• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

codefu

  • Ја почнал/а темата
  • #1

loverboy

Intern
6 февруари 2008
147
11
Значи во неделата заврши codefu.
Final Round Winers

1. Pance Cavkovski
2. Nikola Postolov
3. Ivan Milanov

Инаку јас сум igorkulev, освоив 8 место, но не е лошо бидејќи Java знам 3 дена пред рунда 1, специјално научив за натпреварот. Ке дадам мал коментар за задачите, првата не беше тешка но сепак имаше да се напишат неколку услови и да се разгледаат неколку работи, и за 100 бода требаше добро да се разгледаат сите случаи. Јас имав 50 на таа, имав успешност 99/100 (само на еден ми падна) знам каде ми е грешката. Втората беше интересна задачата. Малку само требаше да се употреби логика на кој начин да се декодидра пораката. Третата ја знаев од порано, Polish notation е познат проблем, но касно ми текна на решението, се користат стрингови, само треба да се внимава на заградите. Во линеарно време се решава. А четвртата е класично динамичко програмирање. Се користи низа од [30][30][30][30]. Значи треба да се најде оптимално решение за секоја од можните комбинации. Само немаше шанси да го напишпам кодот за толку кратко време Значи уште еднаш честитки на Hsilomedus, колегата од електро кој победи во неделата.
Драго ми е што првите тројца победници се од електро http://www.feit.ukim.edu.mk/student/homepage.html
codefu е пример како треба да се организираат натпревари во Македонија. Задачите кои ги дадоа можете да ги видите на http://www.codefu.com.mk
Поздрав :)
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Честито и нека им се множат успесите! :bravo:
 

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
:bravo: loverboy, добро објаснето и баш онака да имаме увид во тоа какви биле задачите и воедно честитки до тебе и до победниците...се надевам дека ќе биде уште поплодна оваа година со натпревари од овој вид.

:bravo:
 

^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
loverboy минатата година зеде прво место на натпреварот по информатика за средните школи, зеде прво место на балканијадата, и требаше да одат незнам каде(потсети ме игор) и замислете не им дадоа визи и не отидоа:ua:
А од друга страна државата ќе се прави голем љубител на информатиката, живи глупости!
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Значи пак докажано најдобри програмери се од електро. :bravo:
па повеќето да... но има големи таленти и на другите факултети..
земи го за пример александар_те од seeu

но да се вратиме на темата...:)
браво @loverboy... само продолжи така
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

loverboy

Intern
6 февруари 2008
147
11
Фала за честитките :)
Да ви се вратат успесите ;-)
Инаку да се надоврзам на Predator. Лани како дел од победниците на македонските натпревари требаше да ја претставувам Македонија на Балканското и Светското Првенство во Информатика (популарно наречено IOI), но поради икс причини не отидовме на Балканијадата, ни кажаа буквално во 5 до дванаесет дека не отидовме, имавме едвај 3 дена подготовки кои не беа баш подготовки во вистинска смисла на зборот.

А сите ние се што сме научиле од програмирање сме научиле од Интернет или од други литератури, но не од училиште. Се сме научиле сами. Не сакам да почнам да зборувам за тоа какви киксови се прават и да обвинувам, но факт е (за мене барем зборам) дека информатика не е да донесеш компјутери и да ги научиш децата да куцаат у word или да прават power point презентации. Тоа може да се научи, тоа е само упатство како да се работи со програма, но за мене вистинската информатика почнува од програмирањето. За да програмираш не ми е потребен компјутер, доволни се само лист и хартија. Програмирањето е областа каде вистинските сили се покажуваат, а во Македонија тоа е на многу слабо ниво, посебно во средните школи. Ова го кажувам како споредба со другите земји.

