1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Code Academy - Macedonia

Дискусија во форумот 'ИТ Сертификација' започната од appleish, 1 Јуни 2019.

  1. appleish

    appleish
    Intern

    18
    48
    21 Мај 2019
    Јас потенцирам дека има многу жртви на Code Academy, меѓу кои и јас. Ги повикувам луѓето да се консултираат со блиски луѓе на кои им веруваат, да ја совладаат материјата пред да се запишат било каде, нормално дека Code Academy не ја препорачувам од сите горе-наведени причини. Програмата не е реална и не се совладува за 6 месеци. Морам да го повторувам ова очигледно, иако го напишав кристално јасно од сам почеток. Ти како личнност со предзнаење не си меродавен да им тврдиш на оние кои се без дека ќе ја совладаат. Никогаш не негирав дека има премал број и на такви случаи кои совладале, еве новите 38 се сите со потенцијал и тестирани, зашто се жалат они?

    Не, не добивте дискредитација, ниту пак некогаш ви се обратив, се дискредитирате самите со тоа што бришете линкови со кои се гордеете. А кои беа строго напишани во контекст на тоа дека сте пример на луѓе со предзнаење на кои треба да се угледаат сите пред да се запишат на "академија". Линковите се достапни на официјалната страна на Code Academy на FB, за сите оние кои сакаат да се информираат за делот што е избришан тука:
    може слободно да ја разгледаат ФБ страната на Code Academy каде што ги има статиите: Code Academy Macedonia, ваљда нема цензура за официјални страници на компании на FB?

    Немој молим те да и кажуваш на жртвата да не кажува никому дека е жртва и да ќути. Не сум уште во турското, па да ќутам. Од ќутење просперираат вакви фирми кои служат само за штанцање пари и измама на потрошувачи.

    Озбилен си?

    Прочитај ги сите мои коментари уште еднаш, во однос на ова моите коментари се однесуваат на лагите кои ги пласира фирмата.

    Не, јас тоа што беше за уважување го уважив, од вашите постови може се погрешно да се сфати зашто не се објективни како и што докажав со куп цитати и одговори. Не знам зашто не се држите до темата, али ок, тука нема лек.

    "Секоја чест за постигнатиот успех" е дискредитација?

    Хелоу, и моето беше сарказам.

    Не само други што ќе наебуваат, туку многу други наебуваат, така да за тоа се овие дискусии. Колку е поголема сиромаштијата во државата толку повеќе академии ќе се отвараат за пљачка на народот. Маркетиншки трикови има и тука во дискусијава колку сакаш, истото е. Затоа сме тука ние што сме искусиле да ги поучиме оние кои што размислуваат на темава.
    Фала за советот @Avid, не би рекла дека нема смиреност во моите аргументирани одговори на маркетиншки провокации, но ок, да речеме дека Нема правда, нема мир! Поздрав :D И еден и двајца да извлечат лекција од ова, успех е.
     
    Изменето од модератор: 4 Јуни 2019
    Avid, Вајкинг и на Zippo им се допаѓа ова.
  2. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    736
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Нормално дека рандом луѓе ќе ја прочитаат темава и ќе донесат своја одлука. Само не ми е јасно зашто грчевито се брани "академијата". Треба реално да се увидат недостатоците и да се корегираат.

    Во Србија има ИТ академија каде ако не најдат кандидатите работа првата година по наставата, добиваат втор курс гратис. Материјалите (видео и текст) се закачени онлајн за користење во наредните неколку години. Училниците се опремени, а и курсевите се солидни. Незнам што е тешко да се каже, извини што немаше добро искуство и не ги постигна твоите очекувања, ќе се обидеме да ти надополниме со тоа што ќе ти овозможиме уште една посета.

    И ова не е нај нај затоа што тргаат пак од страна на профит и примаат којгоде и штогоде таму.
     
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,388
    25,017
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @appleish прочитај правила на форумот.
    1. Не пишувај дупли постови.
    2. Почитувај ги останатите членови.
    3. Не објавувај јавно вистински имиња и податоци на членови.
     
    На SaleSk и Јас сум желка им се допаѓа ова.
  4. appleish

    appleish
    Intern

    18
    48
    21 Мај 2019
    Имаше и тука еднаш објава за "Ако не те вработиме, едукацијата ќе ти биде бесплатна
    Па проблемот е што и овде има лаги од таков тип, само што некаде може не се лаги, некаде може "академиите" стојат позади тоа што го зборуваат, ама тука нормално дека сме навикнати на сосема спротивното, па белото станува црно и обратно, па имаме и луѓе што се залагаат за невистини. Не верувам во реклами од тип примени се 4% од 1000 луѓе и сл., дефинитивно не, но очекувам на интервју да се договориш како човек со некого што плаќаш и што добиваш. "Грчевитото" бранење на академијата видовме зашто е а може и да се провери на страната на Code Academy на ФБ, многу повеќе наседнале на маркетингот од мене, зашто јас нема грчевито да им продавам филмови на луѓе и да ги советувам да фрлат 1800 евра на непозната наука без да се спремат (за условите да не збориме, согласни бевме сите и тоа е тој маркетинг и реклама кој прави од тебе да браниш нешто што викаш дека не чини и самиот). И правна наука и каква сака нека е, не се станува адвокат за 6 месеци исто како што не се станува ни програмер.

    Еве пример од рекламите на Code Academy кои грчевито се бранат:
    "Ако не те вработиме, едукацијата ќе ти биде бесплатна" (ова можеби постои некаде во светот, ама тука се користи за потсмев и измама)
    Code Academy Macedonia

    "Вработи се во Code Desk за плата од 900-2000 евра" (ова некој што немал допир со програмирање нема шанси да знае дали е вистина или не)
    Code Academy Macedonia

    "Вработи се во Code Desk со почетна плата од 900 евра" (исто нема шанси некој да знае дали е ова вистина или не, освен луѓе што се занимаваат со ова)
    Code Academy Macedonia
     
  5. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    736
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Заштита за овие работи се договорите што ги потпишувате. Во Србија во договорот изричито стои дека доколку ученикот не оствари работен однос за тоа што го учел по обуката, ИТ академија ќе му даде бесплатна годишна настава.

    Јас не би се распишувал толку да бранам нешто доколку немам интерес во него. Небитно, секој со свој памет.
     
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  6. appleish

    appleish
    Intern

    18
    48
    21 Мај 2019
    1. Дупли постови? Немам право да одговорам на некој кој ме става во цитат и ми поставува прашања? Па имаше куп дупли постови од членовите во дискусијава кои ги браните.
    2. Каде имаше непочит кон останатите членови? Изложувањето на факти и аргументи е непочит? И мене ми беше порачано дека сум без трошка разум па одговорив со дигната глава, не плачев. Се извинувам во секој случај ако некој се почувствувал непочитувано. Знам точно што се случува во позадина во моментов и дека се обидувате да ја скинете темава, ќе ве замолам да бидете фер и објективни кон сите. Исто така кога стига порака дека некој открил некаков личен податок вие немате никакво објаснување, ни со член од закон, ни што се смета за откривање на личен податок, ни ништо. На кој начин бришете линкови од јавно достапни информации и на кои членови се повикувате? Доволно е 5-6 рапорти од другарчиња и кинете?
    3. Не знам кои се членовите во дискусијата, еден член ми бараше да се претставам, јас не се претставив ни себе си, ни нив. Не знам како јавно достапни линкови од фирми се откривање на лични податоци? Зашто членовите самите си се обраќаа со имиња?
     
  7. LaLi

    LaLi
    Gaining Experience

    315
    203
    3 Февруари 2010
    Машко
    Јас имам едно прашање до овие кои се приклучија дека станале добри програмери со 25 часа на ден учење,
    дали добивте загарантирана пракса? дека јас како што знам пракса НЕМА за ниеден од вас
    1 од вас се вработил сам , еден(а) деновиве е вработен не знам даали со помош од академијата или сам(а) .... па сакам за цела група да знам ?

