• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Целосно помрачување на Сонцето во петок

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Целосно помрачување на Сонцето ќе има во петок, а ќе може да се види само од најоддалечените делови на Земјината топка.

Оваа ретка природна појава ќе може да се набљудува од североисточните брегови на Канада, од Гренланд, од делови на Русија, Кина и Монголија, вклучувајќи ја и пустината Гоби.

Помрачувањето, како што најавуваат астрономите, ќе трае две минути и 27 секунди.

Меѓутоа, некои делови од Земјата, како Арктикот, на кои помрачувањето ќе трае најдолго, имаат 75 отсто шанси за неповолни временски услови, како што најавуваат метеоролозите, што ќе го отежне набљудувањето на помрачувањето.

За оние кои не се во можност лично да уживаат во целосната еклипса, благодарение на НАСА ќе можат да го следат на интернет преку http://eclipse.gsfc.nasa.gov/SEmono/TSE2008/TSE2008.html.

Следното помрачување на Сонцето ќе се случи на 22 јули 2009 година и ќе биде видливо и од јужните делови на Земјата. Тоа, исто така, ќе биде најдолго помрачување во 21 век, и ќе трае цели шест минути и 39 секунди.

Извор: А1
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Ова чудо ќе се случи некаде од 9 часот и 16 минути до 11 часот 23 минути. Ќе се гледа и од Македонија (ако биде добро времето) но минимално ќе биде тоа. Кој е заинтересиран да гледа му препорачувам да си стави 3 пара наочари и ќе може да си гледа супер (барем јас така го гледав помрачувањето на сонцето). И имајте на ум дека дирекно гледање во сонцето може да ви го оштети видот.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Или нека си земе она стаклото од маската од швајц апарат :)))
 

James

Intern
8 јули 2008
336
13
Абе што ќе ти е помрачување, кај нас барем имаш секој месец кога ќе дојдат сметките ми се стемнува некој добри 2 саата.:D:)):D:))
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Ова чудо ќе се случи некаде од 9 часот и 16 минути до 11 часот 23 минути. Ќе се гледа и од Македонија (ако биде добро времето) но минимално ќе биде тоа. Кој е заинтересиран да гледа му препорачувам да си стави 3 пара наочари и ќе може да си гледа супер (барем јас така го гледав помрачувањето на сонцето). И имајте на ум дека дирекно гледање во сонцето може да ви го оштети видот.
Ова е помрачување бе, не осветлување на сонцето. :LOL::LOL::LOL:

Инаку, да не знае некој во колку саат у петок ќе бидне ова?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
За сите оние кои сакаат да го видат овој феномен, како изгледаше целосното помрачување на сонцето гледано од пустината Гоби во Кина, можете да го погледнете видеото на следниот линк:
http://www.exploratorium.edu/eclipse/2008/index.html

Видеото е малку подолго, трае околу 1 час, односно видеото е целосната емисија посветена на помрачувањето. Иако посетителите имаа мали прблеми со облаците кои им ја попречуваа глетката но сепак во вистинскиот момент се расчистија.
Ако сакате да го видите само помрачувањето одете на 32-рата минута од видеото и уживајте во глетката. Целосното помрачување е на 37:45. :)

Уживајте! :cool2:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,570
Мислења
823,613
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно