• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

ЧПП поврзани со најавување на форум ВАЖНО

Од моментот кога го лансиравме IT.mk v6 (бета) помина еден месец. Очекувано кај некои корисници се појавуваат проблеми поврзани со најавата, па со тоа и истите прашања честопати се поставуваат - затоа во оваа тема ќе објасниме сè што треба да знаете за новиот v6 и како да пријавите проблем за истиот најбрзо да биде решен. Еден вид на ЧПП секција за Single Sign-On (SSO) функционалноста.

Во v6 верзијата направен е бриџ (синхронизација) на членовите на форумот со целокупниот IT.mk прокет, така што со една најава вие ќе имате пристап до сите секции (Портал, Кариера, Маркет и идните што доаѓаат), а не само на форумот. Целиот процес на синхронизација беше многу долг и макотрпен бидејќи не постои соодветен плагин/скрипта која ќе го прави тоа автоматски, па затоа моравме на своја кожа да почуствуваме мака и од прва рака да се увериме дека тоа што го правиме е навистина захтевна работа. :) Огромна благодарност до сите што учествуваа во процесот.

99% од корисниците се успешно синхронизирани и немаа никаков проблем да се најават на новата платформа (кои мораа да да ресетираат лозинка) и со тоа да добијат целосен пристап до IT.mk, но оној 1% (максимум би оделе до 2% :) ) имаат проблем од објасниви и необјасниви причини. За нив е создадена контакт форма преку која можат да пријавуваат проблем со најавата и истата ја решаваме во најкраток можен рок (до сега сите што пријавиле проблем беа решени).
Најголемиот проблем ни го задаваа корисните кои имаат кориснички имиња на кирилица па при импортирањето истите се конвертирале во рандом карактери и сето тоа прави хаос и одзема време да се среди, но се средува! :)

ПОСТОЕЧКИ КОРИСНИЦИ
Како што знаете форумот е базиран на Xenforo а порталот на Wordpress, две различни платформи па затоа беше речиси невозможно да ги синхронизираме и вашите лозинки бидејќи користат различен hash за истите. Поради таа цел беше и сеуште е неопходно да ги ресетирате вашите лозинки на прво логирање.
После успешно ресетирање треба да добиете пристап.

НОВИ КОРИСНИЦИ
Доколку сте нов корисник (се регистрирате одкако е направена синхоронизацијата), целосен пристап ќе добиете откако ќе се одјавите и најавите повторно (работиме на ова). Ова е важно да го направите за да бидат сите податоци успешно запишани и во двете бази.

Често Поставувани Прашања

Ќе се обидам да дадам детално објаснување на сите прашања кои ни се поставувани и кои најмногу им создаваат проблеми на корисниците, а се поврзани со најавувањето/регистрацијата. Истите ќе бидат дополнети од мене, од @D или друг член на тимот на IT.mk.

1. Дали користењето на IT.mk е бесплатно?

- IT.mk нуди и бесплатно и платено користење на платформата. Сите регистрирани корисници може да прегледуваат содржини на форум без ограничувања, додека за порталот регистрираните членови со бесплатно членство нема да имаат пристап до 1337 категоријата како и до одредени е-билтени и функционалности, појаснети тука: Претплата ⋆ IT.mk. Користењето на IT.mk за нелогирани корисници е бесплатно и без ограничување (со исклучок на 1337 секцијата) додека ИТ форумот за гости нуди прелистување со ограничување на 3 теми/страни во 24 часа.Доколку сакете да го поддржите работењето на ИТ.мк и со тоа да придонесето кон негово подобрување можете да го сторите со купување на еден од двата членски пакети.

2. Дали сум привилегиран со тоа што ќе станам премиум член?
- Привилегиран не, но како знак на благодарност за тоа што го поддржувате IT.mk ќе добиете дополнителни функционалности и попусти на одредени производи. Имајте на ум и покрај тоа што сте премиум член, за вас важат истите правила како и за сите останати, и доколку се прекрши некое од правилата ќе бидете соодвето санкционирани согласно правилата.

3. Како да се направам сметка на вашиот сајт?
-На ИТ.мк работи една форма за најава и за регистрација, така да доколку пристапите на форумот и сакате да се регистрирате, ќе бидете пренасочени до страната за регистрација.

Таму ќе можете да одберете еден од трите пакети кои ги нудиме.
Screenshot_1.jpg

Доколку одберете бесплатен пакет ќе бидете пренасочени кон формата за регистрација, доколку одберете некој од двата пакети што се наплатуваат ќе продолжите кон страната каде што ќе треба да внесете ваши лични податоци и податоци од вашата кредитна картичка.

Се со цел процесот за синхронизација да помине како што треба задолжително е вашето корисничко име да содржи само латинични карактери и бројки (валидација за ова ќе биде додадена). После успешната регистрација ќе добиете имејл со известување дека сте се регистрирале.

