1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Chrome-како да вратам пасворди

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од gokica, 24 Март 2020.

Тагови:
  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,506
    10,526
    13 Јуни 2009
    Направив бекап на Default фолдерот. По инсталација на нов ОС, во Chrome ги имам зачувано сите претходни податоци но passwords ги нема.

    На интернет најдов информации дека пасвордите биле криптирани и за декрипција е потребен ист акаунт и компјутер. Името на акаунтот е сменето, компјутерот ист.

    Дали знаете за бесплатен софтвер кој може да ги експортира од стариот фајл. Elcomsoft Internet Password Breaker e $150 па не е во игра.

    Благодарам

    PS. Не се сеќавам дали сум бил логиран со некој акаунт и дали sync бил вклучен.
     
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,413
    11,643
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    На bxxxn и gokica им се допаѓа ова.
  3. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,095
    1,202
    11 Март 2011
    Според овој сајт (прелесно да би било вистински)

    How To Backup Chrome Usernames and Passwords. • Repair Windows™

    1. Exit Google Chrome.
    2. Copy and Paste the "Login Data" file (that you copied at Step-2) from the backup location, to the Chrome Default folder.

    • If you use Windows 8, 7 or Vista:
      • Simultaneously press "Windows" + "R" keys to open the RUN window.
      • In "RUN" window copy and paste the following:
        • %LOCALAPPDATA%\Google\Chrome\User Data\default
      • Press Enter
    3. Launch Chrome.
    4. Visit one by one the websites that you login to and type your password.

    Или пробај ја оваа алатка за да ги видиш пасвордите (доколку го отвори фајлот)

    WebBrowserPassView - Recover lost passwords stored in your Web browser

    Трета опција

    chrome://flags/

    смени password import нa enabled и обиди се да импортираш од сетизни
     
    Последна промена: 24 Март 2020
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,506
    10,526
    13 Јуни 2009
    Го видов ова и претходно. Дефендер го јавува како тројанец па не го активирав. Пишува таму дека е фалс аларм ама па Elcomsoft си работи нормално во трајал верзија.

    Првото не можам да го направам зашто сега имам веќе само бекап од дефаулт фолдерот. А импорт на пасворди е можно само од csv фајл.

    Како и да е благодарам на двајцата.
     
  5. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,206
    785
    8 Мај 2010
    Машко
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    Тоа е така од безбедносни причини. Инаку со копирање на тој фајл може да се отркијат сите зачувани лозинки на корисниците.

    Единствено да направиш нов виндоус акаунт со истото име и лозинка и таму да пробаш дали ќе може да се декриптираат.
    Или пробај со алатката на Нир, но секако треба да ги имаш корисничкото име и лозинката на виндоус акаунтот под кој се зачувани лозинките.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,506
    10,526
    13 Јуни 2009
    Ги пробав WebBrowser pass и Chrome Pass. Ни едната ни другата не ги прикажуваат пасвордите. Не пробав да му пристапувам на фајлот со импорт. На акаунтот немаше пасворд па ќе беше лесно. Но виндовс дефендер постојано ме алармираше и за двата програми а малвербајтс го најде хром пас скриен во темп фајловите по инсталација како тројанец.

    Можда нема ништо а ионака веќе удрив инстал. Но шубе ми е и избришав се.
     
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,548
    12,810
    2 Август 2012
    Машко
    Безбедносни се програмчиња од Nirsoft не се плаши.
     
    На gokica и Avid им се допаѓа ова.
  9. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    Голем број од програмчињата на Нир чепкаат низ чудни места во виндоусот и затоа овие глупите програми мислат дека се нешто опасно. Ич да немаш гајле, Нир прави програми уште пред да постои малвербајтс и слични на него. Слободно игнорирај ги сите аларми

    Кога го отвораш програмот, ги чита лозинките од активните инсталции. Во твојот случај треба да го импортираш фајлот со лозинките од претходната инсталација и да ги внесеш името и лозинката на корисникот.
     
    RoninMK, gokica и на Avid им се допаѓа ова.
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,548
    12,810
    2 Август 2012
    Машко
  11. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,548
    12,810
    2 Август 2012
    Машко
    Се збунив
    На кратко помислив дека KeePass знае да ја земе базата.
    Нејсе :)
     
  13. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    Кeepass го зема CSV фајлот што WebBrowserPassView го експортира.
     
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,506
    10,526
    13 Јуни 2009
    Другари, ви благодарам на сите. Веќе се прошетав по најбитните сајтови и се потсетив на дел од лозинките. За дел од сајтовите направив пасворд ресет.

    Остануваат уште мал број на тековно користени логирања. А за некои постари сајтови ако притреба, ги имам јузер податоците па ќе ми остане само ресет на пасворд.

    Веќе потрошив доста време и сега кога имам преку 70% од пасвордите веќе нема поента да се занимавам со пристап до криптираните податоци и помошен софтвер. Ако ептен згусти ќе ги инсталирам алатките од нир.

    Тоа е. За ум следен пат. Претходно користев Фаерфокс кој нема вакви лимити/криптирања па се што требаше беше бекап на релевантните фајлови. Не знаев дека Хром е поинаква приказна. Всушност и целото ова патешествие можеби ќе ме натера да се вратам на фаерфокс повторно.
     
    На RoninMK и Oktar им се допаѓа ова.
  15. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,488
    1,943
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,548
    12,810
    2 Август 2012
    Машко
    Јас ги чувам во notepad. Озбилно, не ве тролам.
    Сето тоа е рарано со пасворд со незнам какви AES алгоритми за енкрипција, како solid архива со recovery record и енкриптира но име на внатрешната датотека што во превод значи дека не се појавува името и типот на фајлот ако проба да се отвори.

    И го раштракав по Дропбоксови, Мега, Гугл Драјв, во телефон..

    И му турив име "Уплатници за вода и комуналец 2005-2010"
    И креативен пасворд се става на вакво нешто. На пример @mekicite_od_straza!
     
  17. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,206
    785
    8 Мај 2010
    Машко
    Enpass прености:
    Лозинките ги чува локално на твојот компјутер во енкриптиран фајл.
    - Но може и да направиш синхронизација со некој сервис (GDrive, iCloud, Dropbox) секако користење на овие сервиси препорачувам со 2step verification.

    За 40$ еднократно (некогаш поевтино ако начекаш Black Friday) добиваш неограничено користење на софтверот на компјутер и телефон, види ги цените на нивната страна.

    Јас се префрлив од LastPass (кој исто така е супер) откако беа хакирани.
     

Сподели

Вчитување...