Вo Бугарија на пример имаат човек кој е платен да ги спрема солидните ученици и државата дава пари да се вклучат тие во соодветни подготовки. Тоа не бара многу финансиски средтва. И Бугарија на минататата Светска Олимпијада освои две злата. Да продолжам со Србија од соседството. Тие се стимулирани со одредена сума на пари за секој медал. На пример ако се освои златен медал се добива 10,000 евра (не ме факајте за збор за парите). Може да се согласите дека има доволно стимул за човек да се ангажира.

Во САД на пример на следниов начин се тренираат учениците за натпревари, има еден веб сајт на кој секој може да се регистрира и ти дава постепено теорија и задачи со кои ги подобруваш знаењата, а најдобрите потоа се селектираат. И јас се спремав на овој сајт, но доцна разбрав за него и не ми бесе поминат цел тренинг, но и понатаму се спремам од него. Само треба да се создадат можности и услови за работа. Тоа не е многу.

А додека не се направат услови...ќе излегуваат по двајца добри програмери секоја година кои научиле се, ќе погодите од каде, од Интернет, ќе освоиме по некоја бронза на 2-3 години, колку да не се заборави името Македонија во статистиките и ќе бегаат младите програмери у странство каде што ќе ги ценат мноооогу повеќе во секој случај. Познавам неколку одлични порграмери кои на Запад (САД) би земале околу 100,000 долари годишно плата, а овде за некоја максимална плата од 1000 евра месечно (овде зборувам за поодличните програмери) прават маѓии со тастатурата.
Кога веќе државата не води сметка за иднината, јас имам некоја идеја да ги пренесам своите искуства (она скромно искуство што го имам) на некој начин, најверојатно преку блог што ќе се случи наскоро. Она што нас не кочи е неинформираноста, буквално. А за мојот факултет, кој иако се вика ФЕИТ, по старо си го викаме електро имам само пофални зборови.

Иако се мачиме на факултет, она што го добиваме е огромно знаење и сега гледам дека сум ја направил вистинската одлука. Не сакам да правам реклама, но ако стварно те интересира нешто можеш да се заангажираш и да го добиеш тоа знаење на факултет. А подготовките за Универзитетски натрпевари, популарно наречен ACM, многу престижно натпреварување, се одвиваат на професионален начин, со ангажирање на професорите (барем така знам, а се надевам дека ќе се уверам и јас оваа година). Ова го кажувам како оправданост на добрите резултати кои се покажани на codefu а и во други прилики.

Поздрав и се надевам наскоро кога ќе имам време ќе го отворам својот блог па ќе можам да им помогнам на многу млади луѓе кои не знаат од каде да почнат а имаат талент, а такви има многу.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Честито на победниците и им посакувам и понатамошни успеси и надвор од земјава. Би сакал да го пофалам и loverboy за кого знам дека е одличен програмер.:bravo:
 

loris

Gaining Experience
7 мај 2007
626
51
Велес - Скопје
Еве уште еден доказ за тоа каде студираат добрите умови во македонија. Двајцата кои имаат 1 и 2 место ми се колеги на Електро или по ново ФЕИТ. Сепак ова не е од образовната програма туку од самите поединци, но сепак мислам дека тие не залудно го избрале овој факултет(за сите што се мислат каде да се запишат на факс еве доказ).:)
Честитки и од мене до сите учесници и секако наградените со 1,2, и 3 место:bravo:
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Во САД на пример на следниов начин се тренираат учениците за натпревари, има еден веб сајт на кој секој може да се регистрира и ти дава постепено теорија и задачи со кои ги подобруваш знаењата, а најдобрите потоа се селектираат.
a moze da go postiras linkot od toj sajt ovde? zvuci dosta korisno
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Повеќе од корисно е.
Дај ако го знајш кажи кој е сајтот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

loverboy

Intern
6 февруари 2008
147
11
Сајтот за спремање по натпревари по информатика, поточно IOI е

http://ace.delos.com/usacogate

Ако имате некоја задача да дискутираме слободно пишете :)

