Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Туторијал Class D - засилувачи (како работат , типови и имплементација)

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.280
4.255
Скопје
hackitfree.github.io
YT Каналов го следам одамна и на него може да се најдат многу туторијали за основи на Електроника поткрепени со огромно знаење од страна на многу способен Електро-Инженер . Се е концизно срочено што овозможува за времето што гледате - и тоа како многу да научите (под услов да имате одредени познавања од електроника)

Накратко овој тип на засилувачи е ненадминат по својата ефикасност и излезна моќ но има и свои недостатоци во поглед на квалитет на аудио.

Јас не би имал што да кажам повеќе (бидејки моите познавања се далеку послаби) - но евентуално би можела да следи дискусија и мислење за овој тип на засилувачи - мани и недостатоци - споредба и искуства .

Се надевам авторот наскоро ќе ги аплоудира и дел 2 и 3 !
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
629
Накратко овој тип на засилувачи е ненадминат по својата ефикасност и излезна моќ но има и свои недостатоци во поглед на квалитет на аудио.
Мала корекција - поновите генерации на засилувачите во класа D немаат никакви недостатоци во поглед на аудио квалитетот - засилувачките модули на Purifi (1ET400A - PURIFI) и на Hypex (Hypex Electronics B.V.) се вградуваат во најскапите и најдобрите модели засилувачи на светски познатите аудиофилски брендови. А со најновите излезни транзистори изработени од галиум нитрид (GaN), засилувачите во класа D дефинитивно ќе надвладеат над сите останати класи аудиозасилувачи.
Големата ефикасност на засилувачите во класа D овозможува користење на помалку моќни напојувачки секции (во споредба со класичните засилувачи со иста излезна моќност), со што цената на целиот засилувач иде надолу, такашто класичните засилувачи едноставно не можат да конкурираат со цената.
 
Добро - спомнав недостатоци кои би се јавиле при користење на некои основни принципиелни шеми и евтини филтри и излезни транзистори. (сепак ако се одлучиме за самоградба на еден ваков проект ( Д-класа засилувач ) не можеме да имплементираме најмодерна (top-of the line) топологја и најбрзи и најквалитетни Ga-N транзистори . Во тој случај THD на повисоките фреквенции е далеку од задоволувачка
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
629
Нема потреба да се чекаат новите Ga-N транзистори - тие се наменети само за езотеричниот High-End... за сега. Цените на новите технологии во електрониката многу бргу паѓаат - она што вчера било егзотика, денес е најобична работа достапна секому.
За обична, аудиофилска, домашна употреба ги препорачувам евтините модули во класа D со интегралците TPA 3116 или TPA 3255, или со новитe интегралци од Infineon. Има неколку различни модели - купете од поскапите, со помасивни ладилници и помасивни индуктивности во излезниот филтер! Изобличувањата на високите фреквенции се занемарливо мали.
Нема потреба да се градат засилувачи во класа D во дискретна технологија, покрај такви одлични интегралци.
Еве какви феноменални перформанси можат да се извлечат од еден обичен TPA 3255 чип:
JL ELectronics Sylph-D200 Amplifier Module Review
Слично и:
Topping PA3s Review (Desktop Amplifier)

Сепак, добро е да се погледнат видеата во кoи се објаснуваат основите на класа D - многу работи ќе станат појасни (честитки за трудот на @Nikola100 ).
 
krema

Epic
24 јуни 2009
14.908
14.674
youtu.be
Без напојувачка секција, мораш есап да имаш и за напојувањето кое што е битен фактор за квалитетен звук.
 
Daniel86

Epic
28 мај 2013
3.763
10.250
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Без напојувачка секција, мораш есап да имаш и за напојувањето кое што е битен фактор за квалитетен звук.
Јас користам оригинален адаптер од Dell лаптоп и мука нема со години веќе а топ звучи. Сабвуфер е додуша ама сепак.
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.415
13.314
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Цела година го користам малово, многу задоволен. Практично не е изгасено цела година. Тогаш беше најфалено на форумот на Амир (од евтините), не знам дали во меѓувреме се појавило нешто подобро.

Верзијата со LM OpAmp и напојување, некаде 100 долари ме фати сосе шипинг, гледам дека и сега е толку. Во описот има линк до посилно напојување, но мене не ми требаше (според сликата и описот најдов слични на Али, беа малку поевтини, но ништо значајно; јас не сакав перфорирано за да не збира прашина; а и јачината ми одговара за собата, никогаш не отишла повеќе од пола). Звучници веќе имав. Во описот има и линкови до ривјуто и сецирањето на аудио форумот.
 
Последна промена:

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.840
5.816
Skopje
Мала корекција - поновите генерации на засилувачите во класа D немаат никакви недостатоци во поглед на аудио квалитетот - засилувачките модули на Purifi (1ET400A - PURIFI) и на Hypex (Hypex Electronics B.V.) се вградуваат во најскапите и најдобрите модели засилувачи на светски познатите аудиофилски брендови. А со најновите излезни транзистори изработени од галиум нитрид (GaN), засилувачите во класа D дефинитивно ќе надвладеат над сите останати класи аудиозасилувачи.
Големата ефикасност на засилувачите во класа D овозможува користење на помалку моќни напојувачки секции (во споредба со класичните засилувачи со иста излезна моќност), со што цената на целиот засилувач иде надолу, такашто класичните засилувачи едноставно не можат да конкурираат со цената.
Би сакал мислење за комбинација на bookshelf звучници со некое вакво модулче како на линкот од постот, нешто како DIY монитори. На што најмногу треба да се внимава при една ваква комбинација?
 
Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
629
Ми изгледа дека индуктивностите во излезниот филтер не се доволно масивни, но можеби грешам - тешко е да се одреди само од фотографијата. Јас сум користел слични вакви модули, со торусни индуктивности, а цената беше некаде околу 50 евра без поштарина. Звукот беше одличен.
Ако звучникот е 4-омски, тогаш напојувањето на модулот мора да биде 32 V (најмногу 36 V!)!
За 8-омски звучници напојувањето може да биде 48 V, но бидејќи има голем број звучници што се декларирани како 8-омски а реално се 4-омски, најдобро е да се користи напојување од 36 V и за нив.
 
gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.605
2.624
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
За 8-омски звучници напојувањето може да биде 48 V, но бидејќи има голем број звучници што се декларирани како 8-омски а реално се 4-омски, најдобро е да се користи напојување од 36 V и за нив.
што ќе биде ефектот на вистински 8 омски звучници од ова (36V), 25% помала моќност од номиналната?
 
Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
629
Процентуално, 36 V е 75% од 48 V, што значи 56 % моќност од максималната можна (со 48 V). Иако моќноста е помала, за универзална намена сепак препорачувам 32 V или 36 V напојување - никогаш не знаете какви звучници ќе бидат приклучени на засилувачот.

Во случај кога сигурно знаете дека звучниците навистина се 8-омски, тогаш може и 48 V напојување. За мој другар имам направено гитарски засилувач за бас-гитара: хибрид од претзасилувачката секција од Fender Rumble 100 плус класа D двоканален засилувачки модул со TPA 3255 и напојување од 48 V, но кој секогаш работи со двa 8-омски бас-звучника Jensen - по еден на канал. Гласно и моќно!
 
Еден мал офтопик.
Налетав на еден пост на FB, каде што се нудат звучници (навидум рачно изработени) "Za pravi ljubiteli i tie sto znaat . VRV . Kombinacija Filevski -Seas ( par ) ( 600EU )" link
Името ме води кон заклучок дека се излезени од работилницата на Владимир Филевски :)
Ако е тоа така, што стои зад второто име "Seas"?
 
Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
629
Мислам дека човекот од огласот не е првиот сопственик на звучниците.
Тоа е звучникот што го изработив во далечната 2005 година и го објавив како проект „Hi-End monitor SEAS 17“ во списанието ЕМИТЕР:
Проект: Hi-End monitor SEAS 17
Одлично пее, но задолжително му треба сабвуфер!

Пред 17 години еден човек ми донесе драјвери SEAS, со намера да му изработам копија на италијанските звучници Diapason Adamantes II:

Adamantes.jpg

Прекрасни се, нели?
Трпеливо му објаснив дека ваков квалитет на изработка на кутијата е речиси невозможно да се добие во Македонија, а дури и ако е возможно, ќе чини многу, многу пари. Освен тоа, Thiele-Small параметрите на бас-звучникот се такви што не може да се добие доволно длабок бас. Тој беше изненаден, бидејќи читал ривјуа со фантастично добри оценки за звукот на Adamantes II (сега се произведува во верзија V). Јас му реков дека SEAS бас-звучникот во толку голема кутија како Adamantes II ќе има спори и матни средни басови и пак нема да може да извади длабоки басови, па му го покажав тестот во американското списание Stereophile:
Diapason Adamantes II loudspeaker
Дури и Stereophile, кој вообичаено пофално се изразува за квалитетот на звукот на звучници кои реално не го заслужуваат тоа, овде даде негативна оценка - особено за спорите басови!
Погледнете ги нивните мерења:

Adamantes FR.jpg

Заради near-field начинот на мерење, фреквенциската карактеристика покажува издигнување под 400 Hz, а реално целиот тој дел од басовите всушност е 2 dB под 0 оската - што е катастрофален недостаток на басови! Освен тоа, шпицот на 50 Hz јасно дава до знаење дека тјунингот и волуменот на кутијата се погрешни - што доведува до појава на спор, недефиниран и матен бас. Другиот недостаток е дупката во околината на 6 kHz.
Така, го убедив клиентот да изработиме помала, класична кутија, но за која задолжително ќе ѝ треба дополнување со сабвуфер.
Погледнете ги мерењата во ЕМИТЕР на мојата варијанта на овој звучник - „пушка права“ фреквенциска линија, многу подобра од оригиналот!
 
Последна промена:

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.280
4.255
Скопје
hackitfree.github.io
View: https://youtu.be/pLXautZaH8c

Втор дел .
Интересно е тоа што Д-класа засилувачот може да работи и без филтер (пре-високата фреквенција на модулација нема да биде аудибилна во звучникот бидејки тој не може да ги репродуцира фреквенциите над 20Кхц ) но губиме многу на ефикасност (и ќе загрева повеќе и звучникот и засилувачот)
Во секој случај многу покомплицирани засилувачи од А или АБ класа и лично никогаш не сум се осмелил да направам едно (тоа што не го разбирам во потполност не го чепкам )
 
Последна промена:

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.280
4.255
Скопје
hackitfree.github.io
Тестирање на еден канал ( кој на излез има две мали СМД транзисторчиња без ладилници ) на 100W излезна сила - 95% ефикасност ! (само 5W одат на топлина - вкупно ) во транзисторите и во излезните филтри и кондензатори )

View: https://youtu.be/8EqMaQDFmfM
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.255
Мислења
977.494
Членови
35.563
Најнов член
Vezilka5
На врв Дно