• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Cooler za procesor

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Angel

Intern
21 април 2007
314
28
Koj moze neka napishe preporaka za dobar cooler za Intel P4 na 2.66 za socket 478, ako bi mozel da se fati na Abit IC7-G zatoa shto plocata ima nekoj specificen slot za coolerot.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Купи си оргинал Intel кулер. Би ти препорачал ако можеш да најдеш некој од box верзија.
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Mislam deka ednostavno kupuvanje na saglam ventilatorce ke ti zavrsi rabota, zatoa sto pasivnoto ladenje ne moras da go menuvas.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Не се сложувам. Колку и да е добар вентилаторот, не може да ги елиминира во целост слабостите на лошиот пасивен ладилник. Бакарот е далеку поефикасен од алуминиумот, тоа е факт, како што е факт дека е и далеку поскап.
Но, разлики има и помеѓу пасивните ладилници изработени од алуминиум. Тука релевантен фактор пред се е дебелината на ребрата, потоа нивниот профил, висина. Понатаму, не е исто кога вентилаторот се наоѓа над ребрата и кога е во средината, а ребрата се поставени странично.
Постојат и алуминиумски ладилници на кои основата им е од бакар.
Што се однесува до проблемот на Angel....решението не е баш најефтино, но секако дека е ефикасно. Едноставно, пазари некој кулер од пореномиран производител (Cooler Master, GlacialTech, Spire, Zalman, Thermaltake), но притоа води сметка плочките за монтажа (кои се составен дел од комплетот) според големината и распоредот на дупчињата да одговараат на отворите на плочата, кои ѓе се појават кога ќе го демонтираш пластичниот слот за монтажа на стандардниот кулер, слот кој е составен дел на матичната плоча, а се демонтира многу лесно. Или најди соодветен кулер кој пасува на овој слот (и кај горе наведените производители има такви модели), а кои во секој случај е се поефикасни од Intel-овото решение. А и не се многу скапи. Ако си од Скопје, побарај во НИКО, РИВЕРСОФТ, АНХОЧ, АМЦ, СЕТ, МП.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Angel

Intern
21 април 2007
314
28
Mojot problem e vo toa shto jas probav i so CoolerMaster i so Zallman megutoa i dvata ne pasuvaa ubavo na procesorot i ne ladea dobro. Zatoa i navedov maticna ploca ako nekoj znae koj cooler pasuva meka pishe.
 

taranenik

Intern
12 јуни 2007
555
13
ako sakas da zaboravis koga si smenil posleden pat kuler za cpu i ako imas dobar buget zami si NOCTUA NH-U 9F Sockel Cooler,Passiv, 4 Dualheatpipes, 8-9cm Fan i kraj na prikaznata...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

Angel

Intern
21 април 2007
314
28
Ne e specificen slot. Slotot e standarden za socket 478. Megutoa rasporedot na kondezatorite i ostanatata elektronika okolu procesorot e specificna i od 10 tina kuleri shto probav, nitu eden ne se smesti ubavo vo prazninata. A ne mi treba obicen kuler i prost ventilator, tuku neshto pogolemo, zatoa shto vo najgolem del procesorot mi e so 90% opteretuvanje.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Mojot problem e vo toa shto jas probav i so CoolerMaster i so Zallman megutoa i dvata ne pasuvaa ubavo na procesorot i ne ladea dobro. Zatoa i navedov maticna ploca ako nekoj znae koj cooler pasuva meka pishe.
Токму за тоа и ти зборувам. Плочите со Socket 478 имаат околу самиот socket (лежиштето за процесорот) една ружна, никаква, одвратна црна рамка. За неа ти велев дека лесно се демонтира, па после тоа можеш да ставиш некој модел од горенаведените кулери кои имаат универзални....хм...механизми, да ги наречам (имаат плочки, лимчиња, стегички) за монтажа директно на матичната плоча. Измери го само растојанието меѓу дупчињата кои ќе се појават на плочата по неговото отстранување, и спореди со плочките од кулерот кој сакаш да го пазариш. Но, не се секирај, растојанието помеѓу дупчињата нема да бидат проблем, бидејќи овие и вакви кулери се предвидени токму за монтажа на плочи како за Intel така и за AMD, се разбира.
Единствен проблем може да бидат кондензаторите од фазите на напојувањето. Ако се преблизу до socket-от, некои кулери може да не пасуваат.
И ќе повторам - постојат кулери наменети за одвратната ружна црна рамка, од попознати производители (види мој претходен пост), кои се поквалитетни од Intel-овото решение.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Ne e specificen slot. Slotot e standarden za socket 478. Megutoa rasporedot na kondezatorite i ostanatata elektronika okolu procesorot e specificna i od 10 tina kuleri shto probav, nitu eden ne se smesti ubavo vo prazninata. A ne mi treba obicen kuler i prost ventilator, tuku neshto pogolemo, zatoa shto vo najgolem del procesorot mi e so 90% opteretuvanje.
90% поради работа со апликации/игри? Ако е тоа во прашање, ОК. Ако не, може да е во прашање вирус или сервиси активни во позадина (резултат од инсталација на некој програм/игра).
 

taranenik

Intern
12 јуни 2007
555
13
go iima vo JVSNet NH-U 9F Sockel Cooler,Passiv, 4 Dualheatpipes, 8-9cm Fan
cenata e 3257 den so ddv
eve ti i link da gi vidis specifikaciite
h**p://www.noctua.at/main.php?show=productview&setlng=en&products_id=10
 

Password

Intern
10 април 2007
393
9
Ме мрзи да пишувам нов топик па овде ќе го напишам мојот проблем се надевам нема проблем, на иста тема е :). На РС-то имам cooler master cooler и немам регулатор на RPM, а на овие горештини процесоров ми е околу 70°C и сакам да зголемам RPM на cooler-от. Во биосот нема никаква опција, само пишува дека coolerot поддржува 6000 RPM а мене ми е на 2400. Дали постои некој software или тоа се прави само рачно? Поздрав
 
M

Mr.Alien

Гостин
Белки под рачно не мислиш на вртење со прст? Браво, ако на тој начин постигнеш барем 1.000 вртежи :)) .
Шала на страна.
Има софтвери, на пример SpeedFan, кој е бесплатен (http://www.majorgeeks.com/download337.html). Одлична алатка, со мноштво опции и многу лесна за користење.
Во БИОС-от мора да има опција за регулација на брзината на вртење на вентилаторот на кулерот на процесорот. Најчесто се наоѓа во подменито за мониторинг на процесорот, односно каде што се подесува неговиот работен напон, магистралата и т.н.
Тоа сепак варира од плоча до плоча, т.е. од БИОС до БИОС.
Наведи кој модел на плоча го имаш, и веднаш ќе го решиме проблемот.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Секако, провери и дали ти се чисти ребрата од пасивниот дел на кулерот. Ако има насобрано прашина, скрама, прљавштина, и 6.000 rpm ќе ти бидат малку. Во овој случај, зачисти го. И секако, провери ја термалната паста, и по потреба замени ја.
Погледни
http://it.com.mk/forum/showthread.php?t=437
Поздрав, и пиши.
 

efto

Gaining Experience
19 април 2007
302
259
Се двоумам помеѓу NOCTUA NH-U 9F (од JVS Net) и Asus Silent Knight (од SET). Некој да ми помогне околу оваа дилема?
И дајте некоја од тие „дилерските“ цени... :)
 

efto

Gaining Experience
19 април 2007
302
259
Дилемата е решена. Си купив NOCTUA NH-U9F, ама уште не сум го монтирал. Кога ќе го пробам ќе пренесам впечатоци.
 

efto

Gaining Experience
19 април 2007
302
259
Првиот впечаток е многу задоволителен. За разлика од BOX вентилаторот кој некогаш достигаше 4000 RPM, Noctua-та работи на многу тивки 1200-1600 RPM.
Ќе пробам да го премонтирам, (мислам дека ставив многу паста), па да видам дали температурата ќе се намали за уште некој степен.
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
ќе морам и јас да менувам кулер мојот константно си работи на 6000 обртаи ко фен да имам пуштено
 

somun

Intern
19 јули 2007
55
0
Ме мрзи да пишувам нов топик па овде ќе го напишам мојот проблем се надевам нема проблем, на иста тема е :). На РС-то имам cooler master cooler и немам регулатор на RPM, а на овие горештини процесоров ми е околу 70°C и сакам да зголемам RPM на cooler-от. Во биосот нема никаква опција, само пишува дека coolerot поддржува 6000 RPM а мене ми е на 2400. Дали постои некој software или тоа се прави само рачно? Поздрав
Можеш и следново да го направиш. Освен чистење на ребрата и кулерот можеш да удриш и детално чистење на кулерот на допирната страна со процесорот. Со тек на време алуминумот и бакарот фаќаат еден вид изолација , потемнуваат особено на места кај што греат. Исчисти ја старата термална паста и земи најситна водена шмиргла. Извади го вентилаторот да ни ти влезе вода у роторот. Стави ја шмирглата на тврда подлога и убаво зашмирглај го долниот дел на алуминиумот или бакарот. Светни го убаво, али немој со крупна шмиргла ќе ти направи бразди на ладилникот. Потоа очисти го, стави нова термална паста и со здравје да си гористиш. Ти гарантирам 5-10c пониска температура на процесорот. :muahaha:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,581
Мислења
823,895
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно