• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Црно бела слика S-Video - SCART кабел

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Chinpoko

Intern
27 мај 2007
9
0
Пробувам да го поврзам лаптопот (Со intel 945 графички процесор) кој има S-Video излез (7 пинови) преку S-Video - SCART (4 пинови) кабел на телевизор ама добивам црно бела слика. Читав на интернет дека многу луѓе имале вакви проблеми ама не најдов некое решение.

http://camp0s.altervista.org/sVideo/how_to.htm На сајтов најдов некое решение со прелемување на пиновите ама мојот кабел користи само два пинови (плус два за заземјување) така да не знам што да правам. Знае некој што е проблемот?

П.С. На десктоп компјутерот имам GeForce 4 MX 400 од асус исто така со s-video излез но со 4 пинови и преку него добивам слика со боја. :chudenje:
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Пробај место NTSC видео стандард да го подесиш на PAL-BG преку графичката...
Обично ова е проблемот за црно-бела слика
 
M

Mr.Alien

Гостин
Како што рече DYNAMIC MK....и дали имаш звук, чист ли е или со шуштење?
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Јас кога го поврзував ми се јави истиот проблем. Го сменив кабелот и се убаво си проработи.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Chinpoko

Intern
27 мај 2007
9
0
Пробај место NTSC видео стандард да го подесиш на PAL-BG преку графичката...
Обично ова е проблемот за црно-бела слика
Тоа беше првото нешто што го направив и не е тоа проблемот.

Како што рече DYNAMIC MK....и дали имаш звук, чист ли е или со шуштење?
Колку што знам S-Video стандардот не пренесува звук, само видео. Така да немам звук на телевизор. Како и да е, дури и да пренесува и аудио напишав дека кабелот користи само 4 пинови од scart-ot кои сигурно се само за видео сигналот. Уствари мислам дека тука е и проблемот бидејќи излезот на лаптопот е со 7 излези додека на десктоп компјутерот со 4 излези и има боја, ама не сум сигурен, затоа и ја отворив темава. :)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Во право си, S-Video пренесува само слика, не го прочитав внимателно твојот претходен пост, а и се поведов по фактот дека кај NTSC звукот шушти...Sry.

За пиновите...1 и 2 се за заземјување, 3 е за интензитет и 4 е за боја.
Седумпинските приклучоци се компатибилни со четирипинските бидејќи распоредот на пиновите 1, 2, 3 и 4 е потполно ист, како и нивната намена. Пиновите од 5 до 7 носат композитен видео сигнал.
Од ова може да се заклучи дека проблемот може да ти лежи и во самиот кабел, но...
Со оглед дека од десктопот добиваш колор слика (претпоставувам со истиот кабел), провери ги "подешавките" во драјверите, делот за видео излез.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Некаде прочитав дека некои кабли (што се продавале во Европа) едноставно давале црно-бела слика и дека е потребен друг вид на кабел за да добиеш колор сигнал, затоа многу е важно да кажеш дали си го користел истиот кабел :)

Друга работа, што ја прочитав (и која посакувам да ти го реши проблемот, бидејќи е многу едноставна) е дека во BIOS на лаптопот би требало да има сетинзи за сигналот да го направиш од NTSC на PAL. (Погоре прочитав, за сетирање преку сетинзи на графичка, пробај и преку BIOS, you never know :D)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Да, видиш, арно ме потсети....има опција за конфигурирање на видео излезот во БИОС-от.
Ladies and Gentlemans - Master Andrijeski!!! :zhurka::rakopleskanje:.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
И уште нешто.. Дали го проба ова решение овде: http://www.camp0s.com/pc_related/svideo/how_to_solderless.php ? Ми делува поедноставно (нема лемење)

Многумина имале ист/сличен проблем :) Те молам извести не што си направил

Исто така, слично решение има и овде, ама само со една жичка: http://www.chinastillcool.co.uk/solutions/SVIDSCART/directfix.html

Според тоа решение таму, на излезот, со тенка жичка треба да ги споиш Pin 3 (Intensity) и Pin 4 Colour.


(Линковите ги најдов на Википедија во References овде: http://en.wikipedia.org/wiki/S-Video)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Chinpoko

Intern
27 мај 2007
9
0
Конечно добив боја. :)

Го користев методот на поврзување пин 1 со пин 2 и пин 3 со пин 4. Место да се замарам со жички ги залемив. Тоа е тоа.

Фала за помошта. :bye1:
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Конечно добив боја. :)

Го користев методот на поврзување пин 1 со пин 2 и пин 3 со пин 4. Место да се замарам со жички ги залемив. Тоа е тоа.

Фала за помошта. :bye1:
Баш ми е мило што среди и што ни кажа кој начин го користеше. Сигурно ќе затреба на некого во иднина :bravo:
 

Angel

Intern
21 април 2007
314
28
S-Video

S-Video kabelot koristi poseben noasc na boja, a poseben na svetlost(osvetlenost na slikata). Zatoa i ti si dobival crno bela slika. Ne si imal nosac na boja (posebna zica). Scart priklucocite kaj nas se od pazar:) pa cesto nemaat most za da na televizorot dobiesh slika vo boja. Jas eden takov obicen od Shvedska plativ 100 evra. Znaci reshenieto e ili prelemuvanje, ili vo podesuvanjeto na grafickata da podesish izlezot da ne se deli na boja i svetlost tuku da odi vo edno (kompoziten). Toa e najednostavno reshenie.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,506
Мислења
822,121
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно