PC_GAMER
Gaining Experience
- 16 јуни 2017
- 422
- 356
Потребна ми е експертиза од сите Вас кои сте подобро упатени. Гуглав на Интернет, меѓутоа не најдов поконкретни одговори и можни решенија. Затоа се одлучив да создадам тема на овој дел од форумов.
Имам Intel Core 2 Quad Q6600 (верзија B3) и потребен ми е поефикасен ладилник за него. Немам намера да го оверклокувам, но затоа, пак, сакам одлично да лади бидејќи по спецификации забележав дека е TDP 105W. При гуглање на Интернет, единствено забележав дека Cooler Master Hyper 212 EVO е една од можните опции, но сепак не сум доволно сигурен дали ќе може да одговори на потребите на овој процесор. На некои други странски форуми забележав дека го нудат како алтернатива некој си Cryorig H7, но и за него прочитав дека фалинка, а тоа е дека нема бракет за LGA 775.
Згора на тоа, имам стандардно ATX куќиште од 2008-ма и не знам дали воопшто може кој било ладилник со подолги димензии од (од прилика) 10-тина сантиметри да се вметне во него.
Ако имате некој друг предлог во врска со ова слободно наведете.
п.с. Претходно користев сток ладилник (оние кои одат заедно со процесорите во пакување) за на крајот да ми се стопи матичната.