1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Царина, данок на пратки?

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од MarkoHF, 6 Јули 2013.

  1. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Сакам да зимам телефон но цениве кај нас се екстра па планирав да и кажам на сестра ми да ми го нарача од Америка и да ми го прати обележан како "подарок" за да земам повеќе за истите пари. Колку би можело да ме фати царина и данок (ако ме фати и тоа е прашање) за да знам што повеќе ми одговара.
     
  2. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,842
    1,368
    10 Август 2010
    Машко
    Подароците не подлежат на царина.
     
  3. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,858
    2,984
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Неточно. Ќе го отворат (ладно) и ќе го царинат ако најдат каталошка вредност поголема од 20 евра.
    ... се разбира, тука среќата игра голема улога!
     
    На тотето му/ѝ се допаѓа ова.
  4. тотето

    тотето
    Спамер

    705
    673
    4 oктомври 2011
    Машко
    Ако има кутија телефонот, нека ја извади и нека пушти само телефонот (полначи имаш за 200 денари, а слушалките кој идат со телефонот се стално шит). Пакетчето ќе дојди ептен мало и со то мислам дека помала ќе е веројатноста цариниците да се посомневат дека има нешто вредно внатре.
     
  5. gligor

    gligor
    Gaining Experience

    222
    144
    5 Март 2008
    Машко
    Еве што не подлежи на царина:
    „Начелно, при пристигнување на поштенските пратки на царинското подрачје на Република Македонија, согласно одредбите на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките кои се пуштаат во слободен промет без обврска за поднесување на царинска декларација и тоа:

    - поштенски картички и писма кои содржат само лични пораки,
    - писма пишувани со Браилово писмо,
    - печатен материјал кој не подлежи на плаќање на увозни давачки и
    - сите други пратки од некомерцијална природа кои се испраќаат со писмо или со поштенски пакет од незначителна вредност, со вкупна вредност до 45 ЕУР во денарска противвредност, под услов да не постои обврска за плаќање на увозни давачки, а кои содржат ситни подароци, рекламен материјал, ситни мостри и слично, освен пратките кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.

    Пратки од некомерцијална природа согласно Уредбата за спроведување на Царинскиот закон се сметаат пратки кои се испратени од едно на друго физичко лице, повремено се увезуваат и нивниот вид и количина укажува дека се наменети за приватна, лична и семејна употреба на примачот или која очигледно е наменета за подарок.“
    Превземено од Царинска управа на РМ.

    Тоа значи по слободно толкување на царинарникот. Може да платиш царина и на телефон од 10 евра ако царината заклучи дека е комерцијален производ, односно не е очигледно дека е подарок, или си го купил а не ти го пратило физичко лице од странство.
    И ако е подарок, ама во ценовникот на т-мобиле мк телефонот е 50 евра, пак не ги исполнуваш условите за безцарински влез.

    Или кажано со речникот на @gojdo ако клецнал вечерта нема царина, а ако не клецнал .....се е можно.
     
    JimmyHoFFa, xenon, ТАТА_МАТА и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Ај еве да кажеме дека го фатиле на царина, колку вкупно давачки треба да плаќам?
     
  7. gligor

    gligor
    Gaining Experience

    222
    144
    5 Март 2008
    Машко
    15% царина и 18% ддв на вкупната сума производ + трошоци за испорака
    на пр. телефон 700 ден + 300 поштарини = 1000
    царина 15% на 1000 ден 150 ден
    ддв 18% на 1150 ден
     
  8. lamja

    lamja
    Gaining Experience

    424
    181
    1 oктомври 2008
    Машко
    Edno nesto ke vi kazam: za da se carini vi treba spediter !!! a taa usluga pocnuva 3000 den pa nagore, zavisi od preku koja spedicija ke idete
     
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,544
    11,270
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ламија не ги разбирам работите со шпедитерството и дали за тоа треба да внесуваш камиони и слично, ама сите пратки кои изгледаат поголеми или повредни се царинат 100%. Услугата ја наплаќаат околу 100-тина денари. Глигор убаво објасни кои се трошоците, само не го додаде тој фиксен трошок од (од прилика) 100 денари за отварање/преглед на пратката.
     
  10. lamja

    lamja
    Gaining Experience

    424
    181
    1 oктомври 2008
    Машко
    jas go izedov stapot ednas zatoa vi kazuvam, poracav "trip komjuter" za kola 120 dolari, tuka plativ 3000 spediter+ 1500 da mi go zeme carini tie raboti i na kraj nema veze ne mi se svigase go vrativ u posta 500-600 den go prativ nazad, i mi gi vratija 120 dolari:)))
     
  11. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,264
    2,298
    9 Февруари 2011
    Дали некој знае дали ќе ми бараат да платам царина ако идам ја со кола до србија и земам звучки од мој роднина.
    Звучките се од 1968 година и тежат по 25кила комад. Значи 50 кила укупно. Нема да платам ни динар за тоа, не му требале, сакал да ги фрли.
    Не се многу големи, само се тешки. Можам да ги спикам у гепек без проблем.
     
