Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Cat6a кабел низ нашите продавници?

DrMTR

Guru
27 март 2014
7.458
7.700
mikrotikmacedonia.online
Се изнамачив да најдам асална фирма за Cat6a кабел, прашав во All4net имаат таков кабел ама само на котор продаваат 305м, иако цените кај нив на сајт се изразени во цена по метар. Второ место каде , прашав е електротехника, мада некако не ми се баш ажурни (им треба саат време да проверат што имаат на лагер). Барам Draka F/UTP кабел, значи квалитетен кабел. Некој совет каде да барам, ми треба околу 100 метри.
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.458
7.700
mikrotikmacedonia.online
Web страниве им се катастрофа жива. "Login to see the Price" Сериозно ова во 21-ви век? Да биде иронијата поголема не можеш ни да се регистрираш на сајтов.
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
4.120
5.361
Скопје
Ај прашај во Електронова, се наоѓаат во комплексот „Славија“, на бул. Киро Глигоров бр. 4 (до бившо Нептун/Бриколаж). Имаат добри цени, општо за кабли и електро опрема, работат големо продажба, ама и вака даваат, јас земав за на работа некои 20 метри.
Од профактурата гледам телефон 02 258 1111, мејл: elektronovadooel at yahoo . com
 
godovic

Gaining Experience
5 септември 2007
148
126
Web страниве им се катастрофа жива. "Login to see the Price" Сериозно ова во 21-ви век? Да биде иронијата поголема не можеш ни да се регистрираш на сајтов.
Druze - bez nervozi.. uvoznici se - bar bea za Draka, javi se, pojdi ke zavrshish rabota.
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.458
7.700
mikrotikmacedonia.online
Види во Електроелемент и во Тринити.
Се јавив телефонски ми се јави женско што не знаеше ни како се вика во Електроелемент. Ке појдам во Тринити лично таму. Ваљда имаат на лагер кабли.
 
smole

Unbeatable
18 април 2007
3.851
4.533

Имаат цели котури и имаат почнати котури. Од вториве сум купувал пар пати. Мислам дека само Драка имаат.
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.458
7.700
mikrotikmacedonia.online
Имаат цели котури и имаат почнати котури. Од вториве сум купувал пар пати. Мислам дека само Драка имаат.
Ке појдам лично во Тринити и ке си,земам кога ке ме носи време.
Мислењето е автоматски споено:

@smole може да се плати со картица во Тринити ? Да не влечам кеш со мене.
 
Последна промена:

cgfreak

On your way to fame
1 октомври 2010
474
654
Дома
Од Електроелемент земав CAT7 пред 6 месеци, Draka, единствено таму најдов, и тоа имаа само еден котур, а CAT6 имаше доста.

Друго место каде можеш да провериш е Compunet (Електротехника). Имаат и 6а и 7 гледам на интернет. Имам земано кабли од таму, коректна комуникација ептен, нарачка по телефон и подигање, ама мислам може и да ти пратат на адреса.
 
mkdboy

Gaining Experience
16 септември 2010
166
54
Се изнамачив да најдам асална фирма за Cat6a кабел, прашав во All4net имаат таков кабел ама само на котор продаваат 305м, иако цените кај нив на сајт се изразени во цена по метар. Второ место каде , прашав е електротехника, мада некако не ми се баш ажурни (им треба саат време да проверат што имаат на лагер). Барам Draka F/UTP кабел, значи квалитетен кабел. Некој совет каде да барам, ми треба околу 100 метри.
Vidi i vo bds elektroniks vo gjorce petrov
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.458
7.700
mikrotikmacedonia.online
Од Електроелемент земав CAT7 пред 6 месеци, Draka, единствено таму најдов, и тоа имаа само еден котур, а CAT6 имаше доста.

Друго место каде можеш да провериш е Compunet (Електротехника). Имаат и 6а и 7 гледам на интернет. Имам земано кабли од таму, коректна комуникација ептен, нарачка по телефон и подигање, ама мислам може и да ти пратат на адреса
Електротехника немаат на лагер Cat6a. За,неколку дека би имало.
 
The-spiki

Gaining Experience
26 април 2008
136
177
www.spiki.mk
The-spiki's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-5820k x99, DEEPCOOL Captain 24
Motherboard
MSI SLI X99S Krait Edition
Storage
Samsung Evo 850 250gb
PSU
Thermaltake Toughpower DPS G 850W
RAM
CORSAIR 32GB Vengeance LPX DDR4 2666MHz
Video card
GIGABYTE GV-N970G1 GAMING-4GD GeForce GTX 970 4GB
Case
NZXT H440 Razer
Mouse
SteelSeries Rival
Keyboard
SteelSeries Merc
Audio
SteelSeries Siberia v2
Monitor
LG 34UM67
OS
Slackware Linux
Се јавив телефонски ми се јави женско што не знаеше ни како се вика во Електроелемент. Ке појдам во Тринити лично таму. Ваљда имаат на лагер кабли.

Ке појдам лично во Тринити и ке си,земам кога ке ме носи време.
Мислењето е автоматски споено:

@smole може да се плати со картица во Тринити ? Да не влечам кеш со мене.

Не може со картичка да се плати.
Не е тоа дуќан или продавница во трговски како што веројатно очекувате.

Пред неколку дена отидов таму, еве уствари цела случка...
На друга тема (домашна мрежа или слично) беа спомнати Trinity.
Проверив на Trinity-Systems , од 5 уреди кои што испланирав имааше само еден на страница (малиот свич). Напишав прашалник за друго во таа форма за коментари ама испадна не работи тоа на веб страна. Напишав на брзинка емаил на sales@ и напишав буквално само
„Здраво,

Ме интересира достапност (веднаш / период до 1м) и цена за следни уреди:

L009UiGS-2HaxD-IN | MikroTik
hAP ax³ | MikroTik
RB5009UG+S+IN | MikroTik

RB260GS | MikroTik
CSS610-8G-2S+IN | MikroTik

За 1 час добив одговор (ме прашаа колку парчиња), одговорив по едно само и за 20 минути добив порака со достапност (ax3 нема, друго има) и цени. Не е Getic ама не е ни all4net, така да ок ми беше.

Утредента одам на адреса која што ја најдов на веб страна, Ул. 852, бр. 62 (Нова газела) 1000 Скопје. Гугл мапс ме однесе на локација до фабрички хали и магацини, идеално да биде терен за паинтбол.
Голем ИРЛ банер имаат поставено, ама мислев брендинг и реклама само, ништо стрелки итн да те насочи кај да влезеш. Поминуваш каде што товарат камиони со роба, е па од страна од зградата, таму кај што се жени надвор на пуш пауза, има метална врата (втора, таа што е подалеку)
Мислам пишува некоја фирма за обука за нешто нешто, сеедно влези си, качи се по скали, влези и во лоби и потоа прва врата десно и тогаш си во нивниот дел.
Секретарка и од продажба човекот љубезни и скроз профи, за 2 минути се разбравме. Поента, не е продавница за малопродажба на ит опрема, така да не се плаќа на пос терминал (па претпоставувам ни кеш) и работат само со фирми (колку што разбрав, можно е да сум грешка, јави се па провери си, можеби ќе се договорите нешто). Ми прати профактура на маил со инструкции за плаќање, од мобилен платив ПП30 трансакција и добив „роба“ веднаш.
 
Какви глупости невозможно ! Фирма а немаат ПОС терминал. Само во МК може вакв нешто да просперира.
 
  • Уау
Реакции: thrw

kirev

Guru
31 мај 2010
7.958
6.381
Какви глупости невозможно ! Фирма а немаат ПОС терминал. Само во МК може вакв нешто да просперира.
Мислам законски се третира ПОС терминалот како малопродажба. И тоа ги комплицира работите сметководствено па ваљда затоа не држат ПОС терминал. Ама тоа не ги спречува да направат онлајн плаќање преку веб хахахаха (ете се снашол членот со ПП30)
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.458
7.700
mikrotikmacedonia.online
Бев во Тринити- Лошо Искуство со нив. Момакот од продажба поради некаков здравствен проблем не сакаше да се симне до магацин и да провери дали има и колку метри има на лагер кабел. Кога го прашав дали има некој друг да провери наместо него, ми рече не магационерот не е на работа. Дојди утре ми вели. WAT ? Само што изгубија муштерија.

Отидов во Тим Електро во Годел - Одлично искуство. Дечко веднаш знае што како ти кажува цена, ти го покажува кабелот на компјутер како изгледа. Даваат на метража и се плаќа со картица. Си отидов задоволен од кај нив. Се по пропис како што очекував.

Бев и во All4Net. Човекот што беше таму малку се збрка со нарачката, потоа презема еден младич и завршив работа за 15-тина минути. Кога им,кажав дека барав кабел на метража, ми изгледаа незаинтересирани за такво нешто. Си имаат клиентела со Микротик и УБНТ и не се замараат многу. Платив преку е-банкинг на лице место ми дадоа фактура и тоа е тоа.

Ова е мое лично искуство со овие фирми од,денеска.
 
YMMV

На тринити магацинот им е доле и магационерот проверува колку м по котур имаат.

За Тим електро - не знаев дека имаат по метар кабли (мнислев само по котури продаваат) иако купувам стално од кај нив електро опрема - имаат B2B сајт кој фукнционира топ - се логираш нарачуваш и комерцијалист само ја потврдува нарачката, идам и си ја земам.

All4net еднаш земав UBNT и ок беше, втор пат демек Mikrotik SPF па искочи не е тој бренд него некој друг и ги откачив. А и прескапи се со цени. MT и UBNT зимам од Нексио. МТ иде по порачка али ако ми е ок времето на чекање чекам. МТ поефтино ми искача и од All4Net и од Жирагфа.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
48.484
Мислења
995.695
Членови
36.486
Најнов член
CK

ит маркет

На врв Дно