1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Чистење на регистерот - апликации, совети и искуства.

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од pocttopus, 8 Септември 2011.

  1. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    чисто информативно, колку користите некоја апликација за чистење на регистерот во вашиот оперативен систем? која апликација ви е омилена и колку ја препорачувате за користење?

    по интернетот сретнав места каде не се препорачуваат ваквите апликации, наводно тоа можело дополнително да ја искомплицира работата на оперативниот систем, а други пак пишуваат дека е составен дел од одржувањето. чистењето на регистерот го споредуваат дури и со тоа колку често се користи и опцијата за дефрагментација со цел да се забрза работата на оперативниот заедно со програмите кои се користат.

    мислењата се поделени, па затоа ме интересираат и вашите ставови, искуства и итн. :rolleyes:
     
  2. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас го чистам регистарот рачно, немам доверба во вакви апликации.
     
  3. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,247
    24 Март 2009
    Машко
    Auslogics Registry Cleaner
    Auslogics Registry Defrag

    :bravo:


    Рачно нема шанси да исчистиш ни приближно колку што може некој програм.
     
  4. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,625
    1,287
    13 Август 2009
    Машко
  5. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,109
    1,669
    30 Мај 2010
  6. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    955
    519
    14 Јануари 2009
    Користам CCleaner и TuneUP пред да преминам на 64бит 7ка немав реинсталирано скоро две години.
    Еднаш или два пати месечно пуштам да скенираат и да чистат.
    CCleaner-от е одличен бесплатен софтвер за таа намена :bravo:
     
  7. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,883
    1,453
    10 Август 2010
    Машко
  8. caki

    caki
    Gaining Experience

    463
    145
    1 Август 2010
    И јас исто користам CCleaner и засега добро си ја врши работата.
     
  9. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Исто и јас CCleaner користам за поправање регистри.
    Мада јас многу ретко инсталирам/бришам програми, така да ретко ја користам опцијата за поправање регистри, почесто си го користам за чистење Temp фајлови.
     
  10. goaty

    goaty
    Gaining Experience

    363
    189
    5 Февруари 2010
    Mе интересира дали некој приметил практично подобрување со редовно чистење?

    И јас на неколку места имам прочитано дека чистењето на регистарот не е препорачано, а исто така не сум ни приметил никакво подобрување порано кога сум чистел, па сум се откажал - некои ситни проблеми си ги решавам рачно, а „остатоците“ од програми си седат и не пречат.
     
  11. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,247
    24 Март 2009
    Машко
    Да, јас сум приметил огромно подобрување и забрзување. Кај мене бидејки редовно ги чистам нема некоја разлика од едно до друго чистење, но еднаш кај еден другар кога ги исчистив 3000+ непотребни записи на регистрите нечистени од на дедо Ное времето, се забрза подигањето на оперативниот за цели 7 секунди, а стана и далеку по одговорен оперативниот.
    Оперативниот со секое вклучување ги вчитува и регистрите и пребарува во нив по потреба. Нормално дека ако има повеке записи ке биде поспор.
     
  12. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,148
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    CCleaner го користам, и доволен ми е.Но понекогаш чистам и со regisry mechanic кој е одличен за таа работа.:bravo:
     
  13. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    165
    57
    20 Јули 2011
    Јас користам Ace Utilities и сум задоволен, добра оптимизација врши.
     
  14. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,085
    4 Септември 2008
    Со програмите за „чистење“ на вредностите во регистарот само поголема каша попара ќе се направи отколку корист. Поарно да остане се како што е запишано отколку некоја програма за чистење да чепка нешто што незнае дали сигурно треба да го избрише или не.
    Некогаш некои записи се меѓусебно поврзани, иако таа програма што ги направила или некоја библиотека што ги користела веќе не е инсталирана, некоја друга ги користи вредносите, „чистачите“ доколку ги избришат, а неможе да знаат дали реално се користат од други апликации може да направат само поголема беља.

    Така да реално не ти треба, може најдобро решение ти е она од CCleaner што ти го спомнаа, каде се бришат само неупотребуваните екстензии и ништо повеќе.

    Еве ти едноставно четиво како се работи, http://www.easydesksoftware.com/rworks.htm
     
  15. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,202
    781
    8 Мај 2010
    Машко
    Така, и јас само CCleaner го користам онака само да избрише она што не се употребува и плус не е некој Deep скенер да откопа 781 registry errors па после да неможе компјутерот да сврзе крај со крај :))
     
  16. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,387
    11,593
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    И јас би имал многу да напишам за оваа тема, бидејќи ме интересирала и сум пробувал речиси секој нов програм што се појавил, но нема бидејќи е стварно опасна и многу пати сум се зае*увал, па не би сакал да поттикнувам и други. Можеби да дадам неколку препораки од искуство...

    За просечен, па и натпросечен корисник, апсолутно нема потреба ни од размислување на оваа тема. Виндоуз сосема добро ќе си преживее и работи без никакво „чистење“ на регистри, па дури и да има блатантни грешки (клучеви што укажуваат кон непостоечки фајлови и слично).

    Е, сега, за некој што е педантерија како мене, јас не можам да трпам такви работи, па може да си проба, но клучно е:

    Никогаш не дозволувајте му на програмот автоматски да брише, туку секоја пријавена грешка проверете ја со скок во RegEdit и истражување (на пример, ако е GUID, отварање на нов RegEdit и search). Многу работа, да, ама мора. Ниеден од програмите (а сум ги пробал сите спомнати, а и многу други) не е имун на грешки во логика. Можеби единствено CCleaner, но тоа е затоа што е многу конзервативен и не наоѓа многу грешки. Имаше една цела класа програмчиња што правеа исти грешки (веројатно ист engine, само друг GUI) - непрепознавање на еквивалент на долги имиња во регистри, т.е. брљавеа кога во името на фајлот ќе се појавеше некој карактер (не памтам кој) и бришеа сосема валидни клучеви.

    За другото прашање, дефрагментација на реџистри, мислам дека е сосема доволно да се направи еднаш во текот на животот на компјутерот (т.е. инсталацијата на Виндоуз) и толку. Или максимум еднаш-двапати годишно. Почесто од тоа нема фајде (реџистри не се фрагментира толку многу), а сепак при дефрагментацијата се ризикува многу ако нешто тргне наопаку. Мислам дека и дефрагментаторите на реџистри сите користат ист API [*citation needed] :) па е сеедно кој ќе се одбере. А зошто не ниеднаш? Па, сепак има фајде (добивката се движи меѓу 10 и 30 % помал реџистри).

    Но, како и да е, најголема хигиена се постигнува со дисциплина - инсталирање само програми што сигурно знаеме дека ќе ги користиме. Пробување нови програми само во виртуелна машина или на стар компјутер што може да се прежали (инсталацијата). Уште ми се крева коса на глава од другари што ме викаа да им го чистам компјутерот со зборовите: „си купив БАГ/Ентер, ги инсталирав сите програми од ЦД-то да ги пробам, па ги деинсталирав. Зошто сега не ми работи компјутерот?“

    И то...
     
  17. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Јас ги чистам регистрите со Acronis True Image :)) Наместо да импровизирате, направете една комплетна инсталација со сите потребни апликации и - backup. Кога ќе забележите некој проблем - restore. Е сега - проблем е просторот којшто е потребен за backup. Но, овој начин на одржување на 'кондиција' на компјутерот е брз, сигурен и едноставен.
     
  18. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    955
    519
    14 Јануари 2009
    CCleaner-от пронаоѓа проблеми во регистрите и ги поправа,не ги бриши. Или бриши остатоци од деинсталирани програми. Нема штета од тоа.
    За целосно бришење на регистри после деинсталирање на програми т.е целосно отстранување на програмите користам Revo Uninstaller Pro.
     
  19. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,109
    1,669
    30 Мај 2010
    Ај едно прашање. Можеби е оф топик, ама баш ме интересира.

    Имам партиција да речеме Е. Таа е голема 200GB и е искористена 100GB. Знали слободно има 100GB. Инсталирам игра која е голема 10GB и ми останува 90GB слободно. Веќе не ја сакам играта и ја бришам (Uninstall), Ми останува free простор 99GB, а не 100GB како што требаше. Каде се губи тој гигабајт ? Е сега и не ме фаќајте за збор дека гигабајт фали, но секогаш сум приметил дека барем по 300MB фалат. И сега едена игра инсталира, па друга, па трета и на крај сите ги избришеш, а неколку мегабајти или гигабајти фалат.
     
  20. bogev4eboy

    bogev4eboy
    Intern

    271
    29
    30 Април 2011
    Машко
    ... и мене исто ... сега пред малку од Piriform симнав Defraggler за дефрагмент ... го пуштив на партиција C каде што имав 92GB слободен простор

    после половина час гледам 90,5GB :isplashen:

    што се деси ?? :isplashen: наместо да ослободи место тоа уште толку ја полни меморијата :ua: па одма го избришав :))

    btw и си останав со 90,5GB :plachko2:
     
  21. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Незнам што е толку тешко. Бришеш програм. Влагаш во регистар. Маваш еден search со името на програмот. Наоѓаш ѓубре. Проверуваш да не линка до други програми, сервиси или dll-ки. Бришеш ако е безбедно.

    Слично е и со проблеми. Го идентификуваш проблемот. Маваш еден search у регистарот и го поправаш. Притоа не е на одмет нешто да го прашаш чичо Гугл.
     

Сподели

Вчитување...