П.С. Ова е само еден сајт. Има многу други.
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,030
450
Не ми е јасно зашто некои кукаат толку. Во Македонија е факт дека ако сакаш да успееш во нешто се треба сам да постигниш. Ако чекаш професорот да ти објасни ќе дочекаш (на пример во основно наставникот немаше завршено информатика туку физика, во средно професорката беше фасцинирана од тоа што го употребив print screen копчето...) Јас не знам да програмирам (повеќе користам Flash, Photoshop...), сакам да научам, но мојот проблем е што не сум на ФЕИТ туку сум на ЕКОНОМСКИ. Деновиве симнав купишта книги за да учам C++ и JAVA ама сепак ми треба некоја литература и на Македонски за да научам како што треба. А за натпреварот, честитки за победниците. Се познавав со второпласираниот Никола Постолов, тој лани беше второпласиран на Codefu за цел Свет, можеби во топ 5 програмерите во Македонија, освојувач на неколку медали од Светските и Балканските олимпијади, првак на Македонија... Но факт е тоа што човекот не е само програмер, има одлични резултати и како математичар. Доколку ти оди добро со бројки, доколку нешто сакаш, сигурно може да го постигниш тоа, а ако чекаш некој професор да ти помогне, јако си се заебал.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
економист е во право

@loris немој да мислиш дека ако ФЕИТ има студенти кои одат на натпревати од другире нема кои знаат.
Едноставно знам неколку колеги на пмф кои многу знаат но не сакаат да се замараат со некакви натпревати :)


честитки loverboy
 

Dekoo

Intern
7 февруари 2008
28
10
Значи во неделата заврши codefu.
Final Round Winers

1. Pance Cavkovski
2. Nikola Postolov
3. Ivan Milanov

Инаку јас сум igorkulev, освоив 8 место, но не е лошо бидејќи Java знам 3 дена пред рунда 1, специјално научив за натпреварот. Ке дадам мал коментар за задачите, првата не беше тешка но сепак имаше да се напишат неколку услови и да се разгледаат неколку работи, и за 100 бода требаше добро да се разгледаат сите случаи. Јас имав 50 на таа, имав успешност 99/100 (само на еден ми падна) знам каде ми е грешката. Втората беше интересна задачата. Малку само требаше да се употреби логика на кој начин да се декодидра пораката. Третата ја знаев од порано, Polish notation е познат проблем, но касно ми текна на решението, се користат стрингови, само треба да се внимава на заградите. Во линеарно време се решава. А четвртата е класично динамичко програмирање. Се користи низа од [30][30][30][30]. Значи треба да се најде оптимално решение за секоја од можните комбинации. Само немаше шанси да го напишпам кодот за толку кратко време Значи уште еднаш честитки на Hsilomedus, колегата од електро кој победи во неделата.
Драго ми е што првите тројца победници се од електро http://www.feit.ukim.edu.mk/student/homepage.html
codefu е пример како треба да се организираат натпревари во Македонија. Задачите кои ги дадоа можете да ги видите на http://www.codefu.com.mk
Поздрав :)


Hehehe :) Go elektro ! Go elektro :)
 

S

pwnz0r1lla
8 март 2007
1,550
52
www.it.com.mk
Chestitki do pobednicite i do tebe loverboy, posle se 8 mesto i ne e taka losho, neli? Zadovolstvo e da imame chel kako tebe na forumot.

Navistina mi se dopadna nachinot na koj beshe izveden celiot proekt/natprevar i navistina treba da pretstavuva primer za narednite vakvi sluchuvanja.

Shto se odnesuva do diskusijata za toa od koj fakultet doagjaat najgolemite umovi navistina nepotrebna generalizacija i glupava identifikacija. Ako nekoj e dobar programer neznachi deka e golem um, i ako studenti od FEIT najchesto gi osvojuvaat prvite mesta na vakvite natprevari neznachi deka se najdobrite vo taa oblast (ushte pomalku deka se najgolemite umovi :) ).

