1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Четврт мобилен оператор во Македонија(Виртуелен)

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од filipvselena, 11 ноември 2010.

  1. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,794
    75
    7 Април 2007
    Денеска е потврдена веста дека во Македонија наскоро ќе се појави четврт мобилен оператор.Ќе биде виртуелен и ќе ја користи инфраструктурата од веќе постоечките оператори.Еве извадок од веста на Сител.

    Македонија доби четврти мобилен оператор
    11.11.2010 - 18:41 | Бизнис
    Македонија доби четврти мобилен оператор. Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор.


    Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на македонските граѓани.

    За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички.

    Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди меѓународни разговори. Главниот извршен директор за Сител најави дека операторот до крајот на месецот ќе се претстави пред јавноста на прес конференција.

    Властите сметаат дека четвртиот оператор во мобилниот бизнис допонително ќе ја засили конкуренцијата, ќе ги намали цените и ќе ја подобри понудата за потрошувачите заради што и беше распишан меѓународен повик.

    Трите компании кои веќе работат на нашиот пазар во повеќе наврати коментираа дека тој е премал за нови учесници.

    Од друга страна, во Словенија, со прибилжно ист број корисници како Македонија, мобилна телефонија нудат пет оператори од кои два виртуелни.

    Според податоците на нивниот веб сајт, ВТИ работи во Холандија, Германија, САД, а отсега и во Македонија. Компанијата нуди услуги во фиксна и мобилна телефонијата на големо и мало.

    Еве ја и веста на страницата од операторот што наскоро ќе почне да работи и тука

    World Teleconnect International becomes a telecom operator in Macedonia
    It is with the utmost pride that we announce that WTI has received the appropriate telecom licenses from the Telecom Agency of the Republic of Macedonia for fixed. mobile and retail telephony in the Republic of Macedonia.

    Consequently, we have incorporated WTI Macedonia d.o.o. in Skopje, Macedonia as a daughter company of World Teleconnect International Holding BV to begin WTI operations in Macedonia.

    A new office is currently being set up in Skopje.
     
    На Brontok му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zee

    Zee
    Intern

    209
    21
    10 Септември 2010
    ...se trese vo ladna voda.
     
  3. Nakolce

    Nakolce
    Gaining Experience

    941
    87
    18 Септември 2009
    Ке видиме дали се тресе или не....:p
    ова би било закон ако иаат ниски цени.. а не билдани како во теретана.
     
  4. Zee

    Zee
    Intern

    209
    21
    10 Септември 2010
    Ne e vozmozno vo Makedonija da se ima eftina cena na minuta bidejki interkonekcijata e monopolizirana i chini (primer karikiram) 2-5 denari. Ne sum siguren no gore dolu taa e cenata. Sto znaci avtomatski skapa minutata ispagja samo od dogovorite za interkonekcija koi drzhavata dozvoli da ima monopol i legalna krazba.

    VIP Austria seuste gi subvencira VIP post paid pretplatnicite vo Makedonija so po 150-180 evra mesecno kako zaguba zaradi interkonekcijata i minutite koi vip gi dava kon drugite mrezi.

    Zatoa nema nisto da bide od ova. Mozebi gresam.
     
  5. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    961
    243
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    Да се надеваме дека ке се поправат цените на мобилините телефони на претплата, бидејќи моменталните оператори нудат глупости, само телефон 20.000ден на претплата 17.000ден , wtf...
     
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,484
    2,481
    14 Мај 2008
    Машко
    Со оглед на тоа што сегашниве оператори си имаат свои мрежи и држат олигопол со договорени цени и понуди, кога ќе дојдат дечкиве, муабетот ќе изгледа вака:

    - WTI: Дечки дајте бе убаа цена за рентање инфраструктура, да видиме и ние малце леб!
    - T-Mobile/One/Vip: Мрш бе копиљ еден! (клоца)

    За жал WTI немаат појма во каква држава сакаат да прават бизнис и не знаат дека ќе го јадат стапот од сите страни бидејќи кај нас правниот систем и политиката дозволуваат законите да важат или да не важат само кога на некој му е ќеф.
     
    На dipetar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ки4ма

    ки4ма
    Intern

    234
    17
    21 Февруари 2008
    Машко
  8. Zeratul

    Zeratul
    Intern

    242
    29
    30 ноември 2008
    Виртуелен провајдер значи дека ќе мора да добие конекција од некој од постоечките провајдери, а тоа веднаш гарантира слични цени...
     
  9. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Bi rekol isti ceni.
     
  10. Zeratul

    Zeratul
    Intern

    242
    29
    30 ноември 2008
    Баш тоа... Не се сеќавам каква беше понудата на Frog, пред некое време, ама мислам дека цените беа со многу мали разлики, ако воопшто беа поефтини.

    Не можам да замислам какви бенефиции може да има виртуелен провајдер на толку мал пазар.
     
  11. arizanov

    arizanov
    Intern

    27
    1
    3 Март 2010
    Ова ке пропадне како Frog што беше виртуелен мобилен оператор не може да понуди пониска цена бидејки ке ја корситат мрежата на веке постоечките мобилни оператори
     
  12. Petkovsky

    Petkovsky
    Intern

    323
    31
    7 Декември 2009
    Му давам 5месеца...ако воопшто влезе на пазарот.
     
  13. shemko

    shemko
    Gaining Experience

    231
    56
    15 Јули 2008
    eve kako e vo bugarija so frog
    http://www.frogmobile.bg/bg/frog-pricelist.php
    i eve vo HRvtska so tomato
    http://www.tomato.com.hr/tomato/show?idc=27045109

    eve i slovenija
    http://www.izimobil.si/help.cp2?cid=C76ACF71-496A-8EFE-3F78-FD6450FCC6C1&linkid=50

    spored site ovie 3 virtuelni operatori* najevtino 1min razgovor e vo BG a najskapo vo slovenija
    .....
    za kaj nas malce poteska rabota ...a Frog.mk bese virtuelen operator ....no cosmofon ..toa go napravi a vo ovaa situacija so WTI e sosema druga kompanija *^ pa ke vidime sto ke izleze ....
     
  14. shemko

    shemko
    Gaining Experience

    231
    56
    15 Јули 2008
    На денешната прес конференција првиот виртуелен оператор „WTI“ го претстави својот менаџерски тим и најави старт на работењето во вториот или третиот квартал следната година.
    Од операторот велат дека се уште немаат утврдено со кои цени ќе стартуваат, а се уште течат и преговорите со „Вип оператор“ и „Македонски телекомуникации“, за чија мрежа да ја користат.
    Таргет на новиот мобилен оператор ќе бидат комуникациите со дијаспората.
    Менаџментот на операторот посебно ги потенцираше условите за водење бизнис во земјава.
    „Ја избравме Македонија поради поволната даночна политика, разработениот пазар и пријателски расположената законска регулатива и Влада„, посочи Ханс Ван Хелден, претседател на Одборот на акционери на WTI.
     
  15. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    815
    322
    28 oктомври 2007
    Jas licno ne veruvam deka cenite ke se spustat od strana na noviot operator zatoa sto ke rabotat na tuga mreza.Da izgradea svoja ke pravevme drug muabet.Vaka nieden od trite operatori nema da bide do tolku lud da mu dade na noviot operator tolku niska cena za konekcija so koja bi imal dobra marza dokolku gi butne cenite na ostanatite operatori.
     
  16. danco_mmun

    danco_mmun
    Intern

    8
    2
    14 Јануари 2012
    Машко
    Па... колку што знам, кога дојде ВИП, прво рентаа мрежа од Т-мобиле на почетокот. Штом на Т-мобиле им се исплати да подигаат конкуренција, а на ВИП да рентаат мрежа и пак да се пробијат, можеби е важен пристапот до корисниците. Сега ВИП е навистина добро позициониран како евтин оператор.
     
  17. bozidar

    bozidar
    Intern

    75
    7
    26 Март 2009
    Машко
    sum slusnal deka pozadi wti makedonija stoi t-mobile taka da ke nema nekoja razlika vo cenite
     
  18. danco_mmun

    danco_mmun
    Intern

    8
    2
    14 Јануари 2012
    Машко
    Proveriv na nivniot sajt, pozadi niv stoi ONE :) Ali imaat "golema" vizija

    After a year of intensive preparations and detail negotiations, WTI is able to announce that it has signed a ‘network access and service delivery agreement’ with ONE, allowing WTI to make a full commercial launch of mobile services in the very near future.

    This is a strategic partnership between the newest telecom operator in Macedonia and ONE, the first 4 play operator in the market.

    Source: http://wtimacedonia.com/pagina/1/Latest-News/
     
  19. ^RedDragon2^

    ^RedDragon2^
    Intern

    1
    0
    25 Јануари 2012
    Машко
    Па мора со некој од операторите да склучат договор за користење на мрежата затоа што виртуелниот оператор нема своја инфраструктура. ONE им ја издава мрежата на WTI за одредена сума, после тоа WTI сам си одлучува колкави ќе бидат цените, тие не зависат од цените на останатите оператори. А инаку WTI се холандска компанија.
     

Сподели

Вчитување...