1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Цени на користени и нови производи кај нас и онлајн

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 23 Март 2019.

  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,774
    3,629
    18 Септември 2013
    Машко
    Поради видно големиот интерес за дискусија за цени на одредени производи која се разви кај шо не требаше ете би сакал да отворам тема па кој сака нека си се произнесе.

    Мал контектс: се работи за тоа шо јас купувам у друга тема стар флопи драјв и за него нудам неколку стотки (наши пари). Некои членови се видно вознемирени од фактот дека на ибеј исти такви драјвови се листаат за над 35 долари (у момент на пишување) +- испорака.

    Јас лично такви драјвови имам сретнато на наши огласи (непроверени - ко шо се и половина од тие на ибеј пошо ретко кој може да ги тестира ради недостаток на конектор, кабел или дискови), огласи у соседство, како и понуди по фејсбук и твитер за неколку стотки, и луѓе кои ми ги нудат не само драјвовите туку и цели стари компјутери за беспари.

    Дискусијата (у мои очи) е која цена е реална.

    Мојот став е дека пазарот, побарувачката како и тоа кој колку му е гајле диктира цена. Ете има луѓе кои ако не покажеш интерес, ќе го фрлат компјутерот (моја комшика така). А у тој компјутер може да има дел кој иде на ибеј за стотици долари.

    На крај на ден исто така верувам дека секој може колку сака да си бара за компонента, но ако цената е превисока или пак нема побарувачка може никогаш да не го продаде.

    Лично - мене колку шо нудам толку ми вреди меракот за да си поиграм со стар драјв. Не ми е за препродавање, ми е за да го користам. Ако не најдам за толку, никому ништо бре луѓе. Ќе си останам без драјв така? Зошто толку паники?

    Ги изнесувам овие работи чисто на сите загрижени да им биде јасно кои се моите ставови.

    А ете подолу кој сака нека си напише свои ставови.
    - Како мислите дека треба да се оформуваат цени ете за вакви и други ствари?
    - Дали сите проценки ги базирате на ибеј?
    - Дали тогаш вие коа ќе продавате или купувате нешто се водите исклучиво по такви правила?
    - Што е тогаш предноста на продавање локално? Се ќе си купуваме од ибеј...

    итн итн итн.

    Што и да ве засега или што и да сакате изнесете си. Некој ќе се согласи некој ќе ви оди контра, јас ќе се трудам да останам на ова шо го кажав.

    Најбитно: разберете дека секој си има околности, дека не е се црно и бело, не е ибеј Господ или божји заповеди за цени, и пробајте да имате почит у дискусии и како и секогаш ако немате паметно нешто да додадете или пак се возбудите - пробајте смирете се пред да посегнете у територија зајадливост или навреди. Да не забега и оваа тема.

    EDIT (морав хахаха): по таа логика следен пат коа ќе се бара проценка на најстарите бели куќишта треба по ова да се водиме:

    9008 9 bay Server Chassis. Tower Case. No PSU. beige. Missing Door. on Sale. New | eBay

    Stunning Retro Vintage ATX Computer Case - Beige / Blue - 486, Intel, AMD | eBay

    Retro Vintage ATX Computer Case - Beige - 286, 386, 486 + Pentium | eBay
     
    Последна промена: 23 Март 2019
    На omegaRED, krema, null_ptr и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. b.a

    b.a
    Gaining Experience

    79
    172
    9 Август 2010
    Јас лично мислам дека цените на старите/ретро делови не треба секогаш да бидат базирани на ибеј објави, има повеќе причини за тоа. Ибеј и пејпал имаат висока провизија, производот се пласира на цел свет каде има повеќе наивни луѓе, продавачот може да внесе која сума сака итн. Ако веќе нема друг податок за цена и мора да се погледне ибеј тогаш само со филтерот на „продадени производи“.

    За 5.25 флопито јас лично не би платил повеќе од 500 денари. Истото јас го најдов за таа цена само што му фалеше бравата и затоа не го земав. Ако треба повеќе време за да го најдеш не значи дека автоматски вреди како на ибеј. Ќе излезе од некаде. :)
     
    На bxxxn и toshex им се допаѓа ова.
  3. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    960
    1,094
    11 Март 2011
    Да кажеме можеби од 500 до 1000 денари (?) максимум, за 35 долари веќе можеш да најдеш понов и посериозен хардвер на форумот (понова матична на пример).

