• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Corel Photo Paint

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Ме интересира ваше мислење за програмов.

Јас го користам уште од верзија 4..можда 10 години веќе и баш знам да го работам. Има доволно опции зад а направиш се и сешто (не ми притребало да правам од „крава“ - жена ко на клипот што беше постиран иако можда и тоа може) и се работи за професионален програм.

Најмногу се држам до него бидејќи е компатибилен со Draw и многу е згодно што е сличен интерфејсот (ист произвдител) плус многу поинтуитивен ми е од PhotoShop.

Е сега „проблемот“ е што овој програм не е толку популарен во однос на PhotoShop и кога ќе спомнеш дека преферираш да работиш во него ти прават фаца некои работодавци (пошто немаат и онака појма од графика општо, само нешто чуле) или „дечишта“ кои работеле 3 недели со Adobe и ми кажуваат дека они се hardcore :)

Ставови?
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Јас прво го научив CorelDraw кој многу го користев, па навикнат на интерфејсот го користев и photopaint се додека не ми затребаат по напредни ствари и го научив photoshop. Е дури тогаш видов колкава ОГРОМНА разлика има во квалитет. Дури и истите ствари да ги правиш со двете апликации, photoshop е многу „поинтелигентен“ кога се работи за пиксели.
 

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
260
104
Не се занимавам професионално со графика, но мислам дека комбинацијата на двете програми да донесат подобри резултати. Мислам дека одредени функции подобро работат на Photo-Paint а некои на Photoshop.
 

vandalko

Intern
12 декември 2007
110
0
Ја да речеме дека се занимавам по нешто така со графика кога има потреба нешто да правам за некој конкурс или сл. али според мене photo paint e ok али ако сакаш да работеш како што треба photoshop е бољи пошо има повеќе глупости шо требат,а у photo paint ги нема.....Али ако склопат еден програм со сите работи од Photoshop и Corel Draw тоа ќе биде гром... ако се случе тоа некогаш
 

GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
Што има разлика помеѓу Corel Draw и Corel Photo Paint оти јас само во Corel Draw сум работел ???
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Што има разлика помеѓу Corel Draw и Corel Photo Paint оти јас само во Corel Draw сум работел ???
Corel photo paint е дел од Corel draw барем кај мене така беше на компјутер.Значи се пали Corel Draw а после тоа се бира corel photo paint.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Што има разлика помеѓу Corel Draw и Corel Photo Paint оти јас само во Corel Draw сум работел ???
Разликата е во тоа што Corel Draw е за векторска графика, а PhotoPaint е за растерска. Колку ме свати незнам.:)

@COMMANDER
Да не си случајно грешка? Кај мене PhotoPaint го стартува посебно од Draw. Додуша можи да е и различна верзија.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Разликата е во тоа што Corel Draw е за векторска графика, а PhotoPaint е за растерска. Колку ме свати незнам.:)

@COMMANDER
Да не си случајно грешка? Кај мене PhotoPaint го стартува посебно од Draw. Додуша можи да е и различна верзија.
Моја грешка vik, во еден фолдер се и посебно се стартуваат.
 

SurpAphicS

Intern
26 август 2007
32
2
Ме интересира ваше мислење за програмов.

Јас го користам уште од верзија 4..можда 10 години веќе и баш знам да го работам. Има доволно опции зад а направиш се и сешто (не ми притребало да правам од „крава“ - жена ко на клипот што беше постиран иако можда и тоа може) и се работи за професионален програм.

Најмногу се држам до него бидејќи е компатибилен со Draw и многу е згодно што е сличен интерфејсот (ист произвдител) плус многу поинтуитивен ми е од PhotoShop.

Е сега „проблемот“ е што овој програм не е толку популарен во однос на PhotoShop и кога ќе спомнеш дека преферираш да работиш во него ти прават фаца некои работодавци (пошто немаат и онака појма од графика општо, само нешто чуле) или „дечишта“ кои работеле 3 недели со Adobe и ми кажуваат дека они се hardcore :)

Ставови?

За да работиш Graphica треба да си креативен и уметник а не е толку битен software-от пошо горе долу истите алгоритми (опции) или алатки како сакаш ги нудат и Corel Photo Paint и Photoshop само што Corel Photo Paint нечини за обработка за print design затоа што не дава реални нианси на бои, ако си заприметил на export од Corel Photo Paint во Photoshop различни се ниансите, а она што ќе излезе на хартија е далеку поблиску до Photoshop
 

SurpAphicS

Intern
26 август 2007
32
2
Што има разлика помеѓу Corel Draw и Corel Photo Paint оти јас само во Corel Draw сум работел ???

Corel Draw - Векторска GRAPHICA
Corel Photo Paint - Растерска GRAPHICA

Векторската GRAPHICA се запишува во меморија со математички формули (геометрија) поточно со интеграли, и колку и да го зголемуваш или намалуваш објектот големината на file-от што на крај ќе го снимиш нема да се промени освен ако не ја сменисх геометријата (пр. да доцрташ уште една права)

А Растерска GRAPHICA се запишува во меморија така што секој pixel има неколку вредности за неговата нианса на боја или RGB така што file-от на растерска слика е еден text file од полно вакви вредности редоследно за секој pixel и што повеќе ја зголемуваш сликата во димензии тоа поголем ќе биде file-от затоа што ќе се креираат многу нови pixeli
 

Wizardion

Intern
2 март 2008
111
1
Лично за мене Corel е подобар од Photoshop... Дури и полесен за сфакање.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Разликата меѓу корел и фотошоп е што во фотошоп се работи со layers а во корел не се работи со layers
 

SurpAphicS

Intern
26 август 2007
32
2
Разликата меѓу корел и фотошоп е што во фотошоп се работи со layers а во корел не се работи со layers
Разлоката е само во тоа што изгледа ти незнаеш да ги користиш во Corel Layer-ите кои само поинаку се викаат Objects и кои имаат ПОТПОЛНО ИСТА функција
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Dude ок тука сум за да научам, не сум го користел corel многу (најмногу 1 месец) и се откажав затоа што не знаев да го работам нај нај.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Интересни размислувања. Toчно дека Photoshop е многу попознат...и сите што го имаат инсталирано мислат дека знаат да го работат :)

Неколку забелешки. Корел има вграден систем за корекција на бои, кој треба да го калибрираш за да работи како што треба со твојата опрема. И функционира на ниво на Корел. Кај Адобе имаат некој друг систем на ниво на цел ОС.. (така беше)...така да во заблуда сте дека нема таква опција..од искуство, колку и да се трудиш ако сакаш да поминеш кај поефтин печатар..тој ќе ти ги зезне боите дури првиот примерок и последниот ќе бидат сосема поразлични :D

Во Корел ги има истите опции како и во Фотошоп само што се со различни имиња и за истите работи треба да ги направиш на поинаков начин. ОК, може за некои е полесно во едниот или другиот.

Целата тема ја започнав пошто има многу луѓе кои со потценување гледаат на Корел производите (и за векторска и за растерска графика)...и сега кога барам работа гледам извичници на некои фаци..иако можеби се пристрасни.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,550
Мислења
820,331
Членови
28,213
Најнов член
vanadi
На врв Дно