• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Code name P6 ( Pentium Pro 200Mhz – 1997 год)

Lazarko

Practice makes perfect
28 ноември 2017
333
1,123
Добро се сеќавам кога прв пат се сретнав со „Codename P6“. Беше далечната 1998 година, кога во сервисот каде што работев донесоа еден Dell Precision 2100. Паметам дека сите оние со интерес и љубов кон технологијата, се собраа околу машината да и се воодушевуваат.

OIhIENl.jpg


Се надевам дека членовите и читателите на форумот ќе го стават оваа во својот соодветен временски контекст. На пример, јас во тоа време имав еден кутар Cyrix 133 Mhz, со 8 мега рам и со S3 Virge -2mb, односно компјутерите беа сè уште ретки и многу скапи, барем за младич со „плитки“ џебови како моите. Да не зборуваме за компјутерите од класата сервер или работни станици.

Токму заради тоа, од мојот прегреан Cyrix, до овој Dell Precision имаше огромна разлика. Не само поради процесорот – Pentium Pro, туку и поради технологија која тогаш за прв пат ја гледавме во една машина. Паметам дека куќиштето светеше од што беше тазе, а деловите внатре за мене беа една голема мистерија. Уште кога ни кажаа дека чини 8000 USD, ни се сврти во главата и многу внимававме додека работевме со оваа ретка ѕверка.

Ете, од тогаш ми останала желбата, дека еден ден, кога ќе имам можност (на мира) да се навратам на еден „Pentium Pro“. Сакам да му се заблагодарам и на членот @krema , кој во темата „ретро хардвер“ не „обвини“ дека избегнуваме инсталација на “Windows NT 4.0”, па еве и таа неправда да ја исправиме.

pZWTqZz.jpg


1995-та година Интел го претставува Pentium Pro и новата P6 микро-архитектура, со што ненамерно (или со подзамижано око) ни ги „закачи“ и “spectre” “meltdown” пропустите во исто време, а IT технологијата ги откри 23 години подоцна. Освен свежата архитектура, новини кај овој процесор се: Интегрираната „Level II“ кеш меморија, оптимизација за 32 битен код, Super - pipelining, зголемен мемориски бас – со можност да се адресира до 64 GB меморија и секако “speculative execution” – што беше и катализатор на сигурносните пропусти откриени многу подоцна. Секако, со процесорот Интел претставува и нов сокет – Socket 8.

Инаку, процесорите Pentium Pro постојат во 6 варијанти и тоа: 150, 166 (овој е многу редок), 180 и три типови на 200mhz, со 256, 512 и 1024(овој е исто така многу баран) kb кеш меморија.

За среќа и со голема мака јас успеав да најдам еден функционален процесор – проблемот е во тоа што многу ги бараат за вадење/топење злато, па на пазарот достигнуваат некакви глупави цени; иако според мене не вредат повеќе од 5 евра по парче.

Мојот процесор е токму 200Мhz верзијата со 256kb кеш меморија - Pentium Pro 200Mhz SL22V.

jFz3FmF.jpg


Всушност, „круната“ на оваа тема каде се навраќаме на оваа вредна машина, не е самиот процесор „Pentium Pro“, туку можам со сигурност да кажам дека тоа е матичната плоча Intel® Desktop Board VS440FX со 440FX чипсет.

Се работи за плоча со „Natoma“ чипсет, кој има поддршка за Pentium PRO и (она што и мене ме изненади) Pentium II процесори. Во оваа ревизија, како некаква транзиција од Тритон чипсетите па сè до Pentium II чипсетот, се издвојуваат две маани, а тоа е немањето поддршка за SDRAM (поправена во LX чипсетот) и отсуството на AGP слот. Но и покрај се, можете да видите и од сликите дека се работи за неверојатно квалитетна изработка, која и по 22 години работи како и денот кога е произведена.

2Oe3LM5.jpg


Оваа плоча (за која на сајтот на Intel и денес уредно има драјвери и надградби за биос) е вистинска реткост во светот на ретро – хардверот. На ebay достигнува навистина нездрави цени, а јас ја добив на поклон од едни момци во еден институт каде била извадена од Dell или Gateway сервер, па за среќа добрите ретро – Самарјани ја зачувале речиси како нова.

Y2P0Xbb.jpg
J0p2Lm6.jpg

YFaIdCD.jpg

bZKqEoC.jpg

1pbTukd.jpg

OPyeo7z.jpg

Zk3zj3B.jpg

Долго време се мислев, какви компоненти би ја придружувале оваа уникатна машина, па се одлучив за следните:

Matrox Millenium II PCI со 4mb рам. Одлична карта со ненадминати (за времето) 2д перформанси.

HxXm9VS.jpg

tcON1mV.jpg

jrRN1Oa.jpg


3dfx Vooodo 1 – Поради тоа што во машината имам и HDD со Windows 98(покрај NT 4.0), па да се проба Pentium Pro како ќе се носи со игрите од 1995-та до 1998-та.

fDdcgMy.jpg

JLY7nGS.jpg


Awe 64 Value – На местото „звук“ планирав Awe32, но со куќиштето сум лимитиран со должината на картиците, па и оваа сега за сега ќе заврши добра работа.

M3gig2m.jpg


Мрежна 3com - одлична и стабилна:

DLoXeIl.jpg


Оттука преминуваме на посериозни работи. Што би била една верна реинкарнација на Pentium Pro систем без SCSI контролер. Се одлучив за познатиот и добро испробан и стабилен:
Adaptec AHA-2940U2W, SCSI Ultra II, со теоретски трансфер до 80 mb/sec.

lx6DIz4.jpg

oEtFYpj.jpg

L1qz02C.jpg


Како партнер на Адаптекот, го вметнав и единствениот SCSI HDD што го имам во колекцијата. Штета што немам два да ги поставам прописно во еден ретро SCSI-рејд.
Quantum Atlas, 18GB.

AKZfRuG.jpg


Откако деловите се собраа во една целина, следеше потсетување на Windows NT 4.0. инсталација на “Service Pack 6a” итн. Инсталацијата помина во најдобар ред, и за сите компоненти имаше драјвери и добра поддршка. Исто така, Pentium Pro, и покрај информациите од времето дека многу тешко работи со DOS апликации, јас не можев да забележам никаква разлика до оние MMX процесори со Intel TX плочи што сум ги тестирал.

2Z3KwCg.jpg

WF5ruGR.jpg

crsSEsE.jpg


Единствено забележав дека овој компјутер „паѓа“ при стартување на играта “Descent II” од 1996 година. Се друго беше во најдобар ред и прекрасно искуство кое ме врати назад во деновите кога работев за малку пари, играв Warcraft II и се воодушевував на компјутери кои не можев да ги имам.

S4y0Tyk.jpg

tBKVt1C.jpg

e4L4eBH.jpg


Ви благодарам што „отпатувавте“ заедно со мене, да ги преживееме деновите кога „Pentium Pro“ беше новото, возбудливо парче технологија која требаше да ги отвори вратите на подобрата IT иднина.

Лазарко

P.S. Доколку некој има бело куќиште од времето, зачувано и посоодветно за оваа прекрасна машина, замолувам да ми прати приватна порака.
 
Последна промена:

b.a

On your way to fame
9 август 2010
185
583
y2u.be
Прекрасен компјутер, браво за рецензијата.
Сега заприметив дека Voodoo1 е од Skywell, истиот производител на PCB како Magic 3D II. :)
Кои други 3D игри ги проба? Добри се Voodoo1 драјверите на NT?
 

ARMac

Guru
2 октомври 2010
8,182
9,848
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Прекрасен компјутер, браво за рецензијата.
Сега заприметив дека Voodoo1 е од Skywell, истиот производител на PCB како Magic 3D II. :)
Кои други 3D игри ги проба? Добри се Voodoo1 драјверите на NT?

Колку што ме служи паметот не се. Заради NT земав Diamond Stealth III (Savage 4 PRO) па малку добив некоја подршка. Ама кога ќе тестирав перформанси помеѓу NT и 98se со нејзе пак беше небо и земја. Quake III и Unreal Tournament мислам беа актуелни баш тогаш.

Инаку @Lazarko со здравје да го имаш, куќиштето е бомбона. Него не видов колку системски рам има?
 

Lazarko

Practice makes perfect
28 ноември 2017
333
1,123
Колку што ме служи паметот не се. Заради NT земав Diamond Stealth III (Savage 4 PRO) па малку добив некоја подршка. Ама кога ќе тестирав перформанси помеѓу NT и 98se со нејзе пак беше небо и земја. Quake III и Unreal Tournament мислам беа актуелни баш тогаш.

Инаку @Lazarko со здравје да го имаш, куќиштето е бомбона. Него не видов колку системски рам има?

Фала друже, ама куќарката сакам да ја сменам. Инаку има 256 MB ECC Ram, тоа сум узумил да кажам. Туку, во кој оперативен систем беше подобро Quake? Nt или Win98se?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: b.a

Lazarko

Practice makes perfect
28 ноември 2017
333
1,123
Прекрасен компјутер, браво за рецензијата.
Сега заприметив дека Voodoo1 е од Skywell, истиот производител на PCB како Magic 3D II. :)
Кои други 3D игри ги проба? Добри се Voodoo1 драјверите на NT?

Не пробав игри под NT, под 98se ги возев со истата конфигурација минус RAID.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: b.a

b.a

On your way to fame
9 август 2010
185
583
y2u.be
Последните NT драјвери кои ги најдов се Q3CNT 3.01.00 и пишува во Readme дека се компатибилни со Quake3.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,069
Мислења
871,240
Членови
30,405
Најнов член
FenomenX
На врв Дно