Chestitki ushte ednash do pobednicite.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

loverboy

Intern
6 февруари 2008
147
11
Благодарам за честитките,

мислам дека дискусијава се разви во погрешен правец, јас го ценам мојот факултет, но неблагодарно е да се потценуваат другите факултети. Има одлични програмери насекаде и мој став е дека не треба факултет за да научиш да програмираш. Треба само волја и желба. Природна работа е да сум горд на мојот факултет, но не е добро да се потценува. Познавам многу добри студенти на ПМФ, исто така aleksandar_te е многу добар програмер, а тој е студент на УЈИЕ. Значи наместо да губиме време со водење на дискусијава во погрешен правец, треба да се потрудиме сите ние да постигнеме успеси во нашите полиња на работа и да ги цениме другите се разбира. А тоа дека сите самите сме постигнале се, се согласувам целосно. Ние сме самите кројачи на својата судбина, посебно во нашата земја Македонија каде што сепак е потешко да се успее отколку во други земји.

Голем поздрав од мене, никогаш не ја заборавајте онаа народната "заедно сме посилни".

П.С. Реков дека ќе отворам блог и тоа го сторив па откако ќе досредам некои ситници, ќе почнам да пишувам на различни теми кои ме интересираат :) пред се вештачката интелигенција и опис на алгоритмите кои се користат при решавање проблеми. Истотака ќе ставам за download програми кои ќе ги изработувам овој период. Додека не го направам првиот пост нема да ви го кажам линкот :D

Сите предлози за тоа какви содржини сакате да има на блогот, пред се поврзани со програмирањето и компјутерската наука во целина се добредојдени и овде на форумот и на пп.

Уште еднаш поздрав :)
 

dime

Intern
13 мај 2008
163
3
Bravos Igor, i samo napred so blogo (i davaj toj linkot ajde) :) CodeFu e zakon, a gledam mnogu kompanii vo posledno vreme go imaat istiot trend, da organiziraat natprevari, sto e bas dobro. Bas mi e zal so ne bev u mk za da ucestvuvam..

Toa so olimpijadite kaj nas si e dolgogodisen problem, i natprevaruvacite sekogas sami sme se macele za finansii i slicni raboti. Ali toa ti e Makedonija. U sekoja normalna zemja ti plaka drzavata.. duri Srbija, ko sto si kaza, 12000 evra za zlaten medal, 9000 i 6000 soodvetno za srebren/bronzen, i mnogu jasno deka ke imas pottik da se spremas.

@ekonomist: CodeFu ne e za cel svet tuku samo za Makedonija ;) A Nikola da, super decko, so i da fane masakr prae :)
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,030
450
@ekonomist: CodeFu ne e za cel svet tuku samo za Makedonija ;) A Nikola da, super decko, so i da fane masakr prae :)
Мала грешка беше тоа, Никола Постолов го делеше првото место на Jazoon '07 (првите тројца од CodeFu одат на Jazoon) со уште тројца во светот беше единствен што ги имаше точно решено задачите, само за послабо време од нив. :D
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Дечки имам едно прашање:
Дали CodeFu ке организира натпревар за програмирање и следната година? И дали ке биде во јава?
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
CodeFu според она што јас го знам е натпревар само за јава, и да се организира секоја година.
 

vandalko

Intern
12 декември 2007
110
0
Честитки за учесниците... Со ова само се потврдува дека и во Македонија има "Големи умови", но некои други луѓе со мали умови незнаат да го ценат тоа, па поради ова младите одат во странство каде подобро би ги ценеле нивните знаења. Најверојатно дека и држават треба малку повеќе да се заинтересира за овоа, а не само Цитирам: Владата на РМ го продолжува проектот остваруваме и овозможува еден месец Dial-up интернет бесплатно....:lut2:
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,506
Мислења
822,118
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно