• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

CeBIT 2008 Green IT

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Еко тренд на годинешниот Цебит




Синоќа (04.03.08) во Хановер беше отворен саемот на информатичка технологија ЦеБИТ 2008. Оваа бранша, за разлика од останатите, во минатото не обрнуваше внимание на екологијата. Годинава тоа треба да се промени.

Информатичко комуникациската бранша од аспект на заштита на животната средина мора да има големо чувство на вина. Кога на почетокот на минатата година на Г8 самитот во Хајлигендам борбата против климатските промени беа ставени во фокусот, ЦеБИТ одамна беше завршен , а браншата целосно заборави на оваа тема. Овој пат тоа треба да биде поинаку. Овој пат како никогаш досега, мега трендот на саемот, е таканаречениот „Зелен Ај Ти„ односно зелената информатичка технологија, за која од браншата велат дека долго време ја практикуваат. Претседателот на БИТКОМ Аугуст Вилхелм Шер изјави: „ Секогаш е подобро да скокнеш во воз во движење отколку да каскаш зад него„

Ернст Рауе, член на управниот одбор на германскиот саем се надоврзува: „ Ова не е ПР шоу. Може да се претпостави дека зелениот Ај Ти, во моментов е главна тема на саемот. Меѓутоа тоа не е така. Ако внимателно погледнеме тоа е една сериозна тема што ги засега сите играчи во меѓународната информациско комуникациска бранша„



Во реалноста Светската потрошувачка на енергија на комјутерските центри која изнесува над 120 милијарди киловат часови, носи сметка за струја во износ од 5,5 милијарди евра и е соодветна на вкупното годишно производство на еден германски концерн за струја. До 2010 оваа потреба треба да се зголеми за 60%. Браншата се чувствува неправедно обвинета Од браншата укажуваат дека се одговорни за околу 2% од светската емисија на ЦО2, но исто така учествуваат со шест проценти во делот на енергетската ефикасност како фактор кој во просек е трипати подобар од останатите бранши. Шефот на Ај Би Ем Германија, Мартин Јетер вели дека модерната информатичка технологија е насочена кон се помала употреба на енергија во целата економија. Тука се разбира мора да дадат придонес и потрошувачите: „ Една студија покажа дека потенцијалот на ефикасност ќе биде искористен само доколку потрошувачите интелегентно ќе ја користат модерната технологија. На тој начин потрошувачите на со најмодерни апарати трошењето енергија дополнително ќе го намалат на една шестина. Значи од фактор 100 на фактор 17„
Во деветата хала на саемот се наоѓа таканареченото зелено село. Филип Карх директор на БИТКОМ за ова вели: „Поставивме биро мостра, како што изгледаше во 2003 со монитор персонален компјутер и допкнотлна опрема. Спроти него поставивме нов со изглед од оваа година со друга модерна опрема„
Разликата која може да ја види секој посетител е дека новото користи трипати помалку енергија од старото. Значи луѓе фрлете ги старите компјутери и купете нови. Тогаш ќе имате чиста совест. Така гласи пораката од годинешниот ЦеБИТ.

Ролф Венкел
www.dw-world.de
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,518
Мислења
822,424
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно