1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Царинска тарифа

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од krale, 23 Декември 2010.

  1. Heruvin

    Heruvin
    Gaining Experience

    108
    87
    5 ноември 2010
    пристигна после неколку дена со шетање од една до друга царина,од Скопје,па Битола,за да наплатат ДДВ,и цена на преглед,па повторен преглед,па цена на извстување..нашата вечна нова Северна Македонија..ама апашлакот никако да се промени.
     
  2. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    938
    352
    17 Јуни 2008
    Ми стигна известување за праткава, треба да платам 623 мкд давачки, а им испратив фактура од Алиекспрес, извод од сметка, потврда од картичка дека за пратката сум платил 2.558 мкд,т.е. 42 еур ако рачунам со курс 61. Изгледа курсот на еврото според царина е 57 денари. Многу се напнувам после вакви комбинации, бруки.
    Дали има можност некаде да се обратам за да се промени ова, не дека ќе ми смени којзнае колку во животот, ама... изгледа доларите ми ги рачунале како евра.
     
    Последна промена: 16 Мај 2019
  3. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    883
    1,309
    13 Јануари 2014
    Машко
    Од 22 до 45 евра плаќаш ДДВ. Над 45 евра плаќаш и царина и ДДВ. Нема врска со курсот, веројатно ти наплатиле ДДВ и отварање на пакетчето.

    Извор: Царинење на поштенски пратки
     
    На efto и ekonomist им се допаѓа ова.
  4. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    938
    352
    17 Јуни 2008
    Ок, тоа има логика :)
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  5. efto

    efto
    Gaining Experience

    249
    186
    19 Април 2007
    Од 22 до 45 ЕУР се плаќа само данок, над 45 ЕУР и данок и царина (ако подлежи). Тебе ти наплатиле данок од 460 ден. и трошоци до остатокот од 623 ден.

    @fuzzjaw бил побрз.
     
  6. 123456

    123456
    Gaining Experience

    718
    336
    12 Април 2013
    Машко
    Да ама на кој принцип се водат они не разбирам некој работи алиекспрес ги водат продавачите како фирми?
    Ете ебеј има и физички лица што продаваат од кај знае царина дали се физички лица или фирми?
    Или па они се водат Ебај и Алиекспресс се интенрет продавници па ги водат како фирми?
    Друго што не ми е јасно, еве пример кошта 30евра продуктот зошто царина пресметува цела сума, а не само остатокот од 8евра, пошто нели до 22евра не плакаш ништо?
     
    Последна промена: 16 Мај 2019
    На ekonomist му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rilind

    Rilind
    Intern

    4
    0
    26 Февруари 2019
    Машко
    Сум нарачал телефон од Алиекспрес, чини 413,60 еуро. Ако може некој да ми кажа колку ќе треба да плаќам царина?
     
  8. DonFrozex

    DonFrozex
    On your way to fame

    854
    988
    9 Јуни 2011
    Машко
    18%, + 200мкд препакување + малце замарање со пошта/царина.
     
  9. krema

    krema
    Professor

    8,740
    8,478
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако имаш среќа може и така да мине.
     
  10. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,093
    630
    2 Мај 2011
    Порачав нешто од Британија и сега ми стигна известување од DHL Express на македонски дека треба да платам некои давачки околу 1600 денари за нив + царина и ддв. Пратката е околу 40е и до сега сум порачувал често од истата страна и секогаш одело во пошта и од таму сум подигал. Морам да го платам ова или да им кажам да го остават во пошта?
     
  11. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    537
    514
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    не читаш овде .. на секоја втора страна се пљука по DHL македонија .. имаш опција сам да си земеш документи за царинење и сам да си ја земеш пратката од магацин на DHL, ама така место 1600 ти наплаќаат некој 1000 за лежарина во магацин кај нив, плус што ќе треба да идеш до Илинден (таму им се канцеларии/магацин) на два пати, еднаш да земеш документи, втор пат да земеш пратка одкако ќе завршиш царинење и сл.

    Во пошта нема да стигне никогаш пошто ти е во магацин на DHL и чека царинска постапка .. едино (ваљда, не сум 100% сигурен) можеш да не ја земеш пратката и да ја вратат назад ама така пак си зијан 40 еура ..
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,093
    630
    2 Мај 2011
    Голема тема и многу случаеви. А ако платам 1600 денари се ке ми завршат? Веројатно најдобро да платам 1600 и школа за следен пат...
     
  13. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    537
    514
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    ќе ти го донесат дома да :) .. ама ќе мора да им однесеш папири за полномошно до канцеларија, ја кога бркав бараа на хартија неможеше по мејл, не било валидно (у центар карши влада) .. ти пишале ваљда во мејл-от
     
    На eX3v1l му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,093
    630
    2 Мај 2011
    Професионалци... Вредност на пратка 33е + 7е пошта од Британија. Трошкови кај нас 1600 денари + ддв и царина излегува повеќе од 33е + замарање да им носам документи. Не сум видел дека овие што порачувам смениле метода на испорака и сега се им иде преку DHL...

    Сега видов на страната дека можам да ја вратам пратката во рок од 365 дена ако не е отварана и ке ми ги вратат парите. Ке имам некој проблем со овие од DHL ако не ја подигнам ?
     
  15. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    537
    514
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    реков погоре уште ваљда може да ја вратиш (ама пак и со енглезите поштарината најверојатно нема да ти ја вратат при рифунд) .. ама немам лично искуство не знам дал и како би идела постапка

    ваљда може да се јавиш у DHL да прашаш
     
  16. krema

    krema
    Professor

    8,740
    8,478
    24 Јуни 2009
    Машко
    Абе тоа DHL, FedEx и UPS и остали апаши се тешки битанги, колку пати само е кажано да ги игнорирате а вие упорни.
    Тоа е тоа.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,093
    630
    2 Мај 2011
    Често порачувам од таа страна (chainreactioncycles.com) и до сега не сум имал вакви проблеми. Им текнало да сменат они достава и ете проблем.
     
  18. krema

    krema
    Professor

    8,740
    8,478
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ништо не ти останува освен да ги прежалиш парите што треба да ги дадеш, за друг пат памет у глава и детално договарање со продавачот.
     
  19. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,287
    2,559
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    И мене ми направија CRC исто, само мене ми беше прва нарачка од CRC, т.е. две. На ~85 евра нарачки требаше да платам 60 евра на DHL, и дополнително царина + ДДВ.

    Им пишав културен мејл на DHL дека не се нормални и дека бизнис моделот (за ваков тип пратки) им е срање и се базира на тоа да го заколат секој што нарачува еднаш, и дека барам пратката да се врати на испраќачот веднаш.

    Нормално, не ја вратија веднаш туку чекаа да помине рокот, по што веројатно по автоматизам се врати.

    Не ми текнува дали CRC ми ги вратија и трошоците за поштарина (околу
    6-7 евра по пратка), мислам не.

    Sent from my SM-N960F using Tapatalk
     
  20. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    883
    1,309
    13 Јануари 2014
    Машко
    Е малку offtopic, ама @omegaRED и @eX3v1l , порачувајте си од Bike Discount или Bike24, 99% одат со DPD место DHL. Плус минус истите компоненти ги имаат, за исти или пониски цени.
     
    На omegaRED му/ѝ се допаѓа ова.
  21. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,287
    2,559
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    После таа случка си нарачувам од bike-components.de. И тие имаат супер цени (пр. имаа Continental RaceKing RaceSport 29" Black Chilly - за некои 11-12 евра по гума, лудило) и нормална поштарина (15е) + секако царина и ДДВ.

    Но за CRC ми е криво, имав нарачано Easton carbon 35mm handlebars и stem, и некои други ситници, на ептен добар попуст, ама кога видов дека ќе треба да платам за "услугата" уште колку што беше вредноста на деловите, ги прежалив.

    Sent from my SM-N960F using Tapatalk
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  22. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,093
    630
    2 Мај 2011
    Јас одсекогаш сум порачувал од CRC и не сум имал проблеми со пошта до сега. Овие другиве ги избегнував ради шипинг од 20е. Најчесто правам до 40е сметка да не плаќам екстра давачки. Може и ке ги земам сега да прежалам 1600 и школа за друг пат.
     
  23. efto

    efto
    Gaining Experience

    249
    186
    19 Април 2007
    Имај во предвид дека и поштарината влегува во вкупната сума за царинење. Ако е 20 евра тогаш цената на производот треба да биде под 25 евра и нема да платиш царина.
     
  24. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,093
    630
    2 Мај 2011
    Откако CRC сменија пошта барам други за нарачување и ги гледам овие `bike-components.de`. Пишува и кај нив дека испорачуваат преку DHL. Тебе како ти имаат стигнато ?
     
  25. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    537
    514
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    извини што се умешувам :)

    зависи каков DHL може да не е express (DHL Express е лошата опција) кај германциве, и тој иде со DHL до излез од Германија, а после продолжува со регуларна пошта и тука ти ја испорачува регуларна пошта .. ама да прашаш најдобро, да им пишеш/
     
    На eX3v1l му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...