1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Царинска тарифа

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од krale, 23 Декември 2010.

  1. krema

    krema
    Professor

    9,501
    9,198
    24 Јуни 2009
    Машко
    @PC_GAMER
    Порачувај без гајле.
     
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Torlakian

    Torlakian
    Gaining Experience

    113
    81
    21 oктомври 2014
    Машко
    Ќе има ли нешто плус за плаќање за ова Machinarium 10th Anniversary T-Shirt - $30.2 со се испорака

    Ако има, кај се врши тоа плаќање, во пошта, на врата кога ќе ми дојде или на граница треба да одам ?

    И тоа тракинг број кога ќе ми дадат, како се користи кај се внесува?
     
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,309
    11,422
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Пробав и гледам дека е Priority mail, најверојатно обична пошта.

    На граница никогаш не одиш, најверојатно ќе ти стигне картонче дека пратката е стигната, одиш во пошта, таму те чека пакетот со спремна уплатница, ја уплаќаш на шалтер и го земаш пакетот.

    На врата многу ретко носат ако треба да се плати (иако еднаш-двапати од стотици пратки ми донеле).

    Ова може да се протне и без давачки ако е лесно и мало (ако не го спакувале во огромен пакет).

    Ако отиде на плаќање, по дефиниција би требало да платиш само ДДВ затоа што е над 22 евра, а под 45 евра, кога плаќаш ДДВ + царина. Не знам колку е ДДВ за текстил. Плус околу 110 денари за „трошоци“ на отворање + 35 денари за уплатници (може да има две, но најчесто е една).

    Следиш тракинг тука, а кога ќе се приближи до Македонија, повеќе податоци ќе има тука (ако го начекаш сајтот да работи).
     
    На Torlakian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    9,501
    9,198
    24 Јуни 2009
    Машко
    Зависи колку продавачот ќе ја декларира пратката, можно е и така да помине без давачки.
    Инаку во пошта се плаќат давачките, тракинг бројот ти го дават кога ќе ти ја испратат пратката а со тоа бројче можеш да ја следиш на 17track.net и евентулно кога ќе влезе во МК на контраверзниот мк тракер.
     
    На Torlakian му/ѝ се допаѓа ова.
  5. da900

    da900
    Intern

    23
    11
    4 Март 2015
    Машко
    На официјалниот сајт на Царина гледам дека прават разлика дали испраќачот е „физичко лице“ или „фирма“, па според тоа и давачките се различни.

    На каков начин се третираат пратките порачани преку Ebay, Aliexpress, Gearbest, Amazon?
    Колку што знам на пратките порачани преку Ebay како испраќач најчесто е наведено име и презиме и адреса на Кинезот, и пратките се означени како "gift". Дали овие пратки се сметаат како пратени од „физичко лице“ или од „фирма“?
     
  6. krema

    krema
    Professor

    9,501
    9,198
    24 Јуни 2009
    Машко
    Се сметат како пратени од физичко лице.
     
    На da900 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,309
    11,422
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не знам да ти одговорам „официјално“, но мислам дека почитуваат тоа што пишува на пакетот. И тоа, порано не веруваа и проверуваа (не можеш да имаш 100 братучеди во Кина кои ти праќаат подароци), но во последно време не проверуваат толку, веројатно поради самиот обем (број) на пратки од Кина.

    На пакетот не пишува дали е од Алиекспрес или Ибеј, ти го праќа независно продавачот и од него зависи што ќе напише. За Амазон не знам. Гирбест од скоро сменија да бидат како Али (со повеќе независни продавници) и не сум нарачувал скоро од нив.

    Од искуство, ќе бараат податоци (колку си платил) само ако пакетот им падне во око - ако е голем или тежок, а пишува мала вредност.
     
    На da900 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LudaMara

    LudaMara
    Intern

    1
    0
    27 Август 2019
    Ме интересира дали царината во Македонија почнала да си ја работи својата работа или како и до сега се си пресметуваат по скв(средна каталошка вредност)
    Инаку пред 10+години кога порачав мобилен од германија цената таму беше 180 евра а кај нас истиот во вип беше 300(18.000 ден) евра а мене ме царинија на вредност од 400 евра,бидејќи увозната цена му била 400 евра.
     
    Последна промена: 28 Септември 2019
  9. krema

    krema
    Professor

    9,501
    9,198
    24 Јуни 2009
    Машко
  10. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    848
    142
    5 oктомври 2012
    Машко
    Здраво дечки, многу пати сум порачувам од AliExpress, но до сега се немам соочено со ваква ситуација. На 17 track пратката ја кажува дека:

    • MKSKPB, Pristignata vo Naizmeni!na po{ta(Vlez)
    • Skopje IO 1003, Vo Posta
    • Skopje Carina 1006, Nedostasuva faktura
    Но, на сајтот на поштата - Насловна, во делот на следење пратки, нема никакви информации дека пратката е стигната или било какви инфо.

    Како можам да бидам сигурен дека пратката е стигната и дали е на царина, и ако е стигната и е на царина како оди процедурата. Јас треба да се јавам, или тие треба да ми се јават?
     
  11. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,048
    1,618
    13 Јануари 2014
    Машко
    Јави се ти. Тракингот од МК Пошта многу ретко работи последниов месец, затоа немаш никакви информации.

    Sent from my SM-G975F using Tapatalk
     
  12. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    848
    142
    5 oктомври 2012
    Машко
    Предлог за друга страна освен 17 Track, а како што знам и таа влечи податоци од дестинација (posta.com.mk). И дали има негде на сајтот на царина онлајн проверка по тракинг број дали пратката е на царина и сл.
     
  13. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,555
    3,470
    11 Декември 2008
    Машко

    "Место на царинење на поштенски пратки

    Царинењето на поштенските пратки се врши во Царинската испостава Пошта - Скопје, која е сместена во просториите на АД Македонски пошти (Нова железничка станица). Информации во врска со постапката на царинење на поштенските пратки може да се добијат и по пат на електронска пошта на [email protected] или на телефон 02 2 401 876, 02 2 401 877 и 2 401 878."

    Они сигурно веќе ти имаат пуштено писмо, очекувај го утре, ама најубаво јави им се од сабајле прашај си, пратката сигурно ти е кај нив.

    Спреми си скриншот од нарачката од али (да се гледа убаво продавницата, тракинг бројчето и платената сума).
    И путши им на тој мејл, нареден ден ќе ти стигне пратката дома.
     
    На Кристијан Про му/ѝ се допаѓа ова.
  14. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    119
    59
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    Здраво, ако ми испратат телефон поточно XS MAX од Англија, како подарок....колку одприлика би коштала царината?
     
  15. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    Многу. Нека го испратат во Бугарија или Грција, прошетај се и земи си го.
     
  16. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    119
    59
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    Фала на брзиот одговор. Колку би било тоа многу одприлика? Бидејќи немам никого во Грција за да го испратам..
     
  17. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    У најлош случај четвртина од највисоката цена кај нас. У превод, околу 12-13 богородици, читај солиден редми ноте 7.
     
    На krashot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    119
    59
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    :eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek:
     
  19. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    387
    302
    4 oктомври 2011
    Машко
    Иди со авион, купи си повратна до Англија поевтино ке те фати.
     
    На damil, Sonic.01, krashot и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    А може и некоја стјуардеса ќе ушмека па и ќар ќе испадне.
     
  21. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    119
    59
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    Се распрашував малце за пратката да оди преку ДХЛ, требало да биди како 'forgotten, used phone' i declared value 10еур и да биди испратена како gift, нормално без кутија. Шо мислење имате вие за ова? И дека преку ДХЛ тие што се како гифт не ги отвараат, освен ако цариникот мисли дека треба да се отвори и да се царини, доколку дојде до тоа, колку пари би зеле?
     
  22. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    592
    558
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    ako ispraka; ti e firma, a ne fizicko lice, gift ne postoi ko opcija odnosno pak ke ti go carinat
     
  23. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    119
    59
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    Физичко лице ми испраќа...Не е преку фирма....
     
  24. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    494
    378
    11 Февруари 2016
    Машко
    Ајт да споделам искуство од неделава. Роднина ми прати бел стап (за слепи) преку USPS од америка со Priority mail, и скопје стигна за 6 дена. На кутијата беше маркиран дека е поклон, вредноста му беше ставена $15 долари, иако немаше да има проблем и со вистинската вредност од 32 долари, роднината решил пола цена да стави). Исто така внатре имаше и документ со точниот модел/марка од фирмата доколку сакаат да си проверат нашиве што е чудово. На пакетот исто така е нагласено на англиски дека се работи за бел стап за слепо лице (White Cane For The Blind).

    Понеделникот, случајно тракингот на поштава работаше па видов дека стигнал на царина. Супер си реков, вторник ваљда ќе ми стигне дома. Дојде вторник, го нема стапот. Тракингот веќе не работаше па си реков ај ќе почекам можеби среда ќе дојде. Среда, пак го нема. Во нашава пошта во Струга викаат на царина е заглавен, означен е дека нема фактура... Се јавивме Скопје, и фала богу начекавме љубезен чоек, па рече само да се пушти мејл и да се изјави дека е бел стап и кошта толку и толку долари. Јас им пратив и директен линк од каде што е набавен. Дечкото си рече дека четврток е празник, петок ќе го пуштат па тек сабота ќе стигне.

    Во петокот стига писмо од царина, бараат она стандардното доказ од уплата, фактура бла бла. Писмово најверојатно беше пратено пред да разговараме со дечкото, па решив да се стрпам и да почекам да дојде сабота. Ете го денес поштарот со ливче дека имаме пратка во пошта. Треба да се плати 230 денари.

    Оди брат ми во пошта да го подигне пакетот, чоеков му вика имаш царина 1500 денари... Wtf? На крај испадна дека вработениов во Струга ја зел уплатницата од друга пратка, па на крај завршивме само со плаќање 230 денари.

    Како и да е, пакетот побрзо стигна од Америка до Скопје, него од Скопје до Струга. А тие таму што го имаа отворено пакетот на царина, ај што не знаат што е бел стап, барем англиски да знаеа. На сто места пишува што с*тап е стапот :D
     
    damil, CBB_6, Маша и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    119
    59
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    Читав на страната за царинска управа, за мобилни телефони царина 0%, но данок 18%, е сега нели телефонот е како поклон и е користен....Е сега за нив, нема везе дали е користен или нов, тие пак ке си пишат данок според реалната цена на телефонот купен на ново?
     

Сподели

Вчитување...