4. Се регистрирав но немам пристап до форумот?
- Со самата регистрација се креираат сметки на двете платформи но истата не е активна на форумот, бидејќи целиот процес оди преку Wordpress. Во случај да немате пристап до форумот, одјавете се и повторно најавете се, со тоа ќе ја комплетиране регистрацијата и пристапот ќе биде секаде. Во случај да го сторивте тоа и сеуште да немате пристап, пријавете на Пријави ⋆ IT.mk или пишете на [email protected] и вашиот проблем ќе биде решен најбрзо што е можно.

5. Стар член сум но не можам да се најавам и покрај тоа што ресетирав лозинка?
- Ако сте постар член т.е член кој бил регистиран пред синхронизацијата а после успешната најава вие имате пристап само до IT.mk порталот но не и до форумот, тогаш највероватно сте во оние 1-2% кои ќе треба рачно да ги синхронизираме. Пријавете на Пријави ⋆ IT.mk или пишете на [email protected]

6. Не добивам имејл за ресетирање на лозинка!
- Ова е проблем кој мислиме дека е надминат. Доколку некој се уште го има нека пријави на Пријави ⋆ IT.mk или пише на [email protected]

7. Имејл адресата на мојот профил не ја користам повеќе или не знам која ми е?
- Изминатите неколку години не беа дозволени регистрации на форумот со привремени имејл адреси т.е таквите членови не беа прифаќани, но има и такви од претходно или едноставно тој имејл провајдер не го користите повеќе, престанал со работа или сте го заборавиле, истиот може да ви биде кажан или променет со претходна проверка дека не станува збор за било каква измама.

8. На форум сум најавен а на портал не сум?
- Доколку сте успешно најавени и останете најавени без да се одјавувате, во тој случај ќе приметите дека после извесно време ќе бидете одјавени од ИТ.мк, но сеуште ќе бидете најавени на форумот. Ова се случува поради тоа што форумот и порталот чуваат колачиња за корисникот според различен временски период.
Се работи на тоа да се среди проблемот, а до тогаш слободно најавете се повторно.

9. Не можам да се најавам со корисничко име, зошто?
- Доколку имате проблем да се најавите со вашето корисничко име, пробајте да го сторите тоа со вашиот имејл. Формата ги прима и двата формати. Можната причина за ова е разлика во корисничкото име на форум и она што е импортирано на портал. Најчесто ваквите случаеви се корисниците кои имаат специјални карактери во своите кориснички имиња или нивните кориснички имиња се на кирилица. Во базата на Wordpress нема кирилични имиња, истите се конвертирани во латинични.

Оваа ЧПП статија ќе биде поставена за важна и ќе биде поставено известувања на почетна страна на форум со линк до неа за да биде лесно достапна.

Ве молам одвојте минута време прочитајте пред да побарате помош, можеби решенито на вашиот проблем е токму тука.

Со почит,
тимот на IT.мк
 
Последна промена:

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,420
1,375
Скопје
1. Дали користењето на ит.мк е бесплатно?
- Да, користењето на ит.мк е бесплатно и може да се користи без никакви ограничувања за регистрирани корисници, додека за гости прелистувањето на форумот е ограничен на 3 теми/страни во 24 часа.
Доколку сакете да го поддржите работењето на ит.мк и со тоа да придонесето кон негово подобрување можете да го сторите со купување на еден од двата членски пакети.
ова не е точно баш (или е едноставно грешно формулирано) .. пример/доказ Наум од Furious Avocado открива како се прават мобилни игри кои доаѓаат до стотици милиони преземања ⋆ IT.mk. Има сепак ограничувања на ит.мк, или се мисли на ит.мк или на форумот .. не е баш јасно пишано.

п.с. не ми смета воопшто .. чисто инфото ми е грешно во овој контекст тука (на другата страна за членство си е објаснето дека премиум содржини и сл. е ограничено пристап соодвенто и тн и тн.)
 

D

Администратор
31 март 2007
3,489
2,742
www.iwmnetwork.com
ова не е точно баш (или е едноставно грешно формулирано) .. пример/доказ Наум од Furious Avocado открива како се прават мобилни игри кои доаѓаат до стотици милиони преземања ⋆ IT.mk. Има сепак ограничувања на ит.мк, или се мисли на ит.мк или на форумот .. не е баш јасно пишано.

п.с. не ми смета воопшто .. чисто инфото ми е грешно во овој контекст тука (на другата страна за членство си е објаснето дека премиум содржини и сл. е ограничено пристап соодвенто и тн и тн.)

Fixed. Work in progress беше, копирано од претходно :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,174
Мислења
879,576
Членови
30,802
Најнов член
nestorosky_187
На врв Дно