1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Code Academy - Macedonia

Дискусија во форумот 'ИТ Сертификација' започната од appleish, 1 Јуни 2019.

  1. appleish

    appleish
    Intern

    19
    49
    21 Мај 2019
    Од официјалниот линк за контакт на нивната страна, во прилог главните (сите имаат позиции и статус до име и презиме, освен главните момче и девојче):
    fasfads.PNG
     
    На tomi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crash

    crash
    Gaining Experience

    82
    137
    6 Декември 2013
    Машко
    Ти докторе сѐ на предавања си научи на факултет, дома не учеше? Браво, браво...

    Што е поентата докторе? Прочитај два поста и почни да плукаш?

    Точно, темата е искуство од Code Academi, и нивна работа е да споделат искуства, а твое е да читаш, ако ти се допаѓа да се запишеш, ако не, никому ништо. Нешто најблиску до реалната слика се добива со што повеќе искуства од истата споделени тука, подеднакво важни, позитивни или негативни.
     
    The-spiki, Gogomk123, humdroid и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,462
    1,904
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Токму ова ми е муабетот. Пред 7-8 години, академиите си ги вредеа парите и беа поисплатливи од факултет (никој не оспорува дека на факултет се учат работи кои на ниедно друго место не можеш да ги научиш, не е тоа поентата).

    Денес се' е "мижи Митре, толумби паѓат", како оваа квази академија и слични на истата (brainster, everest, mirko (овој е посебна прича), etc..), така и академиите кои вредеа пред 7-8 години.
     
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tomi

    tomi
    Guru

    9,816
    9,055
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    E баш тоа момче и девојче се главните идеолози и крадачи на парите на невини луге :) Бар ја така ги доживувам. И многу ме интересира што значи тоа Партнерства.
     
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  5. appleish

    appleish
    Intern

    19
    49
    21 Мај 2019
    Партнерства " Until money do us part". Ја така ги доживувам.
     
  6. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    257
    196
    15 ноември 2015
    Машко
    Мене не ми е јасно само зашто се плука по луѓево и се ставаат јавно.
    Па чекај кои се професори, па кои се ова кои се она. Која е целта?

    И јас се занимавам со програмирање и реалноста е дека си треба време и труд доста. Не 20 часа дневно како што кажа некој член, но добри 3 часа дневно е потребно.
    Александрија на времето беше навистина добра и имаше и пракса и реално испаѓаа кандидати кои имаа знаење. Но луѓево имаа желба и за учење некако тогаш. Баш ме интересира дали работат уште Александрија?

    Според мене членот кој се запишал на CodeАcademy, ако му било ветено eдна програма и пракса, а таа не ја добил, треба да си се разбере прво со академијата зашто немало пракса, и да му се вратат парите Или дел од нив. Па ако не наиде на разбирање тогаш да си ги побара работите преку законот.
    Факт е дека знаење неможе никој да ти вети бидејќи тоа е до тебе

    Ова плукање тука и објавување на членови според мене е турска сапуница, и менталитет со кој сме далеку од Европа.

    Сметам дека човечки е членов да си разговара со CodeAcademy каде што ги дал парите и ако работите кои му биле ветени и не му биле исполнети да му се вратат средствата или дел.

    Му ветиле пракса? Немало пракса. Тогаш разговарај си.

    Јас искрено не би се запишал на академија, бидејќи мислам дека би можел и сам да научам, и за се што сум посветил внимание сум успеал да го совладам до сега. Познавам и луѓе кои оделе на Курс за јазици, вештини и се што имаат од тоа е само диплома. Знаење 0.

    Едно треба да свати членот. Ако сака да научи нешто треба да се посвети. Не се зимаат така лесно 1000-1500 евра плата.
    Таа е реалноста.

    Можеби делува дека сум малку против човеков, но јас ќе кажам повеќе дека сум обејктивен и строг.
    Сметам дека членот треба да престане да си пишува по форуми и да се фати за учење, ако сака нешто да постигне.
    Незнам како дошол до тие +/- 2000 евра за да плати курс но ако му биле дадени од неговите, фер е да се фати да учи и да ги оправда парите.

    Ја има мојата подршка да почне со учење. За се друго не го оправдувам. А особено не за вакво плачење. Мене повеќе ми делува он смешен отколку академијава.
    На крајот факт е дека тие професори што предавале имаат знаење, а тој нема.
     
