• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Чичко Били отиде во пензија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Шефот на компјутерскиот гигант „Мајкрософт“ Бил Гејтс денеска заминува во пензија, по 33 години работа.

Гејтс ќе ја задржи титулата директор на компанијата, но без извршна функција и ќе работи во „Мајкрософт“ само еден ден неделно.

Остатокот од времето ќе го посвети на најбогатата фондација на светот „Бил и Мелинда Гејтс“, која има за цел да ја унапреди медицинската заштита и да ја намали сиромаштијата ширум светот.

Фондацијата на сметка има 38 милијарди долари, а очекува уште милијарди по најавата дека Гејтс на неа ќе го пренесе своето лично богатство.

И легендарниот инвеститор и личен пријател на Гејтс, Ворен Бафет, најави дека во фондацијата ќе префрли голем дел од својот имот.

Еден од највлијателните бизнисмени на 20 век, 52-годишниот Гејтс, пред триесетина година го основаше „Мајкрософт“, базиран на идејата дека компјутерите ќе станат составен дел на секојдневниот живот.

„Мајкрософт“ прерасна во софтверски гигант, а Гејтс со години не се симнуваше од врвот на листата најбогати луѓе на светот.

Извор: А1
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Е па редно беше веќе :)) , иако чисто се сомневам дека целосно ќе се повлече од Мајкрософт. :ha:
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,035
456
Били е закон чоек, алал да му е за се што има постигнато, да напуштиш факултет со мисла персонален комјутер за секој дом (а пред 33 години само ептен богаташите можеле да си го допуштат тоа), човекот може е од друга планета штом има таков мозок и успеал да го постигне тоа што го замислил иако на почетокот сите мислеле дека е лу. И да, пишува дека ќе оди да работи еден ден неделно, али не верувам дека дома ќе спие по цел ден, мислам дека денес не е проблем да работиш од дома :D
 

dashbog

Gaining Experience
24 јуни 2008
162
128
А зошто мислам дека сите негови идеи и на Стив од apple им се украдени од Xerox. Имам гледано некои филмови околу тоа и не зборуваат баш најдобро за чичко Били.
 

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Нека му е со среќа :bravo:
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Браво за чичко Били. Иако, посебно последниве 10 години немаше некоја си голема работа, во секој случај секоја чест..
Па и редно време е да се пензионира.. Макар и како што кажаа останатите, чисто сумљам дека целосно ќе се откаже..
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,035
456
А зошто мислам дека сите негови идеи и на Стив од apple им се украдени од Xerox. Имам гледано некои филмови околу тоа и не зборуваат баш најдобро за чичко Били.
Да краделе идеи до сега ќе биле во затвор

Браво за чичко Били. Иако, посебно последниве 10 години немаше некоја си голема работа, во секој случај секоја чест..
Па и редно време е да се пензионира.. Макар и како што кажаа останатите, чисто сумљам дека целосно ќе се откаже..
Се сложувам дека во последниве години не направија ништо посебно, но успеа компјутерот баш да го направи персонален и лесен за работа. Windows-от е најкористен во светот, тоа е доказ дека човекот е успешен.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
онолку колку ти не можеш ни да замислиш
да немаш време толку пари да потрошиш

апа ај нека му е со среќа "пензионирањето":isplashen:
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Честито нека му е на чоеко.
Си заслижи одмор.:)
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
А зошто мислам дека сите негови идеи и на Стив од apple им се украдени од Xerox.
Исправно......ако биле толку паметни од XEROX:D

Gејтс го купи DOS, го до-оспособи и го крсти MS-DOS :) се друго е историја. Мора да си бизнис ајкула и со напредно мислење за да доминираш како Bill. Поради него имаме компјутери на кои можеме да го избришеме XP и да инсталираме Linux :) Благодарам Bill
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Па редно беше да се пензионира,што ќе му е уште да работи :LOL:
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Bill e eden i edinstven...........
Kolku sakate plukajte po nego ama on e najzasluzen za toa sto poveketo luge doma imaat PC.
:bravo::bravo::bravo:
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
@trakilaki е во право
татко ти само помогнал само да дојде компјутерот до тебе

а чика били се
значи за твојот компјутер или PC 99.5% е заслужен bill а останатите татко ти :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,577
Мислења
823,836
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно