би му верувал. Dang, зар оваа држава има style guide и сопствени фонтови. o_O :eek:
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
116
272
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Информацииве не ти се баш точни.
Порано постоеше ЈУС, кој главно беше базиран на DIN и ISO и нешто помалку на рускиот ГОСТ. Во рамките на тој стандард, а според ISO беа изработени првите кодни табели за сите југословенски јазици, кои беа седум битни и попознати како YUSCII. Меѓу нив имаше и за македонски на кирилица. Македонска пошта уште го користи.

Тоа е за кодирањето.

Распоредот на копчињата е базиран на QWERTY/Z, зависи од производителот односно увозиникот на машините за пишување. Значи потекнува многу порано од компјутерите и кодните табели.

Во меѓувреме СФРЈ се растури и развојот на овие работи требаше самите ние да ги преземеме. Но колку што имам информации, никоја институција ништо немаше направено. Можеби и грешам за ова, би сакал некој да ме коригира.

Виндоус со верзијата 98 чинам беше, за прв пат воведе македонска поддршка. Значи петнаесет години пред изработката на Стоби кирилица имаа Ариал, Гарамонд, ТНР и ред други. И тогаш требаше да се искоренат сите оние MAC C, Macedonian и слични баждарени фонтови. Но повторно немаше институција што тоа ќе го спроведе и останаа да се влечат до денешен ден. Изработката на Стоби и Скола фонтовите беше добар чекор кон некаков развој на целава ситуација, но за жал остана само на тоа.

Што се однесува до спорните курзивни букви, некаде го читав или слушав токму дизајнерот на овие фонтови дека било поднесено некакво барање до јуникод за вметнување на овие букви како посебни, но било одбиено. Дали барањето било лично негово или заедно со некоја организација, не се сеќавам, но ми се чини дека не беше институционално.
Еве повеќе на таа тема.
Точно JUS ги дефинираше стандардите на ниво на поранешна Југославија, и претежно беа базирани на DIN, ISO и ANSI (American National Standardization Institute организација која е невладина и формирана од индустрискиот сектор во USA, NIST е државната организација која ги пропишува стандардите што се повеќе поврзани со испитувања, лабаратории и други стандарди што се битни за безбедно функционирање на државата). Одтука и YUSCII е базирано на амерканското искуство со ASCII и е креирано по тој урнек. Слајдот што го линкуваше многу убаво ги објаснува проблемите со курзивните симболи на македонската азбука кои опстојуваат до денешен ден заради грешките во чекорите направани уште при првичната стандардизација. На 13-от слајд се гледа убава споредба помеќу МК, БГ, РУ и СР курзивната форма на буквите која не секогаш е запазена при репродукцијата на симболот, а сето тоа зависи од дизајнерот на фонтот. Се сеќавам многу добро на презентацијата во 2009 со еден од дизајнерите и на тој податок дека се иницирало барање за корекција во Unicode, но како и за многу други работи во тоа време изостаната е поддршката од државните институции и целокупниот процес не е изведен.
Инаку еден од најбитните комитети во ISO е ISO/TC 37 Language and terminology, кој ги дефинира основите на термините и дефинициите кои се користат во сите останати ISO стандарди. Во JUS го имаат овој комитет од самото формирање на таа институција во бивша СФРЈ, кај нас Институтот за Стандардизација е формиран околу 2004~2006 и до ден денешен нема формирано идентичен комитет како ISO/TC 37, и затоа сеуште си имаме проблеми со преводи на меѓународните стандарди кај нас. А и во ЕУ се водат според упатствата и стандардите издадени од ISO баш специфично кога станува збор за стандардизирани терминологи и стандардизирање на јазици, линк до нивниот сајт за координација termcoord.eu/terminology-iso-standards/
На крај по се изгледа ќе дочекаме ЕУ да не стандардизира пред да не примат под нивни пазуви. :ROFLMAO:
Мислењето е автоматски споено:

Да ми кажел ова некој друг до сега не би му верувал. Dang, зар оваа држава има style guide и сопствени фонтови. o_O :eek:
Погледни го дата stamp-от „Submitted by Anonymous on Чет, 2019-06-27 10:25“, 2019 требаше ли да дојде за да ги креираат овие графички стандарди (Упатство за користење) за употреба на фонтови што ги креирале 10~12 години претходно. Пред ова упатство имаше само Меморандум (читај наредба) кој беше интерно во оптек во кој беа наведни основните работи кои фонтови да се користат во секојдневната употреба низ државните организации и тој Меморандум прв пат излезе после 5~6 години откако веќе беа пуштени во употреба фонтовите за слободно користење во јавноста. Slowpoko Rodrigez е Brzi Gonzales за нашиве институции.
 
Последна промена:

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,168
1,948
Ти нели графички дизајнер беше? Како ти промакнале овие работи?
Искрнео, претежно сум работел и сеуште работам на Fiverr и Upwork - па ретко пратам што се случува кај нас, ептен ако ми залута некоја објава во Creative Exchange и толку. Additionaly, ептен сум млад за да знам за ова (сега сум in my early twenties, немам тридсе као во опис на форумов) - па ако овие фонтови излегле во 2007/8 година, ја сум бил преокупиран со играње жмурка, плешање San Andreas и пишување домашни по математика.

Со дизајн почнав да се бавам 2013/14 година, а дури накај 2016 почнав да ги учам основните на дизјанот... Е сега за syle guide-ов што не сум го приметил ваљда е чист ignorance.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,550
Мислења
820,329
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно