• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Царинење на компјутерска опрема

Gilfoyle

Practice makes perfect
10 септември 2009
483
1,595
Темава ја отварам бидејќи се повеќе и повеќе на форумов се постираат мислења што не се поткрепени со некакви факти или докази. На форумов не има многу што нарачуваме или па сакаме да нарачаме компјутерска опрема од интернет но повеќето се откажуваат од таа постапка поради страв дека давачките за опремата се преголеми.

Денес со помош на неколку официјални извори ќе ви ги пренесам точните стапки на царинење и данок на одредена компјутерска опрема.

Комплет компјутери:

Лаптопи и notebooks
- Овие мора да тежат не повеќе од 10кг и да имаат најмалку централна процесорска единица, тастатура, дисплеј и можност за вчитување други програми.
Тарифна ознака: 8471 30 00 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Desktop и tower системи -
Стандардните десктоп и tower системи мора да се составени најмалку од централна процесорска единица, влезна единица и излезна единица.
Тарифна ознака: 8471 49 00 10 (НОВИ) / 8471 49 00 90 (УПОТРЕБУВАНИ)
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Сервери
- се сметаат како апарати за трансмисија на податоци зашто тие го контролираат протокот на податоци меѓу две или повеќе единици во дигитална (локална) мрежа.
Тарифна ознака: 8517 62 00 00
Единечна мерка: Килограм
Царинска стапка: 0
ДДВ: 18%

Поединчени единци:

Процесор (Без ладилник)

Тарифна ознака: 8471 50 00 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Матични плочи
Тарифна ознака: 8471 50 00 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

РАМ Меморија
Тарифна ознака: 8542 32 69 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Графички карти
Тарифна ознака: 8473 30 20 00
Единечна мерка: Килограм
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Хард диск - вклучувајќи преносливи (removable) диск драјвови
Тарифна ознака: 8471 70 50 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

ССД - флеш мемории
Тарифна ознака: 8523 51 10 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 18%


Процесорски Ладилници (Без процесор)
Тарифна ознака: 8473 30 80 00
Единечна мерка: Килограм
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Звучни кари

Тарифна ознака: 8471 80 00 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Напојување

Тарифна ознака: 8504 40 30 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 18%

Монитор (ЛЦД)
Тарифна ознака: 8528 52 91 10
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Тастатура
Тарифна ознака: 8471 60 60 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Глувче
Тарифна ознака: 8471 60 70 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Веб камери
Тарифна ознака: 8525 80 19 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 5%
ДДВ: 18%

Звучници
Тарифна ознака: 8471 60 70 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 8%
ДДВ: 18%

Печатари
Тарифна ознака: 8443 32 10 00
Единечна мерка: Парче
Царинска стапка: 0
ДДВ: 5%

Конзоли за видео игри

Тарифна ознака: 9504 50 00 00
Единечна мерка: Килограм
Царинска стапка: 0
ДДВ: 18%


Слушалки


Тарифна ознака: 8518 30 95 00
Единечна мерка: Килограм
Царинска стапка: 8%
ДДВ: 18%


Сите податоци се извадени од „Царинско распределување на компјутерска опрема“ и „Тарифник за царинење на стоки 2017
 
Изменето од модератор:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,801
11,320
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Одлична тема. Дали има уште некоја давачка при увоз преку пошта како на пример лежарина, изготвување документација и сл.?
 

Gilfoyle

Practice makes perfect
10 септември 2009
483
1,595
@gokica имам некои податоци но прво сакам да ги потврдам и да ги надополнам така да ќе гледам во текот на денот да ги добијам истите и да ги поставам тука.
 

Gilfoyle

Practice makes perfect
10 септември 2009
483
1,595
Еве @kirev нема јас што да пишувам. Што е со вас бе луѓе пробувате да се докажете за нешто што не сте го ни прочитале, барем да си го прочитал законот за брзо царинење на пратки до 800 евра ДО КРАЈ, а не првите две реченици.

Царинскиот закон за брзо царинење на пратки до 800 евра гласи вака:

-Поштенско царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е помала од 800 ЕУР во денарска противвредност. Кога испраќачот е физичко лице се применува единствена царинска стапка од 15 % и стапка на ДДВ од 18% или 5% во зависност од видот на стоката. Кога испраќачот е правно лице, односно се работи за пратка порачана преку интернет, при пресметката на царинските давачки се применуваат стапките согласно Законот за царинска тарифа. Царинската декларација ја пополнува царинскиот службеник, а давачките се плаќаат при приемот на пратката.

Истиот можете да го најдете на:
Царинска управа на Република Македонија
 

Gilfoyle

Practice makes perfect
10 септември 2009
483
1,595
@kirev Законот вели дека пратка порачана преку интернет се царини по тарифникот на Република Македонија. Темата е отворена за луѓето што нарачуваат преку интернет да знаат колкави се трошоците и мислам дека тотално се согласува законот и податоците од оваа тема. Така да стварно не знам што сум пропуштил.
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,526
3,831
Скопје
Ок, фала што напиша и за таков начин на царинење на пратки примени по пошта
 

Psycore

On your way to fame
12 ноември 2013
658
688
Скопје
Ме интересира што ќе се случи ако на наша граница царинарникот ме праша дали сакам да пријавам нешто и одбијам, а он потоа ја "фати" стоката? Одземање на производот? Казна? Апсење? Само нормално царинење? Многу муабети од џеб се имам изнаслушано...

