• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Чекор-по-чекор инсталација на Mac OS X Tiger на Pc

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Како што ветив еве еден комплетен и детален туториал за тоа како да го инсталирате Mac OS X Tiger на вашиот компјутер.
За секој чекор од инсталацијата има и сликовит приказ како изгледа.
Како прво, доколку не е подесен го подесувате вашиот компјутер при боотирање приоритет да има вашиот двд драјв.
Бидејќи тоа е потребно за да може да се подигне инсталацијата.
Го ставате Mac OS X Tiger двд-то во вашиот двд драјв и го ботирате од него.
Потоа кликнувате на некое копче за да се започне инсталацијата.


Се иницјализираат инсталационите фајлови...


Сега започнуваме со инсталација.
Како прво одберето го јазикот на кој што сакате да се инсталира.
Одберете Use English as the main language, се разбира имате и неколку други јазици на кој можете да го инсталирате.


Се подигнуваат фајловите за инсталација...


Започнуваме со подесување на инсталационите параметри...
Тука кликнете на continue.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
И тука кликнете на continue.


Потоа на следниот прозорец кликнете на agree.


На следниот прозорец одете на Utilities.


И кликнете на Disk Utility.


Во следниот чекор треба да изберете каде сакате да се инсталира Mac OS X Tiger-от, односно да изберете во која партитиција доколку имате повеќе.
Постапката е скоро иста како во Windows-от.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Изберете ја саканата партитиција за инсталација и одете на опцијата erase.


Кај што пишува volume format изберете Mac OS extended (Journaled).
А кај name напишете како да се вика партитицијата на која ќе се инсталира Mac оперативниот систем.


Конкретно јас напишав Маc OS Tiger.


Потоа одете на опцијата еrase.


Се креира избраната партитиција.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Конкретно кај мене вака изгледа после завршувањето на овој процес.
Имам нова партитиција именувана Mac OS Tiger на која ќе го инсталирам оперативиниот систем.


Потоа затворете го овој прозорец.


Сега повторно сме вратени на главното мени за инсталација.
И како што можете да видите имаме Mac OS Tiger именувана партитиција на која можеме да го инсталираме Mac OS.


Кликнете на неа и одете на continue.


На следното мени кликнете на customize.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Следниот чекор е еден од најважните чекори, доколку тука доколку згрешите целата инсталација нема да функционира односно ќе биде залудна и ќе треба повторна целосна реинсталација.
Прво одберете да се инсталира од подршката за драјвери, фонтови и јазици.
Посебно внимание oбрнете на последното подмени JaS.Intel.and.AMD.Patches.


Доколку имате AMD процесор во паѓачкото подмени JaS.Intel.and.AMD.Patches штиклирајте ги следниве полиња:
AMD.10.4.6.Combo.Update,
AMD.SSE2,
AMD.SSE3,
10.4.6.SemjaZa.V1.2.AMD.Decrypts

А пак доколку имате Intel процесор штиклирајте ги следниве полиња:
Intel.10.4.6.Combo.Update,
INTEL.SSE2,
INTEL.SSE3,

Преостанатите опции изберете ги според вашите хардверски компоненти, најдобро е да ги штиклирате сите останати полиња во паѓачкото подмени JaS.Intel.and.AMD.Patches така ќе имате подршка за сите останати хардверски компоненти наведени таму.


Јас конкретно поради тоа што имам Amd процесор ги штиклирам полиѓата за Amd.
Потоа кликнете на Install.

После избирање на install се автоматски се проверува дали е 100% исправен двд медиумот.
Вие тука стиснете на skip.


И конечно започнува инсталацијата на Mac OS X Tiger.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Инсталацијата во зависнот од конфигурацијата на вашиот компјутер и од тоа што сте избрале да се инсталира трае околу 20-60 минути.


Се инталира познатиот iTunes од Apple :) ...


Се финишира инсталацијата...


Се оптимизираат системските перформанси на вашиот компјутер...

 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Башиот компјутер автоматски се ќе се рестартира за 15 секунди за да завршат последните чекори од инсталацијата.


После рестартот Mac OS X Tiger ќе ви посака добредојде...
И тука ќе треба да ја одберете вашата држава.
Одберете United States и изберете continue.


На следниот прозорец ќе ве праша дали сте имале предходно Mac компјутер од кој можеби сакате да ги префрлите податоците на овој компјутер.
Тука изберете do not transfer my information и кликнете на continue.


На следното мени избирате лајоут за тастатурата.
Изберете U.S. и кликнете на continue.


Сега избирете каков тип на интернет конекција користите...

 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Кликнете на different network setup и изберете каков тип на интернет конекција конкретно ќе користите, потоа кликнете на continue и внесете ги потребните параметри за вашата конекција и одете на continue повторно за да се запишат измените и да продолжите понатаму.


Потоа оперативниот систем ќе побара да го внесете вашиот Apple ID и Password (секој кој има купено лиценциран Mac OS има ваков ID и Password)
тука немојте да пополнувате ништо туку само одете на continue и ова ќе се прескокне.


Следно што треба да направите е да ги внесете вашите лични податоци.
Потоа одете на continue.


Пример:


Се приближуваме кон крајот на инсталацијата.
Следно ќе ве праша каде и за што ќе го користите вашиот компјутер.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Пример јас одговорив вака на овие две прашања.
Важно: Одштиклирајте ја опцијата Stay in touch!!!


Во наредниот чекор креирајте усер акаунт и пасворд и одете на continue.


Потоа избирате во која временска зона се наоѓате.
Тука ја нема Македонија, така да изберете некој зона по избор :D и одете на continue.


Подесете го точното време и датум и одете на save.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Потоа се разбира одете на continue за да ја завршите инсталацијата.


И на крај кликнете done.


И тоа е тоа.
И го имате најпосакуваниот оперативен систем на сите времиња на вашиот компјутер ;) .


Еве уште неколку скрин шутови...

 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Еве како изгледа system preferences...


И за крај еве како изгледа текст едиторот во Mac OS X Tiger :D .



Тоа е се за денеска... :D
Се надевам дека ќе ви користи овој туториал.
Целиот материјал е направен за едукативни цели.
Само уште да нагласам и дека јас инсталацијата на овој оперативен систем го извршив во виртуелна околина (vmware) но се разбира дека нема никаква разлика доколку истиот го инсталирате како примарен оперативен систем.(неколку пати сум го инсталирал и како примарен)

*Напомена:
Авторот на овој едукативен материјал не сноси одговорност за евентуално настанатите проблеми поради користење на истиот.
 

makedonce

Intern
12 април 2007
609
11
www.tracker-mk.org
браво и фала многу нека земат пример другите од тебе и нека почнат да ни дават лекции на македонски за некој работи ...........а сега да ми кажеш само дали има драјвери за мојот компјутер
CPU:AMD Athlon64 3200+
RAM:1024MB DDR
HDD:160GB
VGA:GeForce 7100-128 Up to 512MB PCI-Ex

за видео карта за матична плоча за се...мислам дека ќе ми требат

фала многу
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
браво и фала многу нека земат пример другите од тебе и нека почнат да ни дават лекции на македонски за некој работи ...........а сега да ми кажеш само дали има драјвери за мојот компјутер
CPU:AMD Athlon64 3200+
RAM:1024MB DDR
HDD:160GB
VGA:GeForce 7100-128 Up to 512MB PCI-Ex

за видео карта за матична плоча за се...мислам дека ќе ми требат

фала многу
Доколку го имаш инсталирај го според туториалот мислам дека нема да имаш проблеми ;)
 

miStErioz

Intern
18 април 2007
93
4
zoki.lugola.net
Одлично, браво Исмет.
Само мислам дека требало да вметнеш и за двојно подигање со друг оперативен систем. Обично луѓето не сакаат да го бришат нивниот windows туку сакаат и win и Mac нели? :)
Еве и од мене мала надопуна.
Доколку сакате да имате два оперативни системи потребно е следново:
Веќе инсталиран ОС :) и празно место за другиот ОС (MacOsX) а се препорачува друг хард диск но за тие што имаат лаптоп или за оние што сакаат да штедат секако ќе им треба партиција.
Значи, ќе користите алатка слична како Partition Magic или пак истата. Правете слободен простор каде ќе ви биде инсталиран MacOsX.
Важно е да се напомене дека партицијата што ја правите за MacOsX МОРА да е примарна (primary) но со Partition Magic доволно е само да го дефинирате празниот простор (треба да е минимум 6900 мегабајти).
Откако ќе направите слободен простор за windows корисниците одете на
Код:
Start -> Run (WIN+R)
и внесете
Код:
diskpart
Ова мало програмче ќе го искористеме да креираме партиција која ќе е компатибилна со податочниот систем кој го користи MacOsX а тоа е HFS+.
Код:
DISKPART> list disk
Ова ќе ги ислиста достапните дискови на вашата машина.
Код:
DISKPART> select disk n
(n е бројот на дискот) Со оваа команда го избираме дискот на кој што сакаме да ја креираме партицијата на која ќе се инсталира MacOsX т.е. на празниот простор кој што претходно го имаме дефинирано преку Partition Magic.
Код:
DISKPART> create partition primary size=n id=af
Со ова креираме примарна партиција каде што n е големината на партицијата изразена во МегаМајти и каде што af означува дека оваа партиција е компатибилна со MacOsX податочен систем HFS+. Доколку не назначите size во оваа линија програмчето автоматски ќе го преземе целиот празен простор на дискот (што би било добро доколку претходно сте го дефинирале со Partition Magic).
Пример:
Код:
create partition primary size=100000 id=af
Ова ќе креира партиција со големина од 100ГБ за MacOsX.
Потоа...
Код:
DISKPART> list partition
Ги листа партициите на избраниот диск.
Код:
DISKPART> select partition n
n = ново креираната партиција за MacOsX и со ова ја избираме таа партиција.
Код:
DISKPART> active
Ова ќе ја направи партицијата активна што значи дека по рестарт кажуваме да се вклучува партицијата на која е инсталиран MacOsX.
Код:
DISKPART> Exit
Излегуваме од програмчето.

И за крај го ставате дискот со MacOsX и го рестартирате компјутерот и секако ќе ги следите чекорите кои прекрасно ви ги прикажал Исмет :)
Поздрав.

П.С. И за нај крај за да имате мени од кое што ќе бирате кој оперативен да го подигнете можете да го користете нешто како Acronis Dual Boot и еве ви линк каде можете да виде што е тоа па пробајте да го најдете НЕКАДЕ :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Да ви се заблагодарам на пофалбите и само да ве потсетам дека ова е само the beginning :D
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Супер туториал.
Немам зборови.
Морам и јас да инсталирам Mac Os

Браво Исмет
Секоја чест
 

GotiX

Intern
13 април 2007
22
0
Podetalno.....Port Forwarding, Firewall, ICS (Internet Connection Sharing), Routing Table i taka natamu....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,562
Мислења
823,366
Членови
28,067
Најнов член
Dacmac92
На врв Дно