  12. Dinamit

    Dinamit
    Gaining Experience

    496
    423
    25 Мај 2013
    Машко
    Нема да ти наплатат ништо.Не се сеќирај.Е сега ако му фатат око на некој цариник тука спас нема:)
     
  13. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,264
    2,298
    9 Февруари 2011
    ^ Страв ми е само да не налетам на некој што се разбира.
    Звучниците се стари, ама легендарни и на ebay знаат да одат и по 1500 $.
     
  14. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,355
    1,481
    25 Март 2013
    Машко
    Стави ги во гепек, поврзи си ги со озвучувањето од автомобилот и прави се на тошо. И така се постари ќе речеш дека така си ги користиш
     
    На Spamalot, olikomerc, DaciSS и уште 3 други им се допаѓа ова.
  15. JimmyHoFFa

    JimmyHoFFa
    Gaining Experience

    273
    180
    6 Март 2012
    Машко
    100% успева оваа финта, не смеат да те пипнат, да беше моја темава односно за мене да се работеше јас вака ке одев.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,963
    25,192
    4 Септември 2008
    Не мора ни да ги поврзеш само стави ги во гепек и кажи дека нешто се расипало, (ако те прашаат) па си ги исклучил во тој момент.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JimmyHoFFa

    JimmyHoFFa
    Gaining Experience

    273
    180
    6 Март 2012
    Машко
    :eek:
     
  18. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,777
    1,534
    22 oктомври 2012
    Машко
    Ако сакаат, може да ти ја расклопат цела кола на делови...
     
    На mdeni и prijatel-MKD им се допаѓа ова.
  19. JimmyHoFFa

    JimmyHoFFa
    Gaining Experience

    273
    180
    6 Март 2012
    Машко
    нормално, ако се правиш луд и во лудница ке те стават на крајот, чил муабет на граница добар ден, добар ден и поздрав... "шлајфуваш до 3та"
     
    mdeni, prijatel-MKD и на Dark HaCkeR им се допаѓа ова.
  20. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,264
    2,298
    9 Февруари 2011
    Ипак лесно пројдов. Човеков вика, има нешо за царина? Јок викам. Ај вика отварај гепек.
    Еј викам у пм сеа... и ги глеа звучкиве ми вика - шо е ова? звучници викам, ептен стари.
    Вика овие за во музеј ли ти си бе? Не бе викам за дома, да слушам музика. Па на овие шкафови ли бе, од мене се постари и се смее и толку ми вика ајде бегај.
    Да знаеше што значи AR3a и тоа прва серија со alnico и сите други оригинални драјвери, немаше така лесно да ме пушти :)

    Е баш глеам на ибеј сеа, исти вакви ко моиве, скоро 2000 долари пред два дена се продале:
    http://www.ebay.com/itm/Vintage-Aco...pt=Vintage_Electronics_R2&hash=item1c3562ec46
    На ова царина колку ли е... :D
     
    shifty, prichina, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    Со здравје да си ги служиш и секоја чест. Ептен прават мерак.
     
  22. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,264
    2,298
    9 Февруари 2011
    Фала многу друже, неверојатно звучат... волку стар звучник вака да звучи, неверојатна работа.
    Баш онака остануваш збунет скроз.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  23. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    @Gaston
    Електронско благо, баш ме интересира дали се читки, дај импресии
     
  24. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,264
    2,298
    9 Февруари 2011
    Баш електронско благо. Незнам што значи тоа „читки“, но ако те интересира во каква состојба се, во одлична се технички, а визуелно им треба малце дотерување што воопшто не е проблем зашто се обложени со природен, а не пластичен фурнир. Така да, со малце труд и многу ќеф ќе ги направам да личат подобри од нови кога биле. Плус имам резервни високотонци и среднотонци за нив.

    Звукот е неверојатен, пријатен, мил, ти ги гали ушите, воопшто не замара и имаат ептен низок неизобличен бас. Мислам дека одат до 30Hz. Али ја имам само 60W по канал RMS сила, а за овие да засјаат во право светло треба нешто многу посилно, со многу повеќе вати и поважно - со многу повеќе ампери. Некој Phase Linear на пример :)
     
  25. Spamalot

    Spamalot
    Gaining Experience

    905
    226
    13 Јуни 2011
    ok ova 15%+18% ... mene me interesira kako ke ja procenat vrednosta na proizvodot ?.... konkretno sakam da mi pratat 2 polovni laptopa od slovenija... kolku bi trebalo da platam carina ?
     
Слични теми
  1. macedonia
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,375
  2. -Ata-
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,646
  3. m1st3r.0
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    15,171
  4. Gaston
    Одговори:
    75
    Прегледи:
    15,538
  5. Тони
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    2,386
Вчитување...

Сподели

Вчитување...