Исто така ако би сакал да додадеш за конзоли за играње како се царинат.

Ти благодарам за темава и одговорите
 

goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
1,119
1,942
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit

goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
1,119
1,942
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit
Фала. Случајно да не знаеш грубо колку се движи таа глоба?
член 263 од Царински Закон
став (1) точка 2) внесе или изнесе, или се обиде да внесе или изнесе преку царинскиот граничен премин скриена стока (членови 46 и 192);
Став (3) Глоба во износ од 500 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на физичко лице.
По правило (во зависност од вредноста на стоката) се зема најниската сума од 500 евра.
 

goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
1,119
1,942
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit
А може и да ти ја конфискуваат „стоката“ :D
Можно е постои законска одредба за одземање.
Член 267 од Царински закон.
(1) Стоката која е предмет на прекршок од членовите 263 точки 1 до 9 и 265 во врска со членот 263 точки 1 до 9 на овој закон, се одзема.
Меѓутоа,праксата (пак по правило во зависност од вредноста на стоката и намената на истата) се царини, се оданочува и се изрекува глоба.
А приказни и случаи има секакви се поминува и без глоба, само со царинење ако му влезеш во положение на цариникот (if you know you know what i mean):rolleyes:.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,125
3,592
Еве @kirevКога испраќачот е правно лице, односно се работи за пратка порачана преку интернет, при пресметката на царинските давачки се применуваат стапките согласно Законот за царинска тарифа. Царинската декларација ја пополнува царинскиот службеник, а давачките се плаќаат при приемот на пратката.
А ако испраќачот е физичко лице? И како се докажува каков е? Со оглед дека се прилично различни стапките.
 

Gilfoyle

Practice makes perfect
10 септември 2009
483
1,595
@moongose законот е многу јасен и вели дека за секоја нарачка преку интернет се применува втората стапка односно царинење по тарифник.

Нема потреба да се докажува дали е физичко лице. Кога се уплаќа на било која страница ebay, aliexpress, computeruniverse, flexxmemory итн. парите легнуваат на сметките на фирмите односно правните лица.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,125
3,592
Испраќачот може да е и физичко лице. Ама ако е таков законот како што велиш тогаш е тоа подобро за нас, со оглед дека голем број работи според тарифникот се ослободени од царина.
 

DzeljoZmaj

Intern
14 февруари 2017
9
0
jas se zafrknav ednas so patiki i svativ kolku e retardirano seto toa na patiki od vrednost od 155 evra trebase da platam 25%carina i 18% ddv i plus uste 300 i kusur denari za carinski predgled vkupno 5100 denari.. kolku treba da se retardirani vakvi sumi da ubacat

Испратено од SM-G925F преку IT.mk форум апликација
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,225
4,490
SK
Фала. Случајно да не знаеш грубо колку се движи таа глоба?
По весници ги објавуваат луѓето за банални непријавени ситници, им ги одземаат, и потоа се фалат како „спречиле криумчарење“ - па сега ти види. :)

Лани летото се сеќавам на таков случај со замаец од Застава кој човекот го ставил во кеса во гепек и заборавил да го пријави. Прекршочна пријава, одземање, глоба, и пишување во весник.
Ако не надминуваш 300-евра, и ако имаш уредна сметка, никако не ти се исплати да не ја пријавиш купената стока.


Инаку се извинувам за офтопик, одлична тема.
Се добро да се знаат законите, ама цариниците не секогаш се поведуват по нив. Мене две одделни пратки на ECC РАМ ми ги комбинираа во еден увоз и ми лупнаа царина, данок, и манипулативни трошоци. Иди после губи живци и време по шалтери (или судови), се разбира дека повеќето од нас не можат да си го дозволат тоа „задоволство“ па го плаќаме арачот.
 

worker_x

Gaining Experience
17 март 2010
396
408
Дечки ме интересира дали некој нарачувал батерии за лаптоп од Ибеј, дали има, и колкава е царината за такви компоненти? Дали има некои посебни регулативи кај нас во врска со батериите(дали најнормално би стигнале доколку ги нарачам)? Планирам да земам една со вредност од 30 долари, и една од 80 долари, па кои би ми биле дополнителните давачки? Благодарам однапред.
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,526
3,831
Скопје
Дечки ме интересира дали некој нарачувал батерии за лаптоп од Ибеј, дали има, и колкава е царината за такви компоненти? Дали има некои посебни регулативи кај нас во врска со батериите(дали најнормално би стигнале доколку ги нарачам)? Планирам да земам една со вредност од 30 долари, и една од 80 долари, па кои би ми биле дополнителните давачки? Благодарам однапред.
Сигурен си дека испорачуваат? Да си го прашаш прво продавачот. А давачките - кому иде.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,069
Мислења
871,240
Членови
30,405
Најнов член
FenomenX
На врв Дно