DynamicMK
премиум член
- 11 април 2007
- 1.636
- 182
Всушност се работи за преземање на концесијата на радио „РОС“, по што ќе следи ребрендирање и промена на програмската шема...
ние вирус па вирус... лугето биле презафатени со други активности...
Дневник напиша:Групација на луѓе од македонскиот шоу-бизнис и маркетинг-агенции, предводени од Сити радио, „3Д - проџект студио“ и Клаб ФМ, пред извесно време ја презеде националната фреквенција Рос и најавуваа нејзино преименување во Метрополис, како и целосно освежување на форматот на каналот што досега претежно емитуваше фолк-програма.
Неколкуте компании истакнуваат дека на почетокот на декември ќе се одржи спектакл во чест на ребрендирањето, кога треба да се случи и официјалниот почеток на работата на радиото. Тие велат дека основна цел ќе биде понудување квалитетна музика и информирање, примена на високопрофесионални стандарди и преземање странски програми.
Додека да се комплетира екипата, дел од новата програма може да се слушне на следниве ФМ-фреквенции на територијата на Македонија: 99.4 (Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кратово), 104.2 (Тетово, Гостивар, Маврово), 87.6 (Битола, Прилеп, Крушево, Ресен), 88.9 (Велес, Штип, Кочани, Виница), 94.8 (Охрид, Струга, Подградец),, 96.4 (Валандово, Струмица, Радовиш), 105.3 (Градско, Кавадарци, Неготино) и 92.2 (Гевгелија, Богданци, Дојран).
Дневник