    Последна промена: 7 Јуни 2019
    На Sherminator и The-spiki им се допаѓа ова.
  7. appleish

    appleish
    Intern

    19
    49
    21 Мај 2019
    Во Европа измамата на потрошувач е казнива, тука се мачка на леб зашто никој за ништо не сноси одговорност, а еве и се исмејуваат тие што предупредуваат на измама зашто тоа бил менталитет што е далеку од Европа. Баш напротив. Во Европа не викаат "ау шо убаво е кога фирмите лажат и крадат, а тие шо реагираат на тоа се плачковци и хејтери". Не знам како би имало и дали има таму форуми за вакви фирми, мојата објава не е ни за Европa, ни за Александрија, туку за Македонија и за македонска фирма Code Academy.
    Да функционира разговорот како што предлагаш, фирмата ќе банкротира од шо ќе треба да врати пари на 90% студенти. Нема враќање на пари дури и ако се откажеш на почеток на курсот. Договорите не се во корист на студентот, а многу(ако не и сите) студенти не се правно потковани за да знаат што фали во договорот и што точно треба да се додаде за да бидат правно заштитени, едноставно одиш на интервју, се договараш и тоа е тоа. Ако нивната официјална веб страна има правна тежина можеби има некој што ја истражува и таа опција, но тоа не ме засега и не е тоа темата, туку темата се факти изнесени за работата на "академијата", запознавање на студентите без предзнаење со тоа што ги чека, не побарав мислење јас што да правам, ви благодарам на сите за грижата и предлозите, но темата е друга.
    Парите се лично мои и ги штедев долго и учам. Благодарам за советот и мислењето, дали нешто имам постигнато или ќе постигнам, тоа воопшто не е тема на дискусијата и нема да го коментирам. Замолувам да се држиме на темата која што се содржи во првата објава.
     
    Sherminator, toplel и на ChemicalAngel им се допаѓа ова.
  8. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,407
    1,100
    2 Јануари 2012
    Машко
    Мене ме интересира колку ментори ја водат таа програма тие 6 месеци по група? (од линкот сега има 4 ментори) По еден на група и има 4 групи академијата?
     
  9. tomi

    tomi
    Guru

    9,816
    9,055
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ајде вака ке си земам за право да направиме една груба математика на академијава да видиме како се трошат парите од студентите

    Па да почнеме

    1. Велат дека имале 130+ студенти * со 129,600 од секој човек тоа се = 16,848,000 ( 273,951 еура)

    2.Еве нека се 4 Професори, нека зимаат 1500 еура плата што не верувам * по 6 месеци = 36.000 eura

    3.Други давачки ( рента на простор ) еве нека е и тоа 1000 еура месец што е премногу за то место ама да идеме со нај фулл цени значи 6 * 1000 еура = 6000 еура

    4. Претпоставувам мора да се фирма и да имаат трошкови за плати и др. Нека идат давачки во државата месечно по 2000 еура што нема шанси * 6 месеци = 12000 еура

    Доагаме до ќарот. 273.951 - 36.000 - 6000 - 12.000 = 219.951 еура чисти. Еве нека одат уште 19.000 еура во трошкови, остануваат уште 200.000 еура :) Ќе го делите на 2 или да го делам ја :)

    Значи лугево прават 200.000 еура за 6 месеци тоа му доага 33.333 еура месец плата,

    А вие учете програмирање :)
     
    Последна промена: 7 Јуни 2019
    На farkizz, Arabian, No Ex!T и уште 8 други им се допаѓа ова.
  10. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Тоа е работа со висок ризик, затоа мора да биде многу платена.
    Шансите се, впрочем, таа работа да биде еднократна - оттаму и висината :)
     
