• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Copy/Cut и Paste не работат!

  • Ја почнал/а темата
  • #1

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Не знам што му станало на компјутеров. Не бев дома 3 дена и сега кога се вратив не работат Copy/Cut и Paste. Не можам да ископирам никаков фајл/директориум. Drag and Drop работи, ама ова другово никао. Некој чаре?
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
А дали ти работаат овие опции преку shortcut-ите од тастатура: Ctrl+X, Ctrl+C и Ctrl+V?
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Најпрво не знам дали си пробал со System restore и дали провери дали си закачил некој малициозен софтвер. Ок. Претпоставувам дека не си закачил вирус или нешто слично.

Провери дали проблемов има врска со накоја апликација која има ограничување за Windows Clipboard. За да го провериш......

Симни го GetOpenClipboardWindow.zip од тука:
http://windowsxp.mvps.org/temp/GetOpenClipboardWindow.zip

Стартувај ја алатката и провери го рапортот.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Го имам видено ова чудо, само што кај мојот случај само copy/cut и paste не работеа, а drag'n'drop работеше. На крај констатирав дека кај другарчето имаше вирус само не ми текнува што вирус беше.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
И кај мене работи Drag 'n drop. Друго чудно што ми се појави е кога ќе стиснам Alt+Shift ми се јавува прозорче каде ми вика дека сум стиснал Аlt+shift+PrintScreen и ми вика некој контраст да подесам. Ме нервираше па му направив дисејбл.
Пробав и со System Restore и пак е исто :(

Друго, во Run кога ќе пишам clipbrd (oтварање на клипбордот) ми се појавува прозорец и цело време трепка. Стиснав delete - да го исчисти, ама пак е исто... мислам дека е тука зезнато нешто...
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
мислам дека е тука зезнато нешто...
Хмзз.. Изгледа зезнато е и тоа бајаги..

Според промените што ти се дешаваат, се повеќе ми наликува на тоа дека целата гужва ти ја прави некој малициозен софтвер..

Рачно подешавање и исправување на грешките сеуште немам видено.. Така да, моја препорака е еден фул скан.

1. Што анти-вирус/спајвер користиш?

Ако веќе го немаш, како и секогаш го препорачувам BitDefender, и, иако сумљам дека тука е спајвер во прашање. сепак.. Ништо не губиш.. Скенирај со Ad-Aware, и по можност уште еден скан со Spybot - Search & Destroy.

Обиди се со ова..
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Користам Nod32 2.7 full, SpywareBlaster и Spybot S&D. Искенирав се, прегледав неколку пати hijackthis логови и нема ништо сомнително. Пробав и со систем ристор и не го поправа.

Него... има и други чудни работи. Не работи alt+tab. Ми се појавува за дел од секунда и го снемува. Друго, пишував маил преку Мозила Тандербрд и направив копи на еден линк и кога стиснав paste во Тандербрд-от ми пастираше скриншот :)

Којзнае каде и што стискал татко ми :)))
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Ај пробај во Safe Mode дали ќе сакаат.
Ако таму сака е до некој спајвер, ако не тогаш е до Windows
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Пробав и еве моментално уште пробувам.

Прво пробав со repair. Откако си ги ископира фајловите што му требаа, нели прави рестарт и се појавува оној wizard-от и вика 39 minutes remaining. Е тука заглавува. Останува така и не мрда. Истото се дешава и со reinstall.

Ме зачуди што при обидите да преинсталирам, еднаш ми јави порака дека партицијата не може да се форматира, а другиот пат ми даде плав екран. Се исплашив и почнав едно по едно. Тестирав меморија - се е ок. Го оставив цела ноќ HDD-то на HDD Regenerator и не најде ниедна грешка (bad sector). Сега сабајлево пробав пак да инсталирам и пак истото - се кочи на wizard-ot на почеток.

Мислев да не е до CD-ромот, па сменив уред. Исто. Сменив и CD - исто.

Ќе го акнам од земја!


еdit: Еве го после 40 минути цупкање во место тргна. Почна да се пуни тоа прогрес барот. Сега е на 36 минути. :glavaodzd:
Прв пат ми се случува вака... чудно...
 

Miksa2007

Intern
15 октомври 2007
112
1
И кај мене беше истото, јас се сомневав на процесот FHU.exe кој незнам од кај се најде на мојата машина.

Иначе AV не го најде, а со спајдоктор ништо побитно не откри. Рестартирав и сега за сега копирањето е ОК пак, мада мислам дека од некој тројан е ова. Добивам и друга грешка во врска со некој диск која не можам за сега да ја тргнам, а проберив се е ОК со дисковите.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Јог заглавува... и со нов хард диск, друга меморија. Мислам дека е плочата. Сега ќе пробам со друго напојување (иако моето одлично и со друг процесор. УПМ... сега ли најде... како што се преполовени во СЕТ ќе ги чекам 2 недели за замена :(
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Да го извадиш тввојот хард диск, да го ставиш на друг компјутер и таму да форматираш. И после ќе ги вратиш хардот назад на твојот компјутер. Мислам дека ќе ти го реши проблемо ова ако ти е рикната плочата. :))
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Пробав со друг процесор и напојување и се помина ок :) Си ги вратив стариот процесор и напојување и сега работи ок :) Немам појма што е. Напојувањето не е сигурно :) Останува процесорот, но чудни симптоми ми се тоа ....
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,529
Мислења
822,643
Членови
28,052
Најнов член
Ttifun
На врв Дно