• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

C++ vs JAVA

  • Ја почнал/а темата
  • #1

ANTRAX

Intern
7 април 2007
19
0
Ме интересира какво мислење имате за оваа тема. Што мислите за c++, а што за JAVA. Кој е според вас подобар, кој повеке ви лежи и зашто?
 

milos

Intern
7 април 2007
8
0
www.myspace.com
За да ја избегнеш во иднина дилемата околу тоа кој е подобар, C++ или Java, најдобро земи користи си C#, кој што, најпросто кажано, е одличен спој на двата други јазика. Имено, C# ја задржува синтаксата и објектно-ориентираниот аспект на C++, но ги имплементира сите готови класи и функции кои му се потребни на еден програмер, што е тотално во стилот на Java [тоа е и идејата на Java, пред се].

На тој начин, со C#, добиваш ептен јузер-френдли верзија на C++, во која се што ти треба можеш да го најдеш во форма на готови класи.

Но, се разбира, C# и C++ ја немаат најголемата предност на Јава, а тоа е нејзината целосна независност од оперативниот систем и машината во целост. Јава си активира JVM [Java Virtual Machine], која ја овозможува таа независност.
 

finger.k4

Intern
9 април 2007
228
3
www.myspace.com
se slagam so milos....NAJprednosta na java e JVM...nezavisna e i istiot kod raboti na UNIX, windows, duri i na mobilen...
jas mislam deka toa e goooolema prednost...
e sega od druga strana garbage koletktorot e malce sporichok i se desavaat memory leak-ovi...ama uste e bebe jazikov...ke se podobri ;)
 

schrepfler

Intern
10 април 2007
12
0
Не би се согласил дека C# е спој помеѓу C++ и Java. C# е повеќе како клон на Java со тоа што има одредени предности/слабости.
Пред се C++ е статички компајлиран додека Java прво компајлира во bytecode кој што се компајлира кога кје се пушти програмот но и за време на извршувањето (just in time compilation JIT). Тоа значи дека C++ мора да се оптимизира за одредена машина однапред додека Java може динамички да се оптимизира за машината на која што се извршува и чак да се убрза за време на извршувањето ако Hotspot примети дека одредени инструкции можат да се извршат подобро. Друга важна карактеристика е дека во Java програмерот не е задолжен да се грижи за алокација и деалокација на меморија. Тоа значи дека одредени багови и проблеми што се чести во C++ во Java не постојат и го олеснува програмирањето. Најважно е дека Java е многу многу поедноставен јазик, не постои наследување од повеќе објекти или пак overloading на оператори. Сосема се слагам дека најголема предност на Java е VM'ot но истовремено тој му претставува проблем бидејќи во Java тешко се иновира бидејќи компатибилноста со стариот код е пред се. Би сакал да истакнам дека и C# извршува во нешто слично на VM така да и он теоретски може да работи под друг оперативен систем (проект mono).
Сепак би сакал да кажам дека C++ си има и те како добра улога, не би било фер да се каже дека не е портабилен пошто постојат C++ компајлери за скоро сите платформи (па и мобилни). Проблемот е што за програмирање освен основен јазик требаат и графички/мрежни/итн тоолкитови кои што најчесто се врзани за одредена платформа. Значи намалена портабилност, зголемен перформанс но смалена продуктивност и голема можност да се направат грешки.
Има и друго али у кратки црти то је то.
 

<<ExeCutoR>>

Intern
16 април 2007
132
2
Како кај Java VM така C++ има ISO верзија така што го подржува на секој OS.
Мислaм дека кога се работи за машинерија, системски софтвер,енџини за компјутерски игри,Real-time системи и некој други апликации, C++ се користи повеке, тој е доста побрз од Java бидејки во него може да се кодира во C и асемблер што е доста голема предност.
Погледнете ги апликациите што се направени во C++
http://www.research.att.com/~bs/applications.html
Стајтот на Bjarne Stroustrup

Исто така и Java е подобра од C++ во полето на интернет програмирањето каде и очигледно дека доминира над другите јазици.
- Во Java побрзо се креираат апликации од C++.

*еално мислам дека најдобар јазик е оној што го знаеш најдобро и оној
што ке ти ги реши твојте проблеми без разлика дали е C++,Java,C# или некој друг јазик.

Поздрав до сите!!!
 

Stru4nak

Gaining Experience
16 април 2007
373
120
Stru4nak's setup  
Processor & Cooler
INTEL Core i7 7700K
Motherboard
Asus Strix Z270F
Storage
Crucial M4 128GB
PSU
CM 620W
RAM
DDR4 3200MHz G.Skill TridentZ 16GB
Video card
R9 290 Tri-X 4GB
Case
Cooler Master Enforcer
Monitor
Asus LED 24"
OS
Windows 10 Enterprice 64bit
Е дај објаснете што е поубаво visual basic.net или c++.
И зошто да го користам c++ а не visual basic.net.
И дај кажете како да си ставам мала слика на профилов а не да ми пишува овде само noob.
 

<<ExeCutoR>>

Intern
16 април 2007
132
2
Е дај објаснете што е поубаво visual basic.net или c++.
И зошто да го користам c++ а не visual basic.net.
И дај кажете како да си ставам мала слика на профилов а не да ми пишува овде само noob.
VB.net се користи за некој помали апликации кој ти требаат во брзо време пр. за ден два затоа што одма се влечат компоненти сокоро се можеш да правиш со визарди пр. одма се врзува база со Access или SQL на лице место во Vb.Net си правиш квери итн., не ти требаат некој познавања од објектно и визуелно програмирање и некој други работи но за жал како што можам да приметам се на сметка на меморијата, што не е толку битно за тие мали апликации. :)

Додека за да работиш визуелно во C++ ти требаат добри познавања од објектно и визуелно програмирање,покажувачи и др. и ти треба повеќе време.
 