    На philldm и appleish им се допаѓа ова.
  11. appleish

    appleish
    Intern

    19
    49
    21 Мај 2019
    Не, по еден на тема, еден за html/css, еден за javascript, еден за бек-енд (nodeJS или Python, зависно која група си). Ставени се онака 5 души на линкот, еден не работи повеќе за "академијата" ама оставено е ваљда зашто CNN и Business Insider звучи примамливо и еден е асистент.
    1.5 месец се учи html/css, 3 месеци- јаваскрипт и 1.5 месец- бекенд.
    72 студентски дена вкупно, ама на пола може да се подели зашто предавањата се 2.5 саати (плус пола саат пауза), 3 пати неделно, така да му доаѓа како да одиш на факс околу 2 месеци ако се споредува со студентски дена.
    Првата група беше најмала и они имаат завршено со курсот, горе некаде пишаа дека 12 ја завршиле, околу 10 се откажале. Втората група (исто околу 10-15 души останаа, другите се откажале) имаа пауза од околу 1.5-2 месеци, ги сецнаа на почеток на вториот модул- јаваскрипт и им рекоа да почекаат третата група да стигне до таму каде што стигнале они претходно за да им се приклучат на нив, а третата група е најголема- 40ка. Значи да чекаат 1.5-2 месеци зашто "академијата" не сакала да плати уште еден ментор само за 10-15 луѓе, зашто да плаќа кога може да чекаат овие шо ќутат и да се приклучат на друга група каде што се предава тој модул? Кога втората група се приклучи на третата имаше реакции, зашто третата група беше веќе секако преголема (40ка), ама ко те ферма брат, ќути и плаќај.
    Моментално има 3 групи: една група која се создала како комбинација од 2 (втора и трета), и има уште две групи регрутирани од рекламата "примени 4% од 900 кандидати". Во тек е регрутација на студенти за најновата реклама за андроид девелопери за 6 месеци.
    Тоа на рекламата дека се 130+ студенти можеби го сметаат со студентите кои се откажале, не знам.
     
    farkizz, ChemicalAngel и на DarthJe5us им се допаѓа ова.
  12. Beliver

    Beliver
    Intern

    1
    2
    12 Јуни 2019

    Академијата си плаќаше реклами на Ит.мк,
    затоа ако си брише нешто да не те чуди, судир на интереси.
     
    На farkizz и tupacan им се допаѓа ова.
  13. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    958
    388
    17 Јуни 2008
    Сега нудат Ruby on Rails курс во партнерство со Slice.
    Звучи интересно, ама поради негативните препораки од тука, не знае човек дали да се нафати на нешто вакво.
     
  14. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    321
    169
    28 Јуни 2013
    По X-ти пат, сега најрелевантно :D, добар гага RoR курс има на theodinproject.com. Не давајте џабе пари ваму.
     
    appleish, DonFrozex, ChemicalAngel и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    28
    57
    16 Јуни 2018
    Машко
    Академија како академија не се иплати да се запишеш на неа затоа што е факултет на стероиди. Недостатоците се премногу за да има некаков бенефит. Еве неколку што ми доаѓаат на памет за 6 месечна академија:

    - Ограничено со време
    - Мора да си таму во одреден ден и саат во неделата
    - Програмата е пренатрупана и мора да се брза да се покрие се, ако не си разбрал, да си жив и здрав
    - Мора се да се предаде без да се посвети време на тие што нема да разберат или пак им треба малку повеќе време да ги разберат работите
    - Многу е скапа за разлика од учење сам по дома
    - Премногу малку има пракса, или пак прекратко трае

    Единствена предност која што луѓе се лажат на тоа е:

    - Има ментори кои што можеш да ги прашаш и да ти покажат ако заглавиш негде

    што е супер ама не вреди за тие пари. Има толку многу online заедници кои што можат да ти помогнат, само треба да ги прашаш (форум / slack / discord заедници за одредена технологија / алатка / јазик)

    Инструкторите можат да бидат најдобри на свет но сепак знаењето сам го стекнуваш како личност, и ако желбата ти е слаба за учење, џабе е.

    Ова го зборувам од менторско искуство на бесплатен bootcamp, каде што самите студенти немаа многу желба за учење иако 4 месечната програмата беше бесплатна. Пола од студентите успеаа да положат (од кој поголемиот дел со минимум) на крајот на главниот проект. Дел од нив се откажаа, едноставно затоа што немаа желба за учење.

    Колку пати луѓе ќе ме прашаат "Eј абе сакам да учам програмирање, дај од кај да научам нешто?" и откако ќе им дадам цела листа со туторијали, нив ги мрзи да седнат да учат иако ме имаат мене на располагање да ме прашаат да им помогнам. Едноставно немаат желба.

