1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Canon 1100D или Nikon 3100D

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од StavrevskiP, 4 Март 2013.

  1. StavrevskiP

    StavrevskiP
    Intern

    2
    0
    4 Март 2013
    Машко
    Canon 1100D ili Nikon 3100D

    Сакам да земам апарат ама незнам кој да го одберам па ако можи некој да ми кажи кој е подобар и во шо е разликата.

    Фала однапред.
     
  2. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    807
    844
    24 Февруари 2008
  3. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    520
    418
    23 Мај 2009
    http://snapsort.com/compare/Canon-1100D-vs-Nikon_D3100
    Овде можеш да видиш споредба на карактеристиките меѓу двата апарати и да одлучиш кој повеќе би ти завршил работа.
    Ако некоја од тие карактеристики не разбираш што значи, до секоја од нив имаш инфо иконче и со клик ти се отвара pop-up со кратко објаснување.

    Како што можеш да видиш, од битните предности, Canon-от има 50% подобра батерија и 10% поголем окулар.
    Nikon-от снима 1080p видео со автофокус, има поголем екран, сензорот вади подобра слика во темна околина, разликува повеќе бои, има поголем динамички опсег, повисока резолуција и уште некои ситници.

    Јас би одел со Nikon D3100.
     
    На duleee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goaty

    goaty
    Gaining Experience

    363
    189
    5 Февруари 2010
    И двата се entry-level модели, што значи ако планираш сериозно да се занимаваш со фотографија мошне е извесно дека ќе го „надраснеш“ телото релативно брзо и ќе бараш понапреден модел.

    И двата модели се одличен избор за почетничка аматерска фотографија и нема да згрешиш кој и да го одбереш. Сензорите им се мошне способни, но телата се доста осакатени во однос на ергономија. Ти препорачувам да се ориентираш според своите потреби за објективи што ги нудат двата производители кога ќе бираш меѓу Nikon и Canon - објективите се многу потрајна инвестиција, нови генерации на тела излегуваат секоја година ипол-две.

    Мала забелешка, надвор од техничките можности, што можеби ќе ти помогне во изборот - Nikon имаат 2 години гаранција наспроти Canon кои имаат 1 година.
     
  5. StavrevskiP

    StavrevskiP
    Intern

    2
    0
    4 Март 2013
    Машко
    Фала за информациите и изгледа се одлучив дека ќе се подновам со Nikon :)
     

Сподели

Вчитување...