    зошто нели има 3 месеци загарантирана пракса? а вие сте завршиле колку месеци има 2-3 ?

    [​IMG]
     
    iTechnique, Zippo и на appleish им се допаѓа ова.
  8. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    779
    664
    27 Јуни 2012
    Мене ми е сумнително ова со овие профиливе што се приклучија - изгледаат како да се лажни и направени од еден човек.
     
    На appleish и Zippo им се допаѓа ова.
  9. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    947
    382
    17 Јуни 2008
    Jа отворам веб странава на Codeacademy и директно ме носи на наредната академија за Андроид... И кликам, му викам на Chrome-от, чоек, не ме интересира Андроид, има ли нешто друго, претходни курсеви, наредни курсеви... Имат снемано све...
    Јас ви се чудам вам што давате по 2.000 еур на "академии" каде што веб страната е толку аматерски изработена, што нема ама баш никакви информации.
    Кликам - Информации - Ментори - пишува дека се експерти. Абе не ме интересира дали се експерти, ме интересира кои се ментори, да ги изгуглам, остави ме сам да судам дали се експерти.
    Кликам на пракса, ми вика - биче касније. Абе кажи, нашите студенти биле/oдат на пракса во Microsoft, Apple, Autodesk, Slice, Нико Компјутери...
    Имам уште многу забелешки за нивната штуро изработена веб страница, но таа ми е доволен показател дека Академијава е далеку од сериозна институција.
     
    The-spiki, tupacan и на appleish им се допаѓа ова.
  10. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    885
    1,058
    9 Јуни 2011
    Машко
    @Fatal1ty_ , ај биди фин бате и провери registration IP на новите профили што ја „бранат“ академијата :)
     
    На Вајкинг му/ѝ се допаѓа ова.
  11. appleish

    appleish
    Intern

    18
    48
    21 Мај 2019
    Имаше кои се ментори, слики и краток опис. Избришано е во текот на дискусијава, најверојатно веднаш штом е објавен линкот. Неверојатно, цензура и пол. Модерирани се и куп пораки во thread-ов, нека не се чудат читателите каде што нема логично да им биде некаде во објавиве, нека гледаат доле кај пораката дали е модерирано или не. Избришани се линкови баш од објави на "академијата", а и дел од содржина која што членови ја напишале па си направиле рапорт сами на себе.
     
    farkizz, Zippo и на Вајкинг им се допаѓа ова.
  12. spytronicmk

    spytronicmk
    Intern

    17
    7
    4 Август 2017
    Ја следам целата дискусија од почеток, ќе се надоврзам само на ударните реклами.. Како на пример парите ќе бидат вратени ако не те вработиме, само 4% од студентите се примени... Еве уште еден лик, сигурно постарите членови го паметат го одра многу луѓе на сличен начин ( и сеуште си продава некои курсеви).

    http:// www.mirkoceselkoski.com/

    И на крај од денот во секој бизнис добрата "приказна" продава... :)
     
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tomi

    tomi
    Guru

    9,838
    9,057
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Дечки пред да ги дадете парите прво што треба да направите е да видите кој го има создадено и направено ова, кој стои позади ова и каков Background имаат истите ликови за да направат нешто вакво. (може лесно да се најдат кој се founders на ФБ затоа што тоа им стои на самите ФБ профили на организаторите).

    Меѓу другото би ве замолил сите кој учествувате во темата да ги почитувате правилата за конверзација со другите членови во темата. Без идентитети и вулгарности. Секој кој сака да истражи може се да најде. Скопјево е мало и секој со секого се знае, така да нема потреба од недолично однесување..

    И малце надвор од темата а е многу битно:

    - BTW додека некој игра игрици, друг чита книги и се едуцира на темите how to make money, прашањето е кој ке падне во дупката а кој ке искочи како победник од неа.