    На човек можеш да му ги дадеш сите можни ресурси и цело внимание бесплатно, но сепак тој пак нема да знае како да се снајде или пак да има желба да научи ако не му е приоритет.

    За да станеш почетник програмер што има некаква основа за почеток, треба да учиш минимум 6 месеци теорија со мини проекти и после тоа уште минимум 6 месеци главна пракса на реален проект кој ќе се работи во тие 6 месеци. Нормално, на некој може ќе му треба и повеќе од година дена за да биде спремен да почне како јуниор да работи ама сепак, сите се брзаат пари да земат а не им се вложува труд за да ги научат потребните вештини.

    Според мене најбрз напредок е ако учиш сам и се снаоѓаш сам, ќе имаш предност пред било кој во реалниот свет. Зошто?

    Затоа што:

    - Ќе учиш со твое темпо, во време кога најмногу ти одговара
    - Ќе учиш од експерти што стварно знаат да предадат матерјал
    - Ќе се научиш да се снаоѓаш и прашуваш по интернет
    - Ќе имаш шанса да повториш едно исто колку пати и да ти треба

    само што треба да знаеш кај да бараш и од кај да почнеш, исто така и да смислиш некој посериозен проект да го изработиш сам, што е признавам најтешкиот дел кога учиш сам, но ако не прашаш, нема да добиеш одговор на такви прашања.

    Ако некој пробува да учи сам, е сериозен и заинтересиран, посветен до максимум и му треба помош, слободно нека ми пише, без страв или срам, ќе му помогнам или ќе му дадам правец и ресурси бесплатно.
     
    На Melisandre, Koen, skopje_mkd и уште 14 други им се допаѓа ова.
  16. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    346
    254
    13 Март 2015
    Машко
    Moже да ми пратиш мене. За почетник ниво. Фала
     
  17. appleish

    appleish
    Intern

    19
    49
    21 Мај 2019

    Од 40-50 души, ни 10 не се стигнати до тоа ниво да прашаат нешто, зашто не знаат ништо, никој не ти објаснува основа и темели, единствено ако заглавиш некаде лкако што викаш, но 99% од луѓето се заглавени на сам почеток и никој не те ферма тогаш. Како и што кажа, премногу работи се поминуваат во прекраток период (односно се претпоставува дека мора да ги знаеш, што никој не ти го кажува нормално).

    За онлајн заедници, да, има, 100 пати поквалитетни од ова што се нуди само за некој брзо да се збогати со лажни реклами и измама.

    Желбата за учење неспорно е дека е преважна, но далеку од тоа дека е причина за тоталниот неуспех кај таканаречениве академии за програмирање. И 20% еве нека се запишани за да се шетаат до академија и назад, кај се другите 80%? Нека има 10% успех, што нема, кај се другите 70%? Ако двајца тројца фрлиле 2000 евра зашто не знаеле кај да ги трошат, другите не се таков случај.
     
  18. Djina

    Djina
    Intern

    1
    0
    5 Септември 2019
    Сакам да се запишам на академијата за fullstack dev. Немам предзнаење, може некој да сподели што е тоа што викате да се научи како предзнаење? (Од тие што ја веќе завршиле) На располагање имам 24/7 време за учење и волја да учам од други извори, рачунајте дека парите не ми се битни, битно ми е дали тоа што се учи е доволно за да можам утре да аплицирам за пракса/работа.
     
  19. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    348
    332
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Ќе пробам да одговорам генерички и накратко, ако нешто заборавам нека ме поправат.
    Треба основно познавање од:
    - Објектно ориентирано програмирање
    - HTML/CSS/JS
    - Датабази
    - *nix терминал
    - Теxt editor
    А најважно е желба, упорност и способност да ги разбираш работите (on a deep level).
     
    На Djina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    28
    57
    16 Јуни 2018
    Машко
    Ако ти треба предзнаење и почнеш да учиш од интернет самостојно, после неколку месеци учење ќе се навикнеш да учиш и се снаоѓаш што мислам дека нема да имаш потреба од академија веќе.
     
    На OldSchoolPvP, appleish, DonFrozex и уште 3 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Ice
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,737
  2. neW1
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    980
  3. M@RKO
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    2,303
  4. vojo
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    2,505
  5. hipo
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    2,026
Вчитување...

Сподели

Вчитување...