Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

CAPTCHA и проблеми со NAT-ирање на VIP, повик до корисниците да се жалат и да бараат премин на ipv6

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.901
5.376
SK
6d30aac318f42db09c218a221d43c95f.jpg


^ ^
Преку глава ви е од замарање со вакви CAPTCHA заглупувања?
Не ви се клика на квадрати со сообраќајни знаци за да можете да отворите рандом сајтови?

Решението е да се јавите на 077 1234 сервисната линија на ВИП и да се пожалите на ова. Додека сте на линија, пожалете се и на DNS проблемите: споро „повикување“ на сајтовите и тоа што секоја n-та страна не се отвара без рефреш. Toa не е услугата за која плаќаме, но се додека не се жалиме ВИП нема да ги реши проблемите.

Затоа побарајте од ВИП да си ја одработат работата како што треба и да прејдат на ipv6.


Молба до модераторот да ја стави темава како „стики“ до решавењето на проблемов.


captcha-meme_fun.png
Инспирација за отварање на темава, покрај повремените нервирања со CAPTCHA заглупувања, е следниов пост:
Пријавувајте дека имате проблем со кепча, уште пред неколку месеци имам пишано за ова во неколку наврати. Сериозен проблем е натирањето што го прават. Желете се. Наместо да прејдат на ипв6 они се решија да натираат. И да нема малициозни ликови во маало кај тебе, сепак голем дел од сервисите, најголем дел хостирани на Клауд Флер ке детектираат голем број на риквести од иста ајпи ке блокираат.
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.377
7.314
Скопје
www.facebook.com
Решението е гасење на рутерот на 5-10 минути. Кај мене така правеше извесно време и потоа прекинуваше со самото гасење на рутерот односно пуштање после 10мин. На мрежата се закачуваше некој спајдер појма ти немам што е тоа и ме ставаа на блек листата на интернет и постојано ми даваа капча.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.622
17.111
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Да беше само тоа проблемот и немаше да е толку страшно, на многу места каде има слики или друг контент кој е најчесто на клауд флер е блокиран и неможе да се прикаже па така имаш ваков идиотски приказ на многу места.
Имаш полупразни сајтови само затоа што има линкувани слики.
Screenshot_9.png

Screenshot_1.png
Screenshot_3.png
Screenshot_5.png
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.901
5.376
SK
^ ^
Дап, потврдувам дека се дешаваат проблеми со „недостаток“ од слики.


Решението е гасење на рутерот на 5-10 минути. Кај мене така правеше извесно време и потоа прекинуваше со самото гасење на рутерот односно пуштање после 10мин. На мрежата се закачуваше некој спајдер појма ти немам што е тоа и ме ставаа на блек листата на интернет и постојано ми даваа капча.

Проблемот е што на една јавна ип адреса сме сите корисници на оптичкиот нод во дел од мојата улица. Што ќе смени ако само јас го исклучам рутерот (модемот)? Секако нема на сите да ни ја смени јавната адреса, нели (а една иста е за сите на нодот).

Ме чуди што кај тебе ова го решава проблемот, баш ќе се обидам следен пат кога ќе се случи истово.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.622
17.111
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
^ ^
Ме чуди што кај тебе ова го решава проблемот, баш ќе се обидам следен пат кога ќе се случи истово.

Нема да го реши проблемот, не се замарај за џабе, којзнае што е работата со Пане и дали воопшто е на Вип.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.901
5.376
SK
Ме заинтригира. Ќе пробам, можеби има некоја магија. :)
Инаку прво мислев дека е проблемот до бровсерот (Pale Moon), aма исто се дешава и со Firefox и со IE. Исто и на Firefox под Линукс.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.622
17.111
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
На вип комбо бокс пакетот сум јас односно на 4г мрежата.

Епа ај кажи ни дали добиваш јавна или приватна адреса на рутерот. Овде правиме муабет за оние кои се на ДОКСИС/ЛАН, поинаква е проблематиката.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.622
17.111
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Приватна е и кај Пане, само друг сабнет. Тоа значи дека како ке раснат корисниците како пане, 4Г интернет за по дома, така ке опаѓа квалитетот и на мобилниот интернет, односно и таму ќе зивееме со кепча и кликање слики. Друже @yasho помагај, пренеси го гласот на народот. Иако знам дека нема ништо да се смени или деси, само АЕК ако воведе некоја регулатива да мора секој корисник да биде на посебна адреса.
 

Nem_Akata

Gaining Experience
26 мај 2015
173
244
Скопје
Nem_Akata's setup  
Audio
Scarlett Solo MK2, Bowers & Wilkins DM14, M-Audio av40, AKG K240 MKII, Philips FA960 Amplifier
OS
MacOS + Windows
Јас немам вакви проблеми. Знаеле чат-пат да се појават, но секогаш кога сум го користел нивниот DNS сервер.

Google DNS FTW!
pZWDH67.png
 

iface

Gaining Experience
9 септември 2011
134
245
Еве ви една екстензија за browser, додека чекате да го решите проблемот. Ја заобиколува recaptcha кога отвараш веб страни, ама нема да заобиколи форма кога треба например да се логираш негде.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.901
5.376
SK
@mrmarko4fun скриншотот ти е од четот на нивниот сајт?

Патем да, треба што повеќе од нас да пријавуваат за проблемов. По телефон или по друг пат, сеедно.
 

mrmarko4fun

Gaining Experience
26 јули 2017
197
198
Куманово
@mrmarko4fun скриншотот ти е од четот на нивниот сајт?

Патем да, треба што повеќе од нас да пријавуваат за проблемов. По телефон или по друг пат, сеедно.
Преку месинџер, нивниот официјален профил, но истото е.

Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
 

mrmarko4fun

Gaining Experience
26 јули 2017
197
198
Куманово
Сега овака, ми се јавиа од сабајлето истиот тој Никола што ми врати, и неговата одбране беше дека се користи динамичка јавна ип адреса, но само за мене, два пати го прашав дали е добра информацијата, тој ме убедуваше да отвори порт на 80 и да пинга од таму. Доаѓам дома прво што отварам излегува кепча, вртам пак, се јавува женско. Го објаснувам проблемот, таа провери но магично ги немаше "информациите" за разговорот со операторот од сабајлето. За нивна несреќа јас користам снимање на повици и сето тоа го имам снимено и понудив да и пуштам да се убеди дека добив такви информации. Почекав додека проверуваше и ми рече дека стварно нема такви информации за овој пакет што се користи и не е запознаена за тоа пријавување бидејки не се ни случило по тоа, и дека единствено што е пријавено е за "слаб сигнал". Сега кој кого лаже и убедува стварно не сум сигурен, но ако не превземеме нешто никој нема да го реши проблемот и ке не мотаат овака во круг. Напраив акаунт на АЕК и ке поднесам пригивор за ова, да се реши еднаш засекогаш.

ЕДИТ: Исто така се јавив вчера да ми го стават модемот у бриџ мод бидејки користам втор рутер и сакав да користам DDNS за AiCloud 2, и добив потврдна информација дека ке го направат тоа за 15тина минути. Ја спомнав и оваа информација денес и таа ме убедуваше дека не постои техничка можност за тоа и дека не сум направил таков повик иако имам во call log евидентирано.
 

Атачменти

  • 30516339_1878423112168560_7341390541105397760_n.jpg
    30516339_1878423112168560_7341390541105397760_n.jpg
    76,6 KB · Прегледи: 76
  • call log.jpg
    call log.jpg
    79 KB · Прегледи: 69
Последна промена:

Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
978
874
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Македонија сме, нема да го угасат Carrier-grade NAT-от и нема да имплементираат IPv6. Жалосно е што истата политика ја применуваат и кај фиксните и кај мобилните интернет корисници. За среќа од наредната година ЕУ ќе има директива со која сите ЕУ членки ќе мораат да имаат IP адреса по претплатник, без разлика дали е IPv4 или IPv6.
 

krema

Epic
24 јуни 2009
14.905
14.670
youtu.be
јас користам снимање на повици и сето тоа го имам снимено
А пред да почне разговорот дали го информираше соговорникот дека ќе го снимаш разговорот!? Без негова согласност не смееш да вршиш снимање на разговорот, може да те опне на суд!
 

Tajson

On your way to fame
25 февруари 2016
655
863
А пред да почне разговорот дали го информираше соговорникот дека ќе го снимаш разговорот!? Без негова согласност не смееш да вршиш снимање на разговорот, може да те опне на суд!
Да кога вртеше нивната лента дека разговорот може да биде снимен, на исти начин ги известив дека истиот разговор може да биде снимен. Слободно нека повелат на суд, нека ја пуштат нивната снимка до крај.
Момче (момци)!!! Отвори(ете) представка до АЕК и слободно барај(те) си ги правата, од мене имаш отворена подршка(иако моментално не сум засегнат од проблемот).
Ако ништо друго некој некого ќе повика и разговара за проблемот, а од обични разговори тргнуваат работите на подобро.
 
Последна промена:

krema

Epic
24 јуни 2009
14.905
14.670
youtu.be
Слободно нека повелат на суд, нека ја пуштат нивната снимка до крај.
Недај боже да се закачуваш на суд со вакви големи фирми (да не кажам конзорциуми), имаат свој тим на правни експерти што значи дека уште на старт губиш.
Инаку и јас сум засегнат со проблемот и јас ќе им вртам деновиве.
 

mrmarko4fun

Gaining Experience
26 јули 2017
197
198
Куманово
А пред да почне разговорот дали го информираше соговорникот дека ќе го снимаш разговорот!? Без негова согласност не смееш да вршиш снимање на разговорот, може да те опне на суд!
Да, и реков дека се снима и дека имам снимано разговор со него, плус кога тој врти се слуша звук пред јавување со што знае дека разговорот се снима.

Недај боже да се закачуваш на суд со вакви големи фирми (да не кажам конзорциуми), имаат свој тим на правни експерти што значи дека уште на старт губиш.
Инаку и јас сум засегнат со проблемот и јас ќе им вртам деновиве.
За ова знам дека се доста моќни и имаат адвокати кои ке ги бранат без разлика дали се во право или не и ќе докажат тоа што наумиле, но стварно не е фер ова што го прават, едни зборуваат едно, други друго, неинформираноста е голем проблем. Инаку на сајтот на АЕК има форма и ке треба да се скенира договорот за да се поднесе приговор.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.901
5.376
SK
Недај боже да се закачуваш на суд со вакви големи фирми (да не кажам конзорциуми), имаат свој тим на правни експерти што значи дека уште на старт губиш.
Инаку и јас сум засегнат со проблемот и јас ќе им вртам деновиве.
Моето искуство досега за вакви (поситни) работи, е дека на тој што упорно се жали - на крај ќе му понудат и повеќе од тоа што му следува (приватна адреса, на пример), но само ако е доволно упорен. И се разбира дека повеќето од нас упорните ќе ја прифатиме нечесната понуда, тоа е нормално... Следствено ако мнозинството се упорни, ќе имаат што им следува. Ако не се, нема да имаат. За жал, најчесто мнозинството не се упорни.
Едноставно е. Можеби не е фер, ама едноставно е.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.233
Мислења
977.049
Членови
35.543
Најнов член
Dime19
На врв Дно