    - Посекако секој од вас и тие што успеале со курсот и почнале да работат како програмери и тие што не успеале со курсот ке научат по некоја лекција во животот. ( и тие што платиле и тие што не платиле можат да бидат програмери во животот, самоуки, само што кај едните е мотивација да успеат за да не бидат залудно парите, а пак другите не се плашат толку за парите што ги потрошиле колку што сватиле колку се измамиле и излажале у мозокот дека тие 1800-2000 еура ке бидат добро потрошени пари за некој нешто да ги научи иако истото би го добиле и дома сами на компјутер за многу поефтини пари online)

    - Секојдневно секој од нас пробува да биде излажен или убеден од друг да купи или потроши пари за некоја работа. Не се чудете во таква држава живееме и секој од секого гледа да исцрпи повеќе пари, кај и да отидеш те лажат дали ќе биде тоа едукација, забар, механичар за кола, пазар секој вас ве гледа како пари, не го заборавајте тоа, поентата е во тоа кој од нив ке ве убеди за да ги дадете парите кај него односно кој ке ви го испере мозокот, а тоа го прават 2 работи читањето книги и праксата.

    - Поентата на мубетот ми е дека во што и да ги дадете парите морате да работите напорно и да верувате во тоа што сте го платиле, макар и да е малце. Секоја лекција е поука во животот, немате потреба од разочарувања. Што е ваше ке си дојде само треба вистински да сакате и да работите. За оние што се мрзливи џабе им се сите курсеви на планетава чоек од нив не бива.
     
    На LaLi, skandau, Zippo и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,446
    1,871
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    [​IMG]

    За телефон ставиле input number и html валидација користат. o_O
    Овие се за греота бе...
     
    На appleish и Zippo им се допаѓа ова.
  15. braobrao

    braobrao
    Intern

    5
    1
    23 Декември 2015
    Машко
    Денот кога се отвори темава на нивната страна имаше курс за html, css, javascript, sql, итн па во тек на дискусијава, страната тотално се измена и сега има само курс за Андроид студио. Си дадоа отказ менторите за javascript ? :D пазете каде фрлате пари. Барем денес има можности преку интернет да ги најдете 90 % истите курсеви што академииве ги нудат ( за без пари, ги има по торенти ) , и со желба да седнете и дома да ги научите. Бев во мислење и јас исто за да се запишам на некоја академија, за на крај да сфатам дека може и дома да се седни и да се научи истото што би го научил на курс без да ги дадеш тие 2000 евра. И да бидам искрен немав слушнато за оваа Code Academy Macedonia. Секој што ќе прашав ги издвојуваа Сивус и Семос.
     
    Последна промена: 5 Јуни 2019
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    215
    172
    29 Март 2012
    Едно време се ширеа муабети дека факултетите не чинат, а академиите (со програма од 6 или 12 месеци) чинат.
    Сега се шират муабети дека академиите не чинат, дека онлајн-курсевите чинат.
    Што е наредно, „курсевите на интернет не чинат, јавете се на Топ-шоп и нарачајте си диплома за доктор по медицина“?
     
    На farkizz, moongose, fuzzjaw и уште 4 други им се допаѓа ова.
  17. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    285
    152
    28 Јуни 2013
    Имаше многу wall-of-text постови, искрено не ги прочитав. Можеби некој го пишал ова што тука ќе го пишам, ама ќе бидам краток anyway.

    Летото пред да почнам на ФИНКИ од некаде го најдов theodinproject.com. Курс за веб девелопери, само онлајн и гага. Исто се почнува со HTML/CSS, што што се оди на Ruby/Rails, па HTML/CSS пак ама поопширно и на крај javascript/jquery.

    Трудот што тогаш го вложив ми изгледаше којзнае што и иако странава и се на неа е гага, пак имаше реченици од типот "вработи се и наполни се пари само од курсов". И со трудот што го вложуваш и непознавањето на индустријата и територијата ова ти звучи на вистина.

