1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ЦЕНОВНИК за изработка на припреми

Дискусија во форумот 'Дизајн и графика' започната од нароГ, 20 Јули 2018.

  1. нароГ

    нароГ
    Intern

    3
    0
    20 Јули 2018
    Машко
    демек графички дизајнер
    Здраво дечки!!!

    Се бавам со изработка на графички припреми (флаери, менија, постери и сл.), но нигогаш немам наплаќано за нивна изработка. ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ да ми предложите некое Ваше искуство или некои си Ваши ценовници како наплаќате за изработка на припремите?

    Однапрд Ви благодарам!!!
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,305
    932
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Зависи од клиент до клиент, од искуство на дизајнерот, од пазарот - дали е за мк клиент или странство....
    - (време на изработка) X (цена за саат работа);
    - буџет на клиентот - прилагодување на времето на изработка спрема буџетот;
     
    Fatal1ty_, нароГ, Banjifiko и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,752
    1,824
    8 Мај 2007
    Машко
    +1 за одоговорот на @Taurus
    Пресметај колку сакаш да ти биде месечен приход соодветно на работата.
    Пресметај според тоа колку ти е саат работа. Затоа што си фриленсер и нема да имаш постојана работа стави уште 30-50% на таа вредност, за да стигнеш до некоја очекувана заработка.
    Број на саати потребен за дизајнот Х цената што си ја пресметал за саат од горната пресметка = цена на проект.

    Процени дали може да извадиш нешто плус, или дали вреди да дадеш некој попуст за да имаш постојан приход од истиот клиент.
     
    Kaly23, нароГ, omegaRED и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Се зависи од квалитетот и оригиналноста.
    Може да се движи од 5-50000$. Колку го цениш својот труд и колку пазарот е спремен да плати за истиот.
    Постер сработен во соба 5 на 5 , на обичен пц може да кошта 25$. Истиот постер сработен на мак на плажа , одвојувајќи време за клиентот , при што си направил фотосесија со 5 девици донесени од Аргентина може да кошта 50000 :D.
     
    На Krkac, Arabian, JasSum и уште 3 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...