    Мислам дека е премал пазарот за да се продаде за таква цена, пример од форумот само неколку луѓе се интересираат за ретро хардвер, генерално мислам дека и општо тука бројот на такви ентузијасти е многу мал.

    Далеку сме од e-bay, ако гледаме така на e-bay има и поевтни iPhone-и, па не гледам дека тука нешто ги спуштија цените од страв од конкуренција.
     
    omegaRED, toshex и на b.a им се допаѓа ова.
  4. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,774
    3,629
    18 Септември 2013
    Машко
    У америка сеа пошо повеќето ЦРТ телевизори отидоа на рециклажа, а некои модели се многу добри за ЦРТ играње на ретро конзоли - цените на солидни ЦРТ телевизори се скапи. На ибеј ќе ги најдеш тие високи цени на Сони Тринитрон. Но паралелно ако гледаш LGR Thrifts ќе видиш дека истиве работи шо на ибеј се скапи локално по thrift продавници може да се најдат за многу евтино.

    Исто според тоа (некој шо гледал на ибеј) иди ќе видиш на реклама 5 Сони Тринитрон за дури 6000 денари. Кој тука би платил таква цена за ЦРТ телевизор, коа знаеш дека секој втор плаќа за да се отараси од нив. Тежи тоа чудо.

    Релативно е со вакви работи. На правиот човек можеш и ѓубре за милион да му продадеш. Некогаш цената е сеопфатно прифатена (ко коа беа скапи графичките ради копањето). Зависи од ситуација до ситуација, од пазар (локација) и од побарувачка и залиха.

    Ова од аспект на шо е правилна цена, иначе секој може колку сака да си бара по сто пати ќе кажам.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    960
    1,094
    11 Март 2011
    Мене да ми дадеш 6000 денари, одам и го купувам најевтиниот но нејм LED телевизор. Едвај се отарасивме од CRT и слични кутии. Во поново време кога просечен стан е 50-60 квадрати, CRT зафаќа 5% од квадратура :)
     
  6. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,774
    3,629
    18 Септември 2013
    Машко
    Епа ете релативно е, јас купив 2 ЦРТ телевизори за таа намена, затоа ги знам цените хахаха. Ама далеку од тоа да платив 6000, но не платив ни евтино за тринитрончето мало, да ти кажам :))
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    793
    387
    12 Април 2017
    Машко
    Те подржавама во врска со флопито, и јас не би го купил за 50 евра. Али имаше и друга поента таа расправија, ти тоа со го свати како да ти ја убил некој фамилијата, па напиша 10 параграфи зошто и како треба да биде поевтино.

    Трговијата е проста работа, гледаш цена, ако ти одговара, зимаш. Ако не ти одговара не зимаш. Мислам дека нема потреба да се расправем дали вреди или не вреди цената.

    Не постои прениска или превисока цена, тоа се е илузија - Грант Кардон
     
    Oktar, Banjifiko и на toshex им се допаѓа ова.
  8. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,774
    3,629
    18 Септември 2013
    Машко
    За у таа тема јас само кажав дека јас тие пари ги немам за да ги дадам за тој драјв. Или рефразирано не плаќам јас толку. Темава не е за поддршка таму или не, сите страни си имаа валидни аргументи и си имаат. Јас пак ќе кажам кој колку сака нека продава. И секоја понуда е валидна. Ако не ти одговара кажи си и чекај некој да плати. Или многу слично на ова шо го велиш.

    Со други зборови: и јас можда ќе најдам за таа цена, и некој друг може ќе продаде за другава цена. Како ќе се погоди. Мислам дека сите коа ќе кажеме нешто е превисоко ценувано, тоа го кажуваме субјективно од наше гледиште и би требало тоа да е јасно. Ако мнозинството го гледа исто, тогаш е нешто налик концензус но не е закон. Исто и за прениско итн.

    За „таман е цената“ може да збориме само ако е доволно нов производот за да го има у продажба као нов па да се ориентираме според таа цена, така? Мислам дека исто збориме отприлика за многу од ствариве.
     
    На Futurelakimens му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...