    Често кажував, "абе брат ја идам на ФИНКИ луѓе да запознаам, знам да програмирам". Жити мајка. Кога ќе го испотиш газето на структурно, објектно и останатите, кога стварно ќе ја научиш сржта на тоа што се случува во компјутерот, тогаш може да речеш дека знаеш да програмираш. Донекаде.

    Може и да се вработиш со ваков курс. Дал платен дал гага. Ама ако не ги вложиш тие саати и саати умобол, цело време ќе имаш дупка во знаењето што ќе те кочи.

    Odin Project не е лош, ама не е тоа што на прв поглед изгледа дека е. Исто и академииве. И на ФИНКИ пола од стварите што се учат (математиките) се донекаде непотребни за чисто програмирање, ама за инжењерство и станување експерт во областа се неопходни.
     
    На JasSum, farkizz, The-spiki и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,446
    1,871
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Не мора да значи дека ако нештото било добро пред 8 години, е добро и денес. ;)
     
  19. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    583
    814
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Како старото правило, доколку вложиш барем 10 000 часа во нешто, ќе го совладаш целосно!
    За 6 месеци академија, плус дома да учам уште 8 часа? Не фала, неможе човек да има толку концентрација да запамти се. Физички не е можно и е излишно. Ако навистина сакате да научите нешто, дали е тоа курс, инструмент, игра, професија, занает, доволни се неколку часа на ден, секој ден. Чекор по чекор. @tomi убаво пиша погоре. Сите гледаат како да ви ги земат парите, дали е тоа преку некои производи, облеки, курсеви. Ваше е да проучите каде и за што ги давате тие пари.

    Во погорната дискусија има ментори и ученици на академијата кои строго ја бранат но не разбирам зошто. Дали вие нешто научивте преку академијата или лично самите дома? За менторот, дали вие можевте уште поубаво и поефтино со приватни часови да постигнете поголем успех кај учениците? Не е поентата седи учи дома и после брани ја академијата.
    Но како што пишаа погоре недостатоците се кај Академијата.
    1. Академија за ВЕБ каде нема интернет на часовите.
    2. Академија каде не постојат компјутери и секој треба да си ги донесе. (1800 еу од студент, лесно е да се набават 300евра лаптопи или офис компјутери за секој студент од неговите уплатени пари).
    3. Маркетинг измами. Има разлика во ИЗМАМА и прикривање на вистина. Во многу реклами се прикажуваат поинаку работите, се прикрива вистината но не се лаже. Академијата Лаже.
    4. Непостоење на ЗАГАРАНТИРАНА 3 месечна пракса во компанија. Едно е да се пише МОЖНОСТ за пракса во компанија, а друго е ГАРАНЦИЈА.
    5. Лоша програма, Академијата користи КВАНТИТЕТ пред КВАЛИТЕТ. Програмата во академија се прилагодува спрема знаењето и подготвеноста на учениците во курсот. Добра академија ќе направи програма која ќе може да биде совладана во текот на предавањето за повеќе од половина од учениците. Со некој дополнителен час дома, и послабите ученици ќе може да ја совладаат.

    Насловот на темата не е кој колку научил и кој како предавал, Членот што ја отвори се жали кон основата на Академијата и нејзините измами.
     
    farkizz, ChemicalAngel, appleish и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Од цела тема конечно еден прецизен заклучок. Почнав да вријам, никаде не водеше целава работа. :)

    ---------------------

    Нов ред:

    Додатно на тоа, факт е дека курсевиве се многу поскапи од порано.

    Исто така да разнишам некои мненија, со ваша дозвола:
    Познавам најмалку 7-8 луѓе пред повеќе години што посетуваа 1-годишна настава во Александрија. Сите тие се одлични во тоа што го работат денес. Тројца од нив раководат со свои компании.

    Не се сеќавам на точната цена што ја плаќале, ама:
    - условите им беа обезбедени
    - никој од нив никогаш се нема пожалено на админи и предавачи
    - паметам дека испитите за одделен сертификат беа скапи, ама кој падне од втор или третпат - подобро нека не оди во тој правец, нели? :)
     
    На The-spiki, shifty, ChemicalAngel и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Факт.

    Сè што фали овде е да се задржи културата и да се почитуваат правилата на форумот.

    Членот дури беше нападнат дека спомнувал имиња иако самиот видов дека тој не наведе никој туку другите меѓу себе се спомнаа :)

    Читајте со ладна глава, молим! :)
     
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  22. appleish

    appleish
    Intern

    18
    48
    21 Мај 2019
    Тоа што загрижува е нападот од администацијата на форумов, на другите членови им се докажа со аргументи и нивни цитати дека немаат основа за обвинувања (што не им одговарало), но администратор веднаш после тоа да обвинува и предупредува друг член за туѓи грешки или не знам како да ги наречам, е загрижувачки. И тоа предупредување за дупли постови, непочит и откривање на лични податоци. Тоа што снема имиња- снема, членовите се покајале и се пожалиле, се отстраниле имињата- во ред. Но сосема друг го доби за ова и не само што снема имиња со што се изгуби смислата и логиката на 2-3 threads минимум, снема и една цела реплика (цело мислење) со забелешки за php страните на дискутираната "академија" (јавно достапни качени на интернет за цел свет да ги види). Во исто време официјалната веб страна на Code Academy речиси и цела ја снема, остана гола и боса, со шешир на глава само. Проверив да видам колку администратори има форумов и среќа не е еден, се надевам не одлучува само 1 за цензура и бришење на мислења. Изгледа и овде треба да се секираме кој со кого се познава.
     
  23. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    961
    564
    3 Јули 2007
    Академија што држи часови во клуб на новинари не може да се нарече академија. Колку за инфо Мирко држеше курсеви во клуб на новинари... Ова е обичен, екстремно скап курс. Доволно е да пронајдете повеќе инфо за CEO-то на гугл, а ако го прогуглате неговиот телефонски број ќе најдете интересни работи :)
     
    appleish, tomi и на tupacan им се допаѓа ова.
  24. tomi

    tomi
    Guru

    9,838
    9,057
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Никој од администрацијата не ја брани академијава, боже сачувај, јас лично сум дел од администрацијата и лично ги знам 2-цата потикнувачи на оваа академија, btw у минатото кога незнае што да работат и како да крпат пари ми предложија да работиме заедно во еден проект и бевме парнери каде што бев изигран од нивна страна, само затоа што се неуки слабо писмени и желни за крадење пари од другите луге.

    Некои коментари мора да се избришат за да се фати ред на темава и да нема препукавање на истата, ништо повеќе од тоа. А зашто они ја избришале страната и немало ништо одете прашете ги нив.

    Одговорно твдам дека администрацијата нема никакви допирни точки со овие ликови кој се Founders на академијава, за мене дури и ми се многу смешни ликови. Ако не се лажам се работи за момче и девојче :)

    Јас многу би сакал да каже и ги објави некој кој се главните на оваа академија па да видиме што Background имаат они. Јас не би сакал да ги откријам само затоа што не сум бил на нивните курсеви и не сум им платил енормна цена, тие што биле и ги запознале имаат поголем кредибилитет да ги објават истите.


    btw страната им работи ко што гледам
    Стани Андроид Девелопер со студии од 6 месеци студии и 3 месеци пракса

    А тука е и полето Контакт кој ни кажува кој се е во овој тим само треба да го пронајдете главниот :)

    Контакт за Андроид Академијата
     
    farkizz, The-spiki, appleish и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,446
    1,871
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    На farkizz, The-spiki, Avid и уште 2 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Ice
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,676
  2. neW1
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    970
  3. M@RKO
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    2,261
  4. vojo
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    2,464
  5. hipo
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    2,007
Вчитување...

Сподели

Вчитување...