Fatihh

Gaining Experience
14 април 2007
372
50
Скопје
Fatihh's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7 - 6700
Motherboard
ASUS TUF
Storage
2TB Western Blue + 480GB SSD A-DATA
PSU
SPIRE SILENTEAGLE 550W REAL
RAM
4x 8GB DDR4
Video card
STRIX GTX 1050Ti 4GB
Case
Case Cooler Master K380
Mouse
Mouse Genesis kypton 500
Keyboard
A4 TEC B318
Monitor
Samsung 27" 4K
OS
win10

HHH

Intern
20 февруари 2008
35
0
Javata e 10 godini ponovo od izumot na Bjarne Stroustrup, sto znaci
ponova i podobra.
No da ne zaboravime deka pogolemiot del na operativni sistemi se napisani vo c/c++.
Vsusnost, kreiranjeto na programskiot jazik c, bese vrz zasluga na DENIS RITCHI kako rezultat na potrebata na podobar high-programming language koj ke bide i portabilen za sozdavanje na sozdavanje na podobri verzii na togasniot najpopularen OS UNIX.
Zaklucok: JAVA e podobra i ima poveke built-in funkcii, no e pospora od c++
 

minimoog

Intern
14 јули 2007
317
16
Не би се согласил дека C# е спој помеѓу C++ и Java. C# е повеќе како клон на Java со тоа што има одредени предности/слабости.
Мислиш Java-та е клон на C/C++?
Пред се C++ е статички компајлиран додека Java прво компајлира во bytecode кој што се компајлира кога кје се пушти програмот но и за време на извршувањето (just in time compilation JIT). Тоа значи дека C++ мора да се оптимизира за одредена машина однапред додека Java може динамички да се оптимизира за машината на која што се извршува и чак да се убрза за време на извршувањето ако Hotspot примети дека одредени инструкции можат да се извршат подобро.
А, и Transmeta проба такво нешто. Забораваш дека двата најважни компајлери MSVC и GCC подржуваат Profile Guided Optimization. Значи го пушташ програмот, сам си забележува (си прави профил) како се извршува, па компајлерот од овие информации може уште повеќе да го забрза кодот. Crysis со овој метод е убрзана 20%.
Друга важна карактеристика е дека во Java програмерот не е задолжен да се грижи за алокација и деалокација на меморија. Тоа значи дека одредени багови и проблеми што се чести во C++ во Java не постојат и го олеснува програмирањето.
Ах, garbage collector. Има таква работа и за C/C++, ако сакаш. Некои сакаат GC, некои не. Зависи од вкусот. Некои сакаат апсолутна контрола, некои не.
Сепак би сакал да кажам дека C++ си има и те како добра улога, не би било фер да се каже дека не е портабилен пошто постојат C++ компајлери за скоро сите платформи (па и мобилни). Проблемот е што за програмирање освен основен јазик требаат и графички/мрежни/итн тоолкитови кои што најчесто се врзани за одредена платформа. Значи намалена портабилност, зголемен перформанс но смалена продуктивност и голема можност да се направат грешки.
Би се изненадил дека C/C++ е портабилен колку и Java. За Java не треба Toolkit? Не? И не се тие C/C++ тулкити врзани за една платформа. QT што е?
 

Spion

Intern
25 септември 2007
48
4
Во C++0x ќе има поддршка за (опционален) garbage collector

Ако планираш да правиш бизнис апликации / апликации со бази на податоци, динамички веб страни или мултиплатформски апликации каде фокусот не е на брзина, Java

Ако планираш да правиш софтвер поврзан со системски софтвер, апликативен софтвер кој вклучува позначајни калкулации и брзината е критичен елемент (image processing, софтвер за 3d анимации, игри, компајлери, сервери) и еден куп други видови апликации, C++

И запамти, there is no silver bullet! Нема "најдобар" меѓу програмските јазици.

Конечно, да, C# е Јава клон.
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Во C++0x ќе има поддршка за (опционален) garbage collector

Ако планираш да правиш бизнис апликации / апликации со бази на податоци, динамички веб страни или мултиплатформски апликации каде фокусот не е на брзина, Java

Ако планираш да правиш софтвер поврзан со системски софтвер, апликативен софтвер кој вклучува позначајни калкулации и брзината е критичен елемент (image processing, софтвер за 3d анимации, игри, компајлери, сервери) и еден куп други видови апликации, C++

И запамти, there is no silver bullet! Нема "најдобар" меѓу програмските јазици.

Конечно, да, C# е Јава клон.
Се согласувам потполно :)
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
ne treba d ase sporeduvaat
sekoj ima prednosti i nedostatoci
c++ e mnogu dobar za pogolemi kodovi za optimizacija zatoa pogore navedoa skoris site os se napisani vo c++ dodeka vo java si ja mnogu sakam za wen programiranje zakon e za toa
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
mislis deka ke ti kazay vo koj jazik gi pisuvaat :D
gi pisuvaat vo svoj sopstven no no toj e vo golem del nasleden od c++
i naravno masinski jazik za komunikaciju so hsrdver
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,122
Членови
28,060
Најнов член
DamjanTaso
На врв Дно