Долго очекуваната рецензија (ваљда). За тие што знаат, а можеби и не ова е вториот (ако го рачунаме и Rp) тогаш трет мирорлес апарат од Канон. Долг период бев скептик за преоѓање од DSLR на Mirrorless ама неизбежно беше од многу фактори. Мило ми е што ја скокнав првата генерација (Canon EOS R, Rp, Ra) од причина што многу работи недостасуваа што треба да ги има еден мирорлес, поготово кога се прави вака троа поскап апгрејд.
Unboxing не правам, ниту ќе ви досаѓам многу со спецификации на апаратот.
Кратко за апаратот
Се работи за фул фрејм тело со 21.4 мегапиксели (да, се чини малку, ама не се). Стабилизација на 5 оски, екстендед ISO до 204.800, видео снима 4к до 60фпс и фул хд 120фпс на H.265 4:2:2 10-Bit. Тежи скромни 680 грама, користи стандардна батерија за канон и нели најбитното има 2 слота за мемориски (пошо шо фотограф си ако немаш 2 слота?). Деталните спецификации , ги имате тука.
Дизајн
Дефинитивно најдоброто нешто што го имам држено во раце (од апарати де). Ергономичен е, без некои остри делови, предобар грип и одлично лежи во поголеми раце. Ова беше еден од главните проблеми што го имав со мирорлес тела, ама сум доста изненаден од ергономичноста. Споредбено со Канон 5Д Марк 2, воопшто немам мака да ракувам и со овој. Мислев дека ќе биде тешко да се навикнам и на новиот сетап на копчињата, ама не. Она што е најбитно го нема смотаниот тач од Р верзијата што буквално никој не му најде намена. Единствено нешто што ми фали кај апаратов е лцд екранчето на местото на ротирачкото копче за режим. Секако не е некој дилбрејкер, и лесно се навикнав и на него.
Функционалности
Wi-Fi и Bluetooth
Ова ми е смешно и да го спомнам али човече предобра ствар да се има на камера. Ко човек што неделно поминуваше бар 3-4 часа пред компјутер едитирајќи, со овие функционалности едитирањето на компјутер ми е сведено на... ич. Освен ако немам некоја фотка за клиент да едитирам, другото се оди преку лајтрум мобајл. Ем самата апликација ги има сите потребни сетинзи, ем префрлањето од камера на телефон е помалку од 10 секунди работа. Значи прекрасно! Ради тежината на самиот апарат и овие функционалности сега секогаш го носам со мене и фотка можам да споделам за 2 минути.
Auto-focus и Tracking
Ех, како да кажам... не треба да си фотограф повеќе. Ова е тоа коа ќе кажат апаратот сам слика, нема мака со ништо. Дали се работи за портрети, птици, коли... за се има тракинг и фокус. Ама буквално истите опции што ги има Р5 ги има и во Р6. Значи ѕвер од камера, и голем респект за Канон што не штеделе тука на тоа.
Има една луда ствар 3д тракинг, кај што кликаш на тач екранот и се додека тој дел е во кадар, останува во фокус... како да кажам ама драма.
До сега единствен "фејл" е при сликање птици, и тоа 1 слика од 20 ќе утне.
Touch екран
Океј ова реков не го спомнувам ама морам, со притискање и држење прст на екранот и пртиоа движејќи по екранот ја менувате фокус точката, у кратки црти за портрети сликање доколку не користите eye-tracking прелесно е сами да си изберете фокус точка. Ако по сесија со 5Д марк 2 бришев по 20-30 слики ради лош фокус, тука бришам пааа нула.
Батерија
Си ги користи стандардните батерии на Канон само што без мое знаење искочиле некој подобрен модел LP-E6NH со далеку подобрен капацитет. Не сум заинтересиран у детални метрики и да бројам точно, ама ај да речеме дека сликав на Козјак цела вечер и завршив со нешто повеќе од 400 фотки, батеријата беше на пола. Ако би споредил со она на 5Д Марк би рекол дека е 60-40 во предност на DSLR. Далеку од лошо, ама не е ни нешто сјаен капацитетот. Да бидам искрен до сега не наидов на проблем, еј неам батерија. Купив 3 за секој случај, еве после месец ипол сеуште не успеав да ја потрошам првата.
