• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

ChipFan Failure

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Moscow_BoY

Intern
12 јуни 2007
260
4
securzone.blog.com.mk
Претпоставувам дека на повеќето од вас што го познаваат подобро хардверот овој проблем им е веќе познат со оглед на тоа што не е редок.
Компјутерот каде ми се појави овој проблем има матична плоча ASUS A8N-E и CPU AMD Atholn(tm) 64 Processor 3000+ ; Температурата на процесорот е некаде околу 37-38 степени (целзиусови) - што не е голема температура за процесор, мислам дека максималната термичка граница е околу 80 степени, но не ме држете за збор зошто хардверот не ми е јака страна.
CPU Fan Speed варира околу 3790/4100 RPM, a CHIP Fan Speed варира од 0 до 2800/2900 RMP. За да го решам проблемот го исклучив CHIP Fan предупредувањето, но и понатаму кога ќе го пуштам компјутерот стартува со чуден звук (како да премотувате лоша видео касета) а оперативните системи не сакаат да се подигнат (кај Windows-от се појавува за дел од секундата Blue Screen of Death, a Ubuntu-то се укочува).
Претпоставувам дека ќе треба или да го сменам вентилаторот, или да најдам некое друго алтернативно решение. Сега кулерот е алуминиумски, така да не верувам дека ќе можам да го извадам само вентилаторот. Значи ќе треба да го извадам целиот кулер и да го заменам со нов.
Би сакал да се консултирам со некој што веќе го имал истиот проблем и да го чујам неговото мислење и искуство. Овој компјутер веќе еднаш беше на сервис во АМЦ поради истата причина, но немам немера да ги чекам со недели.

Поздрав Moscow.
 

Password

Intern
10 април 2007
393
9
Види провери го/ги Хард Дискот/Дисковите. Можеби нешто со нив не е во ред. ПОз
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Штом има чудни звуци ме асоцира на хард дискот. Пробај бутирај со Knoppix и види дали ќе работи нормално. После со Hiren's Boot CD и истестирај го хард дискот.

А зашто му направи дисејбл на ChipFan предупредувањето? Со отворено куќиште пушти го компјутерот и види кој кулер би можел да „шкрипи“. Тие серии на Асус - за сокет 939 имаат доста проблеми со кулерите за чипсетот на матичната. Издувај го и ако можеш подмачкај го со некое силиконско или машинско масло. Ако е до тој кулер, а немаш масла, пиши ПП и ако не те мрзи ќе дојдеш кај мене и ќе го средиме.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,529
Мислења
822,695
Членови
28,053
Најнов член
ro0tkid
На врв Дно