1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Cо кој програмски јазик да почнам

Дискусија во форумот 'Останати' започната од kobra_13, 20 Јануари 2011.

  1. kobra_13

    kobra_13
    Intern

    19
    0
    7 Септември 2010
    Машко
    ако може да ми дадете совек со кој програмски јазик да почна како почетник?
    и фала доднапрет :D
     
  2. Petkovsky

    Petkovsky
    Intern

    323
    31
    7 Декември 2009
    Со python e моја препорака.
     
  3. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    @Petkovsky
    da ne mislese so Pascal ? Python bi mu bil mnogu tezok za pocetok

    @kobra_13
    Jas bi ti preporal Pascal, C++ ili C ali mislam deka C ke ti bide tezok za pocetnik.
     
  4. kobra_13

    kobra_13
    Intern

    19
    0
    7 Септември 2010
    Машко
  5. Petkovsky

    Petkovsky
    Intern

    323
    31
    7 Декември 2009
    Не би му препорачал С или Паскал во никој случај.

    Нема зашто да му биде тежок. Со добра литература ништо не е тешко.

    Цитирано од stackoverflow.

    Bottom line,

    How to Think Like a Computer Scientist: Learning With Python е книгата која ти треба.
     
  6. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Еј, земи во што било програмирај само не во Паскал.
     
    1 person likes this.
  7. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,233
    511
    3 Април 2008
    @daci
    Python воопшто не е тежок, откај тоа?

    Pascal е добар за некои основни курсови со учител, меѓутоа за самостојно учење по дома не го бива.

    Со Python ем е лесно да програмираш, ем можеш многу полесно да го аплицираш на модерни проблеми него Pascal или C/C++ (web, gui, и сл.)
     
  8. Petkovsky

    Petkovsky
    Intern

    323
    31
    7 Декември 2009
    Не само што не е тежок, туку и на почетниците им наметнува пишување на прегледен код со тоа што форсира вовлекување на блокови.
     
  9. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    287
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Јас би ти препорачал со C++ да почнеш. Бидејќи денес на најмногу универзитети со него се почнува, добро е структуиран има многу литература, во главно секој нареден јазик што ќе го учиш секогаш споредбите се прават меѓу C++ и новите поапстрактни јазици.

    Не би ти препорачал Ц и Паскал, јас мислам дека најмногу луѓе ќе те насочат на нив, али не дека се воопшто програмери, туку само дека слушнале, дека во минатото со нив се почнувало. Па на стара слава си одат овие програмски јазици. Ме нервираат причи во стил ако незнаеш паскал неможеш да почнеш, тоа благе везе нема. Ц не почнувај, бидејќи тој не е објектно ориентиран, така да ако почнеш со Ц после неколку недели ќе мора на Ц++ да се префлиш за објектно оприентираните концепти, а зашто да се префрлаш кога можеш уште од сам почеток да си го фатиш Ц++

    Python не викам дека е тежок. Може и полесен од Ц++, иста програма куцана во пајтон може да е многу пократка од Ц код. Али не ти препорачувам python за почеток, бидјки гледам како ги пишуваат книгите во главно авторот смета дека си C програмер што се префрла на python, па цело време има споредби меѓу двата јазика. Така да откако ќе научиш C++ за кратко време можеш да се префрлиш на python.

    Е сеа и ја не сум баш компетентен да ти дробам за програмирање, бидејки и јас не сум програмер денес:) Али на факс работевме C++,Pascal,MultiPascal,Java,C и затоа викам Ц++ е најдобар за почеток, тој ми даде најдобра основа за се понатака.

    Мрежи ме влечат повеќе па сеа за раб ми требаше нешто помоќно за пишување скрипти од bash, па учам python во моментов. И лесно ми иде дека цело време со C++ се споредува сегде, али да незнаев C++, мислам потешко ќе ми беше да почнам со python сеа, него ли на времето со C++
     
  10. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    Neznam za python ne sum go izucuval dosega i ne znam ni kodot od python kako izgleda, no koga mene me interesirase da zapocnam so programiranje mi rekoa da ne go zimam python ,toa bese pred okolu 4-5 godini sto znam mozebi i poveke ,mozebi i zatoa seuste mislam deka e taka ,sea se fokusiram na drugi problematiki i programski jazici kako JAVA :)

    Pascal e najglupiot programski jazik sto sum go videl ,no isto taka mi kazaa deka so nego najdobro se pocnuva zatoa i nego najprvo go ucev ,plus se izucuva vo sredno i na fakultet
     
  11. overrated

    overrated
    Intern

    191
    4
    8 Мај 2008
    Машко
    @ daci92 го исфрлија факултетите Pascal и тоа одамна :)
     
  12. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    Kolku sto sum informiran do pred 2 godini PMF go izucuvase ,seuste gi imam knigata i zbirkata doma
     
  13. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    287
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Јас пред 4 год бев на пмф. Со сигурност зборам минимум пред 6 год е отфрлен од ПМФ и заменет со Ц++. Паскал збирката се користи само како помшен материјал. Т.Е. цела финта со таа збирка е што e пишувана во псевдо јазик, па некои од задачите се решени и во паскал, така да таа збирка не се користи ради паскал. btw, автор на збирката е Горги Јованчевски кој беше проф на пмф, така да ета зашто се користеше таа збирка :) Мада имавме за домашни секој да реши по една задача од псевто код во Ц++, па можда истата збирка Горги ја има реиздадено во C++.

    Во средно во карев нешто малце паскал учевме, таа иста збирка и тамy се користеше.
     
  14. bruteforce

    bruteforce
    Intern

    153
    5
    12 Април 2010
    се согласувам со многумина што велат да не почнуваш со паскал. едноставно, џабе и да го учиш кога во иднина нема да го користиш. со него само имаш некаков вовед во програмирањето ништо повеќе. е сега, ако учиш од добра литература каде што секоја една буква е објаснета што значи и како се користи, C++ мислам дека ти е најдобриот избор. Ќе ти ја препорачам оваа книга како апсолутен ама стварно апсолутен почетник да можеш да ја разбереш. Секој збор ти е објаснет, а и на српски е. Се вика "C++ za apsolutne pocetnike" на tutorijali.org ја има мислам(побарај има таму и за други работи литература) воопшто не ти препорачувам да учиш од скрипти од ваму од таму затоа немаат ама баш ич добри објаснувања т.е никакви. потоа земи некоја книга од 1000 страни C++ и мислам дека ќе добиеш супер основа.

    тоа е моето мислење, разгледај ги предлозите од сите и што мислиш дека е најдобро така направи. како и да направиш нема да згрешиш, само не се откажувај кога веќе си почнал тоа е најважно. :)

    поздрав,
    bruteforce
     
  15. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Јас би одeл со С++
    Лeсeн e за учeњe и ќe ти бидe добро потковувањe прeд студиитe.

    И глeдајтe малку прeд да отворитe нова тeма. Вакви има прeку 20.
     
  16. hebocig

    hebocig
    Gaining Experience

    653
    139
    7 Јануари 2010
    Машко
    <HTML> Наједноставен е, и е одличен за да ја сватиш суштината на програмските јазици </HTML>
     
  17. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    662
    312
    25 Мај 2008
    Иако обично Ц го препорачувам, Python стварно би бил одличен за почеток.

    Нема врска, Python е еден од најлесните јазици за учење.
     
  18. bruteforce

    bruteforce
    Intern

    153
    5
    12 Април 2010
    HTML не е програмски јазик.:)
     
  19. Vlado.T

    Vlado.T
    Intern

    233
    13
    28 Мај 2010
    Машко
    Јас започнав со C#, и ако знам дека можеби имам претерано...:D
     
  20. HonGCheN

    HonGCheN
    Intern

    56
    10
    22 Јануари 2011
    Машко
    Јас би ти препорачал да си почнеш со Ц++ или пак можеш и Pascal тоа се добри за почеток и јас мислам тоа е тоа што ти треба
     
  21. petar.bt

    petar.bt
    Intern

    731
    20
    12 Август 2007
    почни со кој било само не со Pascal. Ако научиш C лесно можиш да се префрлиш на друг програмски јазик бидејки имаат слична синтакса. Истото важи и за C++, PHP, Java.
     
  22. hebocig

    hebocig
    Gaining Experience

    653
    139
    7 Јануари 2010
    Машко
    каков е?
     
  23. mariomako

    mariomako
    Гостин

  24. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    328
    8 Мај 2007
    Описен јазик.
     
  25. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    672
    6 Јуни 2007
    GW Basic > Pascal > C >...

    Кога ќе го минеш GW Basic, делумно ќе имаш претстава што е програмирање. Но, далеку од доволно. Премногу е примитивен, затоа го предлагам како вовед. Научи да анализираш одредени проблеми поставувајќи алгоритми. Кога ќе стигнеш до одреден проблем што ќе ти изгледа невозможно да го решиш во GW Basic, премини на Pascal, основата на прогамирањето. Не само по мое мислење, туку и по мислењето на многу други. Никако C директно. C има повеќе можности и слична синтакса која според мене е пренатрупана во однос на Pascal којшто е поедноставен и со него можеш добро да навлезиш во програмирањето. Откако ќе го совладаш Pascal, можеш да сметаш дека 90% си го совладал и C, па ако тој ти претставува желба, ќе треба само да ја научиш синтаксата ( која е премногу глупава во однос на Pascal ) и не гледам причина веднаш од почеток да ја учиш како таква. После Pascal, премини на тоа што те интересира и напредувај.

    Се што погоре споменав е од мое лично искуство. Сум програмирал во сите 3 програмски јазици и уште во еден ( објективно програмирање,VB ).
    Започнав во GW Basic во основно школо. GW Basic ќе ти овозможи да добиеш претстава што преставува алгоритам и притоа нема многу да се замараш со синтакса ( ","&,"... Г/С :muahaha: што ги има во глупавата синтакса на C ). Кога еднаш ќе научиш да ги поставуваш, анализираш и решаваш проблемите, нема да биде проблем да научиш да внимаваш и на синтаксата која ја има во Pascal и е доста едноставна. Кога и таму ќе научиш како оди програмирањето, лесно можеш да преминеш во C. Јас на C преминав потполно безболно бидејќи претходно работев во Pascal. Ја научив само синтаксата , а начинот на анализирање е еден ист, со таа разлика што некаде можеби ќе заштедиш во програмски редови бидејќи C е помоќен.

    За останатите програмски јазици неможам да коментирам бидејќи моето искуство се состои во погоре споменатите.
     
    1 person likes this.

Сподели

Вчитување...