Да не заборавиме дека се работи за електронски viewfinder и екранчето нонстоп работи.
ISO
Можеби една од главните причини зошто го сакав овој апарат. Помалку пиксели значи и подобра сензитивност, односно подобри слики во темница. Ако забележував noise порано на 5д Марк 2 (15 години стар апарат) на 1200 ISO, тука до 6400 е мазно без никакви артефакти.
Сликав млечен пат на 25.600 исо... перверзија е. (види слика подоле тоа е на 16000 ИСО)
DR (Dynamic Range)
Од 11.9 со 5Д Марк 2 на 14.3 со Р6. Огромен напредок, ама не знам ни зошто правам споредба со волку стар апарат, ама ете тоа сум користел па правам споредба што мене ми одговара. Кога сликам во шума најчесто со ДСЛР-от имав проблеми, изгорено небо - добри сенки или обратно, додека со Р6 добивам речиси HDR фотографија што дури и не е реална некогаш. Никакви замерки и одличен е рејнџот меѓутоа има еден проблем. Навидум на екранот некогаш се добива впечаток дека небото е изгорено или сенките се изгубени, а кога би се префрлила сликата на компјутер/телефон се е во ред. Веројатно е некој проблем бидејќи електронски е viewfinder-от па не секогаш се добива реалната слика, тоа е мое мислење. Секако и самиот апарат дозволува HDR фотографирање, ама не го правам никогаш in-camera. По потреба вадам 3-5 слики па со маски би едитирал во фотошоп. Со Р6 до сега немав такво искуство, јер немав потреба.
Continuous Shooting
12 FPS / 20 FPS исто како и Р5. Не го користам многу затоа што не е мој стил ниту пак фотографирам такви настани. Ама за секој просечен корисник ова е и повеќе од доволно.
Мегапиксели
Ова е главната дискусија околу овој апарат. Зошто Канон го заглавиле на само 20 мегапиксели? А, зошто па да не? Да, за некои што се веќе навикнати на големи пиксели можеби е дилбрејкер, ама мене ми е 1 мегапиксел степдаун, и не чувствувам никаква разлика. За сите потреби ми ги исполнува критериумите, па така и тука. Од цела моја кариера, никогаш не сум бил во ситуација да речам, ех да имав бар уште неколку мегапиксели за да можам да кропнам повеќе. Ако ми треба тоа го имам 70-200 со екстендер, за се друго 24-70 ми врши работи и немам потреба од поглема пикселажа. Не за друго проблем прави и на драјв со толкава големина на RAW фајл. Вака во просек со 20мб сум и повеќе задоволен.
Бои
Нема што да се дискутира тука, Канон е, закон.
Заклучок
За сите професионалци, веројатно ќе се најде нешто подобро зависи од потребите, на некој ќе му треба повеќе видео, на некој пиксели, на некој поголем бафер на continuous shooting, ама overall од Канон мислам дека е бест бај. Доаѓа како наследник на 6Д Марк 2, и ценовно лежи околу 2500 долари, што сепак не е мала сума. Ако некој има ограничен буџет и е нов во фотографија, тогаш би рекол дека ова е повеќе од добра камера. Има одличнен динамик рејнџ, супер остар апарат, одличен фокус, мега јаки ИСО способности, и видео е би рекол повеќе од солиден со 4К БЕЗ КРОП и 120 фпс во фул хд. Единствена мана што би рекол е можеби батеријата и ете ајде пикселите. За се друго брка работа и е пали вози. Out of the box, не бара многу сетирања и Канон се погрижиле да биде спремен за користење при прво вадење. Дали за таа сума има подобри апарати? Од Канон дефинитивно не, би рекол и од Никон не, можеби нешто кај Сони, апа пак е тоа релативна дискусија врз база на потребите на корисникот.
Доколку сака некој предлог за камера, бујрум на следнава тема. И треба малку освежување, ама тука сум да одговорам на сите прашања.
Во продолжение неколку слики едитирани од телефон. ( со кликање на фотографијата ќе ви се отвори директен линк до postimg каде можете да ги симнете во оргинален квалитет)
ps. Сликите од апаратот се сликани со ајфон колку да се види апаратот и занемарете ја состојбата на 5Д Марк 2, сепак е 15 години стар, малтретиран и уште 5 илјади слики го стига милионот.