• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Рецензија Canon EOS R 6

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.021
3.614
Прага
Долго очекуваната рецензија (ваљда). За тие што знаат, а можеби и не ова е вториот (ако го рачунаме и Rp) тогаш трет мирорлес апарат од Канон. Долг период бев скептик за преоѓање од DSLR на Mirrorless ама неизбежно беше од многу фактори. Мило ми е што ја скокнав првата генерација (Canon EOS R, Rp, Ra) од причина што многу работи недостасуваа што треба да ги има еден мирорлес, поготово кога се прави вака троа поскап апгрејд.
Unboxing не правам, ниту ќе ви досаѓам многу со спецификации на апаратот.

Кратко за апаратот
Се работи за фул фрејм тело со 21.4 мегапиксели (да, се чини малку, ама не се). Стабилизација на 5 оски, екстендед ISO до 204.800, видео снима 4к до 60фпс и фул хд 120фпс на H.265 4:2:2 10-Bit. Тежи скромни 680 грама, користи стандардна батерија за канон и нели најбитното има 2 слота за мемориски (пошо шо фотограф си ако немаш 2 слота?). Деталните спецификации , ги имате тука.

Дизајн
Дефинитивно најдоброто нешто што го имам држено во раце (од апарати де). Ергономичен е, без некои остри делови, предобар грип и одлично лежи во поголеми раце. Ова беше еден од главните проблеми што го имав со мирорлес тела, ама сум доста изненаден од ергономичноста. Споредбено со Канон 5Д Марк 2, воопшто немам мака да ракувам и со овој. Мислев дека ќе биде тешко да се навикнам и на новиот сетап на копчињата, ама не. Она што е најбитно го нема смотаниот тач од Р верзијата што буквално никој не му најде намена. Единствено нешто што ми фали кај апаратов е лцд екранчето на местото на ротирачкото копче за режим. Секако не е некој дилбрејкер, и лесно се навикнав и на него.

IMG-3116.jpg

IMG-3114.jpg

IMG-3115.jpg



Функционалности

Wi-Fi и Bluetooth

Ова ми е смешно и да го спомнам али човече предобра ствар да се има на камера. Ко човек што неделно поминуваше бар 3-4 часа пред компјутер едитирајќи, со овие функционалности едитирањето на компјутер ми е сведено на... ич. Освен ако немам некоја фотка за клиент да едитирам, другото се оди преку лајтрум мобајл. Ем самата апликација ги има сите потребни сетинзи, ем префрлањето од камера на телефон е помалку од 10 секунди работа. Значи прекрасно! Ради тежината на самиот апарат и овие функционалности сега секогаш го носам со мене и фотка можам да споделам за 2 минути.


Auto-focus и Tracking
Ех, како да кажам... не треба да си фотограф повеќе. Ова е тоа коа ќе кажат апаратот сам слика, нема мака со ништо. Дали се работи за портрети, птици, коли... за се има тракинг и фокус. Ама буквално истите опции што ги има Р5 ги има и во Р6. Значи ѕвер од камера, и голем респект за Канон што не штеделе тука на тоа.
Има една луда ствар 3д тракинг, кај што кликаш на тач екранот и се додека тој дел е во кадар, останува во фокус... како да кажам ама драма.
До сега единствен "фејл" е при сликање птици, и тоа 1 слика од 20 ќе утне.


Touch екран
Океј ова реков не го спомнувам ама морам, со притискање и држење прст на екранот и пртиоа движејќи по екранот ја менувате фокус точката, у кратки црти за портрети сликање доколку не користите eye-tracking прелесно е сами да си изберете фокус точка. Ако по сесија со 5Д марк 2 бришев по 20-30 слики ради лош фокус, тука бришам пааа нула.


Батерија
Си ги користи стандардните батерии на Канон само што без мое знаење искочиле некој подобрен модел LP-E6NH со далеку подобрен капацитет. Не сум заинтересиран у детални метрики и да бројам точно, ама ај да речеме дека сликав на Козјак цела вечер и завршив со нешто повеќе од 400 фотки, батеријата беше на пола. Ако би споредил со она на 5Д Марк би рекол дека е 60-40 во предност на DSLR. Далеку од лошо, ама не е ни нешто сјаен капацитетот. Да бидам искрен до сега не наидов на проблем, еј неам батерија. Купив 3 за секој случај, еве после месец ипол сеуште не успеав да ја потрошам првата.
Да не заборавиме дека се работи за електронски viewfinder и екранчето нонстоп работи.


ISO
Можеби една од главните причини зошто го сакав овој апарат. Помалку пиксели значи и подобра сензитивност, односно подобри слики во темница. Ако забележував noise порано на 5д Марк 2 (15 години стар апарат) на 1200 ISO, тука до 6400 е мазно без никакви артефакти.
Сликав млечен пат на 25.600 исо... перверзија е. (види слика подоле тоа е на 16000 ИСО)


DR (Dynamic Range)
Од 11.9 со 5Д Марк 2 на 14.3 со Р6. Огромен напредок, ама не знам ни зошто правам споредба со волку стар апарат, ама ете тоа сум користел па правам споредба што мене ми одговара. Кога сликам во шума најчесто со ДСЛР-от имав проблеми, изгорено небо - добри сенки или обратно, додека со Р6 добивам речиси HDR фотографија што дури и не е реална некогаш. Никакви замерки и одличен е рејнџот меѓутоа има еден проблем. Навидум на екранот некогаш се добива впечаток дека небото е изгорено или сенките се изгубени, а кога би се префрлила сликата на компјутер/телефон се е во ред. Веројатно е некој проблем бидејќи електронски е viewfinder-от па не секогаш се добива реалната слика, тоа е мое мислење. Секако и самиот апарат дозволува HDR фотографирање, ама не го правам никогаш in-camera. По потреба вадам 3-5 слики па со маски би едитирал во фотошоп. Со Р6 до сега немав такво искуство, јер немав потреба.


Continuous Shooting
12 FPS / 20 FPS исто како и Р5. Не го користам многу затоа што не е мој стил ниту пак фотографирам такви настани. Ама за секој просечен корисник ова е и повеќе од доволно.


Мегапиксели
Ова е главната дискусија околу овој апарат. Зошто Канон го заглавиле на само 20 мегапиксели? А, зошто па да не? Да, за некои што се веќе навикнати на големи пиксели можеби е дилбрејкер, ама мене ми е 1 мегапиксел степдаун, и не чувствувам никаква разлика. За сите потреби ми ги исполнува критериумите, па така и тука. Од цела моја кариера, никогаш не сум бил во ситуација да речам, ех да имав бар уште неколку мегапиксели за да можам да кропнам повеќе. Ако ми треба тоа го имам 70-200 со екстендер, за се друго 24-70 ми врши работи и немам потреба од поглема пикселажа. Не за друго проблем прави и на драјв со толкава големина на RAW фајл. Вака во просек со 20мб сум и повеќе задоволен.

Бои
Нема што да се дискутира тука, Канон е, закон.



Заклучок
За сите професионалци, веројатно ќе се најде нешто подобро зависи од потребите, на некој ќе му треба повеќе видео, на некој пиксели, на некој поголем бафер на continuous shooting, ама overall од Канон мислам дека е бест бај. Доаѓа како наследник на 6Д Марк 2, и ценовно лежи околу 2500 долари, што сепак не е мала сума. Ако некој има ограничен буџет и е нов во фотографија, тогаш би рекол дека ова е повеќе од добра камера. Има одличнен динамик рејнџ, супер остар апарат, одличен фокус, мега јаки ИСО способности, и видео е би рекол повеќе од солиден со 4К БЕЗ КРОП и 120 фпс во фул хд. Единствена мана што би рекол е можеби батеријата и ете ајде пикселите. За се друго брка работа и е пали вози. Out of the box, не бара многу сетирања и Канон се погрижиле да биде спремен за користење при прво вадење. Дали за таа сума има подобри апарати? Од Канон дефинитивно не, би рекол и од Никон не, можеби нешто кај Сони, апа пак е тоа релативна дискусија врз база на потребите на корисникот.

Доколку сака некој предлог за камера, бујрум на следнава тема. И треба малку освежување, ама тука сум да одговорам на сите прашања.

IMG-3117.jpg



Во продолжение неколку слики едитирани од телефон. ( со кликање на фотографијата ќе ви се отвори директен линк до postimg каде можете да ги симнете во оргинален квалитет)

IMG-1006.jpg
47-A7-BB11-C102-430-D-8-E17-BE813-D56-BC62.jpg



1-BAB8-B3-A-3-C2-C-46-E0-9-DFD-80-B8-E8214342.jpg
3-D1-E0590-445-C-4550-9619-CA7-BABD7185-A.jpg


4-EF120-F3-D7-E2-4-CD1-AE02-482153-AB2442.jpg
992-AB43-E-399-E-4-C64-ADBF-81-CAD925-A146.jpg


B61-BD056-A82-E-40-ED-BF4-A-2-DCC165-F841-B.jpg
C89512-FB-3-F30-405-F-AA36-441-A93-BC9-C96.jpg


B8981-DA0-662-D-4-FD5-AC2-B-D2-E4-ECFD39-EE.jpg
BE79-B27-C-77-FE-490-C-8-E12-1-D3-DF9-F892-ED.jpg


DBAA5374-454-E-4-A30-B7-D5-2303-D2-CC8605.jpg
IMG-0557.jpg




ps. Сликите од апаратот се сликани со ајфон колку да се види апаратот и занемарете ја состојбата на 5Д Марк 2, сепак е 15 години стар, малтретиран и уште 5 илјади слики го стига милионот.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
29.306
30.236
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Феноменално, браво

Сликите не се кликаат за жал.
 
Последна промена:

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.021
3.614
Прага
Чим нема ГПС ништо не прајме , си ме разочарал и ти и тие.
Инаку оваа ( новост ) ја имаа уште од пред 6-7 години на Nikon CoolPix p5xx серијата а и одредени самсунг модели.
Десен клик, open image in new tab треба да работи.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
4.723
14.402
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Немам
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Ducky One2 SF, Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Десен клик, open image in new tab треба да работи.
Сега ќе им најде Мацко шум, лоша динамика и прекршени сенки, а после ќе најде исти слики со гкам, само без дефективе :D :D :D

Онтопик: уште еднаш честиЧки за уредчето, убаво кажано за него и искрено од ништо што пиша не сум изненаден, како што веќе знаеш, единствено нешто што ме одвраќа од оваа куповина (покрај сопрагата) е недостаокот на пиксели. Уште не ми е јасно како можеа да стават само 21МП а да е наследник на 6ДМк2 кој има 26, а да не збориме дека и на 80Д пред 100 години имав 24. Едноставно неможам да го сварам тоа. Но се е до стилот на сликање, мене искрено ми треба малку екстра простор за кроповање.

П.С. Се нематнува прашањето, дали во моментов е подобро да купиш 5D Mark IV за 2200 или R6 за ~2500? 5D може да се начека и половен за уште попристојна цена, а Р5 и Р6 нема на старо или и да има се скоро па иста цена.
 

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.021
3.614
Прага
Сега ќе им најде Мацко шум, лоша динамика и прекршени сенки, а после ќе најде исти слики со гкам, само без дефективе :D :D :D

Онтопик: уште еднаш честиЧки за уредчето, убаво кажано за него и искрено од ништо што пиша не сум изненаден, како што веќе знаеш, единствено нешто што ме одвраќа од оваа куповина (покрај сопрагата) е недостаокот на пиксели. Уште не ми е јасно како можеа да стават само 21МП а да е наследник на 6ДМк2 кој има 26, а да не збориме дека и на 80Д пред 100 години имав 24. Едноставно неможам да го сварам тоа. Но се е до стилот на сликање, мене искрено ми треба малку екстра простор за кроповање.

П.С. Се нематнува прашањето, дали во моментов е подобро да купиш 5D Mark IV за 2200 или R6 за ~2500? 5D може да се начека и половен за уште попристојна цена, а Р5 и Р6 нема на старо или и да има се скоро па иста цена.
Верувам дека е контроверзна темава околу пикселите, ама не ми беше дилбрејкер, и јас на 600Д имав 24, ништо страшно. Веројатно 24-30мп е некој sweet spot за повеќето.
Инаку и јас ја имав таа дилема за 5Д Марк 4, ама на крај си реков зошто би дал 2200 за технологија што е веќе во изумирање, подобро би додал уште 300 и би земал нова технологија што допрва ќе напредува. Скоро сите производители веќе запреа со производство на DSLR и се насочија кон мирорлес, па така нонсенс ми беше да инвестирам во уште еден DSLR.
 

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4.811
4.656
Шум, острење, сенки, водени боици, ДР, итн. Се. Штом е едитирана, тогаш може да е од тоа. Гледам на ИСО200 е сликана, така да не е од згрешена преголема сензитивност.
 

Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1.605
3.607
Ресен
Тешка сцена, светлината, детални текстури и со обработката замина на кај шумот, си викам до то е.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.239
16.212
Добро! Ама дали може да се наместат GCAM драјвери на него?
За еден пријател од форумов прашувам.

@psyside ?


Иначе прекрасни слики и опции има апаратот. Тачот, спрема мене, е една од најјаките функции.
 

TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
3.874
8.007
ps. Сликите од апаратот се сликани со ајфон
Нормално, прав фотограф знае кој телефон има најдобра камера.

Инаку супер е рецензијава, ќе ја пратам на другар - ќе му направам проблеми во животот и ќе сака да ја купи. Он ја има оригиналната R.
Мислењето е автоматски споено:

П.С. Се нематнува прашањето, дали во моментов е подобро да купиш 5D Mark IV за 2200 или R6 за ~2500? 5D може да се начека и половен за уште попристојна цена, а Р5 и Р6 нема на старо или и да има се скоро па иста цена.
Бидејќи те знам веќе, за тебе има само еден одговор - линк.
 

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.021
3.614
Прага
Шум, острење, сенки, водени боици, ДР, итн. Се. Штом е едитирана, тогаш може да е од тоа. Гледам на ИСО200 е сликана, така да не е од згрешена преголема сензитивност.

Тешка сцена, светлината, детални текстури и со обработката замина на кај шумот, си викам до то е.
Шум и острење, водени боици не се слагам. Не е проблем сликата, колку што е едитот проблем. Ама на мало екранче не се познаваше ништо од ова. А, за слика на инстаграм е и повеќе од супер. Еве линк до RAW сликата.

Нормално, прав фотограф знае кој телефон има најдобра камера.

Инаку супер е рецензијава, ќе ја пратам на другар - ќе му направам проблеми во животот и ќе сака да ја купи. Он ја има оригиналната R.
Мислењето е автоматски споено:


Бидејќи те знам веќе, за тебе има само еден одговор - линк.
И тоа 13 Pro Max, не знам Брус до каде е со апгрејдиве, ама многу заостанува и ме загрижува.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
4.723
14.402
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Немам
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Ducky One2 SF, Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Си поиграв малку со РАЊ фајлот и ми се свиѓа! Дај бе нека пуштат Р6Мк2 со 30МП.

@M.Pix се надевам не се љутиш што ти го чепкаф фајлот.
 

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.021
3.614
Прага

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.458
Мислења
901.519
Членови
32.169
Огласи
540
Најнов член
